Тоа се закржлавени умови. Јас па напротив, имам позитивно искуство. На почеток и јас бев будала, се срамев, мислам и тука дека пишував ама после се средив. Никогаш никој не ми обрнал внимание, ни позитивно ни негативно, ни маж ни жена, најнормална работа на свет, а и да ме погледнале и дури и да префрлиле, ку**обољата ми е поголема од нивното его.
Не сум мајка ама кога би била, знам дека нема да ми е пријатно во јавност да дојам. А неам ништо против, какво гадно или одвратно, природна, нормална работа е но знаејќи го општеството какво е, а и себе сѝ, непријатно би ми било ептен па не би се охрабрила, си знам. Ова зборам како што пишавте, дојките скроз надвор да се, а ако се покриени, тогаш секако дека би можела. Мое мислење, барем за сега, а и во иднина исто би размислувала гарант.
Видов една таква прее седната со цицката надвор и сите ја гледаа каква брука Жал ми е Слафице што се најде увредена , со вадење цоцки во јавност не можеш да се дружиш со мене Не ти го сфаќам постов ,врати се во 3 то одд да се научиш правилно да споиш реченица А зашто на пр не се измолзите домави па ставете го во шише па излезете шетајте , ова е чисти блам со доење во јавност
А ти знаеш дека не секоја што дои може да измолзи млеко доволно за бебето да се најаде? Некои ни 20мл не може да извлечат, тоа не значи немаат... туку едноставно е така, а може бебето повеќе да исцица. Јас сум за доење во јавност на мали бебчиња кои се само на доење, кои не јадат ништо друго. За поголемо верувам дека секоја мајка може да се организира да го надои дома, а за надвор да даде кашичка и сл. Дете од 1,2год да се дои во јавност стварно ми нема смисла. Ама овие бебчињата кои кога ќе писнат, а само цице ги смирува.. како? Имавме ситуација каде другарка не сакаше да дои во парк... да, во парк каде има места каде може и да се подзакрие и бебево занеме од плачење до кола. Дека одеше до кола, таму да доела...
Воопшто не гледам проблем во доење надвор во јавност. Мене искрено ми беше незгодно да вадам града во друштво ,пред моите,пред другарите на мм. Ама тоа сум јас. Не сите сме исти. Надвор во парк ,во мол ,во кафич ,ако е секако дискретно не гледам проблем.
Нема проблем , туку незгодно е , на пример мене ми е незгодно ако некоја го прави тоа пред мене а незгодно им е и на другите Е сега некој што нема ни срам ни перде , и не можи дома и да седи зш ќе се испотепаат со маж и и свекрва и и ќе ја грабне количката детето цоцките и пичиме на корзо да доиме
Не знам зошто таа да седи дома, а ти да шеташ... Седи ти дома, за да не ти биде незгодно, а мајката и бебушот нека си шетаат на убаво време.
И нас ни е незгодно што постојат вакви ограничени умови како твојот! Засрами се жена си!!! Нема ништо погрешно од тоа да му дадеш храна на бебето. А тебе ако тоа ти е толку страшно тогаш баш ми е жал но ќе мора да се соочиш со тоа Комотно седи дома и дој ги твоите деца но ние што имаме слобода и слободно размислување ќе ги доиме децата надвор Ограничена си!!
Ама види ,јас реков дека мене ми беше незгодно . А во случај кога не би ми било ,нема што за другите да берам гајле а бебето да ми е гладно.
Така е мислиш тоа со измолзувањето. Као ќе си се измозлеш. Ретки се тие што можат да извадат со пумпа доволно за бебе. И плус што ти е тебе гајле па и на другите за појадокот на едно бебе.Кога сака мајката и каде сака ќе дои! Кучиња носат по ресторани тука им симнуваат сад за да пијат вода или на масата, или шетаат и секаде мочаат а мало дете да се дои неможе? Боже сачувај!
Јас не знам како не сфаќате дека тоа е срамота да вадите цицка во јавност , верувајте дека незгодно е и ви се имале подсмевано верувајте јас сум слушнала коментари и уште толку ми е одвратно Ако не ви чини бракот не значи да одите со цицките бебето надвор оти ќе се испотепате домави Видете со овие размислувања да го прифатиме ненормалното како нормално нече мочи Инаку за срам засрамете се вие , јас не ваѓам полов орган во јавно место И тие што ве гледале се подигравале со вас , се подсмевале , јас не би сакала да бидам мајка што ќе го заебаваат син ми што на мајкаму и ги виделе цоцките цел град ззш што ќе прави Слафица домаа Прајте што сакате пред мене не правете го одвратно е и не ги можам коментарите што ги слушам одстрана П.с гледајте и да ги воспитате добро децата ,подобро од вас
Јас мислам на Јуста и фали љубов па да дојде да ја гушнеме вака сите ние Слафици со пресните дојкички Мислиш мајката и направила пена од млекото во макијатцето па непријатно и станало на неа и тие околу неа. П.с јас со мажот бев кога доев надвор, не ќе да е до тоа....
Фала ти , љубов имам ,пресни дојки имам , во блажена состојба сум и не намеравам во јавност да ги вадам дојките
Ако,тоа е твој избор ,само сакам да кажам дека во таа година на доење може да ти се случи бебето да заплаче кога ти си мислела дека му е рано, ете млеко не си измолзела,пешки си далеку од дома, како ќе постапиш?
Пак заминавте во 15 век. Доење. Си го доиш детето, па повозвишен чин нема. Да знам кога ќе имам дека треба да седам дома со детето, оти не дај боже манијак ќе ме сексуализира.
Со мало бебе посебно до 3 месеци не можеш точно да темпираш кога ќе му се јаде на бебето. Тоа не значи дека мајките кој дојат не треба од дома да излезат. И јас сум доела ќе покријам со тетра или ќе седнам негде подскриено. Сигурно нема да го оставам бебето гладно. Исто така некој не можат да измолзат доволно, а измолзено млеко треба да седи во фрижидер и не е практично да се носи посебно летно време.
Нека стане мајка, па ќе правиме муабет. Па ако и се погоди бебе ко моиве шише да не сакаат за жива глава, не знам како ќе и помине тоа со одмолзувањето. Не е се црно и бело. Можеш да доиш било каде без да ти се градите на видик на секој. Сум доела во парк, на плажа и сл но дискретно. Многу ми се интересни жениве што пред да скокнат викаат оп. Нека ти се распишти бебе, па ќе правиме муабет што ќе ти биде приоритет, бебето или некој рандом особи у парк.
Какво вадење полни органи бре девојче ?! Од града се дои , не од Вулва . Боже мили , не ми се верува што читам во 21 век од млади луѓе