Не е осуда туку вистина. Мозокот на една мајка се сменува 360 откако ќе има дете. Си знам по мене и по сите други мајки.
Зјапањето е некултура, не е доењето. На кој му смета, нека сврти поглед или нека се тргне. Нема да гледа.
Имаше научно истражување како влијае плачењето на бебето врз мајката. Многу убаво беше објаснето. Самото плачење предизвикува низа реакции низ телото, што предизвикува паника, страв, анксиозност, само да дојде до бебето и да го нахрани. Затоа не ми е сфатливо, при тие најприродни реакции, тебе да ти дојде да бараш интимно место, за да доиш. Мене кога ми плачеше бебето, од кожа ми се излегуваше, колку е таа силна поврзаност за да дојдеш до него и да го нахраниш, да го гушнеш или утешиш.
Ништо не е некултура. Некултурно е карање и слично онаму каде што не си во состојба да кажуваш правила.
Океј ај вака . Од почеток ... Знаете ли како изгледа доење на бебе во јавност ? Мајката седи ,бебето и е во раце. Блузата и е крената ,спуштена до пола града , брадавицата е во устата на бебето . Буквално ништо не се гледа ! Да не збориме дека има градници за доење ,кај кои се отвара само едно отворче и толку. И ? Што е тука одвратно ? Што е за зјапање ? Што има да се види ?
Реално мајката треба да е самоуверена дека сосема е океј тоа што го прави, меѓутоа самото зјапање, поготово од непознат, е глупаво и језиво. Еве и без доење, некој ако упорно те зјапа нема да ти биде пречудно? Од тука, не треба да се зјапа, општа култура е во прашање.
Јас сеуште не сум мајка, па чим гледам како плаче бебе ме фаќа анксиозност, не па да замерувам на мајка дека вади цицка за да го надои. И ниту еден нормален не би замерил ниту па би зјапал ко да е срамен чин.
Ништо не е одвратно и за тоа не кажувајте другите дали да бегаат од вас или не. Гледај те си го бебето.
Одвратно им е оти цицката ги асоцира на секс. Оти сукњата ги асоцира на секс. Оти ако некоја си стави филери на уста или долги нокти ги асоцира на секс. Буквално се шо е поврзано со жената ги асоцира на секс, сами се гледаме како сексуални објекти и после друг ни е крив.
Гледајте да се надои бебето и се е во ред, баталете ги другите и не им кажувајте инструкции дали да прифатат или не доење во јавност или дали да се тргнат и да не ве зјапаат. Цело време зборам исто
Ништо не се гледа, ама знаеме што прави и на што прави Ко на трудна жена коа ќе ѝ речат: сега сите знаеме шо си праела