Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    213 глас(а)
    52,1%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    142 глас(а)
    34,7%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,6%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,6%
  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.550
    Допаѓања:
    201.672
    Пол:
    Женски
    А бе најлесно е... ама самата си кажа, секое бебе е приказна за себе. Факт е дека ако има млеко мајката, нема потреба од дохрана. Ај еве, да не е адаптирано, да е мајчино измолзено - не секоја доилка може да измолзи млеко од градите, без разлика што бебето е на ексклузивно доење. Колку што може бебе да извлече, ниедна пумпа не може.

    Доење во јавност да, дискретно. Кому му смета и тоа, нека не гледа. Никогаш не знаеш што може да му текне на бебе, кога сте излезени. Башка, не знаеш колку може да се задржиш, било каде. Тоа е. Не може поради нечие гадење од доењето дома да седиме цело време додека сме доилки. Малку помалку предрасуди, генерализации и покажување со прст не би било на одмет. Ама кај нас тоа го нема, за жал.
     
    На candy.cane, kjukli, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.561
    Пол:
    Женски
    И на крај испадна дека во Сити Мол всушност има таква соба за доење ( за која 90 % од жените најверојатно не знаат дека постои впрочем како и јас и никој не ни е крив за тоа) ,ама битно беше девојката што работи таму и посочи дека има таква соба и дека е одвоена од тоалетите,да се испрати да јаде у вц уз миризба на фекалии бидејки нели треба да се одбрани ставот некако.
     
    На candy.cane, Luna91, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  3. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    955
    vleguvas vo wc vo city mall, prvo naiduvas od levo t.n soba za doenje so malku poudoben stol, umuvalnik i brosuri na medela, od desno vednas od sprotiva soba za presoblekuvanje na bebinja, a pravo wc-inja i umivalnici. So dr zborivu sobata e na samiot pocetok pred wc. Normalno bez prozor i so pivrsina od 2 kvadrati
     
    На joy1 и irena.1 им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.325
    Допаѓања:
    285.726
    Поздрав за идејата, ишта боље него ништа.
    Но еден подој е 30мин. а некогаш и 1 час, едно столче реално малку е. Плус каде ќе се стави количката, нема простор да прибереш се кај себе.

    Да не испадне дека се пребарува леб преку погача, ама реално веројатноста за повеќе девојки да имаат потреба во исти временски интервал да дојат е голема.
    А бебе кога ќе врисне...не може да чека, па мора да се дои на алтернативни локации.

    Сепак не треба да се возвишува истата како света и неприкосновена локација, секогаш и за секого достапна, па мајка што дои на клупа да биде етикетирана со долни зборови.
     
  5. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    955
    Da, samo sto jas ne ja isprativ vo wc, nego vo sobata za doenje koja sto ona NE ja videla, ama,ja promovira. A za da ja najde mora da vleze vo wc, zasto sobata kako sto pisav e na pocetok na wc-injata, tamu im e mestoto na doilkite. Pa postp e mnogu fino i prijatno, sto ne proba da jade tamu.
     
    На kjukli, ZojaP, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Сепак фамозната соба била кај вецињата.Епа дотичните девојки кога ќе станат мајки а се гадат од доење во јавност нека се пикаат у тие мизерни простории и нека си ги дојат децата таму.Или па пошто нели е срамота и грозно и вулгарно нека им даваат одма формула и нека шетаат без никој да ги покажува со прст.ЕЕ, тоа е нашата чудесна земја,боље да го пикнам детето во такво собче ко е до самите вециња,не таму нема бактерии,таму рози цветаат,на лаванда мириса а на клупа никако.
    Јас незнамшто е толк фама околу доењето во јавност.Јас не викам цицки да се вадат по маркети и кафичи и места кајшто има тутма народ ама ако јас седнам на место каде што нема толкава фрекфенција на луѓе и фино си се покријам со пелена,марама што и да е тогаш ич не ме боли уво што ќе мислат тие што се грозат од доење а сепак ништо не се гледа нели.Јас кога ја имав таа прилика да ја дојам малата во сити мол на клупите,седнав со кумашинката,се покрив фино се пеленче и фино се завртев и наведнв за да не ме гледаат.Од таму поминаа само две пензионерки и фино се приближија и гледаа што правам,вратот си го искривија.Значи нит цицки мафтав,нит ништо ама прости луѓе мора да видат што се прави и после да зборат колку е тоа грозно и незнам што.Првото го доев и второво што е на пат здравје пак ќе го дојам и нема да се замарам со прост народ што ќе збори.
     
