1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    213 глас(а)
    52,2%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    141 глас(а)
    34,6%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,6%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,7%
  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Убаво си ја учиш. Некоја незнам која спомна како од детенце од 7год и било многу незгодно додека доела, тоа дете разбирало се?! Што е тоа разбира се? Незнам која членка беше, баш сакав да ја прашам. Јас имам 6г девојче и 9г син, трудна скоро 7ми месец. Ќе има моменти кога ќе мора да дојам и пред нив. Пак поради смиреност, би одбрала нели соба каде нема никој.. ама често сум сама со нив, често некое прашање имаат. Нема да ги бркам...
     
    На Dennings, eliesaab, ArabellaStarfall и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.667
    Пол:
    Женски
    Сум доела пред деца, никад не зјапале...
    Бебето цица и крај....
    Не знам зошто мора да направат толкава драма.
    Едно е да кажеш дека едноставно не ти се допаѓа моментот доење во јавност, а друго е да кажеш дека тоа е одвратно.
     
    На Martka, Калатеа, Alm. и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.667
    Пол:
    Женски
    Јас мислам утре сите да излеземе на протест со цицките голи и да бараме пример повисоки плати, нема толку да ги погоди, колку ако протестираме нормално облечени за нормализација на доењето во јавност.
     
    На Brpbrp, Alm., Dennings и 8 други им се допаѓа ова.
  4. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.048
    Допаѓања:
    71.644
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум имала проблем некој да дои во јавност, јас викав за себе нема шанса надвор да дојам некаде само дома. Првата ќерка не ја доев, е сега второво го дојам. Се побив сама 100 пати затоа што дојам секаде и пред секого, се разбира со марама покриена. Да напоменам живеам во муслиманска земја и до сега ама никогаш, никогаш не ми се случило да ме загледа некој.Тука доењето многу го форсираат и во парк можеш да видиш седнато многу мајки да дојат.

    Олабавете жени со предрасуди кон други жени, посебно што и самите сте жени... Нема да ве направи подобри ако извреѓате некоја за да бидете подобри работете на себе, а оставете ја другата што сака нека прави.
     
    На minne992, Larea, bertold и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.648
    Пол:
    Женски
    По ова излегува дека не знаеш и не си видела бебе, мајката не носи одлука кога ќе бара да цица бебето, заплакува - побарува, дава. Немаш опција да му кажеш еј чекај сега ќе цицаш за 1-2ч.
    И те како не може. Има бебиња на 4-5 месеци тежаш 8+кг, па моево долго 70цм веќе па сака да му ја држам градата наместена а со другата рака да ме држи за прст, стоење додека доиш е научна фантастика ова ти гарантирам зошто сум пробала да претрчам до кујна додека цица за да исклучам ручек. Плус некои цицаат по 40мин тешко некоја да додржи во раце да и цица застаната под дрво.
    Мислам дека почна веќе сама себе да си се мешаш за што си и не си.
    По тебе не е некултура и да зјапнеш во некое лице со хендикеп ? Не знам еве некоја паралела правам, ако очи се за гледање ,значи човек без една нога додека седи на клупа во парк треба да биде зјапан зошто нешто не се вклопува во општествените сфаќања? И ова гледањево на дојки како го сфаќаш ти, седи мајкава на клупа, ја здогледуваш ти и викаш ќе седнам до неа да одморам, се вртиш кон неа онака прилепена и си ѕиркаш позади главата на бебето или?
    Пак ќе кажам, не си се СТАВИЛА во јавност да доиш, си решила моментална потреба на бебе кое зависи од тоа млеко. Не е секогаш сè така розево и бајковито со мали бебиња. И јас мислам дека на моево 4месечно му фатив ред дека цица на 2.5-3ч па заплака на 1ч надвор, на 40мин од дома пешки. И сфаќам дека пробуваш да се објасниш дека си против целосно соблекување на блуза во јавност за доење но малце меѓу сите реплики се губиш што си сакала да кажеш.
    Јас мислам дека едина доилка што си ја видела на јавна површина била Ромка на семафор што голоградо доела па ти станало одбивно и си зацртала дека тоа така изгледа.
    Убаво ти рекле горе, има градници за доење, наметки, тетра пелени, блузи на копчиња, па јас дур дојам имам помалце гола града него ли некој твој фустан со деколте.
    И пак ќе кажам, јас сум повлечена личност и на плажа се срамам во костим па затоа и при доењето надвор, дури и дома е сè прикриено,зошто целта на вадење дојка кај и да е е да се нахрани детето. Толку.
    Ова мила тешко изводливо верувај. Убаво ти објасниле, не е работава само да се контра. Бебе знае само 3 работи
    -цица
    -кака
    -спие
    И не нема апсолутно никаков ред првите месеци. И не, не значи тоа да се затвориш дома или на тераса од страв дека некој ќе те гледа или осудува како мајка зошто доиш на јавно место. Малце ја претера со сите претпоставки за членките погоре дека ако дремеле на форум или доеле јавно се немајки. Зошто мајчинство е истовремено и најтешка и најубава работа на светот. И е како 2.5 работи да работиш исто времено и по сработени саати е повеќе од тоа што маж ти ќе сработува на неделно ниво па ќе ти дојде дома и ќе рече уморен сум а ти нели дека не работиш на породилно нема да имаш право да се жалиш. Нејсе отидов оффтопик, сакам да кажам, секоја мајка прави сè за своето бебе и се труди да е добра во тоа што го прави.
    Верувам во иднина и ти ќе се трудиш исто да му ги услушаш потребите (кога ќе го чуеш како неутешно плаче за цицање, губи воздух и се вцрвува/тресе целото), без разлика на мислењето на другите.
     
