Јас моето дете го доев до 22 месеци,никогаш немав храброст да го направам тоа во јавност,па секогаш се организирав по тоа. Додека воопшто не ми сметаат мајки кои го прават.
И јас немам апсолутно ништо против доење во јавност, затоа што и јас сум мајка која доила во минатото и моментално пак дојам и многу пати сум се прашувала ако дојдам во ситуација да морам да дојам надвор од дома како би ми било, би имала ли проблем, од луѓето, од околината.... Еве денес баш си размислувам да го водам син ми во игротека да си игра, има таму и соба за доење и воедно за пресоблекување на бебиња е истата соба и се мислам попладне да го водам и да ја прошетам и малата таму, секако во количка ќе си биде, ако и се приспие да си спие, знам дека и ќе и се пријаде и ќе морам и да ја надојам па некако ми е срам, не знам.....се мислев баш денес што би правела Инаку до сега никогаш не ми се десило да дојам надвор од дома, но за се има прв пат
Doev i na prviot rodenden iako ne mislev deka ke bara bebceto no koga i da bara jas sum tuka da ja nadojam i ne bi ja odbila za nisto . Kulturno si se svrtevme i bez problem mi dozvolija vo kafanata kaj sto slavevme iako imase i drugi gosti
Јас сеуште ја дојам малата само за заспивање и почесто се случува да сме излезени со и меѓу луѓе и тоа го правам дискретно ( со марама од оние за доилки) ..
Оф леле... од вакви преувеличувања ќе ми се превртат очите. Ко некој да им вели на мајките да се пикаат во гнасни вецеа. И тој што смета дека доењето во јавност треба да е подискретно, сигурно не се грижи ни за сиромаштија, ни за околината, ни за војни. Ѓубре безобразно.
Не е ни блиску, ама па не можам да разберам зошто е толку страшно и одвратно на некои луѓе да видат жена како си го дои детето. На каков начин доилка би вознемирила некој, кој ако до толку му пречи може само да се сврти.
Нема никако да пречи. Културен човек едноставно ќе си се заврти или ќе си продолжи како ништо чудно да се случува. Муабетот низ темава беше дека треба да се разликува пристојно од она без осет, кое доведува луѓе во незгодна ситуација. Има низ страниците наназад, искрено не ми се прави муабет пак за истото. Само за сликата морав да искоментирам.
@LivingGlam зошто ме навредуваш и нарекуваш, ѓубре безобразно? Ја видов сликата ме потсети на темава, сметав дека треба да е на темава ја постирав на темава. Моето мислење дали е исто како тоа на сликате или не, нема врска. Можеби јас имам тотално спротивно мислење од тоа на сликата, а можеби и некаде помеѓу. Сепак ништо не ти дава за право да ме навредуваш.
Не те нареков тебе ѓубре безобразно. Извини ако звучеше така. Во друг контекст беше кажано, дека кампањата алудира на тоа дека луѓе кои не се баш за фристајл доење во јавност не се грижат за прашањата за глад и војни - ѓубриња безобразни.
Пред некој ден седнав во кафана. Кафанче тесно, во најлон нели за пушачи Една жена извади града на видело на сама маса карши неа пријател на маж и со кој си прави муабет, преку неа фамилија две малолетни деца со родител, на другата страна јас (која сум доела 18 месеци) другарка која моментално дои и две девојки. Јас не знам на кој во кафаната НЕ му беше НЕпријатно.
Баш би било супер одредени кафичи и ресторани во ск да одвојат простор за мајки со бебиња. Секако тоа би биле локали што имаат таква клиентела, убаво би било во тоалетот да има простор за пресоблекување на бебе или дискретно катче за доење. Ако не се лажам во сити мол има соба за доење, но не сум ја посетила. Знам дека идејава ми е нереална, но јас да си посакам. На запад угостителските објекти се подобро опремени со додатоци за мајки со бебиња.
Aма оди речи и дека е невкусно. Лом ќе те направи. А тоа што е во кафана каде се пуши и си го труе детето е сосема небитно, битно она дои, добра мајка е. Ти не го доиш и не чиниш.
