Имам доено во јавност, нормално, прикладно. Никој ништо не ми рекол. И не ни дозволувам некој да ми рече посебно ако не дои или не доел.Тие па ич ми немаат право на мислење. За да имаш мислење за нешто треба да го ПРАВИШ тоа.
Дали би го оставила бебето да изгладне доколку почне да плаче а си во јавност и во ситуација да стварно нема каде да одиш? Сигурна сум дека не. Значи ми се гади од луѓе ко последните двајца! Одвратно било што жената си го храни бебето, а на другава и се восхитуваат. Идиоти.
Ne sekako deka ne, no ako bi bila vo takva situacija sigurno bi trcala doma da go nadojam. Sto znam, drugi zeni ne mi smetaat toa e prirodno, no jas ne mozam.
Тоа е поим за идиотизам, односно малограѓанство и тешка малоумност за жал. Ги има во голем број такви "факмани" а не знаат само колку се смешно жални и непотребни на општеството.
Па тоа НЕ доењето во јавност мене ми иде во превод ми е срам да си го нахранам бебето Ке ѕирнело цице или не исто ми се гледа Лично се пазев колку што можам ама имаше моменти кога морав на гиниколог Таму освен чекална нема посебна соба,во неа 20 жени и некогаш и по некој маж се наоѓаше Што треба да се убие дете од плачење заради моите принципи? Да не ми ја види некој градата или половината? Да пазам да не ме погледне некој неубаво заради тоа ? И јас велев не би можела да дојам во јавност и ми беше многу срам на почеток,но тоа ми стана најнормална работа А тоа дека има болни умови по светов е друга работа,и воопшто не се замарам со тоа Зборам за мажи што загледуваат и слично Таков не треба да те видит со разголена цицка за да манијачи
Јас лично не сум ич срамежлива. Едноставно не сакам да дојам во јавност. Имам чувство како да ми се руши приватноста и конекцијата со бебето. Башка ете никогаш не сум била присталица кон тоа. Може не е за сите исправно, ама ако тргаме со факти или со дебата ипак и двете страни имаат што да кажат. Мислам дека е непотребна таква дискусија зашто само ќе избие караница непотребна за различни гледишта.
Ех, што ме снајде вчера со ова доење во јавност. Со колешка седиме во кафич со бебињата, нејзиното заплакува, она мучка АД на маса , го зима во прегратка и му дава...никому ништо најнормална работа нели. После 20 мин заплакува моето (не ми беше истемпирано искачањето со времето за подој јбг), дискретно го ставам под широка кошула од која не се гледа ништо, прво колешкава ме погледнува засрамувачки и ми вели "озбилна си дека тука ќе доиш"? А после и цел кафич гледаше во мене тие 5-7мин, небаре се иска*ав на маса, убив ли човек незнам што... Тежок простотилак, вклучувајќи ја и колешката, се осеќав како на бина во театар, all eyes on me
Е ова и јас не го сфаќам. Наместо да си даваме взаемна поддршка ние се гледаме со прекор. Абе е*и им матер таму, сељак народ заостанат сме. Тоа јас дал сакам да дојам нема врска со првенствено почитување на пред се особата со која сум излегла. И да не сум со неа нема што да се зјапа така. Излези со мене, јас не судам.
Воопшто не се замарај Само нека гледаат и нека се чудат Па овде на секој ќош ке видиш мајка како дои бебе и никој не обрнува внимание Освен ние Балканците,се загледуваме случајно да не и се гледа градата па да има што да коментираме
Мене ова ми изгледа на местено. Реакциите се преусилени. Никој нормален во главата (и да е против доење на јавно место) нема да застане и вака пренападно да гледа па уште да коментира.
Да. Најверојатно е местено. Ама поентата е како другите гледаат на овие две работи. Сигурно и тука што коментираат повеќето што се против доењето лично не би застанале и да навредуваат некого ако дои, а овде поотворено ги кажуваат своите ставови.
Ete taka ubavo, za mene licno ne go poddrzuvam i mnogu pati sum kazala koj sto saka neka pravi, demokratija, no so doza kultura. A i iskreno se doi bebe, a koga ke vidam kaj shto se doi dvegodishno dete toa ne mi e sfatlivo. I ova ke kazam sekade se preporacuva doenje do kaj prvata godina na zivotot, no ete najmajkite ke dojat i do tri ako treba da ne zaboravat da se cukaat vo gradi so doeneckiot staz ko bogami kojznae shto da postignale. Btw paralelata e malku izopacena tuka, dali neshto poddrzuvash i dali neshto ti smeta se dve razlicni raboti. Prost primer ni protestive ne gi poddrzuvam, ama ne mi precat se dodeka imam slobodno pravo na dvizenje.
Szo preporacuva i do 2 ne si dovolni informirana veke koga vikas kolku se preporacuva. Nikoj ne se cuka vo gradi ako doi poveke od edna pa i do tri ednostavno taka resile. A za vo javnost ako e pogolemo od 1g pak na kogo kako mu idgivara. Mene realno sega mi e neprijatno i ne ja dojam nadvor budejki e golwmka ama sum vidlea drugi nisto strasno, barem za mene
Ок кој како сака, јас тоа не го сфаќам еве моето е 8месеци и не и носам млеко насекаде, земам цврста храна за излегување,таа потреба да се дои дете а не бебе во јавност не ми е јасна, но што знам јас ионака не дојам.