Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    213 глас(а)
    52,0%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    143 глас(а)
    34,9%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,5%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,6%
  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.669
    Пол:
    Женски
    Само да кажам дека ја извртувате темата како ви одговара.

    Па дајте бре луѓе, одиш на гости и мајката си ја вади градата и си го дои детето пред 10 тина луѓе(гости)?!? Што, нема друга соба каде тоа може да се направи, а никој да не види и да не чуе? Тоа беше поентата, а не да расправаме криви дрини. И зборете што сакате и колку сакате, ама непријатно е за сите отстрана.
    И не зборуваме овде за доење на пракинг во кола(зошто гледам дека ги извртувате работите). Зборуваме за доење во јавност, пред други луѓе. Имав јас колешка која не живееше во Скопје а имаше бебенце што го доеше и на секое полагање со сопругот го носеа и бебето на факултет. Ама никогаш не сум ја видела како го дои бебето. Да, го доеше и детето не беше гладно, ама го доеше во кола на паркинг далеку од очите на другите, а не во сред амфитеатар или во бифе.
     
    На Lolo5, CameliaMiller, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.218
    Допаѓања:
    139.932
    Да нема забуни, во оваа категорија јас сум модератор, и јас ги избришав мислењата кои немаа врска со темата, туку беа препукувања, а ги оставив тие што имаа поврзаност со темата.

    Ако мислите дека има уште мислења кои треба да се избришат и средат, слободно пријавете или пишете ми лп, и ќе ги средам. За тоа и постои таква можност на форумов, за секој да има можност да придонесе да биде подобар. Може да се случило да е избришано и некое мислење кое можеби и не требало, особено што имаше многу оф-топик мислења. Ако е така, се извинувам, иако се трудев да ја средам темата колку што можам.

    Ве молам придржувајте се кон темата, и без навреди. Има различни начини да се каже своето мислење, а тоа може да се направи и без навреди. Кој сака да се препукува, може тоа да го направи по ЛП. Тука не е место за тоа.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Искрено, тргнувајќи од самата од мене, иако важам за отворена особа со широки сфаќања, и како една мама, би доела во јавност, ама малку настрана од очите на јавноста. Во кафич да-ама би се затскрила во ќоше отколку да се распостелам колку што сум долга и широка. Во парк да-клупи затскриени колку да сакаш плус марама ете ти. Колку и да сум со широки сфаќања би сакала да си се трнам на страна чисто да имам комфор и целосна слобода додека дојам.
    Да се разбериме, не е чинот бебето кога цица непријатно , грозно или чувај боже да има сексуална конотација-всушност градите за тоа ни ги дала мајка природа-да доиме. Моментот околу кој настанаа забуни (бидејќи и оние за и против изумија да се до изјаснат)е ПРИНОСОТ НА ГРАДАТА до малото. Нема шанси убаво да ја апне ако убаво не ја извадиш. Е тој миг е оној кобниот за да се дојде до жешки дебати за и против доење во јавност. Излези си со бебуш, прошетај си, ако му се јаде за 5 мин нема да е проблем некое местенце така не толку у очи да паѓа да се најде, оди си надој си немај главоболија и ѕверења од оние на кои им пречи. И најтрагично е што сите феминки и феминовци сте во право со своите мислења, само кога не се доизјаснуваме сите ете ти забуни и вадење од контекст. Немам против КУЛТУРНО, ПРИКЛАДНО доење во јавност, чисто ради кулура дека местото се вика кафич или ресторан а не дојачница. И да не ми биде извадено од контекст, повторно го потенцирам болдираниов дел. Не знам баш како се снаоѓате вие, ама ваму бар скоро секое ќоше е прикладно за поинтимно доење.
    Лично и кај свеки да сум каде си сме исто како дома, би заминала во друга соба да дојам здравје боже, од колку да голтнам срам и да го правам тоа пред свекор ми или девер ми на пр.
    Пријатно доење, каде сакате , кога сакате, само со усул лично заради вас, а не за некој друг кој рекол како рекол.:hai:
     
    На Lolo5, MSkorpionka и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Јас веќе кажав дека не сум за доење во јавност, туку за затскриено доење.

    Ама зошто? Затоа ште денес сегде е: секс, секс, секс, секс.
    Се вришти од секс!!!

    Секое разголување, секое најобично дејство асоцира на секс. Срам ти е да се слечеш, а луѓето пак како невидени зјапаат и тако даље.

    Порано кога нашите мајки не` доеле, нашите баби нив, имале бабачко големи гради, за разлика од нас. И оп си ваделе града секаде, како најнормална работа да е. Нацицај си го бебето и чао, пријатно.

    Никој не те гледал накриво, не ти зјапал во машала големите гради. Луѓето не биле гадливи. Како можат навечер кога излегуваат да се пијанчат и повраќаат, да одат 15 годишни со растресени газови и испрчени цицки, да пцујат и се понашаат неморално, а ОД ТОА ДА НЕ ВИ СЕ ЗГРОЗИ????

