Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    213 глас(а)
    52,0%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    143 глас(а)
    34,9%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,5%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,6%
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Мислев повеќе да не коментирам на темава зошто првиот пат бев прогласена за неморална девојка затоа што не ми смета доење во јавност а вториот пат дека се пос*ав од цитирање иако само едно мислење цитирав и се живо сум ругала :^)

    Јас сепак мислам дека е до општеството и менталитетот на народот, овде кога сум доела во јавност веќе напоменав покриена со марама( не затоа то сум некоја пуританка туку затоа што ако не сум покриена му се одвлекува вниманието на бебушот) луѓево што поминуваат ќе ми се насмевнат, се гледа дека гледката им е пријатна не одвратна.
    Единствениот пат кога за некого било непријатно моето доење во јавност е кога бев со моите за Божиќ на место каде што се собират македонци и исто покриена со марама кога ме виде една бабетина застана да се крсти како да го видела ѓаволот лично па со крстење ќе го набрка :rofl:
    Застанала бабетината да ломоти како не ми е срам, па сум имала кола таму сум требало да го дојам бебето и уште 300 глупости додека татко ми не ја избрка.
    И требаше затоа што се крстеше бабиштено да отидам во кола каде сигурно ќе беше над 50 степени да си го дехидрирам синот или не дај боже да му го пукнам срцето од топлина :?:

    И да природни работи има ехеј мал милион работи ама дали ќе си чепкаш носот во јавност или ќе имаш секс никому не му зависи животот од тоа а доењето е извор на живот за бебињата.
    Исто и споредбата со градата и вагината е бессмислена, повторно градата е извор на храна затоа и воопшто постојат а вагината не е.

    Како и да е јас и понатаму ако имам потреба ќе си го дојам синот во јавност а некому ако му смета нека не гледа.
     
    На Lolo5, Peppermint и MacenceEna им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Лелеее аууу, се претвори темава во „ти реков-ми рече“. Прво, моите зборови не ги насочив директно кон никого, а ако некој си се препозна, тоа не е мој проблем.
    А шо праиме со тоа што ти сите шо не мислиме ко тебе и ни` е непријатно да гледаме доилка во јавност не` нарече неуки? Право кај учителката па да видиме кој ќе добие дисциплинска и кој кого поише навредил? Абе ајде, во прво одделение немав вакви дешавки...премногу сериозно го сфаќате форумов еј, олабавете луѓе.

    конечно еден добар предлог по прашањево... ем волкот сит, ем овците на број (едит) односно мое мислење е дека интимата за време на тој чин е подобредојдена и за бебето и за мајката, не само за оние на кои им е непријатно (да не бидам погрешно сфатена по 1003 пaт).
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tanta

    tanta Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Прво поздрав до тие што викаат дека нема да ги дојат децата, затоа што кога ќе родат ќе видат што значи да плаче дете , а втора работа е тоа дека сите кафулиња, ресторани и слични објекти треба да обезбедат соба за доење и преповивање а не да викаат дека таа мајка е ненормална што го дои на улица кога не обезбедиле простор за тоа, како што го викате "гадна работа" . Поздрав до сите мајки што ги дојат бебињата затоа што тоа е најздравата храна за нив, а за градите - па за што измислиле пластични операции.
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.672
    Управо ми се згади од себичноста погоре. Мислам дека не треба ни да се обидеш да имаш дете...за доброто на светот.

