Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    213 глас(а)
    52,1%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    142 глас(а)
    34,7%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,6%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,6%
  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.223
    Допаѓања:
    125.580
    Пол:
    Женски
    Не сум мајка, ама за мене ова е најодвратниот пост што го прочитав денес на форумов. :puke:
    А, најлошо е што доаѓа од жена и тоа од жена во блажена состојба...
    Каква некултура, бре?
    Твојов осудувачки став е одраз на некултура!
    Бебето зависи од тоа млеко!
    И сигурно мајките надвор и мајкиве на форумов нема тебе да те прашаат за мислење кога бебињата им се гладни.
    Некоја и да сака да носи шише, не може секаде да носи и не може секогаш тоа да му стаса на бебето.
    Они нека си ги дојат бебињата каде сакаат, а тебе ако ти пречи, седи си дома. И не е лошо да посетиш стручно лице оти ваквото размислување не ти е во ред.
     
    На LiquidLuna, KuklickaSk, Kolache na mama и 28 други им се допаѓа ова.
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Женските гради не се полов орган?
    Такоџе :D
    Сигурно ни другарките не ве дружеле додека сте праеле вакви срамоќи
    Како ќе го научиш бебето така ќе прави , нормално е да плаче за јадење но сега има избор и итн Има мајки што не дојат па ?! Да не им плачеле нивните деца ? Јас не сумбила дојана заради што мајка ми немала млеко и ко ке сум плачела мајка ми ми давала млеко во шише ! :mm:
     
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.252
    Пол:
    Женски
    Арно немам вакви другарки како тебе, а арно и другиве што немаат :whew:
    Не е дојана, туку е доена. И да, женските гради не се полов орган :rofl:

    Избор имале бебињата еј... оф леле...

    Вака ти се ставаш со уште неродено бебе во тие што не дојат. Нема да доиш, само за да можеш раат да прошеташ :clap: Што деца невоспитани од таквите како тебе искачаат... тешко на светот од вас.
     
    На LiquidLuna, Kolache na mama, IRBBB и 25 други им се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    5.873
    Пол:
    Женски
    Нормална конструкција на реченица со соодветни интерпункциски знаци. Ако не ја разбираш не знам ни дали вреди некој да се вложи во објаснување на тоа дека дојката не е полов орган. Освен ако ти си светско чудо па се размножуваш преку градите.
     
    На LiquidLuna, IRBBB, Mumoftwo30 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Уф, да ти кажам топ дружба имав.
    Тоа дека нормални луѓе биле околу мене, цицка на нормален не му смета.
    Е сеа на тебе зошто ти смета прокопај подлабоко? Мами ишјус можеби?
     
    На LiquidLuna, IRBBB, Mumoftwo30 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Иначе за вакви коментари ни треба ССО, половите органи служат за репродукција, те молам изрепродуцирај се со цицките ако знаеш како, па ќе ти прифатам дека се полов орган.
     
    На LiquidLuna, M.B., IRBBB и 10 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Ќе следуваат банови ако продолжите со исто темпо.
     
  8. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Искрено мислам дека не тролаш. Не е можно вака некој сериозно да пишува.
    А инаку мене лично на пример уво не ме боли кој што мисли за мене и што зборува. Не сум ни основно ни средно училиште да ме засега кој што рекол. Па демек ќе се подсмевале wtff ?? Ти си таа што се потсмева и на тие што дојат, и на многу други за милион ситуации.

    И да,не се секирај ги воспитувам децата да не оговараат и да не се подсмеваат со други за да можат да го користат мозокот за паметни и продуктивни работи.
     
    На KuklickaSk, Mumoftwo30, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.962
    Допаѓања:
    179.660
    Нит сум приметила дали некој дои во јавност, нит е нешто шокантно. И сум доела, во воз (пат 4 саати), во парк, во чекална кај доктор. Фала богу за таа магична способност на нашите тела- да пораснат ново човечко битие во нас и да умеат да му ги задоволат елементарните потреби во првите месеци од животот.
     
