Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    213 глас(а)
    52,1%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    142 глас(а)
    34,7%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,6%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,6%
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.930
    Допаѓања:
    267.630
    Според болдов, каде јас и ти не се согласуваме? За мене е ова сосема океј и го поддржувам, истото го прават и моите пријателки со бебињата. Не гледам ништо лошо во ова, напротив, го поддржувам.

    За вториот болд - и јас ги гледам и мислам дека не е во ред, невкусно и недолично е. Не знам што не ми држи вода.

    Не знам кои се тие девојки како мене, едвај чекам некоја таква да запознаам па да се дружиме. А иначе, ако некоја седи со мене на маса, не е баш дека и дишам во врат - седи со мене на маса ебаго.
    ќ
    Забрането ми е?
    И бебињата постојат околу мене, секако дека и мене ме засегаат, не е баш дека живееме во различни светови.
    Со болдот се согласувам.
     
  2. Ljubavnik

    Ljubavnik Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Твој став,твое мислење.Ако ти смета не гледај!!!
    Има многу вакви како тебе,но за кратко време ќе се искоренат.
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.930
    Допаѓања:
    267.630
    Како ќе биде тоа? :rofl:
     
    На Mishela, Lady Phoenix и Аliсe им се допаѓа ова.
  4. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Доказ и факт еден и единствен дека на бебињата им се цица често а не на саат а не дека сме мајки и ни се може.Незнам што не е јасно?
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.930
    Допаѓања:
    267.630
    Зошто наместо да најдат културен начин, некои мајки одбираат начин невкусен за сите?
    Ете, имаат опција каде што тоа можат културно да го направат, како што го правиш ти или @mariz
    Не ми е јасно зашто наместо така, мораат да го направат истото пренападно и прејавно?
    Еве, не знам, ако можеш - објасни ми.

    Ама не да ми кажуваш дека се е тоа нормално, затоа што не е.
     
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.243
    Допаѓања:
    76.258
    Пол:
    Женски
    Neznam iskreno od kaj doagjaat tie majki ama jas i se iznacudiv na taa vo sred zoloska, jas mislev deka voopsto ne poddrzuvas doenje vo javnost :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.930
    Допаѓања:
    267.630
    Aбе не ме дочитувате изгледа :)
    Секако дека поддржувам, не само доење, генерално културно однесување во јавност.
    Сите можеме да ги извадиме цицките на мегдан, ама тоа не значи дека ако можеме, тоа е и во ред :)

    Бебето треба да јаде, и кога сака и каде сака, мајката е доволно малку да обезбеди дискретна атмосфера за хранењето, ништо повеќе (во вид на пелена, специјална марама (ваква имаше мајка ми) итн.).

    Иначе, најдов едно мислење од пред неколку месеци, што ми ја доловува поентата, од @cupicupicake, ја цитирам:
    Јас сум апсолутно ЗА доење во јавност, детето мора да јаде. Меѓутоа вчера бев во ресторан во Охрид каде на масата до нас седеа 15тина луѓе а на чело на масата седеше мајка со дете и го доеше додека сите јадеа. Целата ситуација беше непријатна од причина што бебето цело време се тргаше и дури и кога веќе не цицаше жената седеше со извадена дојка на маса со храна. Истиов процес се повторуваше на неколку наврати во рок од саат ипол. За да биде побизарно на масата седа деца во пубертет. Повторно ќе кажам немам ништо против доење во јавност меѓутоа се треба да има граница и мерка. Не пишувам често на форумов меѓутоа останав фрапирана по оваа ситуација и буквално ми се згади од ручекот. Едно е да се најаде детето а друго да се иживуваш со цицката во тањир на тој до тебе (извинете на речник).
     
    Последна измена: 17 октомври 2015
    На 1209, Golden Rose, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Ама кадети мене ме прочита дека ми е во ред таквото распиштолено доење.Јас наназад пишував за тоа дека не е во ред.Јас поддржувам доење во јавност ама пишав и какво да не се повторувам.Тие што вадат цицки така ко што ти и многу други виделе а јас искрено освен ромките кои лутаат по улици други не сум видела се без манири и основна култура.Мајка или немајка цицки со се пупки надвор или цицки на изволте од девојки кои се гордеат со тоа што мајка природа им го дала и сакаат со сите да го споделат се без манири и основна култура.
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.930
    Допаѓања:
    267.630
    Па и не реков за тебе де, генерално зборев, одма почнавте да ме карате :lol: Да ми смета доење генерално, нема да одам на ручек со пријателки кои дојат во ресторан, нели? И да, на маса, до мене. Со пелена потскриено, бебе цица, се нацицува, никој освен бебе не ја видел цицката. И не се крие мајкава што прави, не станува, не иде по ќошиња, само се потскрива, и не гледам ништо лошо тука.
    Абе гледам како да ти кажам, скоро секојдневно секакви испади (и од мајки и од немајки) ама во оваа тема збориме за некултурните доилки, за останатите некултурни луѓе (жени) си има соодветни теми.
    Сепак се согласивме на крај :)
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.865
    Пол:
    Женски
    Всушност, темава е за тоа што сите мислат за доењето во јавност. Така е формулирано и почетното мислење. Бидејќи сите сме се нашле во таква ситуација, во ред е да имаме мислење и да го искажеме на форум.