    Значи вака жени,премногу отидовте во две крајности. Ајде нека биде шегата на страна. Да бидам искрена, имам против жени кои се однесуваат како тие да го имаат единственото право на светов да бидат мајки и при тоа заслужно си вадат града и бап доење пред сите. Мислам дека ова е едно од почестите прашања кои ги решаваат оние невладини организации кои перат пари и све тоа,се одржуваат и трибини за истото. Но нејсе, светов е така речи слободен (најчесто условено,но нема врска) и апсолутно има право секој да мисли и прави што сака, но либерте однесувањето на многу личности по било која тема ме ставаат под сериозен прашалник. Родителството само по себе е триумф,во МОЈОТ живот,ВАШИОТ и само вашиот,но не и пред очите на широката јавност. Во ред е да се покриете и да го направите истото со доза на непријатност во очите, во ред е да отидете на место одредено за тоа, во ред е да носите шишенце со млекце (па веројатно некогаш излегувате и детето го оставате да ви го почуваат на некој саат,како тогаш тоа дете е најадено те нацицано?!),но ве молам, овде нема ни пола-пола ситуација,веројатно соодносот е 80 со 20 на колкумина ќе им биде незгодно,а на колкумина нема. На страна онаа мајчинска,лавовска бунтовност, вашите потреби и потребите на вашето дете, во ред...ама светот и понатака се врти,луѓето и понатаму им е непријатно. Удобноста која ја сакате за било што,може апсолутно да ја уживате во вашите домови.
    Мислам дури и дека смешна ми е реченицата,чекајте да станете мајки. Па веројатно веќе сериозно влегувам во фазата кога ми се раѓа првичнот мајчински инстинкт,но веќе се понатаму се работи за спретноста на мајката за која секако дека не можам да кажам каква јас ќе бидам,ама знам што нема сигурно да правам зошто свесно живеам во светов и свесно ги зимам погледите на сите. Моето искуство беше...во ресторан, откриена града,толку... И несакајќи да погледнеш,незгодно е,едноставно лошо е... еве не е воајеризам во прашање. Дои го,ама не го прави така тоа...што е тоа,града,која не е ни моја, ја гледам во фаца,а се трудам да јадам тука... Како што ти сакаш удобност,така сакам и јас...Логично,нели?! Тоа не треба да се затвориш дома,ама треба да си го знаеш детето и неговите потреби. Па мајка која одлучува одвои повеќе часови во денот,надвор со своето дете,каде неизбежно е детето да огладне,а условите и не се баш наклонети...нема поента,грижата на мајката околу гладот на своето бебе и целиот тој дијалог.

    Многу пати се имам изјаснето дека поентата на живеење ми е станување на родител и создавање на креатура која ќе биде далеку подобра од мене,зошто мислите дека не сум размислувала или едноставно не сум почувствувала инстинктивно како би се грижела за тоа дете?! Многу е... не знам,безкруполозно да се изјави нешто такво ко чекајте да станете мајки. Сите сме растени практично кога ништо не постоело ко денес, со памучни пелени,па сме живи и здрави. Кога мајките оделе на работа или по работа,не доранувале со пиковит и оризова вода. А ко што гледам,децата родени во последниве 5 години со тие посебни шеми на исхрана и многу погрижливи родители (наводно),со правила кои порано важеле сега се забранети,па не ми делуваат многу поздраво,туку напротив. Проблем број еден помеѓу децата е...прекумерната тежина,од толку потресување и распрдување на мајките,а да не зборувам пак за разгаленоста која поаѓа од тој момент,па натака. Му се тресе и прави сцени во јавност за СЛАДОЛЕД...
    Во свет каде жената секој ден се бори со актовка,од еднаш ја доживуваме сликата со мајка која дои дете и при тоа се расфрла со нејзината исклучителна положба,фрагилна и кревка, што е иронија самото по себе. Мајката и детето треба да бидат заштитени и да ги уживаат своите права,но не до степен на необзирност.

    Прашањево само по себе и не е толку едноставно. Нема само про и контра,нема само мајка сум ми се може...
    Па тука веќе сериозно се запрашувам и за марноста на мајката и нејзината света потресеност кон детето,кога малово рика плаче ( и ова го видов во Ања во парк,пред две недели),оваа вади града (покриена беше,па не беше непријатно),ова се уште плаче,па и на тоа дете му треба удобност и топлина за да цица,зарем не?! И продолжува малото да плаче,луѓе се вртат,оваа си се смее со другарките и нема абер да стане,да го однесе дома,да се погрижи за него,ми се чини температура крена, се вцрвени, а оваа...виде не виде го остави у количка,со изјавата,ќе се смири самото...ахам...кенкаше целото време додека седеа,ама она мораше да го испие кафето и мораше да потрачари... Така што...сувишно е да збориме за грижливоста на мајката,нејзините права и доброто на детето... Индивидуално е колку луѓето имаат свест за околината (која не може да не биде битна,кога се работи и за твоето тело и за твоето дете кое треба да биде соодветно намирено,а не во било кои услови) и грижа за своето дете.