    На LiquidLuna, KuklickaSk, IRBBB и 27 други им се допаѓа ова.
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    5.873
    Пол:
    Женски
    Како може да биде нештото срамно и безобразно, ако природата го дала за една првична физиолошка функција.
    Се нешто жената да се покрива. Хардкор муслиманите ги тераат жените да се покриваат од глава до пети. Како што може да видиме, секакви не има што и доењето во јавност пречи, треба жената шатор да си понесе за да дои. Нека оди членката во шеријатска земја, нема ништо ,,срамно" да види.
    А кога ќе се размисли подобро, не е жената таа што треба да се покрива и крие, туку да се позанимаваат психијатрите со оние што сакаат жената да биде покриена. Според мене има само една причина. Латентна лезбејска сексуалност или овие радикални силувачи што не знаат да си ги зауздаат половите органи и да мислат со мозокот.

    Не знам зошто се има потреба да се ѕвери во луѓе што нормално егзистираат во секојдневието.
     
    На Chantal, Mumoftwo30, Miss666 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.534
    Допаѓања:
    201.646
    Пол:
    Женски
    Избор се нема секогаш.
    Прво скокни, па речи оп.

    Секогаш кога сум рекла мое дете нема вака или онака, ми се удрило од глава.

    Градите не се полов орган, тие се орган наменет за прехранување на потомството, тоа што општеството ги сексуализирало е друга работа.

    Ако е срамота бебе да цица во јавност, според тоа, срамота е да јадеш во ресторан, да пиеш кафе или вода додека си излезена.
     
    На LiquidLuna, KuklickaSk, IRBBB и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.162
    Допаѓања:
    17.652
    Ете моите не се научија со купени 10 вида на шишиња. Не е ретко доените бебиња да не сакаат цуцли и шишиња. Од педијатарот ми беше кажано- Џабе се трудиш страствените цицачи често не прифаќаат шишиња.Моите од 6м пијат од чаша и што да правам јас? Дете што е на адаприрано нормално дека ќе прифати шише кога е гладно. Дај едуцирај се малку пред да родиш.По твојава логика требаше да ги одбијам од цицање, да ги префрлам на адаптирано т.е да ги принудам да прифатат шише. Само за да не дојам во јавност.
    Извини ама развојот и здравјето на моите деца ми е побитен од мислењето на некои ко тебе.
    А тебе ти посакувам лесна бременост, живо и здраво бебе што не сака шише да видиш како ќе се покаеш за глупостиве што ги изнапиша...
     
    На LiquidLuna, IRBBB, potatoface и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека цело ова мислење и е наметнато од маженцето нејзино или од друг машки член на блиското семејство. Едноставно неможам да прифатам дека идна мајка осудува други мајки што си ги дојат децата. И дека ради тоа станувале невоспитани (facepalm)
     
    На LiquidLuna, IRBBB, Mumoftwo30 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Конкретно на темава дури и анкетата погоре ми е безвезна. Што има да се поддржи? Сосема природна и нормална работа. Сеедно ми е,ако избрала мајката доење наместо хранење со АД зошто да биде “знак” прашалник дали е ок да го дои во јавност или не? Колку што некое поголемо дете има право да јаде во јавност сладолед или голем човек хамбургер толку исто е нормално и бебе да цица. Како е можно ова сеуште да се дискутира? Поготово помеѓу жени. Дојките на сите суштества од женски пол се со цел да го хранат во првата година новороденчето. Не е за секс, невино суштество пие млеко од нив, нема што да гледате во мајките кои го прават тоа! Терајте си по патот!

    едит: од такви како членката јас децата си ги покривав додека ги доев( на плажа во болница и слично) за да ги заштитам од сексуализирање и слични гнасотии, а не дека се срамам. Пред да имам деца имав чувство на срам на секаде ( мажите наметнале сексуализирање и ние сме потклекнале на тоа,носиме корсети, секси градници и слично) но од кога родив не се срамам тоа е храна за моите деца.
     