    На kjukli, SexiLy, ZojaP и 8 други им се допаѓа ова.
  7. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.833
    Допаѓања:
    109.165
    Пол:
    Женски
    Konkretno niz Sity mall ima navistina mnogu bebinja, edna soba ta kade I da e malku e, no sepak ako se zeme vo predvid deka molot veke e ko na pazar I za higiena ic ne se mari, smrdi od WC njata, taka da mestopolozbata za mene e poveke I od ponizuvacka na taa inprovizirana soba. Nemam bebe, no I poveke od sigurna sum deka tamu ni vo ludilo ne bi go doela. Taka da samo napred majki da si doite vo molot I kaj sto se jade, I najgore, pa koga nema guzva I na klupite niz. A za setanje veruvam site pripazuvaat, dobro de ima isklucoci ali pa kolku 1 god doma da se sedi dovolno e?? Cisto da si znam sto me ceka.
    Nego koga veke se debatira za trgovskite gledam vo Ramstor ima nekakva si soba za bebe, taka pisuva pa kakva e taa nikogas ne sum otisla nataka da znam, pa eve ako znae nekoj neka spodeli cisto da se znae informacija I za tamu.
     
    На ZojaP, stefanija70 и irenna им се допаѓа ова.
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.561
    Пол:
    Женски
    Па целата дебата започна со тоа дека е проблем што големите трговски центри немаат соодветни услови за пресоблекување на деца , за доење и сл па после еве испадна дека Сити Мол имал , па сеа проблемот е што собата била близу вц-ињата, па зошто била само 2 квадрати, па зошто имала само едно столче ... Накратко девојката која ја спомна таа соба не ја видела зошто немала потреба да ја види исто како и мене исто како и повекето ама ете даде (не)корисна информација за останатите дека таква соба постои.Впрочем некој спомна дека бил таму имало што доеле и што чекале за да влезат и што ? Тие се паднати од Марс што ете не им смета собата ни каде е ни каква е ?
    Впрочем никој никого не тера да се бута по соби по ходници по клупи. Ме испровоцира моментот што ја нападнавте девојката која убаво кажа дека има таква соба која не е во вц како што сите претпоставувавте ! А сеа за тебе ако е нормално да се мењаат пелени на маса кај што се јаде ( ете ја лично бев сведок горе во сити мол во делот со ресторани една ја извади посраната пелена пред сите на маса и да му го брише гзот на детето додека сите околни маси јадеа и на крај демонстративно станаа пошо ни се згади ) или во соблекувална во бутик да доиш бебе бидејки нормално неодложно е шетањето по продавници иначе ке збеснеш дома нели ,тогаш што да ти кажам нормално е да наидеш на осодувачки погледи и мислења.

    И уште еднаш ке нагласам не ми смета доењето ни во ресторан,ни во парк ни било каде ,природен момент е и пред се неодложен за еден човек,ама мењање какани пелени под нос додека некој јаде ,усул малце ! Ако вас какушките на вашите бебиња ви се слатки на рестото од светот коа ке ги видат им се превртува желудец !
     
    На Luna91, Edie.S, IveBrajan и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.621
    Цицките служат за цицање - значи не е срамота детето да ти цица кога е гладно каде и да се наоѓаш во тој момент. Малце ќе се покриеш и тоа е се. А тоа што градите се гледаат првично како сексуален објект ,но во ред е да ги извадиш на мегдан по улица, али срамота е да си го доиш детето - е тоа е малограѓанштина неедуцирана на дело.
     
    На kjukli, ZojaP, SkarletOHara и 3 други им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Моментот кога една феминка кажа дека била себична оти сакала да шета и го доела бебето надвор, наместо да седи дома затворена со бебето со месеци :| И моментот каде што кажаа, ако сакате да шетате со бебиња ранете ги со формула :|
    Сериозно, за таа во Нептун не оправдувам, да се разбереме, ама на клупа на страна да се дои, со марама или пелена, не гледам што ви е грозно. Колку лоши работи се дешаваат по светов, вие се запрепастувате и гадите од доење.
     
