Не се осеќам слободно не знам. А дома пред 2-3 блиски девојчиња (комшивки, другарки) дојам, но не цела града на мегдан, туку дискретно ептен.
Летoвo oдиме вo музеј Лувр. Тaму гужвa невиденa, местo дa се пoдседне немa. Oдеднaш здoгледувaм еднa клупa и нa неa еднa aмерикaнкa гo дoи нејзинoтo 3 или 4 месечнo бебе. И пoштo тoa не е ништo стрaшнo нели си седнaв дo нив дa oдмoрaм еднa минутa. Кoгa ми се свртееееее aбе пaртaл ме нaпрaви срaм жив ме изеде. Кaкo сум некултурнa нели сум гледaлa декa дoи, нa бебетo му требaлo тишинa и интимнoст. Незнaм oд кoјa зaoстaнaтa земјa дoaгaш aмa oвa не е oк ми рече. Јaс си стaнaв штo дa прaвaм. Кoлку дa викaжaм декa се имa нa светoв.
Јас незнам зошто доењето во јавност одеднаш стана толку интересна тема за дебатирање насекаде. И нашите мајки не доеле па незнам дали тогаш се кревало толкава прашина околу доењето. Или сега немаме за што повеќе да дебатираме па констатиравме дека се ни смета, вклучувајќи го и доењето во јавност. Додека сум била девојка искрено, не сум ни забележувала дека некој дои, а случајно ако сум видела мајка со бебе штом го држи бебето во легната положба, сум си мислела или го успива или го дои, трето нема... И не сум се замарала дали е гадно, дали е исправно или слично. Секој си брка своја работа, нели... Сега сум мајка и дојам но, не се лупам во гради заради тој факт. Дојам во јавност дискретно и колку можам подзатскриена.Но, сигурно на некој и тоа му е гадно и му смета. Цицки на „мегдан„ не вадам, иако има поизвадени од моите од жени или девојки кои не дојат. Е тоа не е гадно, па што ги извадила на мегдан, си има па ќе си ги покаже, а доењето стварно е гадно нели? Прочитав некаде погоре дека некој дури и страда, зошто некоја решила да раѓа, а најверојатно и да дои. Навистина ми е жал за вашите страдања, но некое бебе мора да се нахрани од икс причини и во јавност. Како што секој втор возрасен јаде по улица и во јавност, така и бебињата мора некогаш да се нахранат и во јавност. Не гледам ништо страшно тоа да е во ресторан, па зошто и останатите јадете во ресторан, што не јадете дома, ако баш и доењето Ви смета. Екстремности досега не сум сретнала со доилки, а со останатите
јас имам близначки, и ги дојам, се 3 ипол месеци и баш од таа причина не сум излегла никаде, затоа што само што ке излезам може да им се пријаде и треба назад... кога ги шетаме гледам да ги надојам и веднаш да излеземе, и одприлика за саат ипол да се вратиме за повторно да ги надојам. Незнам, немам ништо против од доенје во јавност, ама јас од страм тоа не би го направила, сепак живеам во провинциски град каде што сите се знаеме... Би ги доела во парк на пример, некаде задскриена, ама пред народ не. подобро би си одела и повторно би излегла... на пр кога ги крстивме бевме поолго време излезени и во ресторант и им се пријаде, ама ги зедов и ги доев во просторија каде нама гости, со грб свртена накај народот. Сепак народот зборува, иако како што е спомнато погоре оние кои не дојат покажуваат некогаш повеке од нас кои доиме...тоа е за жал
Доколку жената си е соодветно покриена и не се расфрла со цицките во јавност, не гледам причина зошто да не дои. Као демек, ОК е некоја да носи минич толку краток, што тангата и се гледа, и во ред е да се носи деколте со разбацани гулаби, што некој по чело можеш да го удри, ама некоја жена да си се покрие и да си надои бебе е срамота, Бог да чува! Гледајте си ги бебушки, дојте си ги кога им се јаде, и ич да не ви чуе каде и да сте, во парк, во трговски, во кафич.... седнете си настрана и бебушки нека си папаат
Спојлер Не ми било гадно до пред некој ден. Пред Кузман студентскиот една Ромка бараше шишиња во тоа ѓубрето и баш во таа секунда пред да се разминеме ја извади и го доеше детето. На 5 метри од семафорите. Па и таква небањата уфффф гадно
Пак со миничите, тангите и деколтеата? Каков аргумент. Некој овде оправда голотија а осуди пристојно доење во јавност?
