Од мрза? Стварно бе... не знаев дека доилката ја мрзи да бара соодветно место. А бебето што плаче и никако не се смирува?
А ако се тргнеш 10 чекори, во ходник или свртена со грб каде не е нај прометно со луѓе а не на сред продавница, бебето нема да може да издржи? Вака сега пошто сум со искуство со доење, мајката најмалку 10 мин пред бебево више да не може да издржи по млеко она осеќа, бебето е немирно, се вртка,негодува, значи има време да најде место. На неискусниве можете да им кажете дека бебето гласно заплакува во момент и толку. Бу д њеј сум доела по принцип колку сака кога сака година ипол.
Не е секогаш исто. Нормално дека може да се осети кога бебето ќе заплаче, ама има ситуации кога ете, не можеш одма да најдеш соодветно место. Макар и да си знаела десет минути претходно дека бебето ќе заплаче. И јас сум доела, кога сака, колку сака, КАДЕ сака. Никаде не сум сретнала толку осуди на доењето во јавност колку тука во нашава средина, посебно сега. Па и порано доеле каде стигнале, поготово нашите баби, а ние треба да се срамиме од тоа што доиме, макар и најпокриени на свет. Она што мене ме нервира е што сите велат дека доилка вади града на мегдан - тешко дека е така. Ама ај, нека ви биде.
Искрено не се сеќавам кога последно сум видела жена која дои, не сум забележала. Најверојатно дека воопшто не ми пречи, па не ни забележувам. Нема ништо непристојно или не знам како се поинаку се нарекува доењето во јавност. Сосема природна работа, ако некому му пречи едноставно треба да го тргне погледот и толку, ништо страшно.
Уште еден душегрижник за туѓите деца кои наводно не виделе парк, туку ката ден дремат во трговски со несовесната мајка. Ти ако си била таква и со такви побуди не значи дека се и другите А културното затскривање и повлекување од јавност кажи ми во кој смисол не се подудара со доењето во соблекувалната? И да, таа соблекувална беше поудобна и почиста и од собчето во молов.
Прво градите не се сексуален објект , тие постојат баш заради таа функција-ДОЕЊЕ! Се друго во врска со нив е нова мода. Заради вакви малограѓански размислувања мнооогу мајки се одлучуваат за вештачко или во комбинација, за да може да се шетаат слободно без да мораат да вадат гради по трговски центри. Секој нека си одлучи како е најдобро за неа и за бебето, но да се грози некој од доење најприродна и најчиста работа, мене ми е грозно што читам.
Ок, ајде да се фалиме колку сме совршени и колку се правиме за своите дека, абе нема бољи од нас. п.с. да бев јас душегрижник за туѓите деца немаше прво за себе да си кажам дека и јас сум го правела иситото во некои наврати.
Далеку од совршенство. Мене па ми делува филмски мајката и бебчето секој ден во парк и го вдишуваат свежиот воздух... Целта на целава дискусија е дека мајките доилки се трудат да продолжат со социјализацијата до степен кој бебчето го дозволува истата, но во никој случај по секоја цена. Јас лично еве штотуку измолзев млеко и од сега си се спремам за попладневната прошетка. Е нема да биде парк зашто не ни може секој ден во парк. Мора да пазаруваме и нешто од технички продавници и нешто од супермаркет. Толку здравје и свеж воздух не е здраво ни за мајката а индиректно ни за врската. Потребен е баланс. Дискусијата беше поради кои побуди се прави истото. И нема ништо страшно доколку доилакта сака да помине квалитетно време и со партнерот, да си купи парче облека, препаративна или декоративна козметика. Зошто да се чуствува како грешник доколку собебчето врши најнормални дневни активности и се труди на дискретен начин да си го нахрани детето. Значи не зборуваме за екстремности како Нептун или гомната на маса, туку затскриено доење на клупа, во ќош...
Ниту сум светец, ниту имам намера да изигравам маченик, па секој ден да дремам по парковите додека дететво каши не пројаде. Осет само и разумна адаптација на новонастанатата ситуација со новиот член во семејството.