    На candy.cane, kjukli, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.325
    Допаѓања:
    285.726
    @SuperGirl24 Колку се соодветни условите во Сити Мол нека кажат, односно кажаа мајки кои го посетиле собчето.
    Чекањето пред влезот јас би го протолкувала само на начин дека за голем број од девојките собата не им е од никаква корист бидејќи бебето не може да чека, па пак ќе мора да се паркираат на клупа.


    И да, јас еднаш имам доено во соблекувална од бутик.
    ОГромен беше бутикот, празен без некој да чека додека јас сум внатре и минимум 10 празни кабини.
    Уствари и да имаше муштерии а ајс сум со кеса полна продукти од дуќанот можеби повторно би влегла.

    Но стварно се претерува. ПРечело во кабина, пречело на клупа...и се спомнуваат некои примери со вадење гомна на трпеза за кои секој од нас ќе се сложи дека е знак на некултура која би се манифестирала и кај немајките само на некој поинаков начин доколку е застапена кај лицето.

    И мене ме испровира некој момент...но ете дел од дискусијата е избришана. ПА да не се чудиме што дискусијата отишла во правецот во кој е.


    И ти стварно веруваш дека пола година барем, додека детето е само на доење, мајката не треба да испадне до дуќан ?
    Неопходна облека поради промена на телото од бременоста, на пример градници за доење и долен веш не можев од предходно да знам број. Се поврзано со бебуш на маж ќе треба да му се испринта и со детален опис за да не утне ...и на крај пак ќе утне.
     
    На kjukli, ph.orhideja, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.561
    Пол:
    Женски
    @danichap како што реков не знаев дека постои таква соба,не знам ни во кој дел од молот е прв пат за нејзе дознав денес уз дискусијава . За другите не знам за себе можам да зборам дека ниту ми е гадно ниту ми е чудно кога ке видам жена да дои бебе кај и да е . Жив човек е и родителот и детето. Она што провоцира се коментарите од типот иди јади у вц и навредите кон останатите кои немаат деца како вечито не ги разбираат потребите на родителите. Во ниту еден момент не реков дека треба да се дои дете во вц само за да не се наруши комодитетот на љубопитните минувачи. Ама реално мењање пелена под нос додека јадат луѓе ? Апла вадење какушки и бришење гз ? Некултурни се тие што загледуваат коа се дои ама културни се тие што вадат пелени кај стигнат .

    И не велам дека не треба да се излезе од дома, не само за неопходни работи, треба и да прошета човек и меѓу народ да се измеша ,ама вакво крволочно напаѓање од страна на родителите за се нешто ја неможам да сварам. И вака и така секој ке го тера своето,кој му се дои ке дои кај стигне кој му се гади ке му се гади ,факт. Еве ти велиш си начекала празна соблекувална во голем бутик си го надоила бебето, пеки. Ама што праиме во помали бутци со по неколку соблекувални ако некоја мајка реши да го дои бебето додека надвор се гужва народ да влезе да проба парче облека па и пари да потроши на истото? Не за џабе ресторан е за јадење,вц за вршење нужда, соблекувална за пресоблекување и така натака.

    Ете направиле соба таква ,сме почнале да се модернизираме за чудо некое .И што испаднаа муабетите ? Абе мала е ,има едно столче , близу вц е епа не знам ако не па со мермер и слонова коска нека напраат па може ке се најдат задоволни луге . Или пак ке кажам тие што доеле во нејзе се глупи што се решиле во тие услови да го надојат бебето ? Едино се сложувам со тебе дека ако е само една соба во цел трговски навистина е малце и потребно да има повеке за да не чекаат пред врата луге него да има колку толку услови рамноправно сите да ја обават таа обврска.
     
    На Mishela, Luna91, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.325
    Допаѓања:
    285.726
    Се сложуваме со мислењата горе доле уствари.
    Мислам дека избришаните коментари придонесоа дискусијата да се одвива за начинот на кој се одвива.
    Токму така, и дај боже и во пракса да е така.
    Но бидејќи ниту соби за доење има насекаде, ниту таму каде што ги има се секогаш на располагање барем дискретното доење, најчесто на клупа да не се окарактеризира на ниво на животни како што беше на стартот етикетирано.

    Исклучоци има од двете страни...но за најголемиот дел од секојдневните примери потребна е само малку обострана емпатија, осет и човечност.
     
    На ivi1987 и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  14. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    955
    Devojko alo, ne zboram za menjanje pelena na masa nego za doenje bebe vo posebna soba koja e del od wc. Ponizuvacki e i te kako!!!
     