    Толку од мене, ќе видиме јас како ќе се покажам ко мајка,има уште ... орентационо,7-8 години, но мислам дека и сега да треба да се погрижам за нешто фрагилно,би го направила сосема во ред. Впрочем се грижев за 3 месечно бебе,со сите салтанати,две недели по 6 саати на ден од немајкаде на мајката,бев помала за 2 години,така што...не можам да се потценам дека не би успеала во истото. Ама од аспект на општествено прифатливо или не,ете тоа е моето мислење... Има начин, мајките денес се презахтевни и далеку пораспрдени од нашите мајки некогаш кои ниту имале соодветна медицинска грижа,па веднаш и станувале се грижеле за нас со памучни пелени кои се киснат во леген и вриење на цуцли со врела вода на шорет и еден куп глупости. Па мајка ми,која е дел на своевремената интелектуална клапа,а не од *заостанатите* какви и да се тие,пред да осудите (сега е...стара :D ),безброј пати има речено,ма не можев да замислам кога знам какво ми е бебето,да се шетам или него да го шетам по градов,ако сум ти мајка,ќе се прилагодам на тебе и твоите потреби додека треба.А нели мајката знае што е најдобро за своето дете...сведено,зошто мајката која се ПОВРЗАЛА со своето дете, не му ги научила потребите?! Ако мајката толку мисли за своето дете,зошто не се прилагоди на неговите потреби додека е потребно?! Ми има смисла...многу.

    Ноу хард филингс...тоа е тоа. Немам против доење во јавност, покриено,задскриено ако е дојден зорт,или на соодветно место, имам против гола града во мои очи без срам и перде,ко само да е таа мајка. За алтернативи има, но веќе некој разјарен инстинкт се јавува што ... не го сфаќам... Ко што има мајки кои било каде би ги доеле своите деца, така има мајки кои мислат и на опции,па така што...тука се коси едно со друго. Како што не е во ред бебето да седи какано и мочкано, па се пресоблекува на соодветно место,така и ова. Ма да какано и мочано бебе,ми е далеку поприфатливо,симпатично, смешно, слатко (хммм) и има помалку простор за маневрирање ако нема услови(особено ако е у парк рецимо,секако не у ресторан кај што сите јадат,дух),отколку...гола,туѓа града и целиот тој процес кој знае и да потрае.
    Е и друго нешто. Мајка со бебе од неколку месеци,на плажа,цел ден,тука го дои,пресоблекува... спие под сенка као демек, и вечерта детето жар... Или бремена жена на плажа,на сонце,со вцрвенет стомак од сончање или па во вода...

    И не,никој не рече дека е ГАДНА работа,туку дека не е вообичаена и малку поспецифична,ИНТИМНА (значи толку пати го нагласивте моментов,а никако да му продрете во суштината) која може да допринесе на околината да и биде непријатно.
    И ко што градата е извор на живот,мислам дека и вагината е...мислам,што знам дали е или штрокот беше у питање,поим си немам.
     
    На Lolo5, CameliaMiller, thelittle17 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.378
    Од една страна кажуваш дека секој си има право на свое мислење, а од друга оние што го делат спротивното од твоето ги нарекуваш ненормални.

    Може сум грешка, еве однапред се извинувам ако грешам и сум пропуштила некој пост во кој се вели дека мајката доилка е гадурија, како што спомена дека оние кои не се мајки и се згадиле од чинот ја нарекле.
    Тоа што сеуште не сум мајка зарем треба да ми го скрати правото да го кажам својот став по прашањето?
    Или освен ми се допаѓа, не ми се допаѓа не сум квалификувана за некаков друг коментар?

