Па што ако нема кај нас? Факт е дека нема ама добар дел од постовите ко ги читав беа од жени кои кажуваа за искуство во странство. И пошто толку многу ве гледаат таму со одобрување, и во странство сред парк сум гледала жена на клупа кај што дои, на клупата 5 метра потаму се дрогираат тинејџери. Не сум либерте човек и нема да ни да бидам, можда е најубаво чувство на свет доењето, ама не за пред публика. Стрина ми секогаш си го земаше бебето и одеше што подалеку, колку што имало можност за да ја направи таа работа. И пак, што ако немаме просторија? Нема марама, пешкир, блуза, било што? Доволно е тоа. Или до просторија се чита, понатаму не? Што туку се силите, на луѓе не им е најпријатно да го гледаат тој чин, не од што им се повраќа или превртуваат очи, него зашто е ИНТИМЕН. Да, пошто преувеличуваме, лично сум била присутна кај што го правела ова жена во кафана и за сите беше нелагодно, мртва ладна градите пред сите на маса. Сопругот нејзин најзбунет беше од сите. И немој жити се никој не рече во тоалет дека треба да се дои, ама пошто толку ви се дочитува. Дискреција ми беше главната поента, покриено да е, ништо повеќе. А моето прашање како мајките кои немаат млеко (па и не можат да дојат во јавност) успеваат да нахранат и пораснат дечиња во воздух виси. Малечката сестра на моја најблиска другарка кога се роди, мајка и не можеше да дои, па еве ја здрава права. Споредби со цицки во диско џабе се, секогаш сум била против евтин изглед, така што јас сум последната личност на која треба таа споредба да и се даде како аргумент. А вие како мажи сте последни што имате право на такви коментари за морал, зашто прво појавување на таква слика во модни критики изрипавте ау јака, ваква во диско да те видам леле, што би ти правел итн. Немојте аман. Па и дечко кога ќе ти ги "фаќа и лиже", како што се изрази членката, не го прави тоа на улица.
Само јас не сум се нашла во ситуација да видам мајка како дои? За мене тоа е многу интимен чин, најинтимен, зарем нема нешто преубаво од тоа мајката да си го дои бебчето (како што сум емотивец, да видам вака може ќе се расплачам од убавини )Се надевам некогаш и јас ќе бидам во можност на ваков начин да си го хранам своето бебе. Дека е гадно, не е. Дека треба да е дискретно, треба да е. Лично за себе зборувам, неможам да кажам за сите. Јас би го правела тоа дискретно, и доколку немам можност ќе им укажам на луѓето дека сега ете ќе си го дојам бебето. Да не се исплашат кога ќе ме видат, да не им дојде ненадејно Ама како што сум си за такви работи срамежлива (не носам разголени деколтиња, ете колку да имате слика), има максимално да си ја кријам Сепак, важно е бебето, а не туѓите погледи, а на добрата мамичка ќе и биде битно да си го нахрани чедото, а не околните коментари.
Мене лично не ми пречи доењето во јавност исто колку што не ми пречи топлес сунчање на плажа. Доела па што....јас па немам друго што да правам па ќе ја гледам неа. Како да не! Туку ме збуни мислењето на ЛИЛИТ Демек бремените жени несмеат да влезат во вода кога се на плажа? Или може јас не разбрав убаво?
Не виси во воздух, туку не гледаме причина да ја коментираме изјавата пошто е надвор од секои мајчински размислувања. Мајката која нема млеко од објективни причини - си го научила бебето од прв ден на цуцла и тоа е тоа. Можеби е помобилна од доилката, ама ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ не се согласувам дека АД млекото е поздрава опција, ниту пак, заради мислења на околината, би прифатила да му давам на моето бебе нешто во прав и со цуцла! Затоа, кажете си го својот став во однос на Доење во јавност, ама не ни давајте опции како тоа да го решиме преку НЕправење на истото. Толку од мене.
Никој не дава никому опции, факт е дека такви случаи постојат, значи е можно. А наједноставната и најубава за сите опција е дискрецијата, толку е просто. Не знам зашто упорно од прееска рипате мајка сум мајка сум (ко демек некој нешто ви брани), игнорирајќи ја целата поента на муабетот. Бидете мајки, дојте, никој ништо не спори околу тоа. Обезбедете услови да ги правите сите тие нешта без да пречи на кој било, кога веќе нема друга можност, не сте сами на светов, куп луѓе се изјаснија дека глетката не им е омилена и нема ништо за навреда тука. Како и да е, ничиј став нема да се смени и тоа е тоа.
