https://vm.tiktok.com/ZMMtqmnw7/ Не е доење, не се плаши, туку сакам една паралела да направам и сумација на она што го пишуваш. Девојкава како и една доилка, само си егзистира во просторот. Сакаш да кажеш дека ова е во ред? Сакаш да кажеш дека убаво ќе се чувствуваш кога некој вака ќе те ѕвери?
Леле добро ајде сироти сте мизерни….се сте најмизерно. Прочитај се малку, како ти ги омаловажуваш мајките Срамота
Уште „сама си го барала“ ти фалеше... На што да е спремна? Треба да има мир. Зјапачот не треба да зјапа во неа, туку да си закаже термин кај матичен за кај психијатар.
Па ај оди во кафана и избркај ги сите и имај таму мир. Малку како да забегавте нели? Сами си се омаловажувате, истото и го пишав и на Биљарката.
Јас да бидам искрена, детево го доев/дојам во јавност во 6 различни држави. Едино ми се деси во Португалија, седнати во кафиќ на железничка станица, еден дедо да се загледа така, мислам дека ме оговараа со бабата пошо се сврти и она и таа ме зјапаше. Ама и јас ги зјапав дур го доев син ми, да видам на кого прво ќе му стане незгодно. Се друго ми се позитивни искуства. Јустиција ќе седи дома, она дур не пројаде детето три оброци и ужина нема да излегува, немој случајно да не и се налутат другарките.
Видете .... Секој нормален човек ,културен ,со манири ,никогаш не би зјапал во некого , тоа прво . А камоли да зјапа во мајка која дои . И толку е едноставно. Али ајде да почекаме да родите па да видиме.
Па членките кажуваат што треба да направи другиот што се нашол во тој момент таму. БебеТО, не го спомнав јас никаде.
Немам што да учам, помина моето. На темава се расправав и дете кога немав, па после кога имав и доста е. Само на речникот малку и тонот да се припази, нема потреба од викање и навреди, нема да ви е поважно мислењето ако ставите сто извичници или ги навредувате останатите. @Justicija намали со навредите, ќе те банирам од тема, избришани се поназад мислењата.
Абе не би зјапала во човек хамбургер што јаде, не па во мајка која дои. Сум видела случајно како дојат, за секунди сум се вртела и не сум враќала пак поглед. Ама нема секој таков осет.
Убаво те прашав. Или одбегнуваш одговор затоа што ти да си на местото на девојкава сигурно нема да ти биде сеедно напалени мажи да те обиколат и зјапаат додека си седиш на плажа, како и секој најнормален човек. Истото е и со жена доилка. Двете ништо сексуално не правите, двете си бркате работа, ама вторава е крива ако некој ја зјапа