    И да сум видела доилка со града колку 2 мои глави, во жешки попладневни часови кога се препотува малку више и ради муабет на маса не напуштила трпеза туку наеднаш.....без предупредуввање завршила работа.
    Епа во тој момент кога јас бев со полна уста храна и пред очи ми дојдоа нејзините вени од дојката ми се згади и тоа ме прави ненормална????
    Ja right |(
     
    На Lolo5 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Не мора баш на секоја тема да се оставаат коментари ако немаш нешто паметно да кажеш. Знаеш ли ти бебе од 2-3-4 месеци дека цица на неколку часа? Што значи тоа, мајка му да не искача додека дои? И може има ненормални жени ама дека некоја ќе дои за да привлече внимание е мизерно. Значи искрено, стварно некад лупаш и алал да ти е како ти текнуваат вакви мизерии.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.123
    Пол:
    Женски
    Тебе ако ти е невкусно, на бебето сигурно му е вкусно. :rofl:
    Јас немам ништо против. Ако сака нека си дои, ако и е на жената незгодно ќе се покрие, ако не нема, ако на неа не и е гајле на мене уште помалку. :)
    Мене лично би ми било незгодно, па мислам дека марама или такво нешто е сосема соодветно.
     
    На Lolo5, antonina и MacenceEna им се допаѓа ова.
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Добра поента Лилит во целост се сложувам со тебе за се што кажа :clap:
     
  9. traumhaft..90

    traumhaft..90 Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    20
    Ни сама незнам зошто ја следам темава изгледа за само да си легнам со доза на нервоза а и тоа незнам зошто еве немам деца па да се чувствувам нападната.Сакам да ги прашам форумџиките кои толку многу се гадат од помислата доилка во јавност безразлика дали станува збор за дискретно доење односно покриена или незнам што,битно е да се коментира за крајности како пример гад ми е јас на маса да јадам она да ја вади градата :fubar: .. многу јасно и концизно се изјаснија повеќето дека тоа не го прават баш на тој начин туку дека дојат во јавност подзаскриени а не голи,мислам има голема разлика.Прашањето ми е дали треба мајките доилки да не излегуваат од дома бидејќи според некои нивните бебиња се да не речам плачливи бебиња па покрај тоа треба да си ги познаваат детето и мерки да се превземат со тоа да нема доење а со тоа и да нема излегување,што е тоа и плаче детето па нека си оди дома тука нам ни е незгодно... еваа немам веќе зборови си ги повторувам истите коментари.Има бебиња кои на пола саат цицаат има некои кои на два саата трети на три и сега што треба,едни имаат право на излегување на саат други на два и т н....
    Дали сте се запрашале дека можеби не е само кафе трачарењето битно излегување на една мајка,можеби има закажано кај лекар или некоја икс институција па многу добро знаете каков е редот во Македонија или заборавивте.Има икс случаеви каде не треба така строго да се напаѓаат доилките,не одобрувам дрско однесување со јавно соблекување ама има и културен начин и затоа не ги превртувајте коментарите од крајност во крајност.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.378
    Ја сваќам твојата поента и целосно си во право дека да се биде мајка не значи дека треба 24Ч на ден да се седи дома, дека приватниот живот а и обврските мора да продолжат.
    Во врска со потенцираните делови, сепак секој набројува лично искуство кое му помогнало да го оформи мислењето по ова прашање.
    Доењето е природна појава и иако јас би преферирала марама или сл. не би ни ми пречело девојка да дои во мое присуство во голем број случаеви.
    Но тие крајности ете се случиле некогаш, и докажуваат дека околностите многу влијаат, не е превртување, само споредување искуства и мислења.
    А за нервози нема потреба, пoздрав :hai:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Лилит еве тебе ке те прашам пошто гледам реферати пишуваш па најверојатно најкомпетентна си за темава.ЗА тебе нешто со повеке привлекува винамние и повулгарно е мајка која го дои своето дете со марама покриена и му дава живот или еве пример девојка која го извадила своето деколте како сликата на твојот аватар?Мислам, се разбираме што сакам да кажам.
    И негде мислам напомена да се имолзи мајакта и од шише да му даде ,еве пример моето бебе не сака цуцла.
    Па и судиш некоја мајка на која бебето и плачело. :^)
    Ми си еден од омилените ликови тука, ама овде многу си ги помешала брзините, од една страна кажуваш дека мајчинството е свет чин од друга ги ругаш тука мајките кои ги дојат своите бебчина (значи пак ке се повторам правиме муабет за интимно доење на поинтимно место, а не екстремно),мајките на кои им плачат малечките..
    Ништо лично, ама тука многу си ги измешала брзините.
    Да, убаво кажаа погоре ВРАТЕТЕ СЕ НА ТЕМАТА КОГА КЕ СТАНЕТЕ МАЈКИ, просто и едноставно без многу филозофиии колку и смешно да ви звучи тоа, да така е.
     
