Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    213 глас(а)
    52,1%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    142 глас(а)
    34,7%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,6%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,6%
  1. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Дојам кај ќе посака бебка без да се покривам со специјален марами... Дури и на сред плоштад во Охрид :D кога јас можам да лижам сладолед и да ручам на плоштад, може и бебе.... Забележав дека постарите луѓе (без разлика мажи или жени) немаат никаков проблем, дури и ти прават место да седнеш да надоиш... :)
     
    На kozuf, mariz, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.768
    Допаѓања:
    23.397
    Пол:
    Женски
    И јас Охрид кога бевме го доев во турска чаршија :) седнав на една клупа и си се нацица мажето, ова навечер, а дење на плажа редовно.
     
    На kozuf, Fenix05, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  3. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Дојам дискретно, не се покривам со марама ама се вртам на друга страна кај што има услови (пример во ресторан одам на некоја маса до ѕид и се вртам кон ѕидот). Инаку пред жени си дојам, а пред познати мажи избегнувам, некако ми е непријатно, освен пред брат ми и татко ми.
    Ама ако ептен нема каде би доела пред кој било. Сепак моето дете ми е поважно од што било. Иако кај нас има сеуште предрасуди на ова поле, и има мажи кои зјапаат како манијаци... Ми се случи ова еднаш еден демек во бебето гледа он у цицка ме зјапа, секакви ретардирани има. |(
     
    На kozuf, VDT2906, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.782
    Допаѓања:
    33.675
    Пол:
    Женски
    Доев без гајле.Особено оти многу плакаше морав да и дадам "утеха" кај и да сме.
    Еве жива вистина
    Screenshot_20190905-220641.jpg
    Пред да имам дете не сметав дека тоа е срамно.Кога ќе видев или видам жена се вртам на др страна заради жената да не се чуствува глупо и засранено.
    Најинтереано ми беше една жена забрадена без срам извади града кога требаше бебето да си го дои без да се покрие.Маж и беше до неа и ништо не и велеше.Па се чудев после зш е забрадена.Па зошто јас би се срамела:smirk:
    Уживајте си мајки додека имате млекце и сакаат да цицаат тоа е благослов, а не срам:)
     
    На kozuf, Fenix05, *malenavolena*87 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Адидас со прекрасна кампања лансираше нова линија Now is her time:
    A52AA643-D940-4C1A-89C0-F9463DF2464A.jpeg
    Доење во јавност не смее да биде дискутабилна тема е пораката.
     
    На kozuf, mariz, RespectAndObey и 8 други им се допаѓа ова.
  6. lexi

    lexi Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Значи дојдов да читам коментари што е “socially acceptable” тука кај нас, зашто за прв пат со бебе доаѓам во МК. Никад немам буљено у жени што доеле или пак незгодно да ми било. Кога малата ми беше само што родена се пикав во wc-а во Америка, па после божем марама и сеа веќе ништо не користам. На 8 месеци дете не трпи марама да се гуши додека јаде. Ако на некој не му е пријатно, не е принудуван да гледа. Јас секако пробувам да бидам по дискретна за свој комфорт, ама не одам во крајности.
     
    На candy.cane, lackygirl и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  7. Aerial

    Aerial Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Незнам каде да го поставам прашањето, па еве ќе пишам тука.
    Ме интересира во каква состојба е собата за доење во сити мол од аспект на хигиена и услови за доење?
    Инаку во врска со темата,
    потполно го подржувам доењето во јавност, сепак доколку има услови преферирам да се одвива на дискретен и културен начин
     
  8. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Јас еднаш бев, се осеќав ко во затвор, една фотеља и лавабо. Следниот пат на клупата пред венето. Инаку беше ок, ама немаше гужва кога бев, не знам како е во гужва.
    Јас имам марама за доење, и секаде го доев, дека бев надвор нон стоп на прошетки, на кафе..
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.894
    Допаѓања:
    15.806
    Пол:
    Женски
    Не би.