    Има едно основно правило во човековите права: твоето право можеш да го уживаш се’ додека со тоа не го повредуваш правото на некој друг. Значи мојот сосед има право да слуша гласна музика се’ додека не го нарушува правото на другите да уживаат ред и мир. Мајката има право да дои секаде се’ додека со тоа не предизвикува непријатна ситуација за другите. Значи не е во ред пред други луѓе на маса непокриена. Не е во ред во ресторан каде други луѓе јадат без да се покрие. Во вакви ситуации може едноставно да најде поприватно место или да се покрие.

    Не се во ред оние изговори - детето не сака покриено, имам право и јас да одам во ресторан, пред моето пошироко семејство сите доиме и никому не му пречи. Значи во јавност е поинаку, има други луѓе околу и не е во ред доењето да се изведува како што се прави дома. Не е во ред она "многу ми е гајле што мислат, јас сум мајка, бебето мора да јаде". Да, мора да јаде и мора да го надоиш, но мора да се прилагодиш на ситуацијата. Океј е и во трговски и во ресторан и во кафич и секаде, се’ додека е пристојно и неупадливо. За тоа цело време зборуваме и не знам како мајките од темава се најдоа навредени кога самите велат дека секогаш го прават тоа пристојно.

    Токму така. Повеќето се сложуваме и за истото зборуваме.
     
    На 1209, BoaVista, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.930
    Допаѓања:
    267.630
    Јас мислам дека премногу лично некои ја доживуваат дискусијата, а никој не вперил прст во нив - напротив!

    Скоро сите мислења се однесуваат на дискретно доење, каде и да се и со кого и да се доилките.
    Повеќето од жените со кои јас лично се познавам и дружам, не се однесувале недолично при доењето, како што и не се однесувале недолично и пред да станат мајки.
    Нема ништо тука “малограѓанско“, напротив, постојат непишани правила кои сите ние мораме да ги почитуваме за да бидеме прифатени од околината.

    Веројатноста да зјапаат во мене и да ме покажуваат е голема ако изглезам со деколте до пупак, нели :) Не е забрането така да се шетам, ама не значи дека е тоа во ред.

    Тука не зборуваме за закони, туку за култура.
    Не значи дека ако е мајка, треба да расчисти со културата.

    Искрено, да не познавав мајки, можеби ќе помислев дека имањето бебе надвор од дома е еднакво на лудило и хаос :) :) Не е така.

    Бебе мора да јаде, каде сака и кога сака (морам да се самоповторам), било ресторан, кафич, парк, улица, трговски, свадба, гости и секое друго место, и бебето не е виновно што мора да јаде често. Тоа е нормално и природно. Мајката е должна (ако сака да биде културна зборувам), тоа да го направи дискретно.
    Ако сака да се однесува како светот да е нејзин, жал ми е, ама тоа зборува за нејзината култура.

    Како што гледам и на темава, скоро сите мајки дискретно дојат, и за тоа секоја пофалба. Сигурно не е лесно да го адаптираш социјалниот живот со мајчинството. Секоја чест што успеваат да излезат од дома, да се чувствуваат убаво и незапуштено, а притоа и бебето да биде среќно.

    Затоа до овие културни мајки што ги испофалив, не се карајте одма.
    Вас ве фалиме и се угледуваме на вас, (да, ако родам дете, сигурно нема меѓу 4 ѕида да седам, ни 40 дена а не подолго), и не само што не пречите, туку ќе се тепам со тој што ќе проба да ве манијачи или избрка.

    Ете така.
     
    На 1209, Mishela, Lady Phoenix и 6 други им се допаѓа ова.
  12. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    593
    Очиглено е и двете страни се сложуваат, доење во јавност ДА, фино, неупадливо, секој да си гледа своја работа. Ама мајкииии брееее, е*аго многу сте дрски. Се изначитав: што има ти да зјапаш, гледај си своја работа, таквите како тебе ќе се искоренат:o
    Па како ќе биде другава страна да рече така. Дајте фини да бидеме сите аман луѓе.
     
    На Daydream, referentka, LivingGlam и 6 други им се допаѓа ова.
  13. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Се согласувам со мислењата погоре. Да, бебето мора да јаде, чувстува глад и црка од плачење, секако и не разбира дали е дома, на прошетка или во некој ресторан. Но, затоа, мајката е таа која треба да има осет дека се наоѓа на јавно место, меѓу други луѓе.

