1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    213 глас(а)
    52,2%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    141 глас(а)
    34,6%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,6%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,7%
  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Друг заклучок. Сега мајките не обрнуваат доволно внимание на своите бебиња, затоа дојат каде стигнат надвор.
    Што со девојките што не можат да дојат? Што е со децата во Африка што немаат храна? Што е со христијаните во муслиманските земји? Демек ако излезе доилката надвор и дои пред некоја што не може да дои, мислам дали си салам:D
    Млади деца баш не се загледуваат. Се загледуваат тетки како тебе и манијаци. Замисли во која категорија спаѓаш.

    Еве ти ги имаш на тебе, и тоа не една, туку две, што имаш тогаш потреба да гледаш во жена што дои?
     
    На Annath, Калатеа, Adidas888 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Абе смејте се вие колку сакате секогаш ќе бидете зјапани.
    Од каде знаеш дека јас зјапам јас се тргам од таквите зошто мене ми е незгодно. Друга работа секогаш ќе бидете зјапани зошто да не се покрие таа што дои?
     
    На Anyshka и Qwjkl им се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Зошто да се покрие? Градите што намена имаат? Ти кога јадеш ставаш марама врз глава? Може мене ми е незгодно да те гледам, што не се покриеш.
     
    На Spidy, eliesaab, Tiny Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.130
    Допаѓања:
    124.903
    Пол:
    Женски
    Реков, не е срамно. Пошо не е срамно, нема потреба да биде со дискреција.
     
    На Spidy и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.864
    Абе да, еве цел живот од ко родив, дојам дете, со години:D
    И сите зјапаме по жени што дојат, јер тоа е најправилното нешто(facepalm)

    Примери се напишаа поназад милион, од разни земји, и западни и источни. Не видов некоја да спомне дека била зјапана.
     
    На Dentina, eliesaab и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Епа цицките на мегдан кога се немој да се чудиш кога некој се загледува. Не може цицка да е надвор и да чекаш дете да фати или да го бркаш со цицката да му ја турнеш во уста а да не те гледаат. Фали уште скроз голи топлес да се седи па кога ќе сака и кој сака да дојде да шмукне. Што има везе бебе треба да си цица кога сака и колку сака сега облечи соблечи ќе правиме седи гола па кпга сака нека цица, нормално е
     
    На Anyshka, GirlVolley и Amore123 им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Сериозни сте?
    Еве и премиерката бивша на Нов Зеланд го доеше бебето во влада/парламент.
    Само мали умови ќе се скандализираат.
    Цицки та цицки:^)... Полови органи. |(
    Ова ко вицот со Роршах тест и Мујо
     
    На duffi, An-na, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    21.663
    Пол:
    Женски
    Ова стварно излегува ко стрвни да се за млекото од цицката :rofl::rofl:.
     
    На Marsi*, minne992, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    24.828
    Прво, контекстот е битен. Која е поентата на деколтето? Жената да изгледа посекси. Која е поентата на доењето? Да го нарани бебето. Грдичко е да се мешаат сексуални акти со доење.
    Второ, деколте и топлес се избор, доењето не е, едноставно е нешто што мора да се прави во одреден момент.
     
    На lackygirl, pravnicka_2604, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Плус кому во 2024 му е срамно деколте длабоко да види, или топлес на плажа? Ма јао, све пуританци на фемина.
    Мене градите ми се познаваат и преку облека, и тешко би успеало криење, пак ако ми застуди: куку ноне.
    Што да правам, бурка ли да ставам? За среќа, баш ме брига кој ќе се скандализира, а за на работа носам бројче поголем горен дел од униформа, и тоа дека им одам во личен простор на лугето, не дека се срамам.
     
    На fbaby и Marsi* им се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    И тебе ќе те прашам, мислиш к*р не боли дали ќе ме зјапаш ти или друга Славица?
    Штом сум почнала да дојам, значи не ме боли, а твојата потреба да зјапаш у женска цицка е одраз на..па нешто.
    Туку, на маживе им зјапаш у циценцата?
     
    На Miss666, pravnicka_2604, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    6.899
    Кога доев, доев сегде, парк, кафич, мол, на лекар.

    Не ми се десило да ме зјапа некој, напротив ме упатувале да седнам, да не е под звучник, да има место да се раскомотам.

    Тешко на тие жени што имаат во околина ко ваквите погоре, не се предавајте и доете ги децата кај ви душа сака.
     
