Што сака тоа ќе прави бре дечки аман. Тргни се и нема да те зјапа, ти си решила да доиш пред него/неа, твој избор.
Овој твојот муабет е како " не облекувај сукња оти апла ги повикуваш да те силуваат". Оти неможете својата работа да си ја гледате?
Не читаш убаво. Ти погрешните ги напаѓаш. Овде 2 дена, и мајки и бездетни (оти се слагаме со мајкиве) расправаме со членка која доењето во јавност го претстави како поодвратно нешто и донесе заклучок дека на тие мајки нешто не им штима дома оти сакаат да шетаат. Оди на претходната страна, Арабела ги цитираше две од најлошите мислења на Јустиција. Јустиција цело време пишува со осуда кон тие мајки! Плус, таа и друга го мешаат и сексуалниот аспект иако повеќе пати рековме дека темава е само за биолошкиот аспект и биолошката функција на женските гради. И веќе рековме поназад. Доењето е природен и нормален начин на хранење на бебето. Процес преку кој се задоволува основна потреба! Нема зошто мајката да стане и да се тргне. Тие на кои им смета треба да станат и да се тргнат!
Не решаваш да доиш зашто свекор ти сака да ти ги гледа цицките. Решаваш, затоа што треба храна да дадеш на бебето. Јебига, природата ни дала гради за таа намена, а не пумпа на поило.
Како што не можеш да му забраниш на бебето да бара да цица каде ќе има потреба, така не можеш да забраниш и да даваш правила на другите каде да зјапаат. Зошто се срамиш ако те зјапаат во цицка, а ти си решила да го доиш пред Сити мол на пример? Малку сте контрадикторни сите.
ВТФ?????? БЕБЕ споредуваш со некои возрасни личности, кои се свесни за своите мислења и постпаки?????? Што зборите бе?????
Давање на бебето храна не е ништо лошо, зјапањето во некој е некултурно. И како да не се срамат, кога овој прост народ се однесува како да не видел цицка, како доењето да е најодвратното нешто што постои.
Да, оти на менталното и физиолошко ниво сите се исти. Мислам бебето, срам да му е, осет нема за тебе, па не те прашува кога треба да јаде. Не можам значи, ова веќе на границата со злоба е. Аман.
Работава е како “не се облакај провокативно со минич до пич и цицки надвор, ако не си спремна да те манијачат и да ти се пуштаат и млади и стари.” Како мислиш да си ја гледаме својата работа? Ако не ти се дебатира,искочи од форумов. Лесно е.
Common sense е дефиницијата кога една мајка дои. Јас да сум покрај доилка, би ја прашала дали сака да ја оставам на само, ако не и пречи, нема сигурно да зјапам во неа.
Бебето никој не го спомна, те молам не мешај. Мајката одлучува што ќе прави, а со секоја нејзима одлука, не е дозболиво да кажува правила на никого.
Ќе намалам кога ќе се размислува пред нештп да се пише. Како не мислеше на бебето, убаво си пиша: "како што бебето не може да се контролира за храна" молам? Како тоа бебе од 3 месеци ќе му кажеш дека не му е време за цицање, ај мама почекај уште пола саат да си идеме дома, сега да не не зјапаат...
На вас што ви е одвратно доење во јавност треба сериозно да си го преиспитате менталното здравје. Зборуваме ХРАНЕЊЕ на бебе што е сосема нормална и природна работа, а не за туку-така вадење гради во јавност. Возрасни жени сте, мајки, просто неверојатно ми е како ненормализирате најнормална, најприродна работа. А за полови органи и нивната функција, се учи уште во основно по биологија. Не ми е јасно како оправдувате и зјапање, прво основна култура е да не зјапаш во некој, особено во некој непознат, непријатно е и манијачки.
Ќе одам на најдискретно место и да го надојам најдискретно каде што можам. А не на првата клупа каде што ќе ми дојде, за да не ги оставам и другите луѓе да се осеќаат непријатно. Пред свекор ми и остала фамилија,сигурно нема да го напраам тоа.