Тоа се стварно ретки исклучоци, што ептееен се без осет, но неможеш туку така да ја кажеш последнава реченица, ти знаеш дека има бебиња што не фаќаат шише? И напротив мрзи се оние што дома дремат
Јас пред некој ден во Brooklyn во City mall,видов жена што си го доеше бебето. Ниту еден не се сврти по неа, ниту изреагира било како. Најнормална работа на свет. Го надои бебето и си продолжија со ручекот. Немаше ништо грозно ниту гадно ниту просто во глетката.Туку баш напротив,многу достоинствено и за почит,зошто мислам не постои ништо по возвишено од тоа мајка да храни бебе и безусловно да го сака. На сите што ви е гадно доењето во јавност,размислете што е тоа безусловна љубов. Детето е гладно и во тој момент само тоа ти е важно,ништо друго,никој друг,ни себе. Калкулации дали нештото некој ќе помисли дека е срамота,дали вас ќе ви биде незгодно,ќе ве боли или што ти ја знам не спаѓаат под безусловност. И не се мајчински чувства. И најверојатно ќе се сменат кога ќе имате деца.
Не си у право со муабетот дека јас ќе го сакам безусловно моето дете ако го дојам у јавност. Ете, уште сега бремена си го сакам бебето повеќе од се на свет и немам намера да го дојам у јавност. Тоа не ме прави подобра или полоша мајка. Тоа не значи дека утре нема да го дадам својот живот за него и дека нема светот да го превртам ако некој на страна го погледне. Ептен ограничен муабет ми е дека мајката е боља мајка ако седи дома ради доење, или мајката е лоша мајка пошо го дои у јавност. Секој си знае најубаво што е најдобро за неговото чедо.
Не верувам дека во темава има некоја која е мајка и да рекла дека и се гади од таа глетка, тоа може да го рече само некоја која сеуште не е мајка или машка личност... едно е неподржување само, друго е да речеш ми се гади...
Имам доено во парк, во кафич на празна маса во ќош, во ВЦ (за жал), во ресторан (и тоа во просторија каде што чуваат краставици и домати, оти немаше каде да ме сместат), во кола, на плажа, you name it. Фала Богу, цицкава никој не ми ја има видено, па и ако ми ја има некој видено, многу ми е гајле. Нема да го затворам детето мое дома 2 години, оти вие сметате дека доењето е гадно. Мене ми се гадни луѓе кои имаат уплав од доилки, шлапаат со устите, зборуваат додека јадат, плукаат кога зборуваат, имаат лош хумор, мирисаат на пот, уринираат на ѕидови, итн, па не им велам да се затворат и да седат дома, оти МЕНЕ ми се гадни. Пораснете веќе еднаш и разберете дека цицката е ДОЈКА.
Jas ja dojam na sebe, sekoe izleguvanje pred da izlezam gledam ubavo da se nahrani za da ne mi place ama toa ne e bas taka kako sakam i planiram jas ...naprotiv samo sto ja ce izlezam kolickata mora da mi placee i too kakvo placenje Pa turkam so kolickata kolku me drzat nozete brzam i mislam kade da zastanam Ziveam vo mal grad i Gledam kolata sto poblisku da ja parkiram ili vo drug slucaj odam vo nasiot ducan odnosno studio iako e sekogas polno so lugje ce najdam Nekoj sloboden cos i ce ja nadojam Bebuskata .... Ne se gadam nekoj da vidam sto doini nemam nisto protiv no Licno za sebe mn mi e nezgodno da dojam vO javnost Imam probano da se izmolzam pa go zemam vo sisence ama babusot ne mi Saka ni sise ni cucla Eve 3 nedeli gi napolni jas uporno so cuclata ja nejce i se gadi ..... Sto da napravam da faca cucla I sise ?? Tesko mi e
Обидувај се...друго нема. И јас редовно ја доев пред испаѓање, плус се одмолзував за во случај да и се пријаде да имам спремно...ама џабе. Во цело доење, додека не се одби, два пати само фати цуцла односно флаша. Така го фрлав млекото, не фати и не фати. Кај некои бебиња на жалост освен доење нема друг избор.