    На Annath, Spidy, Martka и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Qwjkl

    Qwjkl Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Denes SLUCAJNO poglednav vo eden mall vo Skopje doilka kako javno nepokriena go doi deteto, na sam vlez na dolen sprat. Mene IC ne mi bese prijatna gletkata pa si go zavrtev pogledot.
    Nemam deca, ne ve razbiram sosema vas majki, ama da go zavrtam pogledot od neprijatno znaci ne e OK, moze toa da se pravi i pokriena so kebencde bilo sto, ne bese sama zenata, so maz bese, moze i da se odbere nekoe mesto sto nema tolku mnogu luge, ova na 1sprat do vlez, na udar...
    Se zaprasav dali ovaa mlada zena pred sekoj bi se soblekla? Vajda ne, no vaka vo mall.. Navistina ima po diskretni nacini da se cuvaat bebinjata siti, znam deka jadat na sekoi 2,3 saati.. Moe mislenje, sekogas ima isklucoci.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    1.759
    Пол:
    Женски
    Ај пробај ти покриј си ја главата со ќебе и јади, па кажи како ќе ти биде.
     
    На duffi, mariz, ArabellaStarfall и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Веројатно ќе си го завртеше погледот и ако му давала шишенце со млеко. Зошто побогу би го гледала некого повеќе од 1-2 секунди..
    Исто ми доаѓа како некој возрасен кога би го гледала како јаде: ја вртам главата, не е моја работа, не ме интересира.
     
    На lackygirl, mariz, ArabellaStarfall и 3 други им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.130
    Допаѓања:
    124.903
    Пол:
    Женски
    Среќа, па не е битно твоето мислење кога станува збор за основна потреба на бебе. :D
    И јас немам дете, ама имам разбирање за доењето во јавност. Бидејќи гладното бебе е побитно од твоето мислење.
    Еве и за тебе да прочиташ.
     
    На ArabellaStarfall и Larea им се допаѓа ова.
  17. Qwjkl

    Qwjkl Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Vasiot predlog e duri i opasen, moze covek da se zadusi jadejki. Ne go mislam istoto za bebinjata. Mozda vie majkite vi e preku glava non stop jade deteto pa sto e toa e drugsej si razmisluvate, nie pa poinaku. Sto e kulturno sekoj sam si odreduva, nema nekoe opsto pravilo. Ako za tebe e OK pravi si taka. Jas go izrazuvam moeto mislenje, imam pravo na toa sto se veli, i mene ne mi e IC prijatno pa toa e toa. Nikogas nema da osudam majka vo javnost, kolku po beter raboti se slucuvaat pa za ova e i zalosno tolku da se komentira. Neka se zivi i zdravi bebinjata. Sepak, moeto mislenje, mojata kultura, moeto vospitanie dosega mene ne bi mi dozvolile taka, zatoa i ne mi se dopagja da go vidam toa. Forumot trpi sekakvi mislenja. Pa sega ete toa e moeto :)
     
  18. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    1.759
    Пол:
    Женски
    Аха. Значи човек возрасен може да се задуши, ама бебе со минијатурни бели дробови нема гајле со ќебе преку глава. Ок.
     
    На M.B., mariz, ArabellaStarfall и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.351
    Допаѓања:
    13.308
    Пол:
    Женски
    На брат ми исто му е незгодно кога дојам. И кај него дома да сум на гости, он излегува од собата зошто НЕГО му е незгодно. И сам рекол дека не сака да биде присутен кога дојам, ќе иде да пуши цигара па ќе се врати. Кај него дома, во неговата дневна соба сум, а не надвор на улица или на клупа или во парк. И нема да ми рече да се покријам, или зошто не ми е срам зошто знае дека негов проблем е тоа што така се осеќа, и он си наоѓа како да го реши, а не јас и моето гладно бебе.
    Татко ми седел до мене додека дојам, и сосема нормално ме гледа во очи додека си разговараме. Бидејќи секако не ме гледа на тој начин, бидејќи ми е татко, не му е тоа проблем.

    На тие што им е незгодно да бидат присутни кога се дои (не сакам да речам да гледаат доење бидејќи што има да гледаш, ако некој јаде сендвич во ваше присуство во уста ли го гледате?) мислам дека треба себеси да се испитате зошто ви е незгодно, па да се замислите малку зошто некој друг треба да смени нешто во нивното однесување само за да вас не ви е незгодно...
     
    На merriel0, lackygirl, Adidas888 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Qwjkl

    Qwjkl Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Dobro, pravete si kako vi e OK. Mene mi e nezgodno stvarno, i od pricina sto smetam deka ima i podobar nacin ama ne tuka e ona "kje si pravam ja so sakam, ti ne si tokmu" - za toj del od kulturata. Smetam deka se gubi dostoinstvoto na majcinstvoto, ama prostete ako gresam so da kazam, toa e ednostavno moe cuvstvo i nemozam da go negiram. Samoto po sebe cinot e normalen. Ama za javnost pred nepoznati luge jas ne bi praktikuvala i moeto viduvanje e toa.
    Eve vie sto ste doele vo javnost, spodelete iskustva dali ste imale negativni iskustva i zosto milisite deka doslo do toa? (ako doslo)
     
    Последна измена: 9 мај 2024
    На BlackNight, Brpbrp и GirlVolley им се допаѓа ова.