Два табора се расправате, а во суштина го кажувате истото. Доење во јавност ДА најнормална работа, ама подзаскриено и културно. Врти сучи сите истото го зборите и пак расправии. Пак ќе кажам и јас сум за доење во јавност, доколку се нема друг избор, но сето тоа да биде подзаскриено. Градите првенствено служат за доење, но не може да негирате дека се сексуален обијект. Не оправдувам мајки кои со самото тоа што се мајки мислат дека им се може се. Дој го подсвртена, на потивко место, покриена, ама да ја испрчиш цицката е претеризам, а за тоа со каките ич нејќам да коментирам. Домашно воспитање е во прашање. Оди во кола пресоблечи го. Тебе ако ти се слатки гомцата од бебушот, друг не е должен да го гледа тоа. Мајките ги напаѓаат немајките дека врска немаат и дека се себични, немајките ги напаѓаат мајките за ситуации за кои мислат дека им се може се и така во недоглед. Една реченица може да ја објасни целата тема, се што е претерано не е убаво.
Јас бар немам видено некоја мајка да вратат ради доење. И да, ничии цицки не милувам да гледам. Ни на мајка, ни на немајка. Мајките можат културно да се покријат малце, а овие другиве... толку им сече, шта речи?
I jas nemam videno hiena ama toa ne znaci deka ne postoi.i site na forumot vo edno se soglasuvame,kulturno doenje pred se,znaci pripokrieni,a makar i bes marama ,koga deteto fati da cica samo nekoj koj manijaci naokolu moze da vidi del od gradata.mislam deka mnogu malku ima sto ke izvadat kako so vikas cicka na izvolte..
Споредбава - лудило. Јас ќе ти дадам слика од хиена, ти мене дај ми некоја (на слика, или како сакаш) што ја избркале од некаде зошто доела. Епа ете, сум видела на “изволте“ и со оглед дека последниот пат кога проверив не ме привлекуваа жени, а цицката нејзина цела ми зјаеше во хоризонтот, јебеш га, морав да видам. И не ми беше ич пријатно. И никојпат ете не сум видела, некој да ја избрка. Имало коментари - а и еве јас тука коментирам - ама никој не ја избркал. Нормално дека ќе си дои, само нека не поштеди нас недојачките од нејзините фасцинантни брадавици.
Camelce duso me mrzi da se raspravame i ubeduvame,iljada ljudi iljada cudi,toa ti e.site so svoj stav.ako znaes italijanski ke ti pratam da procitas za sluckata,vistinska e.i taka.pozz
Јас само кратко да се вклучам, вака неупатена. Што па толку ви пречи и ве гади да видите гола женска града? Па и да дои, и да не дои и рандом да се соблече, ич нема да ми биде гајле, а не па од неа да зависи дете што е гладно.
Абе и мене генерално не ми е гајле, ама не зезај, и тебе да ти извади цицка на метро ипол од тебе, и тебе ќе ти боде очи. Не се вртам јас да ја видам - седевме бре на иста маса. Другарки имам со деца, сме се утепале од шетање со бебиња (последново новороденче го шетавме на неполни 2 недели) ама ниедна не опнала цицка на маса. Сите си имаат начин како да дојат, а да е тоа пристојно. Значи цицка надвор не е пристојна, без оглед дали е за бебе или нешто друго. Јас немам ништо против доењето во јавност, имам против ликовите кои мислат дека што сакаат можат да прават затоа што замисли - вау, шок - родиле!! Абе ако си праќаме линкчиња со статии, ја опраивме работава Остај ти таљаните што прават, си видела некоја да ја избркаат од Сити Мол, Рамстор, кафана, кафич? Ти кажал некој? Јас не сум чула ни видела такво нешто - кај нас. Прочитај погоре, над цитатот - скоро сите другарки родија веќе И сите дојат во јавност. Ама културно и достоинствено, не како светот да е должен на нив затоа што сами одлучиле да бидат мајки
Има тука некои на кои општо земено им смета доењето во јавност.Па зошто било на клупа во парк или мол а не било во собата за доење,па зошто не му дала формула дур шетале за да не дои надвор,па зошто не седи дома дур дои и тако даље,до недоглед.И јас не сум за доење со цицка на изволте нит па за менување пелена со гомна во сред кафич на маса ама на некој да му смета културно доење во јавност е тоа ти е фолирање дефинитивно. Можда и на мене ми смета во сред бел ден цицки на изволте без пупки нормално и минич до сам задник ама гледам секој ден веќе и тоа во строг центар ама тоа нели не е срамота,туку најнормална работа!
Ама мешате баби и жаби. Ко божем од младиве мајки никоја не носи деколте и минич. Не е убаво ни превулгарно облекување , ниту мавтање на цицките без усул во јавност. Две одделни работи се тоа што немаат врска една со друга.