Znaci ima soba za doenje so stolce - fotelja, masa i lavabo za race mienje nema wc solja. Nego koga bev sobata bese zafatena edna majka cekase nadvor i jas bev treta. Majlata nagvor bese so 2 mesecno bebe. Epa doticnava od city mall neka mi kaze ona dali moze da ceka eden saat za da jade a ne pa bebevo. I togas kaj da dojam - kaj restoranite si odam na kraj svrtena nnakaj prozorite nikoj ne me gleda osven od karsi od zgradite
Јас имам доено во јавност и тоа на клупа во парк и на клупа во ситимол на најгорниот кат.Си се покривав со пелена за да не се гледа ништо и готово.А искрено по трговскиве центри немам видено соба за доење,барав кога ја доев малата ама никогаш не успеав да ја најдам.А нема ништо срамно и лошо ако жена дои во јавност,само тоа да е културно.Јас никогаш не доев по кафичи и кафани и кај што има гужви зошто ми било непријатно од причина што знам какви се луѓето.
Јас немам намера да се расправам со вас, има соба за доење а ниедна не отишла да ја види, не разликуваат соба за доење со тоалет. Да проблем е што е една соба, се согласувам има многу мајки ама сепак не е решението да се дои по продавници. И доколку се решите тоа да биде во јавност барем покријте се, да не се гледа бидејќи онака е вулгарно. Не го бранам молот нити ве напаѓам сите туку некои мајки едноставно претеруваат.
Јас ќе кажам од свој аспект ( доење година ипол) и по молови и по кафани и по кафичи и по клупи и тротоари и ступчиња. Не сум ЗА доење во јавност. Доев во јавност од себични причини, дека сакав да шетам, да сум во друштво, да јадам да пијам со сите, да не седам дома. Сега се прашувам колку им било непријатно да ме гледаат тие до мене. Ќе речете што ми е гајле за другите но како прво на детето не му у убаво да цица у таа галама, немир се ствараше и кај него и кај мене. Се тоа го прави овој нов комплекс на модерни мајки кој не сакаат да се лишат од ништо и плус да изиграваат еве со дете сум успешна, дотерана итн. п.с. и доста удурање и груди со дењево. Не ве прави подобра мајка ако се борите за своите права за доење у јавност ( што и да значи ова пошто никој не ве спречува се додека е во рамки на културата). Тоа се прави само за здравјето и доброто на детето. И правата жртва е посветување на него а не на своите желби ко на пример шетање у зара додека надвор е убав сончев ден.
Јас сеуште не ја сватив техникава за доење во продавница. Со една рака буткаш количка а со друга дете шеташ со града на мегдан, им се тутнуваат измеѓу рафтови, или додека чекаат на каса два во еден па и да подојат. Тоа да, претеризам е. А доењето на клупа да се рамни со животни е срамота. Едит: Мене ми е многу стресно доењето во јавност, имам пишано и предходно на темава. Среќа бебуш на 3 месеци прифати флаша, па така тераме сега.
i mene mi se ima slucheno da dojam vo javnost ednash vo restorant ednas stoecki duri si odev od bolnica naednash pocna da vrne i se zasolnivme a sinko naednash pocna da place pa se pokriv so marama i go doev a vo restorant isto taka sred vecera pocna da place jas se zatskriv i mu dadov a inaku go dojam vo kola. i negledam pricina zosto edna majka da ne go nadoi svoeto dete koga e gladno toa neznae dali e pogoden momentot ili ne i nee sposobno kako nas dago kontrolira gladot
Не беше сама, во сопругот беше количката жената си го држеше детото во раце и реши да си го надои во Нептун. Два во еден во исто време го раниш и плус купуваш блендер,бинго! А за клупите не можам да ве разберам на таа фрекфенција на луѓе мислите дека на детето му е многу убаво да јаде. Значи зборам на клупи во молови каде што нон стоп врват луѓе. Тоа е сепак затворен простор па може да размислете какви се бактерии има.
Те сваќам и јас тебе. Но дали си се сретнала со ситуација кога бебуш наеднаш му се пријадува и почнува да плаче? Ама она хистерично. Ти се чини го колат. Не сака, односно не може да почека ни 2 минути. Од дома си се спремил демек, плус и во кола на паркинг пред испаѓање пак доење, проверка на пелена... Ама кога ќе пушто гласот, кога ќе почне солзи да лее... ќе седнеш и на таква клупа, ќе се завртиш, ќе се припокриеш и само ќе молиш бога да ти се смири детето.