    На Lolo5 и Li0ness им се допаѓа ова.
  12. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Подржувам доење надвор али искључиво родилката да го праве тоа со кебенце, марама .. подзаскриени малку. За мене доењето е интимен чин. и Крај. :!:

    Искрено ми се гади кога ке видам доилка која дои, не од бебушот.. Но самата глетка не ми е убава.
    Разбирам дека мора да јаде, малечко е. Ама пак, мајка му стара, доилката ако сака да се задскрие малку и да не биде во очи на јавноста - ке најде начин!

    Не сум мајка, и знам дека ке наидам на осудување , ал , ет. то је.
    До сега ми се случувало не ретко да бидам сведок на светиот чин и искрено ми се гади, неможам да гледам.
    Седеме сите на ручек и доилката БАААМ цицката на маса - го дои бебчето? :^) мислам Helloyy , имаш други соби на располагање, тркни тамо на 10-15 мин или ке испуштеш од муабето?
    Да не збореме муабет за во ресторан. Или на јавни места.

    Со чест на исклучоците .. кои за жал се ретки.

    И вистина е дека после тоа, ставам и - си одам, небитно дали сме биле во ресторан, куќа или сме седеле во парк на клупа.
    Едноставно ми се повракја и неможам да издржам. Колку и да сакам истото да го поправам - није до мене.
     
    На MiaBeMia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    1.113
    Начин да се нахрани бебе без вадење цицки на маса има и нема никој жив да ме убеди во спротивното. Неќело цуцла, а шо праиме со мајките кои немаат бе млеко? Нема, ни со апаратче не може да извади, точка. Сирото бебе осакатено за цел живот, нема да преживее, дека природно млеко не пробало, нема млеко жената и автоматски нема ни како да го нахрани нели. Знаете колку такви жени познавам? Немаат значи избор дали ќе дојат во јавност или не, пошто не можат. А децава пак биле хранети и израснале во олкави луѓе, чудо едно.

    Не ми е гадно, некултурно ми е. Има марами, вакви онакви, простории, и сето тоа си е со намена. Фактот дека има опции, а она ги игнорира само "пошто е мајка и и се може", што е највеча глупост, тоа ја вади од такт цела околина. Ако ја мрзи да појде до кола да извади партал да се покрие, не можам да имам разбирање, најдлабоко се извинувам. А дека е природно природно си е, ама и ние сме дела на природата па не гледам дека шетаме со 3 цм влакна или ждригаме и се чешаме по маси. Се што е потребно е дискреција.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Мислам дека малку претерувате некои Феминки со примерите.
    Не сум видела мајка да го направи она што вие го кажувате, така апла да ви извади града како што нагласувате..
    Ако има такви случаи, тоа се толку ретки ,што не се вредни за дискусија .
    И и ние што го поддржуваме доењето во
    јавност ќе се согласиме дека се што е претерано може некогаш да биде невкусно, како и примерот што го наведе HardSex ( ако не си направил филм сам :lol: ) бидејки во се гледа секс.