Што се нема да се изначитам бре бре.Многу нежни многу гадливи.Море какви вулгарности и гадости има околу вас па никому ништо гадно било ако мајката си го надои бебчето.Какви филмови правите цицката бам божем ова е нааа цицкиште па цела маса ја зафати.Јас не сум мајка ама немам ништо против кога ке видам некоја да си го дои бебето у јавност.Еве братучетка ми е доилка па што, колку пати малото цица пред мене па не превртувам очи или не и зјапам у цицката аман бре цицка е што.За сите мајки дојте си ги малецките кај сакате,а за тие гадливите нека станат од маса и нека јадат на страна а не вие да барате простории додека бебчето плаче и зависи од вас да му дадете..Позззз
Ја исчитав темава (за мене бесмислена ама ај ) и заклучив една работа . На тие што се бунат не им смета хранењето на бебето во јавност (што и е во суштина доењето, зашто ако се храни со цуцла ќе молчат како бубички) туку им смета ЦИЦКАТА на мајката . Предлагам да ја смените темата од доење во јавност во ГОЛА ЦИЦКА ВО ЈАВНОСТ зашто тука лежи сржта на проблемот . На едно женско му смета цицка на друго женско, колку типично женски
Море двојни стандарди друже, алал вера. 20 лајкови за тебе! *поклон* Женско има краток фитиљ и тоа го знаеш многу добро. Цицка на фејсбук, во диско, за доење - е цицка. Ако сакаш да се покриеш, можеш. Ако не сакаш, исто така можеш. Личен, свесен избор. За тебе е поинтересно да е вториот. Ако е така, топ, ако не е, дај да ги боцнеме жениве да се степаат, исто така ќе е интересно. Еднаш на едната, другпат на другата страна, да се дешава нешто. Еднаш се закачив со тебе демек објаснувајќи ти на друга тема, ама не планирам пак. Само провоцираш. Толку од мене на темава, го кажав своето.
Доењето е еден од најубавите природни чинови, но сепак вклучува изложување на дел од телото на жената што не е за сечии погледи. И мене ми е незгодно, се најдов во таква ситуација еднаш кога мајката почна да дои во соба полна со луѓе, а имаше други празни соби во куќата, па си помислив дека би можела да не’ поштеди. Убаво е доењето и сето тоа, но како што кажа Xman - мене ми пречи погледот на града и мислам дека сепак кога веќе има друга опција - може да си го изведе чинот во интимна атмосфера. И надвор може да се најде поприватно место; на пример ако се на излет, не мора да се крие но барем нека се тргне на страна. И породувањето е прекрасен чин на мајката природа, но кога пред некој ден на филм без предупредување излезе кадар од се’ што се случува таму долу, незгодно ми дојде бе, и тоа од филм. И многу во крајности одите во темава - некој вели ми пречи да гледам непокриена града, па е обвинуван зошто обвинувал жена која се покрила и дои. Ќе бидам и јас мајка во догледно време, ако даде Господ, и секогаш би гледала да се покријам ако се најдам во ситуација да не можам да се тргнам во друга приватна просторија. Моите гради нејќам да ги изложувам во јавност. Си има различни карактери де, некому му е незгодно, некому не - но кога има опција, мајката која дои би требало да размисли дали ги доведува луѓето околу неа во незгодна ситуација. Може секогаш барем да се покрие, ако нема друг начин. Не се работи за заостанатост, едноставно од кога е измислена облеката - тој дел од женското тело се смета за интимен и секогаш е покриен, па се створил некој впечаток кај дел од луѓето дека не треба да се покажува. И јас не сакам да ми е незгодно и го сметам за природно, но што да правам - не можам против тоа.
