Па едно 3 пати напишав дека е ресторан вие некако сте запнале кафич па кафич, инаку се работи за ресторан и не е во Скопје него во Источна Македонија, ајде поздрав
Еве еден предлог: Бидејќи @sagittarius989 не сака да ни го открие ресторанот, а @ilyan се движи по такви места, ја замолувам таа да ни открие каде има вака опремени ресторани и други локали како би можеле на раат да излеземе и да не се замараме дека некому пречиме со тоа што доиме.
Некако многу ми се оптеретиве бре луѓе, јас зборувам лично за во тој ресторан бидејки покрај она што го има тоа не се користи, незнам што ви е пак чудно, немате сретнато видено таков дел од вц по ресторани??? Незнам што ме ебавате, кој е толку радознал за ресторанот нека ми пише во пвт ќе му го кажам и повелете уживајте во вц-то, хахаха, а да и без лигавење кафиња
Ги разбирам тие што се против... И јас бев против пред да станам родител. Толку! @sagittarius989 дрзок си и ги потценуваш мајките како да прават некој грев. Ако тебе ти е неудобно, едноставно тргаш поглед. И јас го тргам погледот, но секоја мајка треба да го има правото да си го надои бебето кога бебето ќе посака. А ФАКТ е дека на прсти се бројат такви објекти со соби за доење.
@zalosna nema nisto loso vo toa, tuku nekomu mu e prijatno i ne se zamara da doi vo javnost, a nekomu ne. Jas pak ke kazam, ne sum doela vo javnost zatoa sto ne sum se osekala opusteno, prijatno itn.. Mene voopsto ne mi e gadno da gledam majka sto doi tuku vo prethodnite mislenja kazav svoj stav vo vrska so toa.
ЈАс и пред да родам бев за, сега од кога имам бебе останува истото. За доење секогаш кога излезам дојам еднаш до два пати.Колку и да темпирам не може да истемпирм да поминеме без. Причина живеам во голем град каде само патот до каде треба да одам ви еден правец е од пола саат минимум па до саат и пол.И додека завршиш работа минал пола ден.И што јас треба сега да го гладувам бебето или да не излегувам од дома. Бебето несака ни цуцли лажалки-ниту шишенца.Такво е што се не пробавме да фати и несакаше. Оти користам јавен превоз,ѓи научив собите за доење на мстата каде почесто одам.Ако нема во близина дојам во соблекувална што е за инвалиди или на отворено ставам количка пред мене и тоа е тоа.Ако сме со автомобил со мм,тогаш во атомобилот дојам. Искрено ако гледам од страна јас се повеќе замарам каде да седнам да цица бебето-во смисла да е позакриено и поприватно,отколку мм.Он кога виде дека плака малиот за јадење вика дади му одма. Знае дека тоа му е потреба на бебето,а не вадење на цицки на мегдан. Оти и мм се има најдено во ситуација да има друга доила во негова близина,па кога јас видам прва само го известам да не се заврти во тој правец или ако ја види прв културно се врти на друга страна и не гледа натаму повеќе.
Воопшто не сакам да бидам дрзок ии ако го погледнеш моето прво размислување односно мојот прв коментар во темата воопшто не кажувам за тоа дека ги потценувам или сличнио мајките, меѓутоа ме напнаа овде некој членови со нивните реплики како каде бил тој кафич да седеле во вц собата да лигавеле кафе и што ти знам, мене ми е јасно дека сето тоа е потреба кога плака детето и му се јаде треба некако да биде нахрането зарем не, само бев напишал дека ми е чудно бидејки покрај тоа што имаме специјализиран дел за тие работи сето тоа се прави така јавно е сега дали од недоволно инфомираност за што служи тој дел или од некоја друга причина незнам, но ако на бебушот му се јаде боље да биде нахрането било каде и како отколку да плака... но некој ваму се како да кажам ко за сеир гледање или буквално за време губење.
