1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    213 глас(а)
    52,2%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    141 глас(а)
    34,6%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,6%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,7%
  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Гасете интернет, пошо сВе непоштени сме се собрале тука (facepalm)

    @RainBow не ќе да е лошо да заметеш малку, м?
     
    На Marsi*, pravnicka_2604, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Одговор за @ArabellaStarfall :Да бев актерка со ова тело, веројатно.
    Спомнав веќе имам големи гради, и ме "загледуваат" машки особи пред се, и во нормална облека.
    Со годините ќе се намалува тоа сигурно.
    Како тинејџер се криев. Бебе доев дома, не се погодило надвор, пред друштво имам доено во посебен дел од соба, заедно со другарка која исто доеше, па мажите седеа во дневна, ние отидовме во трпезарија, сепак имавме избор. Не дека маж и и маж ми ќе паднеа во несвест, виделе поише од еден пар, фала богу, ама ете. Пред свекрва мајка золва другарки, доев.
    Амааааа, не им се мешам на другите, ако сакаат надвор, или се јави потреба, фала богу живеам во цивилизирана земја надвор од Балкан
     
    На Annath и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    24.822
    Да, цицка е цицка (кога би можеле да бираме од кој дел од телото би доеле, можда не би ги избрале баш цицките), ама причината зошто жена би ја извадила цицката е тоа што прави разлика. Жените што дојат не се луди, па да вадат цицка чисто онака за забава. Како созреан возрасен човек тоа треба да е јасно.
     
    На Mumoftwo30, MinnieM, Marsi* и 5 други им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Да, таа што дои е Океј, тоа кажуваме...
    (бтв, многу сељачки збор е ороспија, шо знам... не е убаво жена за жена такво нешто, ама ај)

    Инаку морам да искоментирам, кога доев, искрено мажите што поминуваа, пример во парк не ме ни приметуваа, ни се вртеа ни зјапаа, вакви жени ко оваа превртуваа очи. Сум доела и во кафич, и во ресторан, и во парк и на плажа... единствени превртувања од очи и невкусни зјапања од жени само доживеав, па замислете се. И тоа носев широки блузи не ми се ни гледаше цицката, ама пак ваквите ко оваа тука се гадеа и превртуваа очи. Од жени си патиме.
     
    На Mumoftwo30, 1209, Dennings и 14 други им се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Незнам што е овде на пр за зјапање и невкусно.
    Screenshot_20240511_214357.jpg
     
    На Spidy, GirlLove, Mumoftwo30 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.148
    30 страни напишани зошто на 2 рандом жени им пречело што некоја доела во јавност. :|

    Со првото бебе не доев во јавност, второво го дојам, но подзаскриена, не пред луѓе. И многу ми е полесен животот.

    Генерални никој не те загледува освен еднаш. Имав ситуација во Дојран скроз свртена со грб на дистанца од другите две стари дртала почнаа да коментираат како сум доела во јавност бебе од 3 месеци. Дур они ме зјапаа од позади грб и нивните жени исто коментираа.

    Во принцип не се замарам, ама многу, многу лошо се почуствував. Не заради мажите, туку заради коментарите на жените. Очекуваш поддршка од жени кои биле мајки, ама еве и млади мајки тука се полни со осуда.

    Маж ми примети и отиде им кажа само да си гледаат нивна работа, а не мајки што ранат бебиња. И замолчеа.
    За памет, со таквите, само така. Директна конфронтација.

    Инаку псоле 6м откога јаде цврста храна, не го дојам во јавност, ептен ретко во кола, ама за бебе до 6месеци не треба никој да се срами од доење.
     
    На LadyInPainting, duffi, Mumoftwo30 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    На LiquidLuna, jacqueline.s и Цвет88 им се допаѓа ова.
  8. MinnieM

    MinnieM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.911
    Пол:
    Женски
    Првото дете не го доев во јавност од срам. Сега со второво дојам и гајле ми е не избацувам цицки скроз :rofl: на патека за пешачење, парк, во зоолошка, во кола, во мол одам во собите за бебиња кога веќе има опција. Се покривам со тетра пелена значи ништо не се гледа! Полесно ми е вака отколку да се затворам дома по цел ден заради другите што ќе кажеле, ако на некој му пречи едноставно нека не гледа :smirk:
     
    На Peperutka17, Speechless, lackygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Во кои молови има кај нас соба? Освен онаа во Ситимол... Има и во другите? Па ств е жално мало бебе може во секое време да се расплаче за цицање..
     