Воопшто не памтам дека некогаш си се закачила со мене на некоја тема, јас сум заборавил (или не сум го сметал за закачување) а ти памтиш, гледаш разлика? Прифаќаш дека ЦИЦКАТА а не хранењето е проблем ете се слагаме и двајцата. За мене не е поинтересен вториот избор туку мене ми е СЕЕДНО, дал гледам цицка дал гледам ножен прст ми е гајле, не ме тангира. И двата се дел од тело со тоа што овој вториов на некои очигледно им прави сексуална конотација во ситуација кога не треба а мене не ми прави. И џабе наметнуваш боцкај те ваму те таму па и порано сум пишал дека доење во јавност не ми смета, индиферентен сум ама го оправдувам исто како што оправдувам грицкање семки во јавност или покажување на колено во јавност. Ценам фер однос како на членката погоре (LivingGlam), си кажа и пречи женска града, крај на муабет, демифистициравме зашто е доењето проблем а зашто ви пречи женска града е веќе друга тема во која може а и не морам да се вклучам .
Само еднаш имам доено на јавно место во Охрид во парк (морав) инаку не дека не го подржувам доењето на јавно место туку напротив , не сум имала потреба од такво нешто затоа што секогаш го доев син ми па 2 саати бев раат.. Кога бараше да цица на секој саат беше ладно и не излегувавме од дома. Мајки дојте си ги децата и ич не му ја мислете. Правите нешто убаво за вашето дете и воопшто не е битно кој гледа, кој мрчи, кој превртува очи... та не ќе седите само дома една година додека доите, треба да се излезе некојпат и на воздух. за сите мајки кои дојат на јавно место
Може сум утнала во терминологија,ама од погорните постови е многу јасно дека на многу девојки доењето во јавност им е гадно,тие девојки/жени се јасно ПРОТИВ таквото доење ( се приметува по ‘тонот‘ на коментарите и ако ги прашуваш нив би го забраниле доењето во јавност) и на нив се однесуваше моето ‘вие не сте нормални‘ , а не на оние, чие мислење граничи со неутралост,во стил ‘срам ми е кога гледам како некоја жена дои и гледам на страна,ама сега да земам да се потресувам-не‘ .Последните ќе го сменат мислењето кога ќе станат мајки дефинитивно. Нормално дека можеш да си коментираш и да го кажеш твоето мислење,ама и нормално е да очекуваш вакви одговори,бидејќи кога ќе се најдеш во таква ситуација да мораш да го надоиш бебето,без ралика каде и да се наоѓаш,тогаш твоето мислење во врска со оваа тема ќе биде 100% оформено,кога ќе ги видиш двете страни на паричката И тоа е најнормално,колку и да замислуваш како е да бидеш мајка,не можеш скроз да го доловиш чувството,ќе дознаеш тек кога ќе имаш бебе,твое,не туѓо,и затоа уште стојам на тоа чекајте додека да станете мајки. Е сега ако има жени без осет,ја лично не сум видела некоја таква,ама мислам дека такви луѓе се такви по природа,а не само при ова прашање
Во теорија не смеат и не заради вулгарен чин,туку заради ризикот од инфекции и предвремено породување,а во пракса дубината на нивниот мозок често пати знае да потфрли. Се рамни на едноклеточно животинче тој глуп потег. Да не набројувам трагични примери,впрочем есента ни се случи со познаници,мајката зафати ифнекција од бањање во море и бебето...почина. Па сега,ти најди ја математиката дали мора таа жена барем едно лето да не влезе у вода. И престани да бараш чарки кај што ги нема. И ДеМело или не знам која ме цитираше,го гледаш истото на тв и не предизвикува исти чувства и не му е иста намерата,практично ти го доведе пред предмет-вулгарно,а не јас. И моето искуство,не мора да е со дете и доење на истото за имам мислење. И не,нема да го променам своето мислење. Впрочем вие кога немате почит самите кон себе,вашето тело и тој СВЕТ чин,ИНТИМЕН и безброј пати вадење од контекст и фаќање за нешто кое изјавила една феминка ГАД И БИЛО,па се насочувате кон истото,за мене нема простор за дискусија тука. Саде само тука единствените мајки се собрале на светов и толку е. Страшно многу се воодушевувам на родителството, ко што се ежам од родители кои претеруваат без никакви граници во истото. Ко што реков, ниедна од вас не го стави во категорија ПОЧИТ кон вашиот чин и целиот тој процес, непријатност зошто околината секако дека секој ден не налетува на тоа, а не ГАДЕЊЕ или не знам што. ИксМен,почит друже,ама ... не ти е местото тука. Можеш да се воодушевуваш на твојата жена и дете кога се во прегратки и целиот тој прекрасен момент, малку ... чудно ми е да видам маж со особено воодушевување во јавност да гледа жена која прв пат ја гледа,а го дои своето малечко. Не знам зошто тебе ти е важна дискусијава?! Се трудам да најдам логика во истото... На тебе останува да се воодушвевуваш на твоите или во јавност да го игнорираш истото и да ти е непријатно, да не се правиме енглези,си ја знаеме природата. И не е ова предмет на дискусија ЗАОСТАНАТОСТ,КОНЗЕРВАТИВНОСТ и не знам што...