1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    167 глас(а)
    53,2%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    99 глас(а)
    31,5%
  3. Не го поддржувам воопшто

    34 глас(а)
    10,8%
  4. Сеедно ми е

    14 глас(а)
    4,5%
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Потполно се сложувам со коментарот на Лолита.
    За сите останати кои упорно го употребуваат аргументот пририодно та природно, природно е и да се чисти носот од време на време, па никој не 'копа руда' додека ти прави муабет, на сред кафе или оброк, недај боже. Си има соодветен начин или место како да се среди тоа.
    Природни се и гасовите кои ги имаме, па се воздржуваме да ги испуштаме во одредени ситуации со луѓе, природни се и мал милион други ситници, па внимаваме.

    Значи со усул.
    Само толку.

    А не е дека никој не видел цицка или дека е табу, јака ствар.
    Просто чинот е интимен, не гледам зошто е потребно цицки да се вадат на мегдан.
     
    На CameliaMiller, BoaVista, thelittle17 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Барем сега има 100 работи измислени за оваа работи. Специјални марами, па не знам ваков дезен онаков дезен. Па вака се врзува, онака. Па дури и обично пешкирче би завршило работа. Значи кога бебето е малечко и единствен извор на храна е цицето на мама апсолутно нема што тука срам не срам, па да седи гладно или не знам што. Тоа не доаѓа во предвид. А не доаѓа ни да седи жената дома цело време затоа што бебето цица на 3 саати, а неа и е незгодно да го дои надвор. Па дури и муслиманките си ги дојат бебињата надвор од дома и никој не им замерува, ама сигурно не ја вадат цицката на мегдан. Мене уопште не ми е незгодно да видам некоја така, ако неа и е ок што сака нека прави, ама јас лично не би. Ама мене искрено ми е погадно кога ќе видам дека не ја ни забршува брадавицата, вади и туп во уста. Како една пријателка на братучедка ми, лето 40 степени она доаѓа од шетање испотена, седнува вади цицка без срам нормално и туп во уста, ни со обична водичка не се зами или забриша. Е мене тоа искрено ми е одвратно и не можам да сфатам.
     
    На Lolo5, Phyramide и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Не знам, мене не ми нит грдо, нит нешто вауу, со оглед дека овде во Швдска е сосема нормално, како и да е имаш посебни простории, доколку жената го прави јавно, не ја доживуваат со гадост, или леле како може?? Туку како мајка - доилка. Не сум доела во јавност никогаш, зошто едноставно не сум јас тоа, не сум ни дозволила да бидам во таа ситауција. Ама доколку се случи не ми смета воопшто. Значи го имам забележано овој чин во неколку земји, и тотално е нормално прифатено. Е сега се извинувам, ама некоја ако дои нема да ја гледам во цицка, и да превртувам очи, и нешто вауу да изгравам потресеност, и гадост. Апа и дека мајаките дека вадат тоа цицките до толку, не знам баш, мислам дека направивте поголема драма одколку што е. Како што кажаа многумина погоре, значи има многу начини да се направи дискретно, ама има улога и менталитетот како се прифаќа сево ова, и како го доживуваш.
     
    На Lolo5, bittersweet, Peppermint и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Јас не сум мајка незнам како ќе се однесувам кога ќе бидам но како што размислувам сега не би доела во јавност па и да сум со познати или непознати едноставно незгодно е.Пред некое време дојде една комшика млада со мајка ми пијат кафе па ни едно ни две си ја извади градата и почна да го дои детето,а има една годинка не е бебе веќе,но јас се почуствував некако непријатно можеби зошто незнам како е ама на мене непријатно ми дојде,но она гајле си немаше беа уште две пријателки тука и како ништо да не било.Сакам да кажам во беизлезни ситуации да може,но сепак вака ако може дома да си го надои незгодно е во комшии е или било каде сеедно...
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Може, може, ајде, а два прста дигна ли? :D

    Абе види, поштуем, екхм - кој сленг. Не стварно, почитувам и те разбирам и тебе. Само однапред ти кажувам, пред мене не би имала гајле ама ич :)
    Едноставно сум навикната, не ми пречи, не се згранувам, не се загледувам, мене ми е сосема природно.
    Не осудувам никој ни за конзервативност ни ништо, кој како сака, плус мислам дека сега имате и специјални градници, маици и што ти знам што, со марама ќе го покриеш главчето на бебето, сакам да кажам, дека не мораш да стануваш а сепак можеш да си дискретна ;) Значи, има и дискретни начини на доење како што кажа, без да мораш да трчаш и да бараш скришно местенце, а сепак никој ништо од таа интима да види.

