Што знам... Како така им текнува... Јас знам кога бев во обид да дојам си ги миев градите убаво пред подој. Не знам,и нехигиенски е баш. Одам по улица испотена на +40,седнувам и му давам да цица... No sense.
Во ред е хигиената, и јас се миев на почеток особено, ама реално и медицински нема потреба пред секој подој зошто и млекото и плунката на бебето содржат антибактериски состојки и ензими. Баш на часови за доење ни го кажуваа тоа пред пораѓај и ми остана во сеќавање. Во врска со жената јас не би доела на таков начин искрено, и ко сум доела на јавни места прво сум гледала да се подмири бебето со потребите, па после да бркам мои работи за кои сме излегле.
Од друга страна-Тоа е исто ко да одиш и да јадеш сендвич. Седни, најади се ко човек. Нека не ти оди во грб.
Доење во јавност? Никако. Разбирам дека детето си има потреби, но сепаќ доењето е приватна и интимна работа. Си има време за се.
Јас не сум доела во јавност до сега и нема да дојам, едноставно не ми е пријатно. Ако планирам да се задржиме подолго носам млекце измолзено, или ако сум немала доволно за дс носам од дома си ја носам пумпата и во тоалет измолзувам Бебето е скоро 3 месеци
Во јавност нема шанси,јас дома се тргам во друга соба а не па на јавно место..кога излеваме да шетаме носам мое измолзено во шише а и пумпата електрична со мене обавезно(работи и на струја и на батерии) ако и е малку тоа ќе измолзам со пупмата настрана некаде и готово.. за се има начин
Па не би рекла за се има начин. Многу пати е дискутирано, што ако бебето не прифаќа шише? Само на форумов колку бебиња/деца знам што никогаш не прифатиле шише.
И да не ми прифатело шише да мора од града , ќе се тргнам на страна во кола или било каде во јавност нема шанси да го дојам не ми е ни мене пријатно ни на тие што ќе гледаат
И јас не сум доела во јавност и не планирам. Како што кажа една членка погоре и јас одам во друга соба да бидам сама со бебуш. Не ми е воопшто пријатно пред други, макар биле и свои луѓе. Инаку гледам секогаш да биде нацицана пред излегување надвор, ако скенчи и давам во кола.
Искрено прв пат тука читам дека треба да ми е непријатно ако партнерот види цицка Глупо е да шеташ по рафтови со бебе на цицка арно само жени да има во бутикот.
Се сложувам дека е навистина " невкусно " да доиш и да шеташ по бутици или улица. Се сложувам дека е неубаво и во езеро/море ( во вода ) да доиш. Но, навистина неможам да сфатам нити пак се трудам да ги сфатам оние кој не дојдат во јавност. Доење во јавност воопшто не е вулгарно ни срамно доколку е дискретно. Дискретно во смисла ... да не се извади цела цицка, да се дигне фустанот нагоре или соблече блузата. Но, да не си го надојам бебето од срам... е тоа не го сфаќам. 5ипол месеци дојам. Никогаш пред најблиските ( од машки пол ) освен пред сопругот не се десило да извадам цицка и да ме гледаат. Но, доколку немало можност каде на друго место да го направам тоа сум ги замолувала или да не се вртат или јас си заземам позиција при што на никој нема да му е непријатно. Друго.... навистина не ми е јасно, зар од дома не излагате или... Слободно доење е доење кога сака, колку сака и каде сака. Сегде низ светов се подига свеста за да се охрабрат мајќите да не се срамат да дојат во јавност, славни личности објавуваат слики, видеа, спотови итн. Но, ете сеуште гледам ве има неколку кој сте сеуште во 1952г за жал. Читам погоре и аи се чудам па и неможев да поверувам во тоа што прочитав.... да идам во вц да се одмолзам за да му дадам на бебе да цица Навистина е смешно да не речам жално. Па добро бре мајќи... па дали знаете колку е тоа јавно вц полно со бактерии и грозно. Никад ама никад не би ни доела дете внатре,а не па да се одмолзам. Друга работа... па некогаш се најмалце 30мин потребни да се одмолзиш за одредена количина. И? Во вц седиш 30мин и лепиш бактерии и смрдеа на шише и пумпица? Тоа не ти е срам и грижа на совест, а срам ти е да седнеш во кафичот или кафаната негде по настраа и да си го нараниш детето. Неверојатно. Друга работа....