Mislam deka pogresno ja imas protolkuvano pogore slikata,sakame da kazeme deka da dois dete vo javnost e isto kako sto da obleces bluza so dekolte,samo sto koga ke vidime taka oblecena zena nikoj nema da ja vrati od nekoj trgovski ili slicno a na zena sto doi i toa moze da i se slucu,kako demek sramota e toa,nesto nepristojno pravi..
Не е тоа поентата на сликата. Поентата е дека било океј да се носи непристојно деколте, а не сме оправдувале пристојно доење. Преувеличување е. Јас би ја нацртала поинаку дискусијата во темава - на сосема нормални девојки и жени им е незгодно од непристојно доење во јавност. А жени кои најнормално дојат и никој не ги критикува за тоа - драматизираат и мислат дека светот е против нив, иако коментарите се однесуваат на поинакво однесување од она што тие го опишуваат. Добро стрипче би испаднало.
Pa isto ke mu dojde i toa,samo sto nese soglasuvam deka nikoj ne gi kritikuva,pak ke kazam znam za slucaj koga dojde obezbeduvanjeto i ja zamoli gospogata da go prekine doenjeto vo nivniot trgivski centar,podocna javno na nivnata fb strana i se izvinia nadleznite no ete,doxivea edna takva neprijatna situacija,inaku sum po priroda sramezliva i ne bi doela kaj sto ima mn luge no dojam vo avtomobil na parking no ako ima nekogas pitreba bi zamizala pred sramot i bi go nadoila i javno sepak potskriena se razbira,bez privlekuvanje paznja,zosto ti izgleda ne znaes gladno bebe kako vristi,glad ne se trpi,a i greotka e za malite..
Абе кажувате оти не знаете. Има доста жени кои се нападнати оти дојат во јавност без оглед дали се дискретни или не. Демек не знаете колку затуцан народ сме, па треба да се објаснува. Ќе дојдат женишта или баби и одма ќе цуцкаат и ќе мафтаат со главите како е срамота. Сликата што ја објавив си е убава и јасно си кажува. Во некој трговски, на пример, може некоја да оди со гулабите разлетани и обезбедувањето може и јазици да извадат по неа, ама ако седни жена на клупа да дои, може и да ја опоменат. Точно, оти нели доењето не е секси!!! Има се и сешто, и мојата поента беше жените да не си ги ограничуваат бебињата, или пак да се затворат дома заради доењето и нигде да не излегуваат. Бебето е човече како и сите луѓе. Ако јас можам геврек да јадам на улица, и тоа може да си пие млекце од дискретно покриена града!
Вака јас само сакам да споделам неколку случки со вас што ми се случиле во сити мол. Првата беше во Бершка, многу гужви имаше низ продавницата, jас го чекам дечко ми пред гардероба кога нешто почна да смрди, луѓе замислете мајката низ целата гужва чекала ред за во гардероба за да му смени пелена. Целата гардероба смрдеше и луѓето си излегуваа. Вработените многу се налутија и од обезбедувањето ја избркаа, и целосно се во право бидејќи трговскиот центар им има обезбедено соба за пресоблекување. Втората случка беше во Нептун, мајка со бебе се шета си разгледува и од еднаш ова почна да плаче и Тап вадење Ц**ка во продавница да го дои, и нормално ја избркаа. Во сити мол има и соба за доење меѓутоа ретко кој ја користи, си дојат жените по клупи по продавници мислам срамота е. Така да не се лутете за споредбите со животни видејќи ова однесување е баш животинско. Очигледно многу од вас немаат претстава за околината во која се наоѓаат и за другите индивидуи во неа. Изреволтирана сум и ми се повраќа од ваквите однесување што ги гледам скоро секој ден. Секоја чест на исклучоците.
^^ Секоја чест на исклучoците? Демек со вакви случки ти секојдневно се сретнуваш па секоја чест на ретките што не чекаат ред пред соблекувална за пелена со каки да сменат.
Мене лично сосема добро ми се нашла на два пати. И секако се осеќам подобро отколку на клупа пред продавница (за во продавница не зборувам
У ситуацијава се е домашна култура, како што и претходно прочитав. Има мајки со колички кои нема ни да ги осетиш, а има и НЕмајки (сеуште без деца) кои и те како ќе те загураат. На крај краева, ако во продавница има само корпи пластични кај да го стави таа бебето!? под мишка!? Мислам дека не треба да се осудуваат ни тие. Но од друга страна сестра ми кога беше бремена една со количка како ја забута по стомак пошто БИЛА ЗАГЛЕДАНА ни извини не и кажа...е богами да и ја треснеш од глава количката. Сепак пак ке речам, се е до домашно воспитање и немање никаква култура. За греоти.
^^ Темава не е за доење, но само да кажам дека јас лично да треба да бирам, би ја избрала клупата на сред трговски наместо стол во ве-це.