    Ама на истите ќе им се згрози ако некоја мајка си го нахрани бебенцето, што е најнормална работа.

    Да се разбереме, немаат сите коли за да влезат в кола, а во туѓа куќа понекогаш е незгодно да бараш да одиш во друга просторија освен во дневната во која те сместиле.
     
    На Lolo5 и koritsaki им се допаѓа ова.
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    искрено не е баш убаво..
    има една моја роднина она и надвор и внатре да се наојга ке ја извади градата и во уста на бебето и сите ја гледат :^) мене тоа не ми е ок..
    па има постари лујге и тоа машки ај мозеби пред зенски мозеби ај али пред машки...
    па и да нема веке каде да си во моментот па завртисе на страна а не како ништо да не правиш само извадија и во уста :^) според мене не е добро така..алис екој за себе си знае//
    ако не им смета нив тоа е нивна работа... :)
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.572
    Пол:
    Женски
    Доењето е многу важно за секое бебенце.Јас моите ги доев до 6 месеци иако сакав и повеќе ама едноставно снемав млеко.Да не бидам офф во темава.Значи никогаш не сум доела пред други луѓе.Ако сум била дома се повлекував во друга соба,ако сме на прошетка во кола или на клупа некаде настрана,ако сме на :o гости секогаш барав некое затскриено место.Доењето само по себе е убаво ,ама за другите не претставува убава глетка.Имав една роднина и од неа ми се смачи иако тогаш бев дете,и си ветив ако бидам мајка никогаш нема да дозволам други да ме гледаат како дојам.Таа ја откриваше градата ,тие набрекнати,млекото капе..а можам да замислам како би било тоа во јавност.Значи доење да ама не по цена сите да ме видат дека дојам и како.Секогаш може да се најде некое место да се тргнеш на страна и да си го нахраниш бебушот.Вадење на цицка пред очите на другите ме исполнува со ужас. :o
     
    На CameliaMiller, BoaVista, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Еве реална мајка која не рипа одма само колку да го оправда своето мајчинско однесување под изговор бебето ми е гладно морам да го надојам па макар и пред луге насобрани околу мене ,и сигурно нема да си го оставам малото гладно да плаче само затоа што на вас ви е непријатно да гледате бебе како цица. Верувам женава не е помалце мајка од вас само затоа што има ваков став и не изрипа одма да го брани мајчинското право на доење .
     
    На CameliaMiller, babyblond, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    Нема потреба од изговори,ни од оправдувања,таман работа.темава не се вика доење пред други луѓе или насобрени маси,туку доење во јавност, јавност= се надвор од домот, значи мајката погоре,како и сите што беа ЗА во темава,би доела скриено,немаше ниедна што рече ќе си ги ставам прво на маса пред сите, па ќе дојам.сигурна сум дека нема мајка што не би нашла начин да го нахрани бебето ако не може баш во моментот
     
    На Li0ness и jana31 им се допаѓа ова.
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Луѓево и на насловна почнаа со доење, а не па .. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • time-naslovna.jpg
      time-naslovna.jpg
      Големина на фајлот:
      144,6 KB
      Прегледи:
      300
    На Lolo5 и marina.m.g им се допаѓа ова.
  10. Webstica

    Webstica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    52
    Според мене тоа е најприродна работа која треба да се цени.
    Меѓутоа, доста често забележувам, слушам и читам негативни коментари од други луѓе, пред се жени, девојки кои не се мајки - дека не било пристојно да се дои на јавно место.
    Има мајки кои бебињата си ги дојат и 2 годинки, зарем додека го дои мајката бебчето ке седи дома заробена? :?: Сега се прашувам, дали на нив им пречи чинот на доење или градата на мајката која не се ни гледа (бидејќи не верувам дека има жени кои од нигде никаде на јавно место видно ќе ја извадат градата и ќе му дадат на бебето да цица)?

    Ако мора мајката да излезе и на непланирани да се задржи како да не го дои? Дали вие сте се сретнале со вакви конзервативни размислувања, па дури и гадливост? Јас тоа не можам да го сфатам, особено не, кога потекнува од жени. Не сме сите исти, точно е, некои навистина од срам не можат да дојат на јавно место, ама мислам дека не е во ред некој што не поминал низ тоа искуство да осудува.
     
    На Lolo5, Annath, gerdanche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Пред 4 години на одмор случајно ме однесе еден ден патот кон струга чисто да прошетаме . На плажата под чадор воопшто не настрана од другите луѓе ( јас поминував покрај тој чадор ) една жена си го доеше детенцето кое имаше околу 7-8 месеци барем по изглед . Беше прекрасна глетка не секси туку нежна навистина преубава особено кога во очите и на двајцата се гледаше големо задоволство . апсолутно не ми смета кој каде го дои своето дете , зашто поприродна и поубава работа нема . Дали јас би имала храброст да дојам во јавност сеуште не знам каде и да е за 4-5 месеци ќе видам како ќе биде
     
    На Lolo5 и koritsaki им се допаѓа ова.
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Пред еден месец по жештиниве гужва во градски автобус огромна, една жена седнала на седиштето одма до вратата за излез и си го доеше детето. Многу незгодно им падна на лугето околу а беше стварно неубава глетка. Сум за доење во јавност, ама не баш на сред гужва.
     