    На KuklickaSk, MinnieM и Fenix05 им се допаѓа ова.
  10. MinnieM

    MinnieM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.911
    Пол:
    Женски
    Да за во Ситимол во Скопје и во Штип, на друго место не сум проверила дали има.
    Еднаш во еден ресторан бевме со мм и имаше многу народ па ги прашав вработените дали има некое место потскриено така за доење и го викнаа газдата и ме однесе до една соба не беше којзнае што ама бар раат го доев без да ме гледа некој напреку
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    5.400
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што ти мислиш дека грешиш нешто и сакаш да се скриеш како да правиш криминал, а не доење на своето бебе. Треба проблемот да се насочи кон оние на кои им пречи некоја анонимус мајка што седнала во ресторан или било каде да му даде храна на своето доенче.
     
    На mariz, KuklickaSk, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    3.479
    Пол:
    Женски
    Апсолутно немам ништо против голи гради, не сексуализирам, а камоли против доење нешто најприродно :inlove: ги поврзува мајката и детето :l: Жал ми е за сите што доживеале непријатности за нешто толку убаво.. Ама живееме во време каде што порнографија не уништи и буквално се се сексуализира. Се надевам ќе се опоравиме.
     
    На Peperutka17 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Trupko

    Trupko Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2024
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Јас ја дојам каде и да стигнам. Во парк, во мол, на кеј, во кафиќ, во ресторан. Против нејзините потреби не можам да одам, она е на прво место. На почетокот ми беше непријатно, ги загледував луѓето дали реагираат ама најискрено никој никогаш не ми реагирал дури ни со гестикулација во негативен контекст. Знаеле да ми се насмеат жени, а заинтересирано да реагираат деца. Така се храни моето дете и немам намера да ја лишувам од надворешниот свет затоа што на некој тамо му смета. И мене ми смета некој што во ресторан мљацка, ждрига, јаде со прсти и чепка заби со прсти и чачкалици на маса па никому ништо.
     
    На Peperutka17, mariz, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    1.759
    Пол:
    Женски
    Има и во East Gate
     
    На AriaStark, mariz и Fenix05 им се допаѓа ова.
  15. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    3.474
    Пол:
    Машки
    Ич да не ви е гајле на кој му пречи, на прво место ви е детето, ако на некој му пречи нека си ја заврти главата, на крај краева и самиот гледа дека на детето му треба храна и дека и на самата мајка не и е згодно да извади града на јавно место ама што се мора мора се, нека си ја заврти главата на друга страна. Подршка до мајките ич да не се замарате
     
    На Fenix05 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека нема потреба од криење по магацини и остави во ресторани. Јас будала бев со првото, прашав кај да дојам во еден ресторан, ме пикнаа така краставиците и доматите кај што ги чуваа во една остава ко казнета, ко којзнае кој грев да го правам. Затоа после тоа, а и со второто секаде си доев, и не дозволив да се осетам толку ниско повеќе. Доилка да се пика по клозети и остави, греота е.
     
    На honey95, drugarka, Giiirl23 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. AriaStark

    AriaStark Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    A kade se naoga?
     
  18. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    8.099
    Пол:
    Женски
    Мајка сум. Доев . И секако ,тотално поддршка за доење во јавност.
    Ама еве се најдов деновиве неколку пати во иста ситуација.
    Жена на другар на мм.
    Излагаме на вечера , штрак цицката пред сите ,ни покривање со тетра ни ништо.
    Океј ,нема проблем ,бебе цица нормално е.
    Друг ден ,искачаме , носеше фустан до колена, незнам зашто едноставно не ја извади дојката преку прслук ,туку цел фустан го крена нагоре ( видовме и гаќи бај д веј ) и да,пак на сред јадење.
    Малце невкусно ми дојде искрено......
     
    На SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    5.400
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека цел фустан го крена нагоре и така си доеше?
     
  20. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    8.099
    Пол:
    Женски
    Да !