    Ако го правам тоа, би користела од тие марамите.
    Едноставно сум срамежлива личност, и не сакам доење во јавност.
    Ми е некако премногу интимна ствар доењето
     
    На nena2010, Misskirova, Lavica2602 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Psychologist

    Psychologist Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Мајки, дали и каде имате сретнато или купено марама за доење?
    Не мислам нели на обичните марами, муслин пелени, туку баш од оние со отворче за бебето да има простор да си дише.
    Немам проблем со доење во јавност, но сакав да си имам една таква за секој случај. Гуглав по интернет, ама не излегува нешто баш да има шо продавнививе. Фала
     
  11. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    8.764
    Пол:
    Женски
    Во Локо кроко се како наметки
     
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Поодвратно нешто од вадење на дојката во јавност нема!! Се гадам од некултурата на жените што го прават ова бидејќи не можеле да седеле дома им (facepalm) Никогаш не би излегла да прошетам со некоја што го прави тоа во јавност :worried:
    Затоа денешниве деца се невоспитани кога мајките што прават што останува за децата
    И да !Не ми е галје слафице ако те увредив со постов , вистината боли !
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    8.764
    Пол:
    Женски
    А што има лошо ако е соодветно скриено? И зошто доилка треба да седи дома додека цица бебето до 1.5 2 год? Или мислиш апла цела дојка надвор?
     
    На H.VAGA, 1209, Alm. и 3 други им се допаѓа ова.
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.816
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Од ведро небо .. што те поттикна за ова да го напишеш ? :rofl:
     
    На LiquidLuna, KuklickaSk, H.VAGA и 7 други им се допаѓа ова.
  15. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    5.874
    Пол:
    Женски
    Некогаш оној кој што пробува да навреди некој, всушност успева сам себе да се навреди. Мајките ќе си дојат во јавност, а твојов коментар само ја обележува сликата за твојата култура.

    Срамота. Сите мајки од пораѓање до одбивање треба дома со синџири да се врзат. И закон за тоа да има. Јустиција кога оди надвор нема попаметна работа и буља во туѓи дојки, да не и се прават стресови. Тие па бебиња уште побезобразни, како смеат да цицаат, неваспитање. Нека седат гладни, на што личи тоа да цицаат. Треба дозвола од Јустиција прво да побараат.
     
    На LiquidLuna, KuklickaSk, Zumbulche и 19 други им се допаѓа ова.
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    5.874
    Пол:
    Женски
    Па ни твоето не е подобро. Жената не треба да се крие за нешто што е толку невино и искрено. И цела цицка да е надвор. И двете нека се. Дои, не прави секс шоу.
     
    На IRBBB и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  17. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.060
    Допаѓања:
    3.061
    Пол:
    Машки
    Не гледам ништо проблематично во доење во јавност. Децата не се на батерии и не може гладта да ја контролираат. Никогаш не сум блеел во жена што дои во јавност, ниту сум го сметал за „вонреден настан“.
     
    На LiquidLuna, IRBBB, Anaroz1 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    8.764
    Пол:
    Женски
    Не не, пробувам да ја сфатам што сака да каже праведнава. Еве вчера прв пат ми се случи да морав да го дојам надвор и пулс ми беше 290 зошто сите ко да не виделе се вртеа ѕиркаа и се чудеа. Затоа прашувам
     
    На Zumbulche, Трагедијаупмм и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Пи*она не боли сите нас што мислите вие Славици..лол :D
     
    На LiquidLuna, Zumbulche, M.B. и 13 други им се допаѓа ова.
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    5.874
    Пол:
    Женски
    Гледај ги и ти следен пат. Нека им падне незгодно што гледаат во тебе. Тоа се затуцани луѓе, според мене, со настрани мисли и умерена патологија. Охрабри се да доиш надвор, времето е убаво, дома сигурно нема да седиш за поедини лица да не се згадат. Не им е гадно, туку си имаат скриени желби за туѓи гради. Нека се замислат тие зошто им пречи. Има нешто...
     
    На LiquidLuna, Филотеа, IRBBB и 7 други им се допаѓа ова.