    Последна измена: 5 мај 2024
    На Luna91, lackygirl, TammiB5 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Не ја бранам воопшто, дојдов за болдираново. Ич не треба да му е гајле на никој друг зошто една мајка дои или не. Само за ова дојдов. Нејзина работа. Ако така мисли дека и е (ќе и е) полесно во ред. Имам другарка што од слични причини не се ни потруди да дои. Нејзина работа, моја ич. Сега, кога веќе постои избор, зошто да не.
    И јас уште не сум трудна на второ, ама уште сега сум повеќе од сигурна дека и да имам млеко (што немав на првово) ќе давам ад пак.

    А иначе на темата, би доела во јавност, ама покриена, зошто нема потреба секој што ќе помине да ми ги гледа градите. Не е дека е срамен самиот чин, туку покажување на дел од тело што не сакам секој да ми го гледа.
     
    На Anyshka и desperate15 им се допаѓа ова.
  16. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам што сакаш да кажеш, ама малце агресивно го кажуваш. Да, глупо е, извади ја ****** пред било кого и не се замарај "нема ништо срамно". Ама не е баш така. Една комшика, пред свекор, двајца повозрасни комшии и уште две комшики, така си ја извади ко никому ништо, не знаеа луѓево кај да се довртат да не гледаат во неа, од незгодно.

    (ова општо го прашувам, не се однесува на тебе) Зошто ко така жени ви смета свеки да ви виси над глава кога доите или ви смета ако ви улета во соба, а вие голи и кога ќе ја чуете добро познатата "ајде де, жени сме, не е дека не сум видела"?
     
    На Anyshka, BlackNight и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.245
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти кажам зашто ми смета кога влегува и ми виси над глава кога дојам, пример денес бевме кај нив и на секои две минути кога цицаше бебево, доаѓаше или свекор ми или свекрва ми за да ме прашаат дали завршила со цицање за да им ја дадам. Свекор ми дури се дрзна да ми каже ајде дај ја, доста и е?! Као wtf. Друга причина зашто би ми сметало немам.
    Иначе дојам во јавност, искрено не се замарам што мисли било кој кога бебето кое патем има месец ипол ми е гладно и плаче, а е само на мајчино млеко. Бебе ужива во цицањето и друго не ми е важно.
     
    На Mumoftwo30, 1209, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.252
    Пол:
    Женски
    Така и возвратив зошто рече и она дека можеме во шише да им даваме, па дури и дома да си седиме... само никако да не доиме во јавност. Исто ти е, кој што сака ќе си прави да.
     
    На Mnik и Annath им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.252
    Пол:
    Женски
    Па било кој да седи до мене и да ме гледа и дрдори, би ми сметало. Не дека ме зјапа во гради.. туку би ми сметало во тој момент да зборувам. Јас и дома кога сум доела, сум си се тргала сама на страна... сум си сакала во мир да си дојам. Нормално дека нема да дојам, муабетам, пијам кафе, ручам :D Еве трудна со трето сум, две дечиња од 6г и 9г.. па би одела на страна или во празна соба да си дојам.


    Ова прашање не е лично за тебе..
    Како го замислувате тоа доење во јавност? Дои жена и мафта со градата на секој што ќе помине :D Како незнам не ви е и незгодно вас да зјапате во градите нејзини? Тоа е исто така незгодно како некој да јаде сендвич, нешто во ресторан, сладолед... и вие во храната и уста да го зјапате.
     
    Последна измена: 6 мај 2024
    На Mnik, ArabellaStarfall, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Истото го помислив, што мислат на тоа доење во јавност? Градата една мили секунда е гола додека ја фати бебето па ја пушти,и да не си покриен до брадавицата ти стои блузата,брадавицата е во уста кај бебе, како се гледаат градите јас ств не разбирам? Или мислат баш дека мафта некоја :rofl::rofl:
     
    На kalinaka, LiquidLuna, Miss666 и 9 други им се допаѓа ова.