Lelee kolku naporna stana temava,ko vojna da vodime,a jas pak ke kazam mnooògu malku se tie sto dojat nepokrieni ili menuvaat pelena na masa,1vo 100,i toa e mnogu..mene me iritira koga doenjeto go povrzuvate so nesto perverzno.pa,bebenceto si jade,se znae kade ima mleko,vo gradite,tolku prirodno,i nekoj ke me ubeduva deka toj cin e gaden i perverzen.znaci isto kako od sise i cucla,skros mi e isto,pak ke naglasam sekako deka sum za pripokrivanje i na nekoe potskrieno mesto. No,lugje,greota e na doenjeto da gledame kako na film za vozrasni i da se gadime od toj cin..gadno bilo,se gadela od necija grada,pff,perverzno skros,ja gledas gradata ,epa gledaj go doenjeto ne gradata.tolku od mene..
Јас не гледам дека мајки се угледуваат на такви ликови.Јас работам во центар и сум видела се и сешто сред бел ден ама таквите голи цицки и газови не се критикуваат никогаш,тоа е дури нели модерно и ок а културното доење во јавност е вулгарно и грозно и милион дискусии се отвараат и сите се против мајките што културно дојат во јавност.Јас не викам дека нема исклучоци ама знам дека се премногу ретки а за културното и скриено доење срамота е да се дебатира со негативни и прости коментари.
Оф-топик Напротив! Да тргнеме од самиов форум- досега неколку пати во модни критики сум била сведок како се коментира дека сукњата е прекратка и делува вулгарно, ете и пред десетина дена се разви жестока дебата (расправија ) околу тесните фармерки на една членка. Зирни ги и овие теми, http://forum.femina.mk/threads/Невкусно-недолично-облекување.3752/ и http://forum.femina.mk/threads/Облека-за-на-факултет.14227/, ќе видиш дека сите, ама баш сите го осудуваат таквото недолично облекување.
Ја следам темата често и да,гледам секакви коментари ама се иритирам кога ќе видам недоличен коментар за мајка која си го дои детето културно на јавно место и неможам да замижам пред таквите коментари.
Иви како не се критикуваат? Кој од нас не ги искритикува, кој рече дека е океј? Напротив - сите рековме дека е вулгарно, тоа е облека за ноќни клубови, не за на сред улица (освен ако немаш друга намера на улица, ама да не цепидлачиме). И кој е против мајките кои културно дојат во јавност? Еве не знам. За културно и скирено доење јас бар не сум рекла ништо (и го поддржувам), ама очигледно на сите ни сметаат невкусни работи, дали од страна на мајки или немајки Те молам посочи ми, јас мора да сум го пропуштила тој коментар.
Дами воопшто не е вулгарно и недолично јавното доење на дете.Само респект и поддршка до мајките што попрво би го нахраниле своето бебе кое непрестано плаче одколку да мислат што ќе речат и како ќе гледаат на тоа другите.
Супер, каков мотив, ајде сите да се понашаме како светов да е наш Јас кучето ќе си го ранам во сред кафана на маса од тањир дирекно, да не му ги повредам чувствата.
Оди наназад по странициве па ќе видиш секакви коментари кои не се во ред а имаше и за мене наменет коментар зошто место клупата во молот не сум ја одбрала собата за доење која е кај вецињата.Тоа значи дека и културното и скриено доење им смета не некои особи.
Чекај сега ова ти сериозно???Сега ти си или не си против доење во јавност???Е за овие коментари зборам јас...значи дете и куче не смеат да се споредат,срамота!
Не сум против доење во јавност кое е културно, против сум мајките да се понашаат како нивен да е светот затоа што се мајки. Ако може некоја да извади цицка на маса, зошто јас да не можам да го хранам кучето на истата маса? Видиш? Не може кој што сака да прави, не може анархија. На мајката бебето и е најслаткичко, мене не ми е. Исто мене ми е океј кучето со мене на маса да јаде, ама не го правам тоа во кафана, затоа што таму треба да се има основна култура. И да, јас ќе ги споредувам оти така ми се осеќа душава. Ти не мораш. Никој не мора. Ама мора да се почитуваме едни со други, оти тебе гадноста на кучето некоја ќе ти ја лепне во фаца, и ич нема да и биде гајле што другите мислат
Кој има/л бебе кое е ексклузивно на доење знае кога и каде може да го носи бебето и каоо тоа функционира - или спие или цица. Нормално, не ќе се затвараме дома ако сме со мало бебе, и тоа сака воздух да го фати. И ако мајката има млеко и дои шо има за шетање да дава вештачко или одмолзено стоено во шише, кога си има како дала природата, свежо, таман температура, стерилно. Поздаскриена, прекриена градата, не гледам проблем тука - и бебето сито, и околината задоволна неистрауматизирана!! Јас сум доела две деца и трето здравје ќе дојам, и кога ќе шетсм ако бара секогаш ќе застанам и ќе му дадам, како и претходно, покриена со пелена, било на клупа во парк, покрај езеро или кај и да сум, каде нормално има логика и инсаф да носам мало бебе!!!