  13. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    139
    Мислам дека е сосема во ред да се дои дете на јавно место, и во тоа нема ништо сексуално иако машкиве како што ги дал господ се палат на се и сешто. И немислам дека е нешто лошо и непристојно и дека има рска со егзибиционизам што не е исклучено, сепак мислам дека тоа треба да се прави во исклучителни случаеви и доколку детет е навистина гладно а има уште долг пат до дома.
    Јас лично не сум доела вво јавност бидејќи ми било срам а и немало толку голема потреба за тоа.
     
  14. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Јас сум доела на јавно место, само подзаскриено. Не можеш да го оставиш детето не јадено, а не шини ни па да не излезеш од дома додека да почне со готвена храна.
     
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Вчера враќајки се од одмор застанавме да се одмориме во друг град и во сендвичара го доев моето 4 мес. бебе. Воопшто не ми беше незгодно, седнав на стол во еден ќош свртена со грб, се покрив со едно тенко ќебенце и си го нахранив. Што требаше да направам, да го оставам да плаче или да одам во кола на температура над 35 да го хранам. И за среќа што го нахранив, зошто кога излеговме надвор што да видиме, гумата на автомобилот издишана пукната и ајде на бензинска, па барај вулканизер итн, итн.
     
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Искрено мене не ми смета доењето во јавност.Кога детето плаче и му се јади мајката ќе го остави гладно?Секако дека мајката би се покрила и задскриено би го направила тоа,па и да не е така не е некој злочин.Тоа е најприродно нешто и е најубава глетка од која што извираат нежноста,љубовта и вниманието.Глетка која што во мене буди многу убави емоции.Тоа е сосема природна работа и не гледам тука ништо гадно или неубаво.
     
  17. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Летоска на плажа видов мајка со поголемко дете кое на секои 5 минути наместо по вода, доаѓаше кај мајката, го тргаше сам горниот дел за да цица и се враќаше да си игра.
    Искрено таа глетка не ме воодушеви. Доење во јавност подразбира мало бебе, кое е гладно во моментот и го држиш во прегратка и можеш да се покриеш со марама или нешто слично.Ова беше некаде 2 години, цицаше стоејќи, дете што само оди, трча до вода за да наполни кофички и си игра, дури и разбира прашања, носеше купачиња без пеленка. Тоа дете само знае да си земе и да пие од шишенце и да побара се што треба, воопшто не беше симпатично за гледање, ниту пак беше дискретно.
    Така што и самото доење во јавност си има свој рок кога изгледа нормално и кога пара очи како неубаво.
    Доење во јавност Да ама дискретно, не мора да паѓа во очи на секој минувач и да се внимава на реалната возраст и потреба на детето.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.121
    Пол:
    Женски
    Имам пишано, мислам, назад во темава дека не ми смета, ама тоа очигледно било така зашто не сум имала прилика да бидам сведок на такво нешто.
    Е па тоа се смени и да си кажам дека е многу некултурно и, иако нели е сосем природна работа е всушност многу неприродно да си ја извадиш цицката на маса. Немаше некој што не гледаше натаму, или се правеа демек не гледаат, ама... Не знам таа жената што си мислеше. А детето не беше баш мало.
    Срамота и резил.
     
    На Lolo5 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.893
    Пол:
    Женски
    Кога би била мајка, дефинитивно не би ја изложувала цицката на сечии погледи. Разбирам, мало дете е, неможе да трпи ама затскриј се, млеко од дома земи или нешто слично.
    Досега во јавност не сум видела, ама еднаш една комшивка, си ја извади цицката пред нас, а полна соба луѓе. И си прави муабет, си седи, не се ни потруди да се покрие малце од малце. :doh:
    А додека, една моја снаа, си го одведе детето понастрана, се заврте со грб, на никому не беше непријатно. Ни нејзе и на мажот и, ни нам, што е многу попристојно. :nod:
    Поврзаноста меѓу мајката и детето е огромна, нераскинлива, тој чин е возвишен, да го нахраниш своето малечко, ама сепак треба да се има во предвид дека пред луѓе е стварно непријатно, некој намерно ќе гледа, а некој и да не сака да гледа по автоматизам ќе му летаат очите.
     
  20. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    кај нас тоа е страмно менталитетот ни -0
    и јас да видам во јавност незнам што ќе помислам
    ама се тоа е природна појава и во другите земји е нормално
    мајка му дава на бебето да јади
    нема ништо лошо во тоа
    ама ние балканците ако видииме така :o :o :o :o :o ова не е нормална ќе речиме.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.