Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    212 глас(а)
    51,8%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    143 глас(а)
    35,0%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,6%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,6%
  1. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    970
    Ne sum sarkasticna, si.kazav sto mislam.i sto.pravam i nikade ne spimnav deka onie sto ne se majki nemaat pravo da komentiraat. Samo da povtoram uste ednas za gospodinot konobar, ti da odis da jades vo wc, pa.ako.ti e ubavo da pratis bebe posle toa. Da dois bebe vo takva gnasotija od tipot javno wc e out of mind. A ako majkata se nasla vo kafik, ili restoran i deteto i e gladno ke.go nadoi i toa kako. Dali e hot ili ne nejzino si e. Dali.sum.doela.jas zatskriena ili ne moe.si e. Ama redno vreme e da se razbijat stereotipite, doenjeto e najprirodna i.najnormalna rabota, i doenje vo javnost isto taka. Dojkite ne se seksualen objekt tuku hrana za bebeto.za koe.ne e ni najmalku zdravo samo da sedi doma. Dzabe nedeli za.promocija na.doenje.dzabe se, so.mozokot sme mnogu mnogu nanazad.
     
    На Kaetana, Sunshine_1979, M&M и 7 други им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.554
    Допаѓања:
    42.941
    Пол:
    Женски
    Во ред знаеме дека е најприродна и најмормална работа и нас не доеле. Ама таквите коментари произлегоа од неколку примери наназад кои беа за мајки кои дефинитивно мајчинството не ја разбудила нивната некултура туки тие си биле такви непристојни и некултурни и пред да станат мајки. Инаку мислам дека келнерот рече дека имаат посебно место за доење и негова работа е да гледа на масите значи да гледа во муштериите и сакаше да каже дека нему му е незгодно од причина што некој ќе помисли дека зјапа, а тој уствари си ја врши работата. Малку и вие погрешно ги толкувате нашите мислења и затоа се ствара тензија на темава. Убава дискусија се води на почетокот. И пишувајте кирилица и правилно воопшто не е прегледно вака.
     
    Последна измена: 18 август 2016
    На anakonda88 и BlackNight им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.239
    Има комода/масичка за пресоблекување со душече?
    Има стол/фотелја во дел од вецето?
     
    На Kaetana и mariatim им се допаѓа ова.
  4. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    5.546
    Пол:
    Женски
    Дека тоалетот не е место за доење, не е!
    1.Прво е неизводливо, невозможно. Каде ќе седне мајката?Ќе ја спушти даската од WC школката и на неа ќе седне? Нон -сенс уште во старт! И да не мислите на оние тоалети, со големо тоалетно огледало? Дури и таму не е во ред, тоалет е, и смрди. Стоејќи не е опција. Мајката мора да биде удобно наместена, положбите за доење се учат уште по породувањето од страна на сестрите во болницата, или од страна на патронажните сестри, токму поради тоа што е многу важно детето при доењето да се наоѓа во соодветна положба, едно правилно да се надои, да не се наголта воздух и да не се изблуцка уште при самото доење. А доењето не е лесно ни за мајката. Кој доел, знае. Болки во врат, грб, половина... половина човек.
    2. Нехигиена. Мајката мора да биде со измиени раце додека ја допира градата.Опкружувањето мора да биде чисто. Ќе треба да го забрише детето. Со валкани раце ли ќе го стори тоа? Само што ќе ја допрете кваката, сте допреле темпирана бомба.
    3. Непријатно е. Го терате детето да јаде во смрдеа, место каде се врши нужда.
    Е сега, навистина, нема зошто непокриена да дои во сала за јадење. Пак ќе кажам, тука до сто едно и назад ќе зборуваме како градите се средство за храна, а не сексуален објект, ама залудно, бидејќи пред се мажите не ги разбираат така и крај! И има разлика од доење на плажа и доење во ресторан.На првото место сите се помалку-повеќе разголени, тука не. Па по голе дел од хотелите не смеете да седнете на оброк во костим за капење, некаде дури ни во куси панталони.
    И за крај, има ситуации каде се планира и организира. Одење на излет, кафе, ресторан се такви ситуации. Елементарна непогода НЕ Е! Ако треба наврат-нанос да бегате со бебето во раце, последно што ќе ви падне на памет е марамата за доење. И да тогаш, ќе го надоите како ќе стигнете. Битно е да се реагира соодветно на ситуацијата и да се биде што подискретен кога е тоа можно, колку што е можно.
     
    На Sunshine_1979, do-re-mi, MilaP и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Smizzy

    Smizzy Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    4.150
    Пол:
    Женски
    @1209 и јас пред да станам мајка имав многу блиски околу мене кои дојат сестри, братучетки и сл. И искрено доењето тогаш го гледав со други очи и јас мислев дека треба да одат во друга соба, на друго место, ама никако да дојат пред други лица, ни дискретно ни отворено. Ама СТАНАВ МАЈКА и како што целиот живот ми се смени така и ставот околу доењето. Затоа ви велат почекајте, станете мајки, па после коментирајте ;)
     
    На elimkd, Kaetana, Sunshine_1979 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    970
    Dani, pa toa go nemas ni vo tn soba za doenje koja btw e pred wc locirana, taka da sigurno ima vo lokalen kafik. A wc si e wc kako i da svrtis. Inaku, vo pravo ste za kirilica, ama pisuvam od tel,.malku tesko mi e kucanjeto, a i nemam mak podrska.
     