освен ако не ја мерите у милиметри длабочината на муабетот. Само контрадикторности од мајки кои пре ќе изберат да ѕенѕаат по свадби,веселби и прослави,гњавејќи го детето во гужвата,па се залагаат за неговото добро и доењето. Смешки...барем не бидете лицемерни,кажете си дека сакате да си терате ќејфови, не се борете за правото за доење во јавност. Не е предмет на морализирање, туку е покомплексна категорија од тоа што сте го земале во прв ред. И одговорете ми, кога го оставате детето на неколку часа да ви го почуваат зошто мора, КАКО ТОА ДЕТЕ СЕ ПРЕХРАНУВА ТОГАШ!?! Ако детето е специфично,зошто уопште излегувате?! Ако детето ви е мало и зависно од цицање,зошто одите по свадби и прослави,во тие гужви каде има секакви бацили, запотени луѓе и енормна галама?! Зошто не одговите на вакви битни прашања околу мајчиноството?! Ама НЕ ДОЕЊЕТО Е У ПРАШАЊЕ,па уште и не сте ме извадиле од контекст и да ви речам АЛАЛ. Да бидеме реални, жените и нивните паради, ма мајка сум јас И тие што сакале да ме разберат,ме разбрале. Од сите тие кои ми се обратија,една да ми посочи каде реков јас дека НЕ СМЕЕ ПОД НИТУ ЕДНА ТОЧКА,ни покриена и не знам каква?! Никаде! Само вас ви се скока ко типични жени,да се расправате и да се докажувате,да вадите од контекст. И тука некаде ми се дават последните надежи дека жените се разумни суштества кои умеат да комуницираат па дури и тогаш кога не се согласуваат. Рамно на хистерија! Не барам да ми го прифатите мислењето, барам да ми го разберете,ко што ве разбирам јас вас покриени кога доите (иако во одредени услови ме загрижува вашето лицемерие каде детето го подложувате на други влијанија,а се дерете со тоа ДОЕЊЕТО,ДОЕЊЕТО!Кого лажете?!),но не и со голи гради. Не,не претерувам, се случува и тоа,ми се случи бе едноставно. А и немојте да отидете у друга крајност да не вадам цитати од подфорум секс,зошто се повикавте на сексуалната конотација на мојот и не знам чиј аватар,зошто више почнавте гледам. Бидете добри и малце спуштете се на земја, научете да комуницирате прво, па после влегувајте у дискусии. Не ќе употребев дрзок тон под следниве услови, да не бевте дрски,да не ве обзема хистерија и да НЕ СТЕ МЕ ИЗВАДИЛЕ ОД КОНТЕКСТ,а сте ме и тоа многу,а тука произлегува ограниченоста која води кон генерализација во групата која рече НЕ за било какво доење у јавност...ама тука веќе зборува за вашиот видокруг,а не мојот. И не ми е јасна пак и потребата,кога има услови за каква-таква приватност,зошто едноставно не ги користат?! Еве баш вчера гуглав, жените сакаат да ги дојат своите деца,но гласно и јасно бараат да им се создаваат услови за истото за да не мора да ги вадат своите гради пред сите и да доздаваат секому непријатност,зошто не е ова предмет на прашање дали ти е отворен умот или не. Е сега тука ме копка која е нашата урбаност и модерна мајка,жена интелектуална. Ако одиме низ историјата,тогаш секако дека не им било битно каде дојат,потоа настапува конзервативното општество во кое без исклучок се двоеле мажите и жените,но тука причините се други,повеќе поаѓа од фактот дека се работи за дискриминирана жена,а не процесот доење сам по себе,но денес жените кои се самосвесни и индивидуалки,интелектуални,малку е блесаво така јарко да зборуваат вака. Сублимирано,ако вие немате почит кон вашето тело и интимен момент,дозволете ми да чувствувам јас почит кон иститото тоа. Јас со расфрлање на фрагилности,светости и интими по бел свет,не сакам и не можам,а утре да се најдам со вас по темите за дискриминација на жената. Бидете поздравени и отворете го умот и сфатете која поента сакам да ја постигнам.
