1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење и фарбање

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 12 април 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.880
    Допаѓања:
    102.907
    Пол:
    Женски
    Би сакала да ми одговорите безбедно ли е фарбањето при доење? Јас цела бременост не се фарбав и сега сакам конечно да се исфарбам ама пак ми е страв да не навлезат тие штетни материи од фарбата во млекото? :?: позз :*
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас се фарбав и тоа секој месец, на плавуша одма и се познава коренот :lol: Еве ја, здрава права 4 години има, никакви последици, се се само бабини деветини...и мене ми рекое дека штетно било фарбање за време на бременост, па си се шетав со корен, ако јас се прачувам фарбај се .
     
  3. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Слободно можеш да си се фарбаш. Јас и за ќерками а и сега си се фарбам, и кога бев бремена и кога доев. Ова грциве малку претеруваат :lol: , знам зашто мајка ми е од таму :P . Поздрав
     
    На StrongKris му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Побарај фарба без амонијак :) . Јас сега само таква користам (и јас дојам).
     
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Па вие фарбата ќе ја пиете или што ќе и правите?
    Влакното на главата нема апсолутно никаква врска со млечните жлезди.
    Всушност фарбата го обојува само горниот дел од влакното, за во коренот да ти навлезе треба да имаш некоја рана.
     
    На sofi2107, Bozica1980, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Види Ашлинг, констатацијата ти е на место, ама кога си опкружен со постари особи кои слушнале некоја бабина деветинка и ти ја кажале малку и ќе се подзамислиш, еве вака :?: А сите ние кои сме биле тазе мајки понекогаш и сме ги послушале за доброто на нашето малечко, колку и да било нелогично и апсурдно сепак верувам дека секоја од нас си помислила дека можеби е вистина. :)
     
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Па не е баш за бабини деветини,порано фарбите биле доста штетни и не дека ќе ти влезе преку влакното или нешто туку со самото тоа што вдишуваш такви штетни материи можело да му се наштети на бебето,денес веќе повеќето фарби се без амонијак итн така да нема штетност.А и бојата за фарбање или разредувач не се пие ама вдишувањето на испарувањето на нив може да му го оштети мозокот на нероденото бебе.
     
    На gjoker4e и lolyta777 им се допаѓа ова.
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    И плус, хемикалиите преку кожата навлегуваат и во крвотокот. Далеку е тоа од бабини деветини. И лекарите исто велат да се внимава. Е сега, секој си одлучува за себе (и за своето бебе).
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Добро не ја чешлај косата тогаш зошто ќе имаш кавга во семејството.
    Бабини деветини се и детето да не го иставаат надвор до 40ти ден, па познавам неколку што го прекршиле тоа "правило" и за чудо дечињата се здрави и прави.
    Сега и вие не споредувајте фарбите за коса пред 20 години што ги користеле нашите мајки и новиве фарби.
    Ако толку ве загрижува фарби без амонијак има премногу, ризикот да му наштетат на детето е еквивалентен на ризикот кога шеташ по улица да те прегази кола.
    Како што кажа битерсвит, внимавање при вдишување на фарбата,ако не замолете некој друг да ве исфарба,а вие седете си со крпче на устата и носот и нема гајле.
    Зошто инаку откако ќе се исфарбате, после некоја недела ви растат влакна во природната боја која ја имате,а не таа што сте ја нанеле со фарбањето?
    За да ти стигнат до млечните жлезди треба да поминат огромен пат и да имате премногу нус појави, почновајќи од обојување на влакната од веѓите да речиме.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Значи многу ме нервираат бабини деветини, посебно кога се спрема и прави свадба или кога се раѓа бебе. Еј ти се молам, не бивало жена која само што родила да каже ај чао, зошто ќе и престанело млекото, демек на млекото му викала чао?!? :tmi: Не бивало да му се сечат ноктињата на бебчето до една година?!? Па ќе се испогребе целото, а и како да не му ги исечеш цела година?!? Не требало бремена жена да се шиша. Зошто? Па најискрено незнам, а незнаат сигурно и оние кој го измислиле тоа, ама ајде.
    Мајка ми со мене, немала ич млеко, ама пусти баби не и дозволувале да купува вештачко млеко, зошто детето немало да биде здраво. Еј ти се молам, а без јадење ќе биде здраво. За среќа мајка ми слабо ги слушала :) Па еве ме денеска здрава, права, да чукнам во дрво, ништо не ми фали. 40 дена да не излегуваат мајката и бебето надвор, ама и никој да не смее да им оди на гости и што ли уште не....
    Најискрено од ваквите работи ми се :puke:

    Како и да е секој си знае најдобро за себе, ама мислам дека младите мајки повеќе не ги почитуваат ваквите бабини деветини, секако со исклучоци.
     
