Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    213 глас(а)
    52,1%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    142 глас(а)
    34,7%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,6%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,6%
  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.223
    Допаѓања:
    125.580
    Пол:
    Женски
    Нема ништо незгодно во природен начин на хранење на бебе.
    Зјапачите наместо да зјапаат, треба да станат и да се запрашаат зошто зјапаат. И потоа да одат на консултација кај стручно лице.
     
    На LiquidLuna, Mumoftwo30, Anaroz1 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    8.177
    Пол:
    Женски
    Верувај, да знам дека има некој со вакво размислување ко твоево до мене, од инает ќе го надојам детето во јавност пред таа личност.

    Арно ти рекоа, прво скокни па викни оп. Стварно мислиш дека како ќе го научиш бебето така ќе прави? Супер, еве и јас мислев дека се ќе јади, ама има јадења што за жива глава не сака да ги јади. Од другарка ми синчето воопшто не сакаше да проба адаптирано млеко. Имало избор, имало мајки што не доеле. Да. Ама ако имам доволно млеко и ако сакам да дојам, зошто да му давам адаптирано млеко? И ко што тебе ти е непријатно да гледаш жена која што дои во јавност и мене ми е непријатно што има жена што размислува вака ко тебе. И сега ШУ ПРАЈМЕ?

    @Mnik избор на доилката е пред кого сака да дои. Може пред некој непознат ми е полесно да надојам отколку пред свекрва ми.
     
    На flower55555, Marsi*, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.768
    Допаѓања:
    23.395
    Пол:
    Женски
    Таа со такво мислење нема ни да дои.
    Господе Боже што читам :worried:
    @Justicija прво врати се во основно на час по биологија да си научиш за полови органи после ќе прајме муабет :tmi:
    Вакви коментари од жена, а посебно бремена жена ми е срам и да ги читам :x

    Доев во јавност и со првото, дојам и со второво, со второво повеќе пати оти повеќе излегуваме. Си носам тетра со мене и се покривам, не мафтам со цицките надвор пред туѓи мажи :rofl: да не растурам бракови ^_^
    Цицкиве не ми ги видел никој.
     
    На LiquidLuna, Anaroz1, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    7.093
    Пол:
    Женски
    Море мафтајте си со цицки и ич да не ви дреме дали некој ќе ги видел, што некој ќе помислил или рекол. Нит да се оправдувате, нит да се криете.
    Кога ќе помислиш колку е само тешко на почеток, додека се воспостави лактацијата и кои се се придобивките од доењето, ни на крај памет да не ставате за другите. Ем е секогаш тука, свежо и топло, најхранливо и најхигиенски. Башка сигурноста и толината што му ја даваш на бебе. Особено бебе, мало бебуле.
    Та ќе макнеш термоси и млека, ќе стерилизираш, за туѓи срамови. Аха ме доболе искрено.

    Арно рече една членка погоре, оние што им смета, треба да се запрашаат што не е во ред со нив.
     
    Последна измена: 6 мај 2024
    На LiquidLuna, Chantal, potatoface и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    8.368
    Пол:
    Женски
    Што побогу прочитав!???

    Ај кога ќе станеш мајка ќе праиме муабет, пиши пак тука ама биди искрена.;)

    Зашо сите што се прават вака "паметни" додека немаат деца, знаеш како им го "лупнува" во лице животот??? Мн јако! :hai:
     
    На Annath, Luna91, flower55555 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Rovena

    Rovena Активен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2023
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Моментов дека градите биле полов орган... Да прашам само женските гради ли? Машките не? Дека машкиве слободно без маици се шетаат. Или дека нивните не растат големи не се полов орган? А во тој случај кај жените со мали гради како е? Не разбирам :?:
     
    На LiquidLuna, potatoface, unearthlysarah и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    21.686
    Пол:
    Женски
    Доење во јавност е срам, пошо е покажување полов орган...
    Ама сликање по купачи танга е ин.
    Е моја чудесна земјо....
     