    Јас додека доев моите гради не ги доживував како сексуален објект, туку на начин кој оние кои не родиле не можат да го сватат...

    И читајки ја оваа тема сфатив колку сеуште имаме заостанати ставови...

    И да, ми се случило додека ми беше првото дете мало , бебче , и тогаш живеевме во странство, додека шетам на пешачка улица да огладне толку што ништо не ја смирува, а имаше одбивност кон шишиња, цуцли, и беше мала за дохрана...
    И што требаше јас, летно време , на тие жештини да идеме пола саат до паркингот, па до дома и да ми зајде детето од плачење, за случајно да не пробудам во некој сексулни мисли или гадење на некоја шмизла додека го хранам моето дете :fubar: ...
    Фило, лепо, си седнав кај што се снајдов во моментот, и да :o не носев марама , ама сепак најдов начин колку толку да се покријам, а ако е некој премногу љубопитен може и ќе успеел да ми види мал дел од градата... Ама ќе требал да застане и да зјапа, зашто не сум била така апла откриена , а да сум била непристојна јас , ќе знаев, зашто мојот претерано љубоморен маж беше до мене ...
    И да, ме погледнуваа странците, но со насмевка на одобрување..

    А ако на некој му е паметот стално во секс, на тој не му треба града да види , зашто во секој предмет го гледа сексот :D . ( ова се однесува на HardSex, без навреда)

    А и на крај краева кога ќе видите дека некоја дои, што има да зјапате во неа, бидете барем вие попристојни и помалце љубопитни...
    Ви бодела очи, како па да не...
    И мене многу работи ми бодат очи, ама сама избирам кај да си гледам...

    А и во ова општество има многу други видови на недолично однесување кои се во многу поголем број за да се фатиме ние за нешто од што на некое бебушко во некој момент му значи живот , како нешто што многу ни смета ...
    И на сите што пишуваат против на оваа тема а сеуште не станале мајки, им предложувам малку да оладат со коментарите , и да почекаат..
    Па кога ќе имаат некое малечко кое чека и зависи од нив, освен во случај ако решат да живеат затворени неколку месеци, да се навратат повторно на темава и да го напишат тогаш нивниот став :hai: .

    едит( превземено од вести)

    Трката за вториот мандат за претседател на Франција, претставува напор не само за Саркози, туку и за сопругата Карла Бруни. Карла постојано е изложена на притисок од јавноста да го подобри имиџот на Саркози, кој според последните испитувања губи на сите полиња. Првата дама добро знае како стресот може да влијае на доењето и затоа го користи секој момент да ја надои ќерката Џулија. Таа се залагаше и за одобрување на законот со кој се дозволува доење на бебињата на јавни места.

    Сакам да кажам дека само кај нас од ова се прави голема работа :D
     
    На Lolo5, Li0ness, heart.stealer и 7 други им се допаѓа ова.
  15. jana31

    jana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    39
    Ајде што не испрочитав, па сега дека доењето било некултурно! Луѓе, има многу понекултурни работи од доењето што се случуваат околу нас! Иако многу малку ги доев двете деца, повеќе беа на адаптирано млеко, сепак сум ЗА ДОЕЊЕТО во било какви услови на кое било какво место. И вие што не сте мајки да ви даде Господ деца, па да видите како е, тие мили очиња што ве гледаат кога цицаат, тоа не се доживува со шишенцето! А и Вие ако ви цицаат децата или ако се расплакуваат, тогаш да не излегувате од дома поради тоа. Баш во првите месеци кога сите тие хормони прават бура во вашиот организам, на мајката и е потребна поддршка и да излезе. А децата не се на копче, па да знаеме кога ќе му се пријаде или кога ќе се расплачат. Има денови кога се кемкави и по цел ден плачат, има денови кога си спијат мирно. И ако кога излезам детето се расплаче требало да седам дома, а! цццц! Може денес да јаде на 2-3 саати, а има денови кога јаде по малку на секој пола саат. И јас не сум Ванѓа да предвидам како ќе биде кога би излегла. Затоа не туку кажувајте, да појдела мајката до колата или на скришно место, ами ако е зима, нели се препорачува и во зима да се изнесуваат децата? А на тие што им се гади, сакам да ми кажат дали им се гади кога дечковците, сега ќе бидам и вулгарна, ги фаќаат за цицки и им ги лижат истите? Ајде ве молам, немојте со такви мислења! Секогаш ЗА ДОЕЊЕ!
     