  15. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.833
    Допаѓања:
    109.165
    Пол:
    Женски
    Sekoja chest sto molot napravil takva soba, kakva e ne sum vlegla, no sum ja dzirnala I mi izgledala pristojno, ubavo sto I feminkata pogore kaza deka ja ima posto gledam mnogu ne ja primetile. No kakva korist I od toa sto samo ja ima, daj ve molam pa zarem ne ste pocuvstvuvale kako mirisa od WC njata vo molot, kolku I da se vnimava mirizbata vleguva, I pak kazuvam mestopolozbata I e I poveke od ponizuvacka, pa bebe e simbolika za cistota. I navistina bese nekulturno sto nekoi feminkata ja kutnaa da jade vo WC koga taa samo posoci deka ja ima sobata, e pa sega poiskusnite ili poupatrnite samo trebaa da ostavat komentar deka lokacija e offfff.
    A cicki na megdan majki koi dojat I vadat se izoliran slucaj, za sto I da se otvori debata ke ima nekulturen/kulturen narod.
    A za kakite si ima tema ;)
     
  16. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    955
    Abe sto ste se fatile za jdenjeto vo wc, procitajte mi go komentarot, ne da jade vo wc tuku vo SOBA ZA DOENJE. Ako moze bebe, sto ne bi mozel i vozrasen. Tolku navredi se isturija kon majkite doilki i sega sto ima navredlivo vo ova? Pa samite rekovte bebe i doenje se simbol za cistota, si ima soba za doenje. Ako e dovolno dobra bebe da jade tamu, zasto ne bi bila dobra za vozrasen?
     
    На ZojaP му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Знаеш зошто ја кутнаа,затоа што таа девојка мене ми кажуваше место да го дојам детето на клупа во молот каде што имало бактерии и било грозно да го дојам во собата која е кај вецињата.Јас ете не ја знаев собата додека тука не прочитав ама и да сум знаела тогаш немало да ја искористам затоа што ако нема бактерии таму,незнам каде на друго место има.
     
    На stefanija70 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.833
    Допаѓања:
    109.165
    Пол:
    Женски
    Aha epa togas iako ne si ja videla sobata, eve odovde sobra sega dovolno informavii za istata, prosvetli ja feminkata deka e daleku od ubav prostor odnosno lokacija, kade sto bi mozela da nadois bebe. Zatoa ubav izbor si napravila podobro na klupa otkolku tamu :) a bakterii ustvari kade nema..
     
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Види,секој си знае што е најдобро за него и за неговото дете.Јас мислам дека не е во ред собата за доење да е кај вецињата и плус ете има место само една жена да влезе внатре и да дои а ако јас пример отидам и има внатре некој треба да чекам ред надвор пред врата кај самите вециња.Значи не е во ред.Ако јас пристојно си го дојам детето на место каде што има многу малку луѓе значи на никого не му сметам.А јас нема потреба да просветлам никого.Таа феминка што е против доење на јавно место и што плука по мајките што дојат здравје кога ќе има дете нека не дои во јавност и готово ли нека оди во собата за доење ако мисли дека е толку добра а нема право да им соли памет на сите мајки дека е грозно и незнам какво пристојното доење во јавност.
    Еве ќе ви кажам уште една моја случка.Бевме со ќерка ми на ортопед,она имаше два месеци а имаше премногу гужва,чекавме два саати и на неа и се пријаде па да не дојам во чекална замолив една сестра да ме однесе каде е поинтимно за да можам да ја подојам.Сестрата без проблем ме внесе внатре во една ординација и си седнав во едно ќоше,се покрив и ја подоив без проблем.
    Значи доењето во јавност е потреба која треба сите да ја сфатат а не да ги критикуваат мајките ко да убиле човек или шетале скроз голи.
     
    На kjukli, stefanija70, MacenceEna и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    не е во ред да се извртуваат зборови и да се прераскажуваат коментари половично и со додадени зборови. Никогаш не реков ( како што и не правев) да седам доилките дома со мецеси туку пишав место да шетаат низ парк т.е. на воздух шетаат по затворен мол по продавници и ги пикаат децата по соблекувални.
    Доење во јавност за мене подразбира културно затскивање и повлекување каде што не е гужва што е многу лесно да се изведе. И тоа е во ред. Но од мрза да го тераш да му ја биташ глават на цицка каде и да се наоѓаш за да се смири е за тоа не сум.