Јас имам ставено дека постот минсе допаѓа. Точно дека е тоа навредливо, компарацијата е несоодветна. Но тоа не ме прави личност што дискриминира. Не значи дека сите што ставивме ми се допаѓа на постот дискриминираме. Моето ми се допаѓа е за поголемиот дел од постот кој е сепак во согласност со темата и дискусијата. Во темава пукнаа милион дискриминаторски мислења за кои сум против...
Мене ми реплицирала на страна 39 пошто јас ги нареков ромите цигани. Во мојот коментар напишав мое видување т.е. мојата перцепција е таа дека навистина во јавност сум видела само такви искуства.
Само не ми е јасно зошто не ја тагирате членката кога веќе и реплицирате ? Еве јас ќе испаднам фер и ќе ја тагирам @bittersweet за да прочита бидејки е засегната. И ќе додадам дека жената ниту најмалку мислела да навреди некој, во тоа сум сигурна.
Јас мислам дека @bittersweet не го ни напишала тоа со таква навредлива намера, но во жарот на расправијата веројатно избрзала со реакцијата и не размислила. Мене на пример, ич не ми е гајле дали цицката е античка или од некоја друга етничка припадност или пак религиозна определба, дали е бањата пред 20 минути или пред 20 години, и онака имаат иста намена де, и античкото и “циганското“ бебе се гладни. Мене ме интересира дали сопственичката на цицката е сељандура или не. Да не испадне ги дискриминирам селанките, немам ништо против жените од село, зборувам за категорија на жени кои немаат бон тон, кои не што не се дами (за дама треба многу повеќе од непокажување на цицки), туку немаат никаков осет за останатиот свет. Не мора да се цицки во прашање, сите однесувања кои се себични, саможивни и без обѕир кон другите. Ако се пронаоѓате тука, тоа е ваш проблем, сами чувствувате дека “не ви е гајле за другите“. Што се тиќе мене океј, ако вас не ви е гајле за мене, па мене па ич не ми е гајле за вас и вашите деца. По таа логика, ако го видам детето ваше како виси од лулашка а вие во секундата кивнувате, би требало да се направам наудрена и да не пробам да спречам повреда.. пошто нели, вие сте севишните мајки, никој вас ништо не смее да ви каже, имате право што сакате да правите и да не ви е гајле? Океј. Ако сакате да се грижи некој за вас и да ве почитува, мора да возвратите исто.
Нема потреба во тема за ‘‘доење во јавност, да или не‘‘ да дебатираме за дискриминација (која е многу широка тема), едноставно морав да забележам затоа што ми избоде очи, со цел да не се повторува понатаму. Е сега, колку мојот коментар ќе придонесе за некој повеќе да внимава во иднина, не знам. Мојата забелешка нема да го смени менталитетот на некои луѓе, тоа е длабоко всадено и потребен е труд да се искорени (затоа и ја дадов забелешката), и не е само таа која така се изразила, но јас на нејзиниот коментар налетав и ја ставив на тапет, а секојдневно се среќавам со луѓе кои дискриминираат на истата основа и им укажувам, иако во 99,999% е за џабе. Проблемот е токму во тоа што луѓето не ни размислуваат кога ќе се изјаснат така, а тоа е и последица на нашето општество. За да го промениме општеството, ќе треба да правиме напори да прифатиме дека сите сме исти и дека никој не е повреден од другиот, па кога длабоко во себе нема да чувствуваме дискриминација по основи кои не се во наша моќ да ги промениме и кои никому зло не правват, тогаш сме успеале.
Кога веќе ме спомнуваш 100 пати ќе беше во ред и да ме означиш, да ме израдуваш со психолошката анализа и навредите. Ако веќе си ги читал/а сите постови ќе прочиташе дека мојата реплика на форумџиката беше во однос на циганките кои стојат на камени мост или слични места со дојката извадена за да заработи пари а немав никаква намера да ги навредам жените од ромска националност. Ти од друга страна свесно ме навредуваш не само мене туку и родителите мои бидејќи немам нели морал, воспитание а тоа се добива од родителите. Ако имаше некаква поента твојот пост можеше да ми посочиш дека има дел со кој сум навредила некого а не да навредуваш, со навреди ништо не се постигнува. Јас сум го направила тоа ненамерно, кој е твојот изговор?
Со што се навреди ти? Со тоа што кажав дека си на дното затоа што дискриминираш по основа на етничка, расна и (навистина за жал) класна припадност? Затоа ли се навреди? Па не треба да се навредиш затоа што јас сметам дека не е правилно да дискриминираш по тие основи, секој што така мисли и чувстува, за мене е на најниско ниво, а ако тебе тоа те навредува, тоа не е мој проблем, јас почувствував дека треба да ги одбранам Ромките во случајов и тоа го сторив.. За мене не си во право, а за тие кои имаат такво мислење, како твоето за Ромките, секако дека си.
Епа браво за тебе ако на навреда одговараш со уште поголема навреда. Ако сум јас на дното што сум ги навредила ромките, ти каде си со навредите кон мене?
А бе, многу чувствителна си, ама само за себе. Не сум јас крива што те навредува моето мислење кое патем не е навреда, туку соодветен одговор на твојата навреда.
Ако сакаш да дискутираш, те молам надвор од темава. Тука се бориме за еден поинаков вид на дискриминација. Разбравме што сакаш да кажеш. Само не ја полни темава со понатамошни мислења, затоа што веќе излегоа од контекстот и свртеа на навреда (апсурдно и контрадикторно).
Ок, секако дека нема потреба од таква дискусја овде, погоре и јас истото го реков, ама штом ми реплицираш, веројатно не си го видела мојот коментар. Не знам што излегло од контекст, а и моите мислења не се навредливи, туку осудувачки. Но разочарувачки е дека поддршката од повеќето од вас ја доби дискриминаторот, браво . Немај гајле, толку од мене, кажав што имав, и нема да ќутам пред неправди, и ако сте повеќе што ја браните, тоа не значи дека сте во право.
Во право си. Да пишеше некој друг така за Ромките, ќе беше бааги нападнат и дури избркан од темава, ама јас мислам дека Битерсвит е една од омилените и затоа и дадоа повеќето поддршка, иако за ова не е во право.
Jas si ostanuvam na toa deka se dodeka e neprifatlivo za zenata da seta po ulica bez nisto na sebe na gorniot del od torzoto, ne mi e prifatlivo ni necjna dojka da gledam i koga se raboti za doenje. Dokolku toa se izvede na nekoj diskreten nacin ok. A toa deka e sosema prirodna rabota ne vi drzi voda, i odenjeto po nuzda e prirodna rabota ama sepak ne ja pravime kade i kako ke ni tekne.
Со таа разлика што нуждата е нагон кој можеш извесен период да го додржиш и контролираш а гладот на бебето не
Pa jas citav i takvi komentari. I na anketata 22.8% ne im e vazno dali e diskretno ili ne. Ti ako razmisluvas na odreden nacin ima luge sto ne razmisluvaat taka.
Анкетава не е репер за ништо затоа што незнаеме кој кликал.Можно е и тие што не дојат а и машки членови намерно да кликале. Кажете дали низ град стварно гледате толку многу мајки кои дојат на безобразен недискретен начин?
Зарем не е безобразно да зјапаш во некоја доилка додека дое ? Доколку не го правеш тоа нема да приметеш дали и е извадена цела града,со што и дали е покриена.