Сепак мубаетот се води за ситуации кога има мајки кои се безобѕирни и сите се согласуваме дека не е во ред во одредени ситации да се понашаш како светот да е твој оти си мајка и на маса во ресторант да вадиш цицка онака без проблем. Ако се може дискретно зошто да не, ако бебето трга марама јасно е дека ти се трудиш да се затскириш и не ти е сеедно но ете не оди, значи во ред е, не ни мислам пример дека @danichap е мајка која вади гради некултурно, се гледа по културата која општо ја има во теми и дискусии, ама ете ако мислите дека не можете во никој случај да бидете подискретни терајте си мислам ако ви е океј што сега. А тоа дека треба да се дои во вц мислам никој нормален не би го дал како идеа од проста причина што мене ме е гадно да вршам таму работи што се за таму, а не па дете да доиш. Мојот став нема да се смени, ако имам дете кое е темпераментно и немирно некако ќе организирам околу него...ќе видиме секако планирам скоро да бидам и жена и мајка, здравје.
Ајде јас како машко да си го искажам правото на мислење.Искрено сум за доење во јавност,но ако има услови нормално. Завчера бев сведок на еден чин кој искрено ептен незгодно ми падна,бев во еден Скопски кафич и позади мене имаше 3 девојки која едната беше со мало бебе некаде 10тина месеци нека имаше бебето,во кафичот беше преголема гужва,девојкава ни една ни две вадење цицката на маса и доење,еден куп луѓе гледаа во нејзе. Ваквиот чин на доење воопшто не го оправдувам,ако дошло зорт толки си има вц и може таа работа да се заврши таму.
A zosto ti ne pojde da si go ispies tamu kafeto ili da jades? Ne opravduvam grada na sred kafic pred polno luge ama ostavete go toa wc veke ednas,tamu ne e da vneses dete da go presobleces i toa so kolicka a ne pak da mu dades da jade.
Каде сте виделе некој да вади града во ресторан на трпеза? Јас до сега немам видено,па уште и да се шета со голи гради??? Малку нереално ми изгледа.
Затоа што кафичите се за пиење и јадење,а не за доње бебиња.Некако сте ги помешале дефинитивно поимиве. Ако девојката знаела дека треба да го дои детето неморала да иде во кафич со другарките,него ке седела дома и ке си го доела па ке дошла во кафич.На што личи тоа на 100 луѓе во кафич да вади цицка на маса?
Аман со ова ВЦ Во моментов се смеам како мрдната на советов? Се утепавме од пишување за ВЦ-во ама па кој да чита: Абе во ресторан барам маса подалеку од ВЦ, за да не ми замириса при отворање, затворање врата не па да јадам таму. Штом јас не јадам и не би јадела во ВЦ нема ни детето таму да ми јаде.
А ВЦ-то е за доење ? Инаку се сложувам со тебе дека не е нож до коска да се носи што туку родено бебе кое цица на 10 мин во кафич. Ама не сум ни за тоа, дека мајката треба да седи дома затворена со месеци
Јас никаде не спомнав дека мајката не треба да искача таман работа,но обрврски кон бебе се знае бе луѓе каде се вршат,не заебавајте сеа.Бебе од 10 месеци го носи во кафич каде што има цигари,галама,гласна музика не забеавајте сеа. Јас не реков дека вц-ето е за доење но сигурно е подобро место таму него ли да вади цицка на 100 луѓе. Што е најтрагично позади кафичот имаше паркче каде што немаше никој,па наместо таму да отидеше без никој да ја види да си го нацица детето,она реши во кафич да го прави тоа.
Ako mi go citase predhodno komentarot nekolku kom. pred tvoite ke videse deka vo kafic do 4meseci bebe ne bi nosela posle toa i da nosam ke mu dadam kasicka,znaci grada pred eden kup luge ne bi izvadila. Te citirav za toa sto ti kaza deka mozela da pojde vo wc da go doe bebeto. Zatoa ti rekov zosto ti ne pojde vo wc da pies kafe,da jades Pogadno mesto i polno so bakterii od wc ne znam pa uste bebe tamu da nosam
Затоа што твоето бебе и бебето на другарка ти никогаш, ама баш никогаш нема да бидат исти. Секое бебе е приказна за себе, сечие искуство е приказна за себе, не само во однос на доењето, туку и на било што, поврзано со бебето и неговото растење.
Јас те разбрав и затоа и јас тебе те цитирав.Се знае кафичите за што се наменети,се сложувам со тоа дека вецињата се полни бактерии. Ама искрено мајка која се грижи за своето дете и кое и пред се детето,нема да искочи во кафич со мало бебе и да го дои пред 100 луѓе. За мене тоа не е во ред,затоа и реков да си го искажам моето мислење како машко.
@Annath, знам дека децата не се исти, навистина нема потреба тоа да ми се кажува. Извини, ама не знам како твојот коментар се надоврзува на мојот Точно, не дојам лично ама свесна сум дека бебињата не бираат кога ќе им се пријаде, свесна сум дека некој се мирни а некој претаат. Ама исто така сум свесна и знам дека утре (здравје боже, нели) кога и самата ќе дојам НЕМА да вадам цицка на изволте пред сите и не гледам како и зошто би ми се сменил тој став. При толку опции за дискретно доење, намерно да седам со откриени гради пред очите на сите гости (кафиќ, ресторан, слава, сеедно)? Едноставно, тоа нема да се случи! Мислам дека доволно се знам себеси
Па тоа цело време е муабетот, дека се наоѓате навредени иако никој не ве навредил. Ако доите дискретно, зошто се провоцирате од коментарите за недискретно доење?
pa na vas celo vreme vi se gadi od navodnoto vadenje cicki na izvolte zatoa prasav od kade toa deka taka doime? celo vreme muabetot vi se vrti okolu toa
Башка што секој има различна перцепција на нешатата. Па така, ако за некој доењето било дискретно, за друг тоа било вадење цицка на изволте, и така... Не дека не верувам дека има мајки кои дојат така (и не ми смета), ама тоа е толку ретко што речиси е занемарливо. А тука сите се распишаа, чиниш секој ден среќаваат по десетици мајки што дојат “некултурно”. Тие што ги праќаат мајките во вц не сакам ни да ги коментирам
Женчиња, односно мамички. Зошто толку се жестоко се препуцавате околу доењето во јавност? Се разбира дека тоа е интимно нешто и дека не е пријатно пред се за самата мајка да вади цицка некаде јавно, но до толку дебатирање дали било културно, морално малку е смешно. Не сите имаат исто гледиште и сфаќања за културно. Ама кога веќе има некои мајки кои извадиле цицка јавно зошто веднаш ја осудувате и се повикувате на достоинство?! Не барам одговор, реторички кажувам. На кратко, ако нешто не ми е пријатно и прифатливо нема што да зјапам во тој правец.
@Joy никој не посочи некој конкретно од вас дека така дои вие самите се навредувате од нашите коментари за нешто што според вас не го правите. Јас мој пример дадов за жена во автобус ете сум видела и да, не беше пријатно за око зошто беше многу могу некултурна ситуација. Секој дава пример како подржуваат доење, а како не. Некои од вас веднаш скокнаа со саркастични коментари и нападнаа со реченици од типот не си мајка не знаеш, што патем не е аргумент на место по што веднаш се претпоставува дела вие доите така па се наоѓате навредено и се браните.