Тогаш, во вашиот локал, можеш и културно да им посочиш-повелете ако сакате, имаме соба за поголема приватност... Начинот на кој им реплицираш на жениве те прави малку арогантен, затоа реков дека си дрзок. Но овој коментар е далеку подобар и се разликува од првиот, ако е ова тоа што си сакал да кажеш
Тоа е инаку искрено непријатно ми е тоа да им го кажам, ако така и кажав ке излезам на некој начин дрзок, мислам дека секој си има своја култура па како знае нека се справува со тоа има некои луѓе ако сакаат нешто или ако и треба нешто така фино си прашат
Кој причини де, па нема да те бараме тебе таму. Туку не кажуваш затоа што малку преувеличуваш ми за ресторанот. Мене така ми се чини. извини ако грешам.
И да не преувеличува, тоа е еден ресторан. Не знам што мисли мајките на други места да прават ... Веројатно петиција некоја приватниве ресторани да го копираат тој модел.
Иренке нема јас зошто да преувиличувам за ресторанот, неговата величина е таа што си е, ако толку многу те занима пиши ми во порака и ќе ти кажам кој е ресторанот ааа ако сакаш може и вц то да ти го сликам, патем остави адреса твоја на живеење ке ти урамам една слика од вц собата па стави си ја во дневна, ајде поздрав неможам повеќе да коментирам за темава и ова премнигу беше, за недоразбрани и луѓе без работа има психијатар
@sagittarius989 ne si vo tek za ligavenjeto kafe, pa zatoa nesto ne ti e jasno Sig deka nema edno kafe da ligavam, toa go pisav bidejki edna od majkite pisa deka sme gi macele bebinjata so nas po kafinja, sme ligavele edno kafe samo za da iskocime i sme vadele gradi cel restoran/kafic da ne gleda... Se salev za ligavenjeto kafe poradi taa pricina A jas pa nikade ne sum videla majka taka da doi vo kafic.. osven nadvor na klupa, prijatelki vo dvor (samo zeni sme bile), imam videno vo zoloska... Preuvelicija so nekulturnoto doenje vo kafici, koe voopsto go nema...
Ехх темава се погоди, денес баш здогледав тука публик една жена македонка хело, ај за чергарине не вика не, ама и тие си знаат ред. Седнала тука на тротоарот, и поглупо нешто здравје па дај соблечени да одиме, како е нормално бе тоа? после ми зборите за другите демек еве ја оваа ги извадила цицкине на мегдан со статусине. Скриј се поарно, негде негде барем
Па добро де седнала на тротоарот,можеби имала мака со бебето и било многу гладно.А,да беше на некоја плажа топлес некоја ќе беше нормално. Или претходниот викенд што видов една топлес и на танга во паркот кој шетавме како се сонча е понормално од ова.А, трчаа дечиња околу неа-она со дечко и еден до друг се сончаат. Имав видено на купачи да се сончаат во парк,ама и тоа со тангата беше врв за мене.Ете секој има различно гледиште за тоа што е нормално. Инаку и јас како како чергарине што викаш седнав во подземната железница на скалите и доев.Бев цели два саати од дома одалечена,непознато место-бебето вришти за јадење.На првата станица се симнав од возот и доев.Се вртеа некои,ама искрено гајле ми беше. Кога се сончаат по парковите голи зошто јас да не дојам на јавно место Во кафич никој ми нема правено проблем за доење.Баш еднаш прашав имаат ли соба за доење и ми вика келнерката нема,но каде сакаш можеш да доиш.Исто пред два дена еден вработен чекаше одобрение од шефицата да види што ќе каже оти барав соба за доење.Жената рече може слободно да се оди во гардеробата за инвалиди, оти немаат таква соба.На крај отидов во нормална гардероба,а ми ја чуваа количката надвор пред соблекувалната.
Немала осет , како сите што доет со ц***а на мегдан , и тоа секаде и во секое време ( во кафич , во ресторан , пред пројатели , пред роднини , пред девери , пред комшии и итн ) ги мрзи да седат дома или да се измолзат .