    На Sunshine_1979, danichap, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    @stefanija70 беше саркастична кога кажуваше демек еве јас сум од лошите мајки, мрзливи....

    Ме интересира @sagittarius989 баш ме интересира тие жени што доеле во твојот кафич, доеле со цицка извадена на мегдан? Зошто поинаку би ти било непријатно?

    И аман со тоа смрдливо вц!!! Се знае за што служи вц-то. :@
     
    На Kaetana, Sunshine_1979, kjukli и 7 други им се допаѓа ова.
  8. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    5.546
    Пол:
    Женски
    Има опција измолзено млеко во шиШе не мора одма на АД:)
     
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.275
    Пол:
    Женски
    jas nikogas nemozev da molzam povekje od 20 ml
    a toa bebe ne najaduva
     
    На Kaetana, Girl-Rabbit, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.760
    Пол:
    Женски
    Искуството стекнато како мајка и гледано од страна се сосема различни. И јас не можев да се молзам, не можев млеко да извадам. Башка има и бебиња што не прифатиле шише со цуцла... и да се молзи мајката, како ќе го натера бебето да пие?
     
    Последна измена: 18 август 2016
    На Kaetana, Sunshine_1979, Girl-Rabbit и 3 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.554
    Допаѓања:
    42.941
    Пол:
    Женски
    Абе @Smizzy ќе ти се смени цел живот ама ставот околу тоа дали ја сакам цицката цела да ми се гледа или не нема да ми се смени не знам како поинаку да кажам. Подржувам доење во јавност ама дискретно и покриено, не велам во вц мислам стварно е безвеза коментар , велам дека може да се покриеш, да се затскриеш да ја повлечеш блузата подолу. Значи тетка ми го имаше истиот став за доењето во јавност па се сеќавам кога стана мајка не се смени никогаш нема доено пред нас туку во друга соба, кога бевме излезени си се покриваше.
     
    На Glasna, Mishela, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.239
    Претпоставувам, ама ај да го прашам прво си викам :lol:.

    Се сложувам со сите предходни коментари во врска со доењето во веце.
    Пред некоја година, на темава претпоставувам, пишав еден пост како би изгледало тоа пресоблекуавње во веце на некој кој мислеше дека ќе се спушти капакот од шољата и ќе се заврши работа(facepalm).
    А за доењето во тие услови ич да не правиме муабет.

    Инаку убаво што има простор(за кој за сега претпоставуваме дека не е опремен, а во спротивно слободно нека им удри реклама).
    Доколку се заангажираат да биде и малку опремен истиот (за оваа категорија гости) би било одлично и за доилките и супер реклама и за нив и можност да привлечат поголема клиентела.
     
    На Kaetana, M&M, Girl-Rabbit и 3 други им се допаѓа ова.
  13. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    5.546
    Пол:
    Женски
    Што знам, јас пак одлично се справував со тоа. На почетокот и јас толку малку, ама едно утро бре 100 мл, за неколку секунди. Детето спиеше, а млеково ме убиваше просто. Е , оттогаш ми тргна, па потоа и по 180, 200 и повеќе вадев. Некои денови полесно, некои потешко. Буквално, кај мене ситуацијата страна,, exclusive expressing,,. Ама, секој индивидуално, некој вели полесно му било со молзење, некому со доење. Различни мајки, деца, различни ситуации. Битно, детето да е убаво нахрането.
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.034
    Допаѓања:
    134.406
    Jas pisuvav na temava koga nemav bebe. Sega imam i e na eksluzivno doenje. Ne pie ni voda. Ja pluka.

    Ama mene stavot ne mi se smeni. Pristojno i pokrieno doenje da. Cicka na masa so site i setanje po masi so cicka nadvor ne.

    Jas ja dojam na 2-3 saati. Planiram setanjeto so nea da e vednas po doenje. Ednas ja iznesov nadvor oti mnogu placese. Maka so grcevi. E togas na klupa ja doev pokriena, kolickata i maz mi pred nas i nikoj ne vide. Poveke od 2 saati ne setame. Ako mora iame kola koja 90% od slucaite e pod senka.

    Da odevme na odmor ke doev na lezalka. Se soncav toples pa na nikoj ne mu bese problem. Nema ni ova.

    Plus... otkako ke rodite percepcijata za teloto se menuva. Veke nemate cicki tuku dojki. Sad za jadenje se. Si gi gledate i vikate awww ovde ima poveke mleko od ovaa ke dojam.

    Doenjeto e davanje zdravje na deteto i ljubov za dvete.

