Мајката ќе му даде на бебето да јаде, кога тоа ќе побара. И тоа мора да му се даде веднаш и не бира место, оти тоа не разбира ништо друго, освен што сака да јаде. И сигурно ниедна мајка што дои, нема да остави бебе да зајдува од плачење, за некому да не ми стане непријатно, па по цена и цело село цицка да и видат. Како си го замислуваш ти доењето? Како еве сега супер сум овде, сите ме гледаат, е сега ќе вадам цицка за шоу?
Се е до постапките на мајката, она одбира и носи одлуки. Остајте ги веќе бебињата, се однесувате како никој друг да не видел бебе и не ги знае неговите потреби.
Да да важи, ќе се корне од плачење а јас ќе барам дискретно место, а замисли да си на сред Партизанска на тротоар, ќе го викаш маж ти да те земе за да го доиш бебето, можеби?
Не бре, ќе се тргнам на страна скроз под некое дрво ако треба и нема да седнам на клупа, ќе стојам ако треба. Ете, може и вака нели?
Значи ќе оставиш да плаче, да вришти, додека бараш соодветно место за во случај некоја тетка или чичко да не му биде незгодно? Секоја чест кога туѓото мислење од непознати индивидуи ти е поважно од сопственото бебе кое се корне од плачење.
Не знам дали сте свесни ама ние жените сами едни спрема други си вршиме притисоци. Ако не го надои, и бебе зајдува од плачење, сите ќе се вртат и ќе ја судат мајката како е лоша што остава мало бебе ненахрането. Ако го надои, срамота, вади цицки во јавност.
Епа ни мајката не треба да ја интересира кој ја зјапа, кај стои и слично… Пак ќе кажам, штом се сака фри спејс..тоа е тоа, се нема правило за ништо.