Не мора книги да се читаат, еве кажувам навистина не мора, ама еден гугл да се пребараше, или да се прашаше поискусна мајка, како едно бебе функционира. Зборуваме за бебиња или плишани мечиња? Не знаев дека бебињата се на дугме. Сад цицаш, сад не цицаш. Опциите ти се дома да седиш, бидејќи си распрднена мајка ако излезеш, а тоа бебе што знае, нека мириса прдешки на устоено по дома. Или уште подобро, затвори го во кафез, што знае, како ќе го научиш така ќе функционира. Не знам ни што да коментирам, секој пост е бетер и бетер. Едно е да не сакаш за себе да доиш во јавност и да не ти убаво, што е во ред, сосема во ред, секој различно се чувствува на таа тема. Ама првиот пост беше навреда, потоа следеше друга навреда, сега нема нешто што не е навреда, ама ќе плачеме зошто другите реагираат на навреда. Не ми се верува дека постојат луѓе со вакви размислувања. Во најмала рака, неписменост и его манија. Жива среќа што ми е доделен овој мозок.
Да е само доењето, секако ќе бидете осудени за секоја постапка во израснувањето деца. Зошто да се објаснувате?
@Justicija можеше да пишеш дека не поддржуваш, дека не ти е згодно и тебе да доиш јавно итн, па дури имаш и анкета во темава.. гласај си и ајт. Гнасно било, свекрвата дома не ги сакала па затоа бегале надвор да дојат, бракот не им чинел и затоа оделе надвор дојките да си ги вадат... Што не прочитавме... Лично за некој ти е ова, за некоја особа што ја знаеш? Ако ти е, оди лично осмели се.. кажи и неа.
Зошто мораат да шетаат со бебе? Ало се слушаш ли што пишуваш?За да го фати бебе воздух, за мајката да ја излофтира главата, за да се размрдаат физички, за поубаво да спијат, за да идат на пазар/доктор/ватевер. За да не те прашаат тебе. Кое срамно мислење човече, не ми се верува дека доаѓа од жена, а уште помалку ми се верува дека доаѓа од идна мајка. Ау бљак.
Леле темава….. што читам…..премногу сте дрски сите, не почитувате туѓо мислење, чекате некој да “згреши” за да фаќате сеир (а реално никој не е тука да суди кој е прав, а кој крив и затоа малку намалете со сеирот и арогантноста) и мешате сексуалност со доење! Сериозно? Без навреда, мајки,намалете малку со прекумерниов доживљај на самоодбрана, затоа што сами си ставате епитети или некој дека ве гледа или онака. Ова се тука, се само нечиви мислења и тоа е се. На крај и сопствениот маж ќе го окривите дека само сексуално ви ги гледа цицките. Природата така создала и п****** да служи за раѓање и за секслуални потреби и лични задоволства, исто така и цицките. Многу некако невиност правдање и не знам што во вашите коментари…мешање теми само да има самодокажување и рипнавте како мачки сите…вие што најмногу рипнавте за доење секаде каде што ќе посакате, значи вие прво сте тие со помисла да ве асоцира на сексуалност и за тоа имате потреба тука да го докажувате спротивното,повикувајки се на потребите на бебето. Еве не знам? Размислете? И со ова лигавење, што не ги членувате именките при изразување кога разговарате за друго лице….
Прифаќаме туѓо мислење, ама да донесеш заклучок дека мајките што сами ги шетале бебињата имале семејни проблеми и затоа ги шетале... очигледно личноста која го кажува тоа има проблеми штом така размислува. Нека се породи па ќе видиме дали ќе и биде доволен воздухот и сонцето што ќе ги фаќа на тераса или ќе има желба да прошета и малку подалеку од терасата.
What the actual f...? Доење секаде каде што ќе посакаме? Пошто прво не асоцира на сексуалност?! Еве вака. Размислив. Во Виена живеел Фројд, добра психолошка пракса има оставено сигурно. Или оди во музејот на Фројд, помоли се да ти се разбистрат мислите Доење на бебе најпрво на сексуалност асоцира, право збориш, свака част
Повикувајќи се на потребите на бебето?! Демек тие што дојат јавно сакаат да си ги покажуваат цицките и се правдаат со бебето ?????? Сериозно ?
Еве не знам, и мене ме збуни, да не сум заборавила да читам нешто, да не имам удар боже ме опрости Краток спој ми се деси од логикава
Еве и јас се чудам на коментарот на членката. Не извртувајте мислења. Сами се напаѓате,сами се браните.
Да и мене ми се деси краток спод од мислењето на колешка ти споредба сексуалност со доење. Прашај ја неа за подетално објаснување. Најди ја погоре и реплицирај и.
Ај вака ,многу е природно секоја мајка да " скокне" во одбрана на она што му дава храна а со тоа и живот на нејзиното чедо. Ете ,толку е просто и едноставно.
Никој не ги напаѓа мајките, за да се тресат глупости во одбрана. И никој не ве прави жртви или да ве гази, за да се однесувате така Секој има право да си каже мислење. Дури спомнување на сексуалност и слично….срамота.
Да,прочитав, мое мислење за тоа е дека вие ја нападнавте и не пробавте да ја разберете дека е нејзино мислење едноставно и она само ви возврати на напад. Не е животот толку површен како што мислите….има ммногу подлабоки работи од ова. Ве прочитав и за прекинување пријателства и слично ради доење во јавност….секој према секого треба да направи баланс и почит, како со партнер така и со другарка,без оглед дали е мајка или не. Ако не е мајка, не значи дека е некорисна за општеството и да се изјасни што и пречи едноставно а што не. Страшни коментари дрски злобни се изначитав….
Види,апсолутно секој има право да се изјасни на било која тема. За да се коментира ,Дали е некоја мајка или не,небитно . Ама , ама ....факт е дека пред да станеш родител многу работи се перцепираат на поинаков начин. Знам ,зашто паметам дека пред да станам мајка и јас ги гледав работите на поинаков начин.
Па тоа е се природно, баш поради тоа што сите ќе се смениме кога ќе станеме родители, треба да имаме поголемо разбирање за тие што сеуште не се и сте биле како нив. Но од глава не може да ми се тргне коментарот со сексуалност и доење… до каде отиде човековиот напад…
Значи повторно го вадиш од контекст моето мислење мешате баби и жаби , не подржувам доење во јавност и сега што ? Не ми се допаѓа и јас нема да дојам во јавност и што сега ? Како гледате деца кога по цел ден сте на форумов ?! Некако како најмајки се преставувате а се кладам дека не сте ни пола од тоа во приватен живот Вадете цицки пред кого сакате но според мене е некултурно да вадиш цицка во кафиќ пред 200 души , по свадби , на гости на слава и итн . И што ? Ти Слафице ќе ми го промениш мислењето ?? Јас земам примери од некоја што треба но сигурно нема од слафица со анонимен форум што глуми најмајка а по цел ден е на телефон Ама никој не е против доењето како храна за бебето туку местото каде се практикува тоа Леле недај боже како ги извртувате работите алал да ви е друго што ќе измислите?