Дискретно да. Пред некoлку години видов жена во чекална во болница како дои бебе. Па и нe беше баш многу дискретна. Карши неа седеше средовечен маж и ја гледаше како да не видел цицка никад у живот. Изглеа и му се дигна на говедото. Никад позгрозена не cум била.
Не верувам дека таа мајка отишла на шетање до болница оти така и текнало. Во чекална баш и немаш многу избор.
Абе кога ќе имам свое можда друкше ќе мислам, ама другаркиве кога си ги дојат децата кога ми се на гости им обезбедувам катче или излагам од соба, некако најзближувачки момент ми е хранење на бебе, од цицка или од шише, мене ми е непријатно да му висам над глава, како да му го "крадам" тој интимен чин со мајка му... Велам, може ќе се премислам, сега за сега така се чувствувам.
Не знам како ќе правам, се надевам дека нема да дојам во јавност или ќе можам да дојам најскришно и најпристојно што можам, но не знам како ќе ми налагаат околностите и како ќе размислувм откако ќе се породам, ништо чудно од тој момент да омекнам дополнително во ставот кој сега го имам, ама кон другите мајки, а мене срамот ќе ми остане, тоа е сигурно. Мене не ми е интимно доењето на бебе, најнормално задоволување на гладот на бебенцето е тоа, кога тоа му е единствен начин на исхрана, мене моите гради ми се интимна работа и апсолутно немам намера да ги споделувам со сите минувачи, без разлика за која намена треба да ги изложам, ама кој како си мисли дека е во ред нека си прави, мене лично ми е срам да ги извадам во јавност, а срам ми е и да гледам туѓи гради, и затоа би внимавала тоа да е најдискретно што може ако веќе морам да го надојам надвор,
Секој е различен, сите имаат различни ставови и мислења, колку што знам форумот е тука за да се споделат искуства и совети а не за осудување. Иначе и ние што не доиме во јавност слободно си излегуваме од дома кога имаме потреба и кога сакаме, детето ни еднаш не ми плачело а не па да вришти за јадење. Ако ми се случи ке кажам како сум изреагирала. Иначе не се измолзувам на wc шољата и постои начин ако сакаш да го направиш измолзувањето хигиенски, а мене за измолзување ми требаат 10 минути. Многу лесно е да нападнеш некого, следно кога се однесува нешто на мене без навреди ке те замолам.
И мене не ми се случило да плаче од глад, тоа додека беше мало. Сега иако давам и ад, па и 3 оброци, ќе и текне додека сме излезени да цица. А јадена и напиена од дома. Што да правам во таков случај? Си седнувам на клупа и си дојам, за 1 минута и врви мерак и си продолжуваме со шетање. Со неа и онака само во парк шетам, или на јадење некаде По институции и бутици не ја носам. Ми се има десено јас да дојам на клупата, а по корзо шетаат група граѓани за протести Често се покривам со тетра, не за мене, неа да и е помирно. Тотално сум индиферентна кон доење во јавност, кој сака нека дои, кој не-не. Ама тие на кои му е доењето во јавност одвратно и срамно никогаш нема да ги разберам.
Јас ич срам немам нема каде немам доено значи секаде еве 14м успешно се доиме со синко каде и колку си сака. Баш летово на одмор во Бугарија пред badroom плажата си се сончаат пиштол голи мене зшто да ми биде срам бебе да надојам? Вадам цицка му давам дете мирно најадено а мајка среќна оти повеќе ќе останеме на плажа.
досега не сум доела во јавност, а шетаме доста. обично се измолзувам дома, пред искачање па му давам од тоа. некогаш сигурно ќе се случи , дискретно, најдискретно
Искрено, гајле ми е дали е дискретно или не. Таа е гладна а јас сум должна да ја нахранам. Кој му смета нека не гледа. Гадно им било, непријатно им било. Нека мижат! Коа гледаат филмови за возрасни ништо не им е гадно? А ме загледуваа у парк ко да сум од марс падната. А ние цело друштво, цицки на мегдан која на клупа која у трева седната. Групно цицање- баш беше убаво. Мажите на сите тука и ние не се криевме.
Ве молам за совет. Како излегувате со бебе што е на доење? Страв ми е ако и се пријаде, а треба да ја дојам негде
Скоро сите тука од форумов, кои дојат, дојат апсолутно секаде. Во парк, во кола, на клупа, во кафич, кафана,..... ако ти е незгодно, а си во мол, има соба за доење. Или можеш да се покриеш со тетра и да доиш каде и да си. Тоа не е срамота. Греота е на бебе да му се цица, а ти да не му даваш.
Вадам цицка и си јаде. Поминав и јас низ истото. Првите пати се препотував, купив и марама за доење... Сега немам проблем. Пример Вчера бев во сити мол. Прво го преоблеков и цицаше во собата за доење. Следно почна да плаче додека бевме горе во Окаиди. Немав време да одам до собата, замолив едни девојчиња да ми направат место на клупата и таму му дадов. Трето, најдоле. Сакав да купам уште нешто во Карес и да си одиме ама бебе нејќеше да чека. Во ходникот има премногу гужва, и да застанеш недге ќе те изтуркаат, па отидов во ходничето кај лифтовите. Ја поткревам блузата од едната страна и откопчувам градникот од таа града што ќе цица.
Само првиот пат се препотував, паничев, море и раце/нозе ми беа стресени. Се сеќавам додека најдов клупа, тоа минута имало поминато јас мислев час. Дете си плаче а јас мислам зајдува, се покрив со марама за доење и мислев сите ме зјапаат а тоа никој не ме опулил. Ќе фатите редот, шеткајте и без страв.
Јас минатата недела доев на улица, и тоа на партизанска. На булевар! Туркав количката, бебе вришти за спиење ама не се дава. Пред да почне да зарипнува, ја извадив, дигнав маицата, душна цице, заспа. Три минути работа. Немаше клупа, па на стоење завршивме работа.