Коментирав на темава додека бев бремена...и сеуште не ми се смени мислењето...неможам да дојам во јавност и готово...незнам како да се изразам, шубе ми е, непријатно...ни со пелена покриена ни со марама ме ежи самата помисла. Шетам секаде ама си го темпирам времето и немам проблем. Пријателки доеле и во кафуле покриени со марама, мене лично не ми сметаат ама јас да дојам во јавност неможам. Пробуваат да ме разубедат ама безуспешно
Едно нешто не си разбрала @Cka. Ти ако се решиш да не го доиш детето во јавност нема да бидеш прогласена за мајка која не чини. Твое право да правиш како сметаш дека треба и како ти е тебе најубаво. Вие сте тие кои на мајките коишто дојат им изналепивте секакви етикети и коишто сакаат да го забранат или ограничат правото да дојат во јавност, доколку сакаат и имаат потреба за истото. Поштедете ме ве молам од муабетите за невкусно, непристојно и сл. Тоа што за тебе е невкусно за друг е сосема нормално, такашто... До човекот е
Не знам ете јас мислам дека доењето во јавност е ок и прифатливо, додека е дискретно. Но, јас кога бев за малата да прими вакцина не можев да ја дојам во ходникот пред собата иако имаше само жени. Си тргнав накај детското забно, па си најдов посебно ходниче и тука ја доев. Малата тогаш имаше само 16 дена и сеуште не бевме организирани за доењето, па си цицкаше ога и да си посака. Навистина не би ми било проблем да мајка дои во јавност, ама да си ја извади цицката на маса во кафич ми е одвратно.
Всушност, имаше доста коментари наназад во смисла - само мајка знае како е, не смее да го остави детето гладно, кога ќе побара мораш да му дадеш да цица и ништо друго не е важно. И тоа одма води до тоа дека мајка која ете ќе се потруди тоа да биде подискретно не е таква лавица ко оваа од првата категорија, на која околината не и’ е важна и многу и’ е гајле што некој од страна смета дека е невкусно. Да се оградам со време - не е за тебе лично мојот коментар. Ме мрзи сега да листам ни темава зашто стварно се исцрпи повеќе од потребно, но сигурна сум дека такви коментари имаше.
Mene so prvoto mi bese mnogu neptijatno da go dojam nadvor i pokraj toa sto nekogas morav koga ke spiskase na sred setanje ama naogav nekoe poskirsno mesto. Se oslobodiv koga otidovne vo ohrid nekako tamu imav pomalku izbor sepak na setanje otidovme i so ogled na toa deka bese leto nekako pomalku mi bese neprijatno nitu pak primetuvav zacuduvacki i osuduvacki pogledi. So vtorovo mn pocesto dojam vo javnost bidejki poradi golemiot mnogu cesto i dojgo sme nadvor pa nemozam da trcam doma koga ke i se pricica. Povtorno mi e malku neprijatno i gledam da bide sto podiskretno i sekogas se pokruvam, gledam i da sum oblecena vo nesto na raskopcuvanje za da ne se rasoblakam mnogu ☺i ako ima mnogu luge pogotovo maski okolu gledam da se trgnam na strana iako e mn ocugledno sto pravam. Vo sekoj slucaj ne mi smeta i nediskretno doenje ednostavno jas licno nemozam da se oslobodam do tolku
Прв пат доев надвор пред некој ден, бевме во парк да си игра син ми и на малата и се пријаде и до дека стигнеме дома таа ќе не дигнеше во воздух од плачење и морав да ја надојам, среќа не бев сама со децата, беше и мајка ми и стоеше до мене додека ја дојам, како да ме прекриваше де, а и имаше само 2 дечиња во паркот подалеку од нас, така да немав никаков проблем да си ја надојам ќеркичката, нормално дека прв пат, само се развртував лево десно да не ме гледа некој од страна, ама се се заврши за 5 мин.бевме готови П.С. Кога сме веќе кај доењето во јавност, прочитав на интернет дека има некоја марама што е како прекривка додека се дои бебето, знаете ли поточно каде има, од каде можам да си набавам?