    Мене општо ме нервира кај нас она „леле кој што ќе каже“ дали за доење дали за нешто друго, тоа ми беше муабетот. Али тоа сум јас, у конфликт сум со ова :D

    И зашто мора секоја тема да се однесе у крајност?! Овој пат не мислам на Лолита него општо. Јас не реков на! штрак! вадете цицки жени, нема ништо страшно :D Уствари, што е до мене, правете си што сакате.
    Ама па доење да се споредува со прдење или еве, какање :^)
    Онда ајде стварно да идеме у крајност, кога си на гости и го тераат бебето да ждригне или прдне, пошто е здраво, се случува и да поврати нали, небитно дека ти јадеш па ајде и тука да превртуваме очи.

    Мене на пример лично ми пречи, кога ќе му се прикака или примоча на некое веќе поголемо дете и кога ќе видам како им ги растегнуваат тоа нозете нивните родители, буквално кај стигнат, на сред патче во парк, абе лепота!
    Ама дете е! - ми кажале
    Ама немој ти мене дете од малецко ако не му покажеш дека не смее да кака кај стигне ко куче, кога?

    Сума сумарум, мамички прајте си што сакате, јас сигурно нема да ве загледувам ниту да превртувам со очи као - леле види ја оваа што прави. Ниту да коментирам, ниту да оговарам.
    И простете ми однапред ако у иднина извадам цицка за да го наранам малото :D

    Толку.
     
    На Lolo5, Li0ness, DeMelo и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Во принцип немам ништо против доење во јавност, по можност тоа да се направи подискретно. Навистина е непријатно на некого да му извадиш града во буквално во фаца. Тоа може да се направи фино со менување положба, подсвртување и овие марамиве што ги гледам би можеле да бидат доста практични.

    Таман работа бебето да се фрустрира затоа што некој смета дека доењето во јавност е непристојно. Понепристојно е да се зјапа во мајка која дои, според мене.

    А околу нас има толку вулгарности и непристојности од кои не знаеш каде да свртиш. Што е понепристојно - мајка да го подои детето на плажа или во парк или младите парови кои неможат да се исконтролираат па се буквално еден врз друг.

    А на оние што уште не станале мајки - почувствувајте го мајчинството, па ке видите како е. Во тој период жената се менува психолошки, па некое однесување кое сега сметате дека е несоодветно, тогаш ќе ви биде нормално. Затоа што бебето е центар и најбитно е да се задоволи неговата потреба наместо да се замарате што ќе помисли некој друг.
    А паралелате меѓу чепкање нос во јавност и доење, е повеќе од несоодветна
     
    На Lolo5, bittersweet и Moira им се допаѓа ова.
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас имам две дечиња од кои едното бебе од 5 месеци и двете сум ги доела. Нема поубава работа од доење како здравствено и материјално,а што е уште поважно слобода на мајката да излезе и прошета каде и како сака бидејќи храната за бебето е секогаш со нејзе. Синот сум го доела секаде ,а еве сега и ќерка ми со тоа што за излегување од дома како моден додаток секогаш имам марама околу врат :) . Се научив целиот чин за ставање за доење да го правам дискретно и никој да не забележи (па дури ни мм :D ) и сметам дека така е исправно . Инаку навистина ми смета кога ќе видам некоја мајка како апла вади града ,па ја брише тука пред сите ,па се измолзува малку затоа што бебето не можело да фати,мислам стварно изгледа невкусно (инаку природно е нема збор и јас го правам истово понекогаш ,ама скриена од погледи и во изолација :D )
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Се согласувам во основа со сите мислења, +/- за исто зборувате, само со малце проширени граници на тоа што е „нормално“.

    Најприродна работа е, фала богу дека ќе го дојам детето кога ќе му се пријаде, и фала богу дека нема да ја извадам цицката на мегдан. Си има начин БЕЗ РАЗЛИКА КАДЕ СИ тоа да се направи прво најдобро за бебето, а потоа порелаксирано за мајката, без создавање дополнителни незгодни ситуации на случајни и неслучајни минувачи :tmi:

    Искрено, не знам колку вие сте начекале такви мајки кои ОП и цицка на мегдан вадат, ама јас никогаш до сега не сум видела такво нешто, а многу млади мајки имам до мене.

    И да, сум доела во јавност и ќе дојам, ама дискретно и симпатично :lol:
     
    На Lolo5 и DeMelo им се допаѓа ова.
  9. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    Доењето во јавност може да тргне наопаку кога:

    1.Имате поединци кои чекаат у ред да го пробаат неодоливиот вкус на лактоза fresh.
    2.Имате комбинирана група од машки и девојки кои се невообичаено тивки и зјапаат како да се
    восочни фигури. :D

    Лично немам проблем,се додека се прави на ОК начин.Често пати работите знаат да тргнат наопаку и
    пред моментот цицка на мегдан.Реченици од типот"Немој да плачеш,мамичка ќе ти даде",знаат да
    предизвикаат бурни реакции кај машката "публика". :D Доколку веќе се дои во јавност,фокусот треба
    да е на бебенцето.Значи додека доите,гледајте го бебенцето у очи,милувајте ја неговата косичка,
    гушнете го у чело,кажете му дека е вашиот ангел,колку го сакате итн.За мене како машко кога ќе
    видам дека жена дои у јавност и е фокусирана на бебенцето преку горенаведените активности,цицката
    ми го губи еротичниот/сексуалниот контекст.

