Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    213 глас(а)
    52,1%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    142 глас(а)
    34,7%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,6%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,6%
  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    А мене па не ми се верува дека некој толку непристојно оди по коли и зјапа во доилки.
    Што знам, мислам дека сте убедени дека има такви луѓе па ви се причинува дека секој што ќе помине ве зјапа и негодува. Штом си доите нормално, сигурно нема многу такви случаи на сељаци што ве зјапаат.
    Just saying.

    Премногу чувствителност за тоа кој како ве погледнал. Ако доите, правете го тоа со уживање, нели за тоа е цела борба на темава?
     
    На SuperGirl24, do-re-mi, Ordinary и 5 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Мојот став останува ист на темава. Сум пишувала за дискретно доење, сега би рекла дека не ми смета воопшто и да станува збор за разголување. Дојка е, голема работа, не е полов орган. Само напред мајки. Ниту има од што да се срамите, ниту да се криете. Ако некој ве погледнете, мислете дека може ви се воодушевува. Јас би се воодушевила. Тоа е една прекрасна слика на живот.
     
    На blackwave, Mari*, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  3. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе се надополнам. Благослов е мајката да има млеко и да може да се поврзе со своето чедо на тој начин. Кај доите и како е ваше право. Сепак никој поубаво од самата мајка не знае што е во ред. Крај краева сите сме возрасни и знаеме што е некултурно а што е културно. :)
     
    На Kaetana, irenna, TutiFuti и 2 други им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    76.254
    Пол:
    Женски
    Работата е што не се сфаќаме меѓу себе и не се поддржуваме, не е работата што е најдобро за децата.. нормално дека секоја мајка знае што е најдобро за нејзиното дете, затоа што тоа дете е поразлично од сите деца и сите си имаат различни потреби. Доволно е само да се разбереме, да не се навредуваме ако некоја мајка прави поразлично од нас, има причина за тоа што го прави :) Така да мајки ве подржувам за доењето во јавност, јас имав среќа што бебе фаќаше шише и си носев често молзено млекце, освен на плажа на одмор си го доев на плажа, да не одам до смештај на секое или до кола :)
     
    На Mari*, M&M, Kaetana и 6 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Не ти се верува, ама има. И мене ми се има случено. Ко погледнува, ама не е сигурен што се случува, па се загледува поубаво. Кога може да има екстреми со доилките, може да има екстреми и со луѓево и нивното зјапање.
    Инаку, со подлог стаж со доење се случуваат секакви ситуации. Па и во ресторан доев. Носев и кашичка да ручка, ама дали и дојдоа некако многу луѓе и се вознемири и немаше друго решение. Среќа на сепаре седевме, па можев убаво да се задскријам и ништо да не се види, а колата беше подалеку. Се изнатуфкав јас, ич не се осеќам угодно така, ама ете... Маж ми пак од друга страна, сега кога од прва рака се запозна со доењето, ептен е за, во секаква прилика, дали се гледало или не ич не го интересира. Храните дете ми вика, создаваш храна, супермоќ е тоа.:D И да види како дои жена не ни трепнува, веќе нормално му е.:)
     
    На Едно Чупе, ♡BuBaLe♡, Peppermint и 14 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Загледуваат бидејќи не се сигурни зошто ци*ката е надвор:lol:...може друга ,,дешавка,, има во кола:rofl:
     
    На Едно Чупе, SuperGirl24, blackwave и 15 други им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.964
    Допаѓања:
    219.412
    Пол:
    Женски
    Многу, премногу дискусии на темава.
    Немам предрасуди за доењето во јавност, секој прави онака како што смета дека е најправилно за него и тоа е фактот, секој човек пред се карактерно е различен па притоа за секого овој чин различно претставува.
    И да видам некаде цицка и да не видам не ми смета, тоа не е моја работа нормално.
    Но, одразот на таа таканаречена цицка во јавноста е одраз всушност на нашата култура пред се и принципи со кој се соочуваме.
    Потребно е да се има култура пред се и дискретност, нормално, огромно - да за доењето во јавност, пристојно, достојно, дискретно. Односно културно.

    Тука проблемот и прашањето лежи во нашата култура колку ја имаме или немаме а не во цицката.
     
    На LadyC, ♡BuBaLe♡, ivi1987 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Јас сум против доење во јавност. Не би доела во ресторан, во кафуле или на шопинг. Тогаш би одела во кола, а не ми текнало и ај пред сите луѓе (еве имам братучетка и се во кола си оди, никогаш не доела на јавни места, ни затскриена не дои на јавни места) или на гости пред сите или да имам гости, па ќе одам во друга соба мајку му стара. Така имам две другарки и кога ќе се собереме друштво во друштвото си ги вадат цицките и си дојат така . А на едната другарка детето е 3 години, зарем ќе ми влече цицка пред сите, и плус тоа дете нели треба да се одвикнува, а не ако заплаче одма да се дои. Тригодишно дете јаде леб веќе, а не за цицање да плаче. И тоа не цица баш туку си игра со неа повеќе, си ја грицка и некогаш само за да заспие. Еве бремена сум и тоа е моето мислење.
     