    На LiquidLuna, potatoface, Miss666 и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Па проблемот е што не знам овие што се за слободно вадење гради било каде, пред било кого, како го сфаќаат тоа. Доев ептен кратко време и ептен ми беше незгодно кога така "разголена" свекор ми си дојде горе ко никому ништо, па после кога ме виде му падна незгодно и си замина.
    Друга работа, јас не ги сфаќам овие што дојат "нескриени" да речам, ко демек што сакам ќе правам, вас треба да ви е незгодно, зошто седнати на гости кај братучед ми, во мала соба (дневна), снаа ми седи карши мм, тука јас, девер и', тетка ми и тетин ми (свекор и, свекрва и) она си ја извади лабаво од градник и си седеше така ко нешто најнормално, детево уште не и беше наместено и тоа така уз муабет го направи тоа и една добра можда минута така седеше. Мм одма фати телефон си гледаше во него, ај јас нели жена сум не е толку страшно, ама тетин ми, девер и? Тетин ми избега во кујна. Значи според мене (не треба никој да се согласи со ова) нема потреба никој брадавицата да ми ја гледа на изволте, зошто треба да си го нахранам бебето. Значи мене лично ми е незгодно да сум во таа ситуација. Да, има начини и има место. Јас дур доев така тој прекраток период, се покривав со тетра преку рамото, позади главчето на бебе и доволно е. Според мене пак ќе нагласам.
     
    На Anyshka и GirlVolley им се допаѓа ова.
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Избор е да, не викам не. Чисто компаративно спомнав. Зошто пре ќе дојам пред мајка и свеки, одколку пред непознат.
     
  10. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Па исто ти доаѓа, жената што сака да дои, да се премести на друго место, а не пред стари дртала да вади града. Јас ова би го направила.
    На плажа зошто не одиме топлес сите? Заради нас или заради другите?
    Јас ќе си кажам заради мене. Не ми е сеедно секој да може да ми види интимен дел. Да, за мене градите се интимен дел.
     
    На Anyshka и Misskirova им се допаѓа ова.
  11. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    8.368
    Пол:
    Женски
    Добро и ова е претерано за мене, јас не сум правела така пред свекор ми, или татко ми, брат ми исто... Ако немало можност може да се свртам на страна скроз и да му дадам на детето да цица, ама така лабаво пред сите да вадам цицка не би, нели пред татко ми ми е срам а не па пред свекор. И кога сум доела на клупа или било каде надвор, не било за да експонирам гради, туку исклучиво заради храна на детето, моите не сакаа шише и не прифатија додека ги доев, и така си бев врзана со нив нон стоп, мн цицаа и секако дека нема дома да седам само, зашо тие цицаат.
    Секако се согласувам дека не треба туку така лабаво да си ја извадиш градата пред свекор ти у дневна без да се потпокриеш..
     
    На Misskirova, mariz, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Па баш зошто неколку пати сум соочена со тоа "мафтање на града", затоа и вака го сфаќам ова "слободно доење во јавност" вака. Иначе таман работа да имам против хранење на дете во јавност.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.223
    Допаѓања:
    125.580
    Пол:
    Женски
    Функцијата на градите е јасна. Ептен јасна и со употреба на зборот дојки.
    Нема зошто мајката да се премести. Таа прави нешто сосем природно и нормално.
    Другите треба да се преместат ако им смета.
     
    На unearthlysarah, Mumoftwo30, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.619
    Допаѓања:
    35.174
    Пол:
    Женски
    Мхм.... А, маживе што шетаат разголени нагоре, тоа не е мафтање на града? Само жениве што дојат мафтаат со гради?
    Трагично е што муабетиве се од жени, ептен.
     