Јас не сум мајка и можеби затоа не разбирам но сепак јас сеуште си стојам на тоа дека може да се изведе да биде пристојно. Мојот револт се должи на тоа се какви мајки имам сретнато, замислете доаѓа една мајка со бебенце кое што воопшто не изгледаше добро и колешката исплашена и вика: Леле што му е на бебчево да не е болно нешто? Мајката одговара: денес излеговме од болница има жолтица, не е ништо страшно сите бебибња имаат. Ние се запрепастивме. Едно излегување од болница право во сити мол, и после ми викаат јас се за бебето би направила ,е тоа е таа иронија што не можам да ја разберам вие не го ставате бебето на прво место туку вашите каприци. Ова општо зборам не е наменето за тебе, се надевам ќе разберете која ми е поентата.
Епа извини девојко а што треба ние мајките со децата да правиме,да не излеземе од дома се дур ги доиме децата па бел ден и воздух да видат тек кога ќе престанеме да ги доиме.Бебињата некогаш цицаат и на саат време ама очигледно ти поима немаш од тоа.Јас да,доев на клупа во парк затоа што го изнесов детето на чист воздух,убаво беше времето,малата ми беше алергична на адаптирано и немав друго решение освен да ја подојам на клупа каде што нема луѓе.Кои бактерии може да ги фати во парк на чист воздух не ми е јасно.Втор пат ми се случи во ценетиот сити мол најгоре,купував од аптека нешто за неа и свртевме некој круг и се пријаде и што требаше да направам,да ја оставам да зајде од плачење гладна за некои како тебе да не гледаат и да не се згрозуваат,срамота.
Незнам како не ме разбра кога таму работиш.Најгоре има ходник со клупи и таму многу малку поминуваат луѓе.Позади клупите има стакла од горе до доле.Интимно е и може да се заврши работа набрзинка а никој да не те види и на никој да не му бодеш очи.
Јас мислам дека ако на мајката не би и било проблем (има мајки кои ги болат градите кога се полни со млеко) може дјуринг д шопинг со дохрана да поминат место да се живцираат каде да дојат.
И тоа мислев да го пишам ама после ќе почнеа да ми зборуваат дека тоа се хемикалии и дека јас треба да земам отров да пијам а не нивното бебе и слично
Ако не фаќа шише бебето, тешко дека ќе помине со дохрана. Има и такви што ич не прифаќаат шише, што значи мајката дома да си седи треба. Што има да излегува, мајка е. Дома треба да седи
Јас почнав од неодамна да се одмолзувам и да спремам една флаша за пред испаѓање. Првата рекација ми беше дека е рај божји за оние што не дојат...но нели секој со својата ``мака``. Предходно, првите три месеци, бебуш не прифаќање флаша, па и да сакав не можев. Сепак некои велат дека детето може да се одвикне, односно одбие од цицање, за тоа не можам да кажам. Секое дете индивидуално. Јас се надевам дека од еднаш неделно не би имало таков ефект. доколку приметам и најмала промена кај нејзе евднаш ќе прекинам со одмолзување. Потребно е да се купи пумпа, стерилизатор, флаши...значи и финансии играат улога. Пак ќе речам, кај некои може, ама не кај сите. Може контраефект да се појави кај некои бебчиња.
Па ако ме прочита погоре,неможев да ја најдам,прашував вработени незнаеја да ме упатат во таа славна соба за доење па затоа завршив работа кај што можев!!!
Очигледно не ги дочитуваш постовите туку само за инает збориш против тие што дојат во јавност.Еве јас ќе ти го повторам мојот личен пример од малку погоре дека мојата ќерка беше алергична на адаптирано и затоа секогаш ја доев,без исклучоци.
@Annath ни најмалку не алудирав на тоа да не излегува мајка. таман работа. сестра ми не доеше и имаше земено од Мендела мислам шишенца кои (барем така пишува) биле најблизу до замена на доење (според цуцлата). Но не знам. Секое бебушко си е приказна за себе. Внука ми што немаше ниту еднаш од града пробано, инстиктивно кога и беше во раце се вртеше накај градата (душичка) и чматка. Мислев како опција, ако сака бебето. За и тебе како мајка да ти е полесно. @danichap да во право си. стерилизаторите пример у грција со вормер се околу 30 еу заедно. овде само стерилизатор 100че. а видов у зегин на Чико 50 мислам беше...само со таа разлика колку собира.