Ке се дотерате и на шетање, ете така пази само немој фустани или тесни блузи да носиш па да биде невозможно да доиш без цела да се соблечеш. Ако ти е прво разбирливо е што ти е неугодно. Ке се опустиш со време. Се разбира дискретно ке си доиш и готово. Ништо не се гледа.
Море ќешки да доев, ќе вадев града кај што ќе и текнеше на ѕверкава. Вака шише, вода па се оладила, па моли во кафич да ја потстоплат па мери лажички....ехеее. Плус и ако отидеш некаде цела кутија Аптамил со тебе да не се задржиш повеќе. А за навечер да не збориме ич....
Дојам секаде. И се уште така малку незгодно ми е дека се на различни места, различен народ. И се уште не ми се исполни една желба да видам мајка која дои на јавно место освен мене.
Не е работата за ладно или топло. На секоја кутија пишува на која т се раствора млекото. Се пие ма ца 37 степени, колку што е т на телото.
Ставам, имам две кутивчиња што ми собираат по точно 5 лажички. А водата, оти немам термос, отприлика за 2 часа е веќе неподобна за да се раствори млекото па мора да се потстопли. Не е некоја којзнае каква акција ама па на дојка е мн полесно. Плус и ако сме некаде на целодневна да речеме па ајде едно шише за млеко, друго за вода, резервна цуцла за ако се испрља па немам каде да ја средам ехееее. Ај сега ќе почнеме со кашички па ваљда ќе биде поедноставно.
Uf mene tie kasickite dur ne se nauci asalno mi bea ponaporni. Jade, se ligavi, pluka abe lom. Moze i na sobna.
И во ладна вода може да се раствори прашокот ама се става шишето под чешма со врела вода за да се стопли и раствори убаво. Така прават во болница
Тоа и јас баш си размислував, како и дали загреваат по болниците. Инаку на почеток имав загревач за шишиња со спремно шишенце со вода внатре и само додавав веќе спремна дозерка, за 30сек. имаш спремно млеко. А во лето кога стопли на собна температура давав, ама и педијатарот така ни кажа. Конкретно аптамил убаво се раствараше, немаше никогаш остатоци на шишето.
Мајче, најискрено, со флаша ми е сто пати полесно. Пред некој ден испаднав сама со две, и на двете истовремено флашите им направив, средното ( од доење се префрливме на аптамил и 1+ уште така тераме) само си држеше, на малото јас... завршија за 5 минути работа и на раат кафе допив во кафичот.
Јас кога излегувавме со бебуш на почетокот ( 3недели+), без да се измолзам претходно и да имам млеко со мене на шише...не излегував од дома. Амаа, како расте (многу голема 5+ е сега)ја се по опуштена станувам па така почнав да дојам кога има потреба, без притоа да барам соби за доење или кола, и конечно завчера у чаптер- сити мол ја доев, пие по 5-8мин и ништо не се гледа- јеии за мене.
Од прв ден до еве 14мес е сега дојам секаде каде и да посака На клупи, во трговски центри, стоечки, во ресторан, кафана, кафич итн. Значи секаде каде и да посака во моментот му давам да цица. Само во wc баш wc wc не сум доела и никогаш не би го доела,зашто ни јас во вц нејадам. Башка сеа поголем па кога ќе почне да вика " мњам мњам - циц циц " нема неможам или каде што зашто урла. Па седнува во скут со раширени нозе и си цица. Никигаш не ме тангирале нит ми било срам од околина. Сепак не ја соблакам близата па цицки на мегдан. Све е во рамките на пристојноста. Марама никогаш не сум стаила да го покријам ,ни јас не се покривам кога јадам ( за ова имаше голема кампања за НЕ на марамите за покривање зашто нема од што доилка да се срами и да покрива дете. Пред татко ми и па и пред машки пријатели кој ни се блиски исто така цицка не вадам, наоѓам и ден денес позиција па макар и со грб свртена и го дојам. Многу полесно е кога се бебиња за да се дојат во јавност отколку вака поголеми . Па веќе почнуваат и коментарите од типот : Ауууу зар уште го доиш ? Па види го бре момче е срамота е да цица? Аааа,јас пред 1г го одбив и почнав Битолско да давам! Лелеее види го збори,трча и полна уста заби и цица бе срамота! Итн крај се нема од душебрижници и пред таквите сега за инат и да не му се циц го седнувам и му нудам Интересни ми се фаците кога им ги гледам иако ме фрустрира ама за инат.
Јас првиот месец шетав блиску до дома, се враќав да дојам и пак шетав. Сега имам прекрасна марама за доење и си го дојам дискретно покриена на клупа некоја доколу е изводливо. Пред некој ден на кафе една мамичка си ја доеше керката, полн кафич, луѓево не ни приметуваа, без марама без ништо. Бравооо.. Јас не можам така, не можам ни со луѓе што ги знам. Освен мм, ни моите не ме виделе да дојам непокриена. Обично одам во соба.
Лично немам проблем да дојам во јавност, повеќе е технички проблем што бебево сака мир и тишина да јаде. Поточно се ја интересира како некоја стринка, па ако некој зборува во близина тоа е многу поинтересно од јадењето и испаѓа дека повеќе се врти наоколу него што цица. А бидејќи и цица по распоред, а не кога сака и како сака, лесно се планирам да бидам дома за цицањето. Во ретките ситуации кога сум доела во јавност, не се покривам, исто како што јас не се кријам кога би јадела хамбургер.
Скоро во Охрид во Ноа кафичот една мајка ќе се потепаше местејќи марама за доење, уствари бебе пафта она мести и се препотува Па срам не срам и пријдов да и кажам дека на сите повеќе им привлече внимание павтајќи и борејќи се со марамата неголи што некој ќе приметеше дека извадила града да дои. Се засрами и за мое изненадување џитна марамата и надои бебе на раат Ама бебе мое кога виде, кога се развика ,, тите, тите, тите..,, па и покажува со прстот и прави ам, ам и пак сите ја зазјапаа