Ја згреши темата. Оваа е за количките низ продавница, имаш друга тема за доење во јавност. Башка кај ги начекуваш бре ти сите такви случки. Еве јас до пред 4 месеци секој ден бев по трговски и продавници, абе една таква случка немам видено. Не прави генерализација по однос на еден случај. Не викам дека лажеш, ама малку е чудно сред нептун одма цицката. За доење треба бар да седнеш , да се наместиш или можеби јас уште не ја владеам техниката на доење, незнам.
Ако не ме пуштаат со количка во дуќан, ќе си го земам она од точакот за заклучување што е и ОП количката кај точаците ќе си ја заклучам, a детево во раце. Само после и овие со точаците да не ми кренат бунт оти им го окупирам просторот Не, сериозно, ако не е голем дуќанот, не ни сакам со количка да се шетам. BTW, кога продавниците и трговските ќе обезбедат убави услови за доење и преслекување, тогаш жалете се оти ги дојат бебињата по клупите. Ако не, вие одете и јадете геврек во клозет да ве видам како ќе ви е
Brzo po otvaranjeto na sobata za doenje bevme so decata vo city mall i normalno dojde vreme za doenje. Jas polna so entuzijazam trhnav demek da ja nadojam malata tamu, koga vidov sto narekuvaat soba za doenje mi se stemni. I soprugot trgna so mene demek da,mi,pomogne so torbata i komwmtarot mu bese ako treba na sred trgovski ke izvasis cicka, ama ovde fa dois dete vo wc, nema sansi. Posle si doev vo kola
Јас работам во Сити мол и секој ден гледам вакви работи, не разбирам како може да ви е попријатно да доите во јавност на клупа и сите минувачи да ве гледаат отколку во соба наменета за такви работи. Ретки се тие што ги почитуваат правилата и затоа и пишав! Ајде поздрав
Од сега и ти да јадеш по клозети.Штом раб во фамозниот мол треба да знаеш дека соба за доење таму не постои.Принудени би биле да го доиме бебето во иста просториа дур друго дете моча или врши нужда.Прекрасно нели?Пробај и да јадеш дур друг се*е во твое присуство. Тоа што другите гледаат е нивна некултура не на бебето кое огладнело или на мајката која МОРА да го нахрани.
Јас кога влегов со поголемата во вц ,мајка беше седната на столицата веднаш до шољата што е и доеше.Мн незгодна слика е едно дете да цица а другото во исто време да врши нужда.Фрчат бактерии на сите страни. Може немало место во собата па жената беше во вц то.И не верувам дека е тоа единствен случај таков. Јас се изјаснив дека немам доено во јавност.Но никогаш нема да ми смета мајка која дои дискретно било каде.Нека биде и клупа,и парк,кола,паркинг. Ти си мајка ете знаеш дека бебе под саат не јаде.Кога ке огладне наеднаш знае да отвори уста ко ламја нели? Ти останува да го нахраниш и ништо друго.
Of lelel gi zalam site sto se uzasavaat od bebe, peleni i doenje, najubavite raboti na ovoj svet. A inaku, da, sum vlegla vo sobata za doenje i sum izlegla, zatoa sto ispod cast mi e da dojam dete u sred wc. I ne, ne mi e sram da dojam na sred trgovski, ama toa ne go pravam ne poradi sramot, tuku kako sto pisa nekoj pogore, i na bebeto mu e poubavo na tivko. A u wc eden blazen mir za doenje, edna tisina i cist vozduh,milina. Koga ke odis tamu da doruckuvas na pauza ti posakzvam prijaten prestok dur se siri prekrasniot miris od g...ta na wc-to nasproti sobata za doenje koja spores mene e takva kakov sto ni e mentalitetot, zatucan i ponizuvacki.
За доењето во јавност мислам дека сите се сложивме дека сите се ЗА дискретно доење. Еве мој пример: На ќерка ми на првиот роденден имаше на другар жена со поголема ќерка од нашата и само што дојдоа, веднаш ја извади градата на масата и почна да да ја дои. Другарите не знаеја на каде да се завртат од непријатност. И тоа не е првпат истата мајка да дои во јавност непокриена пред другарите. Дури почнаа да се зафркаваат уште кој не и' ја видел градата. Да е мало детето и ќе разберам до некаде, ама на 13 месеци има колку сакаш избор што може да се даде на гладно дете. Сепак мислам дека се ретки таквите случаеви. За менување пелени во јавност ќе си кажам мој личен пример. Досега два пати сум имала потреба да менувам пелена во јавност. Првиот пат само што седнавме на кафе и' пропушти пелената на ќерка ми (иако ставена пред излегување), отидов во wc-то и ја сменив без никој ни да виде, ни да чуе. Вториот пат се работеше за какана пелена. Бевме на слава на другар во кафана во друг град. Бевме на отворено и кога осетив дека госпоѓицата завршила работа отидовме до wc-то ама таму немаше никакви услови за пресоблекување (се работи за мала кафана во мало гратче). Имаше еден затскриен дел со стара маса што не се употребува, ја прашав келнерката дали може таму да смениме пелена, бидејќи искрено многу мирисаше и таа ми рече слободно да ја сменам пелената. Набрзина ја сменив пелената без никој да разбере (а и малку гости имаше) и си продолживме со прославата сите среќни ☺ Сепак мислам дека сите овие ситуации се исклучок, а не правило. Поздрав ☺
Апсолутно. Начелно и не ми беше муабетот дека ми пречи доење во јавност, апсолутно не ми пречи. И јас имам доено и на клупа во парк, и на затскриена маса во ресторан, и на клупа во Рамстор. Кога вришти бебето сметам дека и за останатите е попријатно да го тргнам на страна да го надојам, одошто да го оставам да вришти ради некој принцип.
Чекајте малку, па нели во сити мол медела спонзорираше соба за доење. Некоја феминка еднаш пиша дека била со гарнитура внатре. Што стана со таа соба. Ајде госпоѓата вработена во сити мол ако сака да ни објасни.
Има соба за доење и јас цело време ви го зборам тоа, меѓутоа вие ја мешате собата за доење со детското wc таму има мала шоља и такво за пресоблекување. Очигледно никој не ни отишол да ја види, има стол за доење весници за читање мивалник, се што е потребно а пред се и приватност.
Јас само имам ѕирнато, никогаш не сум влегла за да знам точно каква е. Нека одговори на тоа феминката што кажа дека неколку пати има доено таму.