    A na sholja u wc ne dojam. Ako mora ke si odam doma. Site sto mislat deka bebe bez imunitet treba da prestojuva poveke od pola sekunda vo rea od mocka i gomna predlagam svoite deca taka da gi hranat.
     
    На Kaetana, Sunshine_1979, Glasna и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Smizzy

    Smizzy Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    4.150
    Пол:
    Женски
    Во ред да сме живи и здрави па ќе видиш самата. И тебе те означив, меѓутоа ова се однесува на сите девојки кои имаа сличен став.
    Супер е ако секогаш можеш да најдеш празна мирна просторија, тоа е најдобро и за мајката и за бебето, ама реалноста е троа поразлична;)
     
    На Kaetana, M&M и 1209 им се допаѓа ова.
  16. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Јас пак, кога ќе видам мајка да дои во јавност, секогаш ми измамува насмевка на лицето. Тоа ми делува толку нежно, невино и убаво.
    Ама, поради осудите од околината, за самите мајки да се чувствуваат попријатно, поддржувам користење на марама или слично. Иако и тоа дискретно доење не е секогаш најуспешно, доколку бебенцето е темпераментно. :)
     
    На Kaetana, Sunshine_1979, M&M и 8 други им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.554
    Допаѓања:
    42.941
    Пол:
    Женски
    Во ред ама ете и @Cka вели дека не и се сменил ставот откако родила зошто кај мене би било поразлично? А ете лично те прашувам ти како доиш кога нема друга просторија ете, кога си излезена. Ја вадиш градата гола го тргаш бебето и дискутираш така со гола града додека тоа не цица или се потзаскриваш со маичката со марама и сл?
     
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Ајде вака,
    според мене нема цел да учествувам во дискусија каде како легитимен аргумент се користи „стани мајка прво па ќе правиме муабет“, божем јас сум мала па немам претстава што значи да имаш дете и да доиш. Не бе, немам другарки што дојат, јок. Да му се одмили на човек да чита, а камо ли да пише нешто.

    А тоа што највеќе ме интересира зошто некој членки темава ја доживуваат како личен атак? Да, има куп саркастични мислења, не се ни обидувајте да го порекнете тоа. И ајде кога толку скокате, колку од вас дојат со извадена града во ресторан? Или вадат цицки во просторија полна со луѓе, постари мажи? Зошто тоа се тие безобразни моменти кои се тема на дискусија, а не дискретното доење.
     
    На Mishela, anakonda88 и andromedae им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.239
    Да, има екстремности од типот градата на изволте на полна трпеза.

    Ставовите на сите, горе доле, ,секогаш кога има услови секако ќе си се повлече и на раат ќе дои.
    НО, има ситуации, околности кога се нема ниту услови, ниту околностите дозволуваат... па на клупа, чекална, во ресторан(не на трпеза, на друга маса или свртена во некој ќош).
    Детето доколку вриште, немаш време ниту да се местиш, доколку е склетџија или му е топло и марама ќе тргне...

    Мајката носи градник за доење, маичка на копчиња, дури и се обидува да се затскрие, но во очите на случаен минувач пак ќе биде на среде улица/просторија со градата на изволте.
     
    На Kaetana, M&M, Girl-Rabbit и 6 други им се допаѓа ова.
  20. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    I uporno site go zborete edno isto veke so denovi.
    Site ste za doenje vo javnost no toa da bide diskretno.
    Sega imase edna-dve mislam voopsto ne podrzuvaat doenje i toa e nivno pravo ni sakam da gi ubeduvam sprotivno ni pak tie mozat mene da me ubedat deka doenjeto diskretno vo javnost e nekulturno.
    Istoto mislnje go imav i pred da stanam majka i od koga stanav.
    Izvadena grada pred sekoj vo ni eden slucaj,osven pred mm.
    Dete vo kafic pred da napravi 3-4 meseci ne gledam potreba da go nosam.
    Ke go ostavam so tatko mu pa jas ke odam na kafe so drugarki.
    Posle 4 meseci mozam i so bebe,dokolku e gladno ke mu dadam kasicka.
    Vo wc dete da doam vo nikoj slucaj.Ne sestra mi da mi rece,drugarka ili majka,koj saka.Iskreno mene sestra da mi rece da odam vo wc da dojam bi i se nalutila.
    Sum doela na plaza,vo kola,vo bolnica najmnogu zatoa sto do 2god ne ispadnavme od tamu no vo site slucaevi diskretno.
    Ni ednas nikoj ne me pogledna cudno pa da mi stane neprijatno.
    Ni pak nekogas jas sum poglednala nekoja doilka da i stane neprijatno.Ovaa godina na plaza imase polno bebinja i normalno deka cicaat,ne sekogas bebeto saka kasicki,cajce, no jas na toa gledam kako na nesto prirodno i nema potreba da ja zjapam majkata dodeka go hrani nejzinoto bebe,ne e kulturno i zjapanjeto (manijacenje) isto kako sto smetate deka ne e kulturno i izvadena grada.
     
    На Glasna, Girl-Rabbit, Kitten и 4 други им се допаѓа ова.