Како можи бе луѓе куче да споредувате со дете ејјј!!!!Зарем една жена го напиша ова,е неможам да поверувам.Ако тебе кучето ти е се во живото,немам коментар.
Ете, можам, не е забрането бе. И сега што? Ако нешто можам, а очигледно не е океј да се прави пред народ, да го правам оти така ми се може, или да имам осет?
Ти по пишувањево очигледо сеуште не си мајка па затоа со вас најмногу се дискутира.И да,многу ти е лоша споредбата затоа што ти викаш ете ќе го раниш кучето на маса за да не му ги повредиш чувствата.Ама со бебе не е така,значи на бебето му се јаде и неможе да седне на маса да јаде со лажица туку цица и ти како мајка ако му се пријаде ќе мораш да го нахраниш и тоа е тоа,многу едноставно.Плус во рестораните се забранети кучиња,додека бебињата не се и крај.А без навреда ама кога ќе станете мајки тек тогаш ќе можеме да дискутираме за темава трезвено а до тогаш ние мајките ќе објаснуваме а вие ќе напаѓате.И незнам како само вие гледате цицки на изволте кои дојат а јас еднаш не сум видела такво нешто.
Е ако де, нарани го. Без сите да мораат да ти ја видат цицката. И не морам да бидам мајка за да разберам, како што не мораш да имаш куче за да разбереш. Има начини да им сметам на цицковадачките и кај што е забрането куче, ама е моето однесување дозволено Не значи дека ако нешто не е забрането, е во ред. И како знаеш дека некогаш ќе станам мајка? Како заклучи? И ако те интересира, на ниедна летна тераса не се забранети кучиња тоа не значи дека ќе го донесам кучето од 60 кила и ќе го оставам да ја полигави масата. Сметам дека не е во ред - заради другите. Колку сум била глупа, па ете, не требало да ми биде гајле за другите, морало да живеам во заблуда.
Ех, сега фали уште некој да ја стави сликата со човекот од војна на ѕвездите (мислам) како јаде пуканки и до таму ќе е (јас не можам да ја најдам, инаку...) А за темата само да кажам: Се вртиме во круууг До сега не прочитав ниеден коментар ПРОТИВ дискретно доење, ниту пак коментар што е ЗА недискретно доење, така да... Поздрав
Ти очигледно имаш став и со никаков факт или доказ неможиме да ти го промениме,а и не сакаме да даваме објаснувања на некои што се силат како точак на удолница како тебе.Океј е секој да си има свој став ама твојот не е океј.Тешко дека далеку ќе истуркаш со вакво понашање.
Јас не видов ни факт ни доказ освен “ми се може бе, мајка сум и крај“, а тоа ни факт, ни доказ е, туку инатење. Еве супер туркам во животот, ама сепак фала на грижата.
Ако ме читаш не вадам цицки на изволте,дојам во јавност ама со пелена покриена.Ако сум седела во кафич или ресторан со бебето а му се пријаде одам на поинтимно место во близина се покривам и дојам. А за цицковладачки не коментирам веќе зошто сум видела и гледам многу цицки на девојки а не мајки,па на фб да не збориме,од птичја перспектива голи цицки на изволте,а не дојат деца замисли така да не ти држи вода кажаново.Ако ти смета не гледај и крај.А за кучињаа не се замарам,гледаш и да не се забранети на летна тераса јас не сум ги приметила,значи не се замарам со тоа кој како седи и кој што прави додека девојките како тебе гледаат и им дишат во врат на луѓето па имаат материјал за да зборат насекаде што чини а што не.
Jas neznam sto vie barate vo ovie temi, osobeno ti @CameliaMiller sekade te ima i vo temi za bremenost i vo temi za bebe, a ni si trudna ni dete imas. Sto gi provociras majkite neznam? Temava mislam e za majki da spodelat koga bi dosla takva situacija da moraat da dojat vo javnost, sto bi napravile i sto napravile. Jas iskreno samo na plaza si imam doeno, ama ni levo od lezalki ni desno nemase nikoj i ne ja izvadiv cickata cela plaza da mi ja vidi. A da sekako deka e nezgodno da dois nepristojno vo javnost i ima razlika vo kulturno i nekulturno doenje, kako sto vidov majka vo nedela vo zoloska kaj sto imase eden kup luge... Pa gospozata i baletankite si gi soblekla i si gi ispruzila nozete kako doma, e toa za mene e nezgodno i ne bas ubavo za gledanje. Ednas imam doeno vo City mall vo sobata za doenje, no taka na klupa pred kup luge ne bi sednala...