    Последна измена: 20 февруари 2017
    На LadyC и Afroditaaa им се допаѓа ова.
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Zenski dali vo City Mall ima soba za doenje?
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.085
    Пол:
    Женски
    Да
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.530
    Допаѓања:
    66.584
    Пол:
    Женски
    Им завидувам на мајките кои не се замараат со другите и си дојат во јавност. Живеам во земја каде што размислувањата се мноогу поразлични отколку во Македонија, и буквално никој нема да ве погледне доколку доите на јавно место, но за жал јас си носам некое размислување од кај нас, како тоа да е некоја голема работа и сите во тебе ќе гледаат. Неколкупати сум доела во ВЦ и поради таа причина избегнувам да излегуваме на подолго време, секое излегување ми е стрес, имам бебе што сака често да цица а шише ни цуцла никако не става во уста. Плус и зимно време, наоблечени, дури да се наместиш за доење. |( Ми се смачи од седење дома, ама за тоа сама сум си крива.
     
    На LadyC, Kaetana, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Stalno e zafatena, po 20-30 min sum cekala i na kraj so rasplakano bebe pred buticine na klupa doev(facepalm)
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Најнормална работа
    Нормално сум за дискретно доење а и да се види цице не ми смета воопшто ,може да се случи :lol:
     
    На ♡BuBaLe♡, Kaetana и SofiMar_ им се допаѓа ова.
  14. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    И јас вака размислував бремена.
    Но,со кола нема секогаш да бидеш излезена.
    Ќе те снајде Марфи да ти биде најгладно детето у најголемата гужва, на јавно место. (facepalm)
    Набави си марама за доење за секој случај ;)
     
    На mariz, ♡BuBaLe♡, victoria и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Jas prv pat planiram da go nosam vo ponedelnik, imame pregled kaj ortoped i bas sakam da prosetame vo City mall. Ajde belkim posto e obicen den nema da ima guzva i ke nacekame red. :?:
     
  16. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Среќна сум што е веќе 10 месеци бебуш и поминуваме со кашички надвор кога сме излезени па нема да ни диши никој у врат и да не зјапа ко којзнае што лошо да правиме :) . Жално е што сме во земја со таков менталитет и таква култура па сме многу ограничени во тој поглед.
     
    На Kaetana и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не ми се причинило пошто луѓето што ги спомнав погоре застанаа и баш гледаа, а тоа не е баш пријатно. А и факт е дека без разлика дали станува збор за доилки во јавност или било што друго, менталитетот кај нас е таков да секој се го интересира па мора да застане и да види поубаво па да има после материјал за зборење. Како и да е, доењето е уживање доколку секој си брка своја работа и не се гади и фрла со камења по доилките како да прават нешто лошо.
     
  18. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    На страна тоа дали е правилно или не, чим не е казниво по закон, на кој како му сече нека си тера, ако е отворено, мене не ми се гледа, непрајатно ми е.

    Туку читајќи ја темава стигнав до еден постар пост кој ме извади од кожа, ама толку многу, што морав да пишам и да си олеснам, и нема врска со темава туку со стандардите, моралот и воспитанието.

    Имено, членката ‘‘bittersweet‘‘ на форумов во одговор на друга членка напишала ‘‘Во ред е да се има мислење за или против ама лупање вакви глупости без била каква смисла, вреѓање на сите мајки ставајќи ги на рамниште на циганки е срамота барем според мене.‘‘ !!!??? ... добро ‘‘циганката‘‘ не е жена, девојка или мајка? ‘‘Циганката‘‘ е на пониско ниво од ‘‘bittersweet‘‘ пошо ‘bittersweet‘‘ има друга боја на кожа или има можда подобри услови за живот?

    "bittersweet" за мене со овој пост е на најниското можно ниво, дно, но не е сама, туку заедно со тие кои и во претходите постови како единствени ‘‘неморални‘‘ жени кои дојат со ‘‘истурни цицки‘‘ (ова не е мој израз, туку нивен) во јавност, ги посочуваа ромките, а на тоа дно се и сите оние кои и го имаа лајкнато постот и не приметија, или го делат мислењето со неа, каде се навредени жени и мајки на најдолен и најдискриминирачки можен начин, врз основа на својата етнична, расна и за жал класна припадност.

    Не знам дали дотичната е свесна дека на форумов најверојатно има и Ромки и Албанки и Влаинки и Србинки и Турчинки итн, и дека може некого да навреди.

    Јас најискрено се чудам како на никого не му паднале во очи ваквите постови, срамота е ова.

    ПС: коментарот ви е на стр.39
     
    Последна измена: 1 март 2017
    На blackwave, TutiFuti, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    76.254
    Пол:
    Женски
    Ми текнува на периодот, опасна расправија имаше тогаш, коментарите летаа... во толкава расправија не беа ни читани сите постови, прочитале тие што ставиле лајк ваљда, стварно ни јас не сум приметила... Многу навредливо стварно.
     
    На RedRevolution, Kaetana и Mari* им се допаѓа ова.
  20. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Мене не ми смета некоја да дои јавно , не ме интересира воопшто . Но јас не би го направила тоа , лично за себе кажувам.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.