    На Alm., Dennings, pravnicka_2604 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    3.804
    Zarem na 7 god e malo i ne razbira? Moevo pogolemovo e 7ipol se razbira i veke odamna ne se presoblakame pred nego otkako ednas taka brzajki dojdovme od nadvor, ispotena ne razmisluvajki soblekov i prsluk i pocna da se smee i da vika mama ima cice, tuka imase negde 6 i nesto godini mozda 6 ipol bese, pa pocna da vika mama ima cice tato nema cice(facepalm)
     
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Разбира и ова од 6г. Но прашањето ми беше што тоа разбира? Што ако ме види како дојам? Треба ли екстремно да се кријам и да го бркам..? И ние си се пресоблекуваме во други соби, нормално.. одамна. Јас секако ќе си барам простор да дојам најинтимно што можам, ама нема да се потресувам ако случајно ме види. Башка што на почетокот и пумпа ќе користам. 12 август термин, на распуст се башка... и сите други ми работат, сама ќе сум со сите 3.
     
    Последна измена: 7 мај 2024
    На Luna91, butterflysk, Spidy и 3 други им се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    И што ако разбира?
    Поголемиот ми е 8 години, сестра му ја дојам пред него од првиот ден. Да се кријам од сопственото дете ко да ми се срамни градите. Тој знае дека служат прво за храна, а сега така ја заспивам, не ги сексуализираат децата градите ко возрасните.
     
    На Martka, Larea, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Моиве знаат дека и тие си се хранеле од таму како бебиња. Знаат дека и ова ќе цица. Таман работа да ги бркам, да се кријам екстремно.. па дури и да не дојам? Само за они да не ме гледаат :D
     
    На Martka, 1209, Alm. и 5 други им се допаѓа ова.
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    5.404
    Пол:
    Женски
    Жената што дои во јавност нема проблем со перцепција на градите како буквално средство за исхрана на своето бебе. Нека се запраша тој што му пречи, од која причина и ќе сфати дека не е неморал во прашање, туку самата си има проблем со неприфаќање на своето тело и неговата магична функција, воедно и перцепција на туѓата града како нешто сексуално. Што значи, нам ни треба поголема едукација, особено што градата некои ја сметаат како дел од половите органи.

    Толку е влијателен патријархатот во општеството, што прифаќате мажите да ве гледаат како сексуални објекти, со тоа вие да ја перцепирате градата за задоволување на машкото око и нагони. Значи вие сте дел токму од тој проблем.
     
    На Miss666, Калатеа, Larea и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.351
    Допаѓања:
    13.310
    Пол:
    Женски
    Од возрасни попрво ќе се скријам дека има манијаци, што ќе се кријам од дете, баш тие немаат никаква свесност за сексуализација на телото, за нив градите не се ништо повеќе од храна за бебиња. Ќерка ми е 5 години, не само што не се кријам од неа туку и пред да се роди бебето и кажував како ќе цица.
    Јас генерално се измолзувам и носам шише со мене по потреба, чисто дека не сакам да се тргнам 20мин на страна или да се замарам како сум облечена (најголем проблем имам дека имам големи гради и сакам да носам нормален прслук, а не таков за доење), ама немам и проблем да дојам во јавност. Сум доела во сред кафич, со тетра пелена префрлена преку рамо, ама искрено мислам дека не бев нешто посебно покриена зошто ќерката упорно ми ја креваше пелената да го видела бебето. Сум доела и во парк на клупа без да се покријам со ништо, реално помеѓу главата на бебето и мојата маица и да сака некој да види нешто нема да може.
    Не гледам воопшто потреба за дискусија на темата. Прва и основна намена на градите е доење, исто како на устата што и е за јадење, па не се покриваме со крпа преку глава додека јадеме.
     