Бебињата се доат на секои 2 саати логички штом е бебе неможеш да излезеш, а да не е топло а два саати во градник градата веќе ти е спурена така да јас не сум за доење на детето најпрвин од хигиенски причини! Можеби некаде во светот нека де нормално да видниш жена како седи во кафич, во парк и го дои детето, но кај нас реално кажано осве ромка потешко дека ќе видиш како мајка си го дои детето на јавно место.
Претходно напишав дека ми е СЕЕДНО, СЕЕДНО, СЕЕДНО, а дали дои со цицка или со ножно прсте ми е исто СЕЕДНО, индиферентен сум и не ми предизвикува никаква сексуална конотација кога има бебе до неа. Треба ли уште 20 пати да го напишам зборот СЕЕДНО за да разберат некои дека не секое машко пушта јазик од возбуда ако види цицка во јавност? Јас сум се воодушевувал, глупост што од тебе секако не ја очекував. Впрочем зашто не напишете на темата ЗАБРАНЕТО ЗА МАЖИ да не ви ја расипувам комоцијата или треба да прашам за дозвола каде смеам да напишам? Ќе ви остане набргу феминава 100% женско катче исто како што на љубовните проблеми највеќе сами си одговарате. Толку да се немало усул.
Не сакав да се мешам во темава, ама ми се од површни муабети, напишани со дозирана злоба, демек „не бе, јас не со лоша намера, само сум реална... “ Реално може да каже само некој кој се нашол во таква ситуација, а сите оние кои морализираат токму на оваа тема, навистина не ми се јасни... Добро бре луѓе, ви пречи некоја глетка и вие МОРА да гледате натаму? Свртете глава, како што вртите од себе секојдневно. И уште нешто... Каков напад на мајка која излегла со бебе надвор и ете, тоа писнало да цица! Мислам, навредливо ми е и да објаснувам, ама СИГУРНО не излегла со намера да го дои пред некоја гадлива форумџика. Сигурно! И сигурно не излегува пред зграда за секое доење, оти ете, пукнала во јавност да си ја покаже градата (дури и кога е скриена со пелена гледам некои и темјан ќе извадат од што се шокирани). Јас двапати имам доено во „јавност“. Моето бебе имаше здравствен проблем само што не пуштија од болница. Немаше ни една недела старост кога морав (еве, се извинувам што не ме заклучиле дома) да излезам со бебенцето и да го носиме на лекар. И замислете, бебињата не се раѓаат со вграден часовник (добро, вие сте ултра жени, вашите сигурно со тајмер ќе се родат) и првите седмици, некогаш и скоро 2 месеци, немаат ритам за цицање. Може да бара да цица на 30 мин, а може да поминат и 3-4 часа! Секој полуписмен лекар и секоја мајка ќе ви го каже истото (не дека ќе ве убеди де, чисто колку да си прозбори). И еве јас МОРАВ да дојам на паркинг.... Се извинувам на секој кој ми ѕиркал во кола! И уште еднаш доев, во парк, во работен ден, празно скоро беше, си најдов една од тие споредните улички празни и доев покриена со пелена (и еве, пак да се извинам на сите животно загрозени и згрозени ). И не, немам намера да објаснувам зошто сум била во парк сред бел ден, среде лето. Толку беше, ама сигурна сум дека би доела и другпат, да сум имала потреба. И Xman, проблемот го погоди во центар . Не е доењето проблем, зашто било „интимен момент“, оти има многу интимни моменти кои овде присутните ги делат со јавноста, ама некако тоа им е ОК, од едноставна причина што тие го прават тоа...