    На Lolo5, Li0ness и marina.m.g им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ај кажи ми кај се тие простории во Скопје, ти се молам кога ќе имам дете во иднина, да си знам.Пошто стварно страшно организирана земја сме, оние не направиле за основните потреби за инвалидите па доилките. Ма дај што збориш! Што треба да направи мајка да отиде у гадните вециња и таму да го надои за да ти не бидеш вознемирена?

    И сериозно многу гадливи моми сте бе! Ма то гадост на сите страни! Замислувам и како превртувате очи.


    Извади бре камерата сними, и пријави ја во полиција. Тоа е големо злосторство! Големо!

    Извинете моми, али зајдовте. Убо си реков како вас и јас има дискретни начини. Сум мајка и сосема ги разбирам мајаките кои го направиле овој чин. Не е бебе кукла, плаче а бутни му памук да го затнеш! Се случува да искочиш на подолго и што правиме? Еве молзено мелко трае 2 часа. Еве има и бебиња алергични на вештачко млеко. Значи има многу причини. Ама вие тоа гадење за нешто што е сосема нормално. И за оноа вадње дојка на маса таппп и сервирање на вас у тањир, вие едно страшно преувличување, а вие толку крвеки и остеливи, па не можевте повеќе да јадете, туку си најдовте тема да си пооговарате, да посудите и ред други работи. Прашајте ги вашите мајки дали им се случило тоа..

    Доста е со предрасуди, ќе станете мајки, и ќе сфатите, ако не сите бар дел. И знаете побитно ми е детето, отколку ролање очи на некој моми.
     
    На Li0ness, sweet25, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  17. jana31

    jana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    39
    Уште малку па момиве на кои им смета доењето во јавност ќе предложат да се воведат забрани за носење на бебиња и деца во ресторани , паркови, на плажа...
     
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ајде бре и таа Карла, ќе барала закон за доење на јавни места! Што не си седи убо лепо дома и да си ја чува ќерката додека цица, па 1 година да не мрдни никаде. Срамота значи, што се` нема да ни текне на нас мајките!

    Оффф, нема да судам никој оти сите на овој или оној начин сме го поминале периодот кога и ние бевме сами и слободни и без обврски и ( кој како зависи ) со предрасуди кон вриштачките бебиња на улица, ама знаете што? Кармата е многу чудна работа. Обично она кое најмногу сме го пцуеле ни се враќа ко бумеранг по глава, чисто да ни покаже дека НЕ, не можеме да судиме за нешто што се` уште не сме го доживеале :)
     
    На Lolo5, Li0ness, MacenceEna и 3 други им се допаѓа ова.
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Да не веруваш :o .

    До кога со такви конзервативни сфаќања доењето било непристојно? Цицка да не се гледала дека било незгодно. Како не е незгодно во диско цицка и гс да се покажат и тоа на кило а мајка не треба да го храни бебето зашто на некои (и тоа жени) им сметало :x .

    Пак вие девојките сами себе си се утепувате (како и на темата „Како да се облака девојка да не биде етикетирана како лесна“).

    Наместо да идете во ослободување од вештачки морал вие самите си го наметнувате.

    На машко окце не му трепнува ако види мајка што дои а вие се буните, чуден некој парадокс.
     
    На Lolo5, Li0ness, Phyramide и 7 други им се допаѓа ова.
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    :D цела ноќ дебата на темата за доење во јавноста
    Секоја мајка си знае што е најдобро за нејзиното дете.
    Ес да ние сме многу далеку од Запад ама сите се водат според свој критериум на морал.
     
    На Lolo5 и Peppermint им се допаѓа ова.