    На Калатеа, 1209, Alm. и 13 други им се допаѓа ова.
  12. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    3.804
    Aj be ne odma isprevrtuvajte raboti i referati pisuvajte, jas samo kazav deka razbiraat decata na taa vozrast poso clenkata rece deka ne razbiraat bas i toa e toa nisto poveke ne spomnav . Strasna rabota odma mudruvacki referati. Aj.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Па ти моето го испреврте прва. Или не ме сфати што сакам да прашам...
     
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    Па и јас убаво те прашав што разбираат, што мислиш дека мислат? Наместо криење треба да се објасни зошто мама има цице, а тато не, и за што служат.
     
    На Larea, Thinkerbell., lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Ама сте ја разврзале темава :D:D:rofl:

    Ја разбирам и Јустиција дека не е во ред, но и вас другите не знам зошто ја нападнавте.

    Во околина имам доста што биле доилки и што сеуште се, само една до сега е културна да кажам. Не се работи за бебе дека не можеш ред да му фатиш со цицање на 3 месеци знаеш кпга ќе задреме знаеш и колку би можело да трае ептен да е нож на гуша па да мора да се дои ако пример сега цицало не може за 15 мин пак да цица.

    Втора работа е што има доста жени што не се покриваат и колку и да мисли дека не се гледа пупката и дел од цицката дете пред да фаи и кога пушта се гледа особено кога се дои 1.5 дете или 2 кога е виснато на цицка па си џвака па се трга па фати пушти е. Сум била сведок и на жени што не биле од наше друштво да кажам со наши мажи околу доаѓа седнува на клупа вади цицка буквално и го дои и им падна доста незгодно и се тргнаа на страна.

    Да е помало бебе од 4 до 6 месеци ќе разберам ако е хитна состојба да се дои меѓутоа бебе што е почнато со цврста храна и пие течности слободно може да се пролонгира цицањето дур да се стигне дома, нели?

    Никој нема да каже еј дај бе сега ли најде тука да се соблекуваш итн. Ако требало да се шетаме без прслуци и маици ќе сме се шетале нема да носиме облека.

    Кога сме кај децата од 7мо оделение па нагоре они се веќе свесни што е што учат и биологија таму се учи и за човековото тело кај некои почнува пубертетот и се срамат или на некој начин се палат машките кога би виделе цицка. Да мало дете од 1во оделение му е гајле не е свесно, ама другите се доата свесни за тоа особено кога децата имаат пристап до интернет. Бар јас знам во мое време 5то одд имавме информатика и машките беа напалени да ја играат играта со собирање пиво само да ја соблечат таа гола и ред др работи.

    Секогаш ќе има поделени мислења и двете ќе бидат секогаш во право :) џабе се карате само
     
    На Anyshka, BlackNight и GirlVolley им се допаѓа ова.
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    5.404
    Пол:
    Женски
    Сега значи доаѓаме до заклучок дека доењето може да биде културно и некултурно. Нова општествена поделба. Разликата меѓу едната и другата доилка е тоа што на едната и е срам и се покрива, нема тоа никаква врска со нечива култура. А запрашај се зошто се срами. Покрај бројните навреди, еве сега може да се соочи и со некултура.

    Твоето мислење е демек поддржувам доење уствари има затскриен отпор према доилка да ја извади градата во јавност. Уште полошо е што сфаќаш дека доењето не е едноставен процес, туку бебето може да сака да цица и да набљудува, може да сака да смени града, тоа не значи дека жената е егзибиционист, баш и самата сфаќаш, уствари не сфаќаш.

    Што ти е со приказната со доилката што доаѓа во друштво со ваши мажи:D Нешто загрозено се чувствуваш од доилка? Мислам ништо со ништо нема врска. Значи мажите ваши штом се тргнале имаат подобри размислувања отколку твоето. Веројатно сакаат да ја остават жената да си има интима, нешто што на секој нормален човек му доаѓа инстинктивно кога би им дошла доилка од нигде никаде. Веројатно жената барала место некаде, бебето плачело и дошла на првата клупа што и се видела слободна.

    Немам против, ама покријте се и бегајте од нашите мажи.
    Давајте им цицка повеќе на вашите мажи по дома, за да не се плашите од доилките да не ги заведат. (facepalm)
     
    На Калатеа, Larea, Alm. и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Не се осеќам загрозено воопшто нема ни зошто. Зошто на плажа се носат купачи кога секако се вади градата и се дои сред плажа демек бебево ја покрива брадавицава и не е исто? Дали си гол или со купачи исто е. Ако на некого не му е срам брадавиците други да ги гледаат океј нека шета така немам ништо против. Дали се вади малку или цела цицка исто е. А дека "не се гледа" малку ако ја извадиш д ане се лажеме се се гледа дали се мали или големи гради.