    Не ми се допаѓа додека доењето е у тек,да ги забавуваат луѓето околу,како на пр.од кога почнал Антонио да цица,како сакал да цица,Антонио бил груб понекогаш...па некои чудни погледи со чудни насмевки,као да се сингл јбг.А да дојдам да го заменам Антонио на неколку минути,ќе се обидам да бидам нежен :D .Во такви ситуации се чувствувам како непоканет гостин кој присуствува на некој workshop :D .

    По мене значи не е до тоа дали цицката е покриена или не,контекстот е битен.Совршено ми е ОК
    и нема да ми биде непријатно и цела цицка да се гледа,само доколку мајката е фокусирана на
    бебенцето,а не на сите останати освен бебенцето.Пссст..."Воајери101" :D .
     
    На Lolo5, Unfaithful18, baby-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Љољ,ама сте се напнале. Па и ИксМен шо лајка тука за слобода на мајчиното млеко и јавно доење...ме збунува бааѓи! :D
    Шо не направивте фашисти за женските груди,бебиња и мајчино млеко,бре,бре! :D
    Значи,ноу,ноу за гола...леле е глуп изразот,а медицински не оди да употребам...брадавица во јавност. А под марами,во посебни простории и све тоа,легитимно и ете така.
    И смешно ми е коа ќе прочитам...јас и двете сум си ги доела и нема ништо поприродно од тоа. Ноу кидинг?! Мислев се родија со заби! Макар и не цицало, у прв месец секако дека ќе цица,после може да е нетолерантно на лактоза и да одбива (ко на пример јас ко шо сум била,па после втор,трет месец,шо знам, сум престанала да цицам и ми давале дохрана),а и ... нели има за измолзување ?! Измолзи се,стај у шишенце,све тоа фино лепо и ете ти мама-милк,за мерак!
    Природни се многу работи...охо,само колку ми паднаа на ум,ама ете...се незгодни за у јавност. И мислете си вие дека нема манијачишта,а и да не се,мажите... Значи тоа не влага у ниту една сељачка,девијантна и затуцана категорија,едноставно се мажи,такви се глупи,не очекувајте многу од нив уиминС! :D Ми текнува на една сцена од филм,ама како му беше името бре...
    Тоа си е. Мене просто непријатно ми е,гледам у плафон у таква ситуација и не,не е анти-семинизам, фашизам, шовинизам,не сум мизантроп, затуцана,заостаната и слично. Не го ставајте на ниво дали сте за геј бракови или не,ве молам! :D Или можеш или не можеш и ес а медр оф факт, во многу НАПРЕДНИ земји има донесено закони против доење у јавност... соу... мора да има нешто непријатно у тоа,не?!
    :D
    Ај уживајте и додајте му доза на хумор у мојов глас дур го читате ова.
     
    На Lolo5, baby-star и LilBaby им се допаѓа ова.
  11. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195
    Јас се гадам од самата помисла дека детето треба да цица од мене- исто како да сум "Моја Кравица", а неможам ни да замислам да вадам цицки во јавност или пак не дај боже пред свекорот :puke:
    Глупости.
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Мене не ми се допаѓа тоа, јас не би, ама не би, што не значи дека нема (нормално покриено се со марама). Ама ај излезени се мајката и бебето и бебево огладнело и почнува да вришти ... и шо да праи пустата кај се нашла таму ќе го замолчи :)
     
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Кога ќе видам некоја доилка во јавност си викам како не и срам. Добро можеби е природно ама може и дома да го прави тоа. Ако го дои така само за да привлече внимание е многу глупаво. Нека си дојат дома или барем некаде каде што нема да се експонираат во јавност. Невкусно е :tmi: :tmi: :tmi:
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Јас сум за интимно, потскриено доење, значи да не се гледа градата, а ако има услови мајката да се тргни настрана. :!:

    За мене градите се интимен дел од моето тело, исто како и вагината не ми се за изложување во јавност. :^)

    Не е чест случај да гледаш голи гради на мегдан, па било за топлес сончање или за доење, града си е града и самата по себе повлекува внимание и туѓи погледи. :|

    Пред мене доеле мајки (не ми било грозно или одвратно), но сакала-нејќела, погледот ми оди во градите. :wasntme:

    Ова пред се важи за доење пред мажите. Не знам како татковците дозволуваат својата жена да се разголува пред туѓи машки погледи.
    Тука го вклучувам и свекорот. А, кога е време за доење и самиот тој би требало да се тргни настрана, а не да зјапа во снашката. :)

    А, за во големи гужви, визити и слично, не знам зошто таму и воопшто да се носи мало бебенце? :^)

    За `туѓите погледи`, си го знаеме нашиот менталитет, `малку` сме зркнати, се сакаме да видиме, дознаеме и да озборуваме потоа. Кога ги знаеме какви се луѓето, треба да си се заштитиме, а не да им даваме повод за озборување и коментирање. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски

    Ова не го сфаќам - дали тоа значи дека кога ќе имаш деца, здравје Боже, нема да ги доиш? Ако е така - не е мое да судам, ама мислам дека е грев да не им го пружиш најголемиот благодет што можат да го добијат, се разбира, ако имаш млеко.

    Инаку, што се однесува до доење во јавност, не сум против. Мајка сум, и знам како е кога е детето гладно, кога нема друг начин да го смириш. И секако дека детето ми е поважно од тоа што ќе рече околината. И сум доела во јавност, па што? Не се срамам воопшто, знам дека детето ми е задоволно и сито, друго ништо не е важно. А за воајерите - па што да речам, си немаат друга работа луѓето |(
     
    На bittersweet, Peppermint, DeMelo и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    И јас се гадам од нафурани моми, али сериозно, стварно не знам кога ќе има дете како може да и цица од цицка, леј ќе и ја развлече, па ќе може да брише шофершајбни после со нејзе, сериозно тоа е против правилото на убавината и на созреаноста!

    А да и замисли после толку гледање на Величенствениот, не ја сфатила улогата на мајка. Јас мислам со закон да се забрани доење м? Што викаш?
     
    На MacenceEna, antonina, Ariel и 6 други им се допаѓа ова.
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    за доење во јавност без дискретност имам само волку да кажам :puke: :puke: поготово да седам во ресторан и некоја мајка на сред јадење да ја извади дојката (пак ке кажам недискретно) и да го дои малото мислам дека ке ми се одјаде во истиот момент :worried:
    мислам дека во јавност може на малото да му се даде и некое купечко млекце или сокче (зборам за тие за бебиња храна што се не било какви) и да се прогура некако додека отидат дома и да го надојат наместо да ги вадат градите и пред сите да го дојдат малото.Јас како мала не сум доена воопшто бидејки мајка ми немала млеко и цело време сум била на тие специјалните млекца што се купуваат за бебиња па ете толкава сум пораснала здрава и права , така да не верувам дека нешто ке му смени на малото ако еднаш во излегување коа ке му се пријате му дадат купечко млекце :) :) :)
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    ^^А ако не фаќа цуцла, или пак не смее да пие сок, тогаш што? Со чаша ќе му даваме? Девојчиња, почекајте, станете мајки, па после зборувајте. Или па може вие ќе си седите дома и ќе си го доите бебето, тогаш нема да има проблем, нели? Инаку, и јас сум против апла доење, со гради на мегдан. Има начини тоа дискретно да се изведе.
     
    На Lolo5, Bozica1980, CrazyStupidLove и 2 други им се допаѓа ова.
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.345
    Пол:
    Женски
    еве сега имам бебе од месец дена и го дојам Тоа знаЧи да се затворам дома за да не слуЧајно ако сум излезена на детето му се пријаде и морам да го надојам :^) . Сигурно нема да вадам цицка апла на сред улица или во ресторан на маса непокриена :| ....
     
    На bittersweet и zhap4e им се допаѓа ова.
  20. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    хахаааа оф леле дечиња мили,ајде прво една гушка и тапкање по рамо.е морав уште едно мислење,дека малце е еднаш да кажам:вие не сте нормални.
    Ти (било која девојка што нема родено и што мисли дека доењето во јавност е гадно,а погоре до кутрото девојче на кое и се гади од самата помислам на доење), ти прво истерај бременост скоро 10 месеци,роди го бебето,стани мајка со сите предности и недостатоци па после врати се на темава. не за друго,да ни кажеш на нас мајките како сме гадни што ги храниме бебињата. Вака нема смисла да коментирате,секој си има право на свое мислење,ама едно е да кажеш мене тоа не ми се допаѓа,а друго е да кажеш како можат тие гадурии да вадат гради кај ќе стигнат,срамота,што ќе кажат другите..па и уште детето да пие вештачко млеко,па тоа нема шанси да се случи.
    многу ја смешале некако темава,јавност за мене е се што не е дома,а не само надвор пред многу луѓе.значи пак ќе кажам,на страна,покриена не е ништо страшно и не ги разбирам тие што се против,сигурна сум дека нема многу мајки што пред 20 души на маса би доеле
     
    На AIT, Annath, DeMelo и 4 други им се допаѓа ова.