    На VDT2906, potatoface, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Јас поназад кажав за во кои екстреми се однесува моево мислење, ако не го прочитавте убаво или воопшто, не е мој проблем.
    Стојам позади тоа дека нема потреба да им вадам на луѓе дојка и прилика да ми ја гледаат. Вас ако не ви е проблем, тоа е ваша работа.
    А да, овие ко мене и слични што немаат млеко само ради името Дојка нели, фактички нашиве се бескорисни? Само гласно размислувам.
     
    На Anyshka и Misskirova им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.619
    Допаѓања:
    35.174
    Пол:
    Женски
    Кои екстреми бре?
    Како што на мажите не им е незгодно голи да шетаат, така и мајките не треба да им биде незгодно да дојат дете. Еј!!! Што се човек не ќе прочита!
    Пази молим те, на мажите им било незгодно од доилка?! А, вас не ви е незгодно да гледате гол маж? Претпоставувам не, заради тоа што не ве асоцира на секс. На сите на кои им е незгодно да гледаат мајка како дои, тоа е затоа дојката ги асоцира на секс (facepalm) и треба да се запрашаат дали е се во ред со нив :fubar:
     
    На VDT2906, potatoface, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.223
    Допаѓања:
    125.580
    Пол:
    Женски
    Во тема за доење во јавност не иде да се коментира за градите во друг контекст. Реков дека ја знаеме биолошката функција на женските гради.
    Мајката не треба да се осеќа непријатно. Не треба да се срами од нормална ствар.
    Зјапачот е оној кој треба се срами затоа што зјапа и паметот му иде во друг правец.
     
    На VDT2906, Mumoftwo30, pravnicka_2604 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    2.115
    Мене толку не ме тригернува тоа што не поддржуваш доење во јавност, туку тоа што извлекуваш заклучок дека ако мајката го доела бебето во јавност уствари имала проблеми во бракот, и дека ги вади дојките во јавност со цел да привлече некакво внимание (сексуално?), дека е скарана со свекрвата, дека доењето е гнасна и одвратна работа, дека е срамота и сл. Значи не, немаше да биде проблем ако ти кажеше дека не ти се допаѓа доење во јавност и никогаш не би го правела тоа, туку проблеммот е во сите неубави работи што ги изнапиша пропратно. Не ми е јасно како ја поврзуваш сексуалноста со чинот на давање храна на едно бебе. Што ли ти се мотка тебе во глава? :|
     
    На LiquidLuna, VDT2906, potatoface и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Не сакам повеќе да коментирам на темава секако моето мислење го кажав а другото не ми е битно ,но на ова твое извртување на све што сум рекла како не ти е срам да ми ги извртуваш моите зборови ?
    Како ти тоа негде го прочита дека јас сум рекла дека жените намерно ги истават градите за да привлечат машко внимание ?!
    Јас не подржавам доење во јавност заради ете не сакам тоа да го гледам , а вие дали се согласувате со мене не ми е битно ,но вака некој да ми ги извртува зборовите го извади скроз од контекст моето мислење и моето мислење беше дека не подржувам доење во јавност (оти ете не сакам)а не дека ги ваделе намерно за да привлечат машко внимание и имале проблем со бракот вакво мислење сум немала никогаш ниту ми паднало на памет, тоа дека не можат да седат дома со мало дете а мораат да шетаат заради семњјни проблеми е зошто би морале да шетаат со бебе освен ако немаат домашни проблеми
     
  20. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    2.115
    Па ти напиша дека дојката е полов орган и дека не е културно вадење полови органи во јавност.
    И ти напиша дека жените што доеле во јавност се скарани со мажите и со свекрвите.
    И ти напиша дека доењето во јавност е гнасен и одвратен чин.

    Нема проблем нека го избришат моето мислење ако те тригернува толку, ама не би било фер и коректно кога твоите мислења би продолжиле да стојат тука. :D
     
    На LiquidLuna, VDT2906, potatoface и 5 други им се допаѓа ова.