    Некои ќе зјапаат, други ќе се згрозат, на трети им е сеедно. Тоа што мајките се со мало бебе и дојат, не им дава за право да ги навредуваат останатите.
    Штом сте решиле да доите во јавност, а ако одите подалеку- непокриени, очекувајте секакви реакции.
     
    На IveBrajan, Golden Rose, Ljubavnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.622
    Допаѓања:
    35.197
    Пол:
    Женски
    Фино вие што зборувате покривање, марами, ова она, ама тоа кај ептен мало бебе може да помине, кај поголемо, никако. Ко ќе му ја викне уште толку погласно да плаче, ќе се чудиш кој крај да му го најдеш.

    Е сега да резимираме, тие што се покриени со марама, пелена или сл. се културни доилки, а другиве не, така? Да си знам во која категорија спаѓам де.
    Во тие некултурните сум изгледа :D Јас не се покривам, туку ќе ја поткренам блузата, ставам детето и ништо не се гледа. Е арно ама секогаш (скоро секогаш) се наоѓаат простаци кои буквално во фаца ми се втурнуваат за да видат точно што правам. Иако како што кажав не се гледа ништо од блузата и од бебето, плус мажот ми од една страна, од друга страна со количка забарикадирана, ама.... мора да се види што прави другиот :^)
    Е, ај сега кажете ми кој е некултурниот, јас што дојам затскриена, ко што милувате да кажете, или тие што застануваат и те гледаат без срам?
    Не е до тоа дали доиш или не, туку до општата култура и домашно воспитување.
    На крајот на краиштата се знае што е приватен простор а што јавен. Вие како што гледам се однесувате кон јавниот простор како да е приватен и очекувате сите околу вас да ги следат вашите норми и правила за однесување. До тоа е проблемот изгледа.
     
    На jacqueline.s, kjukli, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.930
    Допаѓања:
    267.630
    Ана, абе сеедно е како ќе се наместиш и со што, сега да не цепидлачиме до толку.
    Се што е на ачик не е убаво, ти како сакаш.
    Во случајов - тој што се ѕвери, и никој не гледам такви ликови да оправда (јас им се заканив на таквите ;) ).

    Инаку, како јас се однесувам кон јавниот простор како да е приватен, и како?
    Дали случајот со обесена цицка и кога не цица бебе или шетање сред ресторан со бебе на цицка е приватна или јавна работа?
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Golden Rose

    Golden Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Јас не сум баш 100% за доење во јавност, врз моето мислење најверојатно има влијание тоа што сеуште не сум мајка. Да биде подискретно во ред прифаќам, но згрозена сум од неколку случки со мои пријатели идат кај нас на гости и свекор ми тука и мм и јас и велам ајде во спална ако сака да ручка бебето и таа нема гајле вади тука на маса пред сите, а свекор ми и мм демек нешто бараат во другата соба излегоа. Не е вкусно поради тоа што пред се е сопругата на твојот другар, а има можности да се наручка бебето без проблем во другата соба и да не биде незгодно за сите тука.
     
    На Daydream, jacqueline.s, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Majka sum i dojam no iskreno bi mi bilo nevkusno da vidam nekoja sto go doi primer u kafic bebeto so cickata na megdan..jas taka nemozam.sekogas sum iskacala spremna, so dete spastreno nacicano i retko mi se slucilo da moram da ja dojam.so tolku malo bebe koe e samo na mleko ne sum izleguvala vo zatvoreni prostorii a sega koga sme vekje i so cvrsta hrana nemam problem i da sedneme nekade.mene iskreno mi e nezgodno da dojam pred tatko mi, brat mi vujko cicko i da ne nabrojuvam.si se povlakam vo soba i si zavrsuvam rabota
     
    На Daydream, Golden Rose, IveBrajan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Точно, и кај мене иделе на гости, па си оделе во спална ако треба да ги надојат малечките. Значи и јас не почитувам ако се има интимна опција да се одбере опцијата цицка на мегдан дефинитивно. Ниту на сред зоолошка, ниту на маса... значи јас велам дека не треба да биде осудувано дискретното доење во јавност. А такви фуфици што се атеншн сикерс, сигурно ако не биле бебињата ќе си наделе нешто друго да привлечат внимание, или да си го докажат својот став - ќе правам што сакам. Мислам дека тоа не е поврзано со доење туку со карактерот на самата личност. И затоа не се расправајте затоа што имате сите исто мислење. Има шути жени што ќе си прават што сакаат (пак ќе речам, ако не било доењето сигурно ќе направеле нешто друго недолично), и има нормални жени, и тие две категории не смеат да се стават во ист кош.
     
    На Nausicaa, LivingGlam, Golden Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Еве еден социјален експеримент на темава :)
     
  20. Ana Marija 1

    Ana Marija 1 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    11.321
    Пол:
    Женски
    Не ми се случило да дојам во јавност, но немам ништо против мајките што го прават тоа.