бебе кога ќе му се прицица што праите? Трчате шпринт до дома, а бебе вришти? Не излагате од дома или темпирате време? Му давате од шише зашто ви е срам? Треба да ви е срам од тоа што сте мајќи-доилки кој сте против и ги пљулкате индиректно оное кој дојат во јавност. Ја дојам еве кажувам сегде освен у вц Значи и пре Џамбо сум доела, у кафич, кафана, парк, клупа, по гости па и у Золшката во Белград каде на секоја втора клупа ќе видите доилки. Срам.... срам ќе ми е да си го осравам детето гладно за да не се срамам јас. Ама ич не се срамам и не ми е незгодно кога станува збор за моето дете кога му се цица. Да се разбереме не ја вадам цицката и да ја пафтам Дојам во рамките на пристојноста и ќе дојам секој момент и на било кое место кога ќе му се прицица на бебе. А, срам треба да им е на оние кој би упатиле разочарувачки поглед према секоја доилка на која и е најбитно бебето да си го нахрани. Никогаш никој не ме погледнал...напротив сум била воодушевена од позитивни реакции. За крај на постов....никогаш не сум се срамела и не се срамам што дојам и горда мајка сум, среќна и исполнета кога ќе заплаче синко за млекце и јас ќе земам да си го дојам каде сака, колку сака и кога сака. И да не заборавите : има многу бебиња кој нејќат шише, има и многу мајќи кој шише не даваат кога немаат проблем никаков со доењето. Се извинувам на печатни грешки и на фантомско долгиот пост колку и да сакав да скратам неможев.
Jas ednas samata probav da dojam vo javnost namestena da ne se gleda cicka I me gledaa kako da sum napravila nesto mnogu odvratno I site pominuvajki gi vrtea glavite I si susukaa edni na drugi.Ottogas nikogas nema da dojam taka I ne od sto nekam tuku od narodot sto mi napravi da se pocustvuvam glupavo
Ништо следен пат нека вришти бебе нека седи гладно само народот да не шушка. Таман посла. Немој ваков муабет жити се. Па не уринираш на јавно место, доиш дете побогу..
Ама ич да не ти е гајле за малограѓанштината и да си доиш гордо со крената глава . Да ми извиниш на израс таквитр веројатно татковците ги доеле па затоа им е чудно кога мајка дои Ич бре ич да не се замараш да си го глеаш бебе и неговите потреби. Тие малограѓанци тогаш и никад веќе нема да ги видиш, само си ускратуваш да уживате и излезени со бебе и ускратуваш све остало. Дојам и ќе го дојам и кој сака нека ме гледа само ќе му се изнасмеам на цел глас во фаца и ќе го/ја прашам дали таткото го/ја доел па им е чудно. И верувај дека незначи ако шушкале дека е во негативен контекст. Напротив шушкаат дрка ти се диват и дека е за пофалба што си го раниш гладното бебе
Никогаш не ми вриштело детето па да трчам дома да му дадам да цица, и да си темпирам , пред излевање му давам да јаде и плус носам шише со мое млеко 150мл си го знам детето ми јаде на 3часа така да за едно излевање сме ок Незнаев дека ако ми е незгодно да дојам во кафана или кафич сум затуцана, не ги навредив тие што дојат јавно јас си кажав за мене
Така е. Не дојам, ама секако кога одам некаде темпирам околу 3 саати да дојдам дома.Сигурно нема со бебе да седам во кафулиња и ресторани по 5 саати, барем сега додека е уште малечко и додека е само на млеко. Друго е кога ќе почне со кашички и слично. А еве моето ако е на шише не сака во галами да пие млеко.
Во ред. Почитувам се. Но замисли ситуација поголемо е, не сака шише а запне ете у моментот сака да цица. Што тогаш? Зарем во вц ќе го буташ? Велиш толку мало ќе рабере да се смири да стигнете до дома!? Нејсе, ваш избор е дали ќе доите во јавност, го почитувам вашето. Исто така го почитувам и изборот на мајките што дојат дискретно во јавност (не на тие што дојат по тезги бутици и сл) . Ама нешто што максимално НЕ почитувам е некоја друга да ми рече дека неа и пречи јас да дојам дискретно јавно. За жал ми се таквите навистина. Може да замислите што све и смета во животот чим ова би и сметало.