    Има луѓе што не им е комфортно да седи некоја до него со цицка на мегдан. Ако требало тоа да се произнесува во јавност тогаш сите голи би шетале, нели?

    Тие што вадат гради надвор немаат проблем ама имаат проблем ако дома свекрвата им отворила врата додека го доела бебето, немој да ме је**ш бре. Се знае бебе кога треба да цица и каде требА, а не изгововорот е епа ете сега му се цица. И да има културни и некултурни додека жената нема деца и се носи со тесен фустан со пуш ап градник она е ороспија, а ако извади цицка надвор тоа е храна за бебе. На кого како му одговара така.

    И во случајот со таа што го споменав погоре рекоа боже господе од толку клупи тука дојде, страшна работа. Затоа што и нивните жени доеле ама никогаш не се тупнале во група на мажи при 10 слободни клупи да дои 3 годишно дете.

    Неможе да се очекува да се дои во јавност, а да имаш мир да не те загледува некој и слично или пак да префрли или како што има манијаци во парк каде некој од атрана го лупа во некоја грмушка... сами сме свесни за се
     
    На Anyshka, BlackNight и GirlVolley им се допаѓа ова.
  18. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    8.109
    Пол:
    Женски
    Навистина е глупаво да се споредува краток фустан од некоја ,со мајка која дава храна на бебе.
     
    На ArabellaStarfall и Adidas888 им се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    5.404
    Пол:
    Женски
    Имаш против. Цел пост ти е против. Барем кажи, не го камуфлирај во либералност, кога вриска отпор и омраза.
    Жена доилка не шета гола, барем до сега немам видено доилка да соблече маица, фустан и да дои. За каква голотија зборуваш. Која е таа доилка што соблака гаќи кога дои во јавност. Па и дома да е, голи ли дојат жените:DЗнаеш што е голотија ваљда.

    И се видела брадавицата, кукууу нонен каков егзибиционизам. Што ако и се видела. Некако многу пишуваш детали за жени кои дојат, зарем седиш и ги гледаш до детали, за да заклучиш дали и се големи или мали градите. Па дали ти тоа се слушаш, па уште се читаш што пишуваш.

    За свекрвата немам коментар. Значи ако седиш во спална или било која соба, сама, значи сакаш интима и нормално ќе ти пречи некој над глава да ти дојде да ти соли памет како треба цицката да си ја наместиш. Што тоа има врска со доење надвор, каде немаш интимна соба. И сигурно нема некој да дојде непознат, до неа да се напика. Т.е може да има, ама ваљда ќе го пријавиш во полиција. Тебе згодно би ти било, да си седиш на клупа и ти доаѓа непознат човек и да те гледа? Што е разликата? Или оваа си го бара бидејќи четвртина брадавица и ѕирнала. Јао мајко, ма какви се овие пишани глупоштии.

    Каде треба и кога треба бебе да цица? Еве мораш да си надвор. Каде да цица? Кога да цица?

    Доилките се сега и ороспии:clap:

    Зошто не ја праша зошто баш на таа клупа дошла од толку клупи?
     
    На Калатеа, Alm., Tiny Love и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.351
    Допаѓања:
    13.310
    Пол:
    Женски
    Муабетот го правите на основ на тоа дека е срамно да се гледа цицката, поточно брадавицата. Се гледа зошто пробуваат да му ја пикнат на дете во уста за да јаде, а не за да некој ја види. Нема ништо срамно во хранење на едно бебе. Дали му е време за јадење треба да и е гајле само на мајката. Дали јаде цврста храна, дали може да издржи до клупа на страна или до дома за да цица, не е ничија работа освен на мајката.
    Како што искоментирав во темата за кариера после раѓање дете, ова е само уште една жртва што мора една мајка да ја прави, заради туѓи предрасуди да мисли дали и кога ќе искочи од дома со бебето зошто на некој ќе му е незгодно кога ќе треба да го нахрани. Не сексуализирајте сосема природен процес.
    Јас лично немам некоја емотивна поврзаност со доењето, како крава се осекам, и кога дојам и кога се измолзувам, не ми е филмот дека тоа е најпрекрасно на цел свет. Ама ке дојам на клупа ако тоа ми одговара во тој момент. Да сакав да се експонирам, сигурно немаше тоа да го правам со бебе закачено на цицка.
     
    На Kom.pot, Калатеа, Mandela и 9 други им се допаѓа ова.