Ти правиш некоја доилка да биде во центар на вниманието. Тебе ти привлекува внимание, мене не. Кога последен пат имаше контакт со бебе и дали ексклузивно си доела? Бебе што е гладно плаче, не кенка. Нема способност за вербална комуникација, туку испуштање на емоции. Кога веќе правиш разлика меѓу 3 и 8 месечно бебе, во ред е доилка да дои во јавност 3 месечно бебе тогаш?
Ама мајкава што доела е проблем.... хахаха Мене па гадничко ми е што гледаат така на доењето, како нешто невкусно, интимно... шо знам, ко настрани ми се тие така што размислуваат. Толку бурно да реагираш на бебе што цица, стварно нешто не е во ред на подлабоко ниво.
Мене ни ова не ми е срамно Штом мажи можат голи да шетаат, зошто не и ние? И они имаат цицки, нели? Ама нив не ги сексуализираме, плукаме итн... само жениве што дојат се вулгарни? Хм, хм, хм.... Преиспитајте си ги гледиштата под итно, оти кај и да е ќе ве читаме по темиве кога ќе бидете мајки, верувам тогаш (барем повеќето) поинаку ќе гледате на нештата.
Одлично. Срам да и е на Емили и сите што не носат градник елем цел Холивуд. За жалење се тие околу нив што стојат, оти светиот морал им е нарушен од ваква бласфемија.
Ама нема потреба да се мешаат ред карпет аутфити со доење, скроз различна им е причината за постоење.
Се не ви е срамно на вас а да седнете во ресторан до некоја што си ги извадила градите одма ќе викате ороспија е. Најпоштени сте на форум а во живо боже боже. Цицка е цицка нема разлика. Имаш бифор и афтер само дигната и висната друго не. Каква и да е намената. Од една страна поштени леле да не ми ги види некој срамота е ќе се криеме, а од друга страна сред село се вади цела пред народ и тогаш веќе е неботно додека не се престане ао доење поале демек ауу цицињата да не ги види некој а пред тоа 3 години надвор цела држава ги видела. Нетокму
И те како има разлика. Не сме ние жените криви што природата нè создала со дел од тело кое има повеќе улоги. Едит: НИКОГАШ не би помислила/рекла за жена што дои во јавност дека е ороспија, а у. Каква поштеност, што е муабетов...
Сега да не претеруваме. Нормален човек во секојдневието не се облекува вака. Затоа што токму целта на ваквиот аутфит е привлекување на внимание и публицитет. Дали ти би носела ваков фустан или дали веќе си носела? Не зборувам за неносење на градник под маица, туку баш изложување на градите и гаќите. Мајка доилка нема да ја видиш во ваква комбинација. Обичен човек не можеш да го видиш во ваква комбинација. Факт е, сите имаме гради, но одредени делови од телото да требало во нормална состојба да бидат експонирани, немало ни градници ни гаќи да носиме. А и Емили не дека оди да дои. Тука се прави разликата.
Ама ти не сфаќаш упорно. Не е дека жена што дои сака да ги вади градите во јавност. Тоа чекаме, да забремениме, за конечно да ги извадиме цицките надвор. Жена што дои нема избор. Храната е во гради. Не е во газот или колената. Што треба да прави? Како според тебе се дои бебе, каде немаш достапност на соби за доење, а бебето не пие ни вода, не прифаќа ни шише?
Не го испревртувај муабетот. Кажав дека ако видиш жена гола со цицки надвор и да не дои е ороспија, а таа што дои е океј. Ако за таа што дои е океј да биде со гради надвор тогаш не би ти пречело и некоја друга жена што не дои да го прави истото.
Ти стварно имаш проблем, решението не го барај на форум. Јас тој збор не го користам за жена никогаш. Твојот речник кажува многу.
Споредбава... незнам ни што да ти одговорам, зошто си нема везе едно со друго.. не ни може да се спореди.
Прво и основно, немам видено гола жена со цицките надвор, чисто онака зошто и' се може. Ти имаш видено? Зошто мора да дрндаме чудни хипотетички муабети само за да се докаже мислење, веќе губи смисла муабетот? Ако видам рендом гола жена на улица, искрено ќе си помислам дека ваљда не е добра во главата. Дали тоа прави да имам двојни стандарди? Не, зошто контекстот е битен. Второ, ако некоја жена мора да дои, едноставно мора да дои, не вади цицка надвор само чисто онака да и' се луфтира. Пак: контекстот е битен, одтука темава - зборуваме за доење, не рендом вадење цицка и дремење на маса со цицката надвор.
Ако храната е во гради сигурно нема да се бута каде што има што повеќе народ, нели? Секогаш за се има решение си има и посебни марами за доење, тетра. Се лупаат тетри на колички тоа е океј ама кога станува за бебе да цица тогаш го гуши и триста работи. На кој како му одговара така. И да се дои во јавност океј но со усул што би се рекло. Има и тоа како. Јер цицка е цицка.
А каде смее да оди доилката ако дои? Во парк смее? До колку посетители на квадрат е дозволено за една доилка да може да дои во јавност? Народ има и на доктор во чекална. Народ има во парк, народ има во маркет, народ има на лулашки, секаде има народ. Каде да оди доилката, во шума, пештера? Пак на истото се навраќаме. Зошто ти не ставиш тетра врз глава кога јадеш? Мене па страшно ми пречи луѓе кога шмљацаат и уста не затвараат кога јадат, згора на се зборат и плукаат. Посрамота и понекултурно е тоа, него доење на своето малечко. Има решение точно. Да се едуцираш повеќе на тема доење и прво дои па дојди овде пуфај ни празна слама како се чува доено бебе.