Што муабет се разврзал, а една да се понудеше кафе да свари... Истите мајки кои најмногу се жештат кога се зборува против доењето во јавност (а нема потреба, сите горе долу сме на иста страна-да е дискретно нели) еве и ти Лионес, кажуваш дека ти се случило еднаш или двапати...ако сте сите толку ЗА тогаш ќе кажете дека редовно си доите во јавност без никаква нелагодност...не, туку сите велат-ама морав, таква беше ситуацијата, ПА ШТО, мајка сум детето не ќе ми умира од глад и сл...Јас мислам дека муабетот не е за исклучоци кога ете ни се случило нема каде па мора во јавност, туку за навика-излегуваш од дома редовно, знаеш дека ќе бидеш во кафиќ или на маса со многу други пример и ти свесно одлучуваш да си доиш без ни најмалку да размислуваш за дискретност оти тоа е твој избор и ти се може-што е точно, ама пак и некој друг има право да мисли поинаку па дури и да му се гади од глетката макар била и 15 годишна тинејџерка која врска нема од мајчинство...И како што на таа мајка не и е битно што мислат другите туку и е битно нејзиното малечко да е најадено, така и на останатите не им е битен гладот на вашето бебе, туку пример си сакаат угодно да си го испијат кафето без на видик да им виси огромна брадавица на опуштена дојка (пример)...
За мене ова е интимен чин и така треба да остане. Го сваќам како ептен посебен момент помеѓу мајката и детото и евентуално татакото, за сечии други погледи апослутно нема место и потреба. Не сум мајка, но секако здравје еден ден кога ќе бидам крајно не пријатно и невкусно ќе ми биде на некој да му ја извадам цицката пред очи...тоа е интимен дел од женското тело како што е и самиот чин на доење и нема потреба да го покажувам пред сечии очи.
Мене не ми пречи тоа што некому му смета доење во јавност, искрено јас во ресторан, кафиќ сеуште немам видено некоја бап да ја извади градата не покриена и да дои али пошто пишувате дека имало и такви случаеви разбирам дека може да ви е непријатно. Оно што мене ми пречи се сугестиите во стил дома да си седиме, дека ете имало и бебиња што мајките немале млеко па ете ги здрави и живи, зошто на тие што имаат млеко да им се сугерира вакво нешто кога се знае дека за мајчиното млеко нема никаква замена, нели доколку го има. И се одговорило многу пати на поставените прашања, ете Анат напиша дека нејзиниот син не прифаќа цуцла и сега треба првите 6 месеци исклучиво дома да седи, ете мојот прифаќа ама само ако јас не сум во близина. Љубам напиша дека измолзеното млеко надвор не трае повеќе од два часа али ете и тоа не се прифаќа, башка што и тоа млеко треба да се загрее, а ако си надвор во парк, зоолошка или излет каде ќе се загрее млекото, значи надвор од домашни услови измолзеното млеко е практично неупотребливо, и тоа не се прифаќа како аргумент. За галами, свадби итн секоја си одговара за своето бебе, јас мојот син си го научив на галама не сакав да одам на прсти и никаква работа да не можам да завршам додека спие а тоа од почетокот е скоро цел ден така галама воопшто не му пречи.А за бацили па некако ми е поприфатливо да го привикнувам на надворените влијанија него ли да го штитам од се и сешто па да биде неотпорен на ништо, сигурно нема да дозволам да му кашлат во фаца за да биде отпорен ама да го чувам во стаклен сад па и тоа не го бива. Мојот син ужива кога е надвор не е кенкав, не е плачко и не е болежлив и сега треба да седам дома само затоа што дојам i dont think so. Мислам дека повеќето мајки доилки реагираа на оние постови каде се изразува гадење и најмизерните каде пишуваат дека тоа го прават за да привлечат внимание со градите во сексуална конотација
Искрено, она "ќе станете мајки па ќе видите" и не држи многу вода, затоа што еве има мајки и на форумов кои се изјаснија дека не дојат во јавност или внимаваат да се подзатскријат. Лионес ти и сама кажа дека си доела во кола, на паркинг, а во другиот случај покриена - тоа не е тема на муабет на повеќето кои се изјаснија дека им пречи доењето да се случува баш во јавност, со народ наоколу (плажа, ресторан, полна соба - случаи во кои би требало мајката да се покрие а не се покрила воопшто, и не се потрудила да се тргне на страна а имала можност). Само такви случаи и беа набројувани, не знам зошто се најде навредена кога се кажа многу пати дека гладно дете и дискретна мајка не може да му пречат некому. Не сум мајка, но кога ќе бидам ќе се сетам како јас сум се нашла во непријатна ситуација и секако ќе внимавам да не доведам некој друг во истата.