Море жено, јас ти коментарав затоа што за жените што ги шетаат сами бебињата велиш дека мора да имаат семејни проблеми па заради тоа ги шетаат, за да не седат дома. Не ти коментарав за тоа дека не ти се допаѓа доењето во јавност. Ти мешаш баби и жаби.
@Justicija секоја е свесна дека нешто ќе си стави одозгора колку-толку, макар било и парче коцкаста крпа. Па и ништо да не стави, голема работа. Секоја би го доила своето, факт. Овие се такви ситуации каде не зависи од тебе и ти не си во можност да му наметнуваш на бебето ред кога да се храни. Од - до не постои кај бебе.
А можеше само да кажеш дека не ти се допаѓа и ти не би практикувала. Да не ти ги цитирам сите гадости што ги напиша за доењето во јавност. Ајде уште еднаш потсети се и размисли зошто си нападната.
Дури и маж не би кажал толку одвратни работи, мислам и дека би се радувале да видат цицка/дојка. Стварно не ми е јасно како на една жена тоа може гадно да и биде, мислам, се гадите од цицката или? Гадно ви е да видите цицка? И од вашите ли се гадите?
Ако сте толку големи поборници за доење во јавност и пред членови од фамилија,во овој случај, не треба да очекувате другиот да стане и да се тргне од вас да ви даде простор и да не коментирате и да ме влагате во караници од типот “леле не му/и текнува да се тргне а гледа дојдам/ќе дојам”
Немој сега да ги мешаш и темите, едно е да доиш пред член од фамилија а друго е тој член да дојде и да ти виси над глава додека доиш.
Епа фри спејс. Ќе ти виси како да не е ништо….кога веќе се бара доење секаде и пред секого, тоа не може да трпи правила
Тоа е интимен дел, ама тоа бебе шо знае од интимност? Кога ќе му се прејаде надвор? А сите знаеме дека бебињата цицаат на саат два. И шо треба, жената да не му даде на бебето да јаде, тоа да вришти, за некој случајно да не почне да ја зјапа? Па можат да го тргнат погледот и толку. И треба да го тргнат погледот, незнам зошто би зјапале во туѓа цицка.
Кој како... јас на пример не го сметав за интимен чин... Побогу! Дете се храни! И си доев богами комотно без срам А сите кои што подзагледуваат мајки што дојат, или се гадат, или им е незгодно, го прават тоа затоа што цицката јај поистоветуваат со секс. И ги жалам, искрено
@Misskirova сакам да кажам ако вашиот избор е доење секаде и пред секого,немој да давате правила дали тој треба да прифати или не и дали да ви виси над глава или не. Дригиот избор за прифаќање припаѓа на другиот што и како ќе прави. Вие сте се изјасниле дека ќе доите каде имда треба и тоа е тоа,неѓа простор за понатамошна дискусија за туѓите постапки.
Па види ,не мислам дека кога ќе седнам да дојам ,брат ми или комшиката би ми застанале над глава да ми ја видат цицката ,а камоли некој непознат во парк. Кај мене тоа го правеше единствено мајка ми ,исклучиво кога требаше да ми помогне ,бебе да се намести убаво на града. И веруваш или не,луѓето имаат многу осет кога станува збор за вакви работи ,секако чест на исклучоци, кои еве ги видовме и на темава.
Не се согласувам. Јас мислам што ја вадат на ачик, прочитав тука дури и пред свекор, девер….тие поистоветуваат со секс и за тоа немаат срам од никого. И СЕГА, не го преубеличувајте мојот коментар дека таа би сакала да има секс со свекорот и слично. Патем, секој педијатар ќе ти каже дека доењето е најитнтимното нешто што може да постои помеѓу мајката и бебето.
Јас се кладам дека 90% од женове што размислуваат вака и се против доење во јавност, уште не се реализирани како мајки. Не зборете пред време за да не ве стрефи се што викате дека никогаш нема да го направите! И не е грдо да си го храниш детето во јавност, секако дискретна е таа работа не е вадење цицка на маса, впрочем не ни треба да зјапаат во жена што дои, треба да си зјапаат во својата черга. А и како побогу одобрувате девојчињава у гаќи што се шетаат? Кратки сукњи и панталони кај што им се гледа цел газ? Или цицките извадени на изволте? Како може тоа да одобрувате, а доење на бебе во јавост не? Дали сте бре свесни што пишувате прво? Дали размислувате пред да изнапишете тука нешто? НЕ, НЕЛИ? И најјако од се ми беше дека децата се размазени дека се доени во јавност, небаре бебе од 2-3-5 месеци знае што значи интимност, и кога да бара да јаде.. вие драги мои поим немате што значи да се воспитува дете, глејте си таму вашата черга, и не се правете многу светици препаметни!
Ама немам проблем ни јас. Ако тебе не ти е незгодно да доиш на клупа или не знам каде, мене па ич. Но немој да очекуваш дека ќе се тргнам од тебе и да бидеш со мислата “гледај ја/го не се трга, а гледа дека дојам/ќе дојам”