Неколку пати сум го изјаснила својот став - го поддржувам и практикувам. Најновото доење во јавност Навистина ли е толку вознемирувачки и вулгарно ?!?!
@♡BuBaLe♡, тие што на темава зборуваа за вулгарност воопшто не зборуваа за дискретно доење. И сто пати тоа беше напоменувано, никој за таа слика нема да помисли или да рече дека е вознемирувачка. Да престанеме да се вадиме од контекст. Овде, на оваа тема, се претера со таа наша форумска навика.
Сепак сакав да ја споделам сликата. Мене и на моето дете ни е навреда кога ќе не упатат да се доиме во тоалет.
Еве станав мајка и пак си го поддржувам мислењето за доење у јавност. Не дојам у јавност. Молзам млеко и ставам во шишенце, не сум дома затворена и шетаме со мали, не ме праќаат у тоалет и посекако толкацко бебе не носам у кафичи. Ако има кој да го причува би отишла на 2-3 саати, ако не, нема да одам. А ако одам на гости има друга соба кај можам да го надојам. Мој став, не значи дека треба секој да го поддржува.
Баш така! Има разлика, има доење во јавност на 100 начини. Ова е културно, јас подржувам бидејки бебето ја контролира мајката, не таа него! Бебе што не фаќа цуцла, шише, не пие Ад млеко па да може мајката да си носи со неа секакво што ке прави? Да гладува ли.. или да вришти се додека мајката не дојде до кола или дома...
Морам да споделам нешто со вас за фамозното доење во јавност.Првиот пат кога морав да излезам со малиот беше кога требаше да обновам договор во Вип,а бебуш неполни два месеци.Само што застанав у ред рикна да плаче за цицање и ја рикверц до кола.Пошто беше лето,неможев да се покривам ќе го угушев,и на задно седиште го дојам,кога поминува дотичниот Црнокрак и фино лепо застана и не гледа,ни срам ни перде.Претходно исто имав таков момент и тоа денот на крштевката.Да не го дојам во ресторан отидов до кола ама радознали луѓе,се приближуваа за да видат поубаво што се случува. Е сега незнам што требаше јас да направам,да рика дете а ја да чекам дома да стигнеме за да му дадам за да не биде непристојно,нели? Кога пркна малиот одиме сегде и кога ќе му се прицица го дојам покриена со марама.Има ситуации кога одиме на контрола на педијатар и дете рика за цицање,кај да го носам,морам во чекална да го надојам.Ме гледаат сите со искривени фаци,божем грев најголем правам ама како и да е во ВЦ ко што посочуваат сите јас НЕ дојам и точка.Сега е 9,5 месеци и кога го зимам од градинка исто е одма гладен и бара да цица,самиот се мести,така да го носам у кола и му давам па кој колку сака нека гледа. Затоа,искулирајте малку со тоа дека мајки што дојат треба дома да седат зошто некогаш искачаме од потреба а некогаш од кејф,и мајката и бебето некогаш треба да сменат и да излезат да видат луѓе...
Потполно се сложувам со тебе, и јас исти случај имав како тебе дете пишти вришти јас во кола го дојам што ми е гајле а кога беше настинат нескаше да цица воопшто па морав со мм да се шетаме со кола низ град и бебуш цицаше тогаш! Неколку пати ми се имаше случено да го дојам културно во јавност.
Сум доела во кола најчесто, но ми се случило и во кафиќ, бидејќи беше скоро празен,па си се задскрив. Пробав со измолзено, не фаќаше. Не гледам ништо лошо во тоа. Никој нит гради ми виде нит ми рече нешто. Сега веќе е поголем бебуш, па си носам кашичка по мене, ама и онака ретко излегуваме. И уште нешто, кога на некој не му пречи пушење во ресторани, не би требало да му пречи ни доењето.
Твојов начин на доење, како и на повеќето членки тука, а и доилки кои ги среќаваме, е нормален, културен и секој што ве зјапа е тешко сељачиште. За се' на светот постои начин.