    На gjoker4e, Veki4kaa и marama им се допаѓа ова.
  11. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Грижа за косата
    1. Бои за коса, препарати за косата и исправање на косата:
    Не се познати случаи кои покажуваат некои несакани ефекти врз бебето од употребата на бои за коса, без разлика дали се амонјачни или безямонјачни. Повеќето мајки во последните години си фарбаат косите, но нема документирани ефекти врз доенчето од тоа што да се поврзат во категоричен начин со боите за коса. Хемикалиите кои се користат во боите, кадрене, изправјање на косата и др. се користат саму врз кожата, а повеќето супстанции навлегуваат во кожата во многу ниски концентрации. Уште помалку количество од она што воопшто е инфилтрирало во кожата, доаѓа до бебето.
    Има некои мерки, кои ќе ви помогнат да ја намалите изложеноста на бебето на дејството на состојките на бојата:
    *Користете бојата во добро проветрена соба, далеку од детето
    *Користете бои само на ненаранена кожа на главата
    *Се нанесува бојата со ракавици и четка, за да ја намалите досега на кожата со бојата
    *Држете бојата на косата минималното можно време
    *Исплакнете косата многу добро и измијте убо под душа
    *Избегнувајте при миењето на косата бојена вода да паѓа на градите
    *Светски познатиот фармацевт и специјалист за употребата на лекови и хемиски супстанции за време на доење д-р Томас Хейл смета дека хемикалии од боите скоро не достигаат до мајчиното млеко, за да се потребни посебни мерки. Меѓутоа, ако мајката сака да е вонредна внимателна, тој предлага да не се дои во наредните 4 часа по нанесување и да се исцеди млекото (можете да исцедите околу 3ч по бојосувањето, бидејќи тоа е период во кој повеќето лекови и супстанции достигнуваат најмногу концентрации и да се почека уште час и нешто, пред да доите бебето).


    2.Кана:
    Иако къната да е сосема природен производ, може да содржи примеси на токсични материи и тешки метали, па бидете внимателни од каде си купувате каната што ја користите. Апсорпцијата во кожата е минимална, но може да претставува здрав ризик за дете, што страда од генетски условено недостаток на ензимот glucose-6-phosphate dehydrogenase (G6PD).


    Нега на лицето и телото

    1. Разни терапии за лице:
    Вообичаено користенето на креми за лице не претставуваат проблем. Мора да сте внимателни, сепак со специјални креми (најчесто тоа се специјализирани терапии против акни), содржат големи количества ретинол - тој може да се натрупа во значителни количини во мајчиното млеко и да има несакани ефекти врз детето. Производи кои содржат естроген, исто така, не треба да се користат за време на доење!

    2. Постапки за тело - масажи, спа и антицелулитни третмани:
    Природните масла кои се користат во масажи, спа-процедури и антицелулитни третмани, вообичаено не носат ризици, дури и кога се применуваат врз големи области од телото. Разумно е да се воздржите од употреба на антицелулитни препарати кои содржат кофеин, бидејќи тој продира лесно во кожата, брзо стигна до мајчиното млеко и бебето го метаболизира потешко и значително побавно отколку возрасните.
    Некои билни производи, исто така, може да претставуваат проблем - ако предложеното средство содржи многу егзотични состојки, за кои не сте информирани, е подобро да се воздржите од употреба, додека доите и да изберете нешто со помалку на број и познати природни состојки.

    3. Сауна:

    Мајки доилки можат да посетуваат без грижа сауна. Може да е удачно да надоите бебето непосредно пред тоа, за да може градите да ви се спокојни и да не протекуваат лесно од топлото. Удобно е да имате крпа под рака, за да може да се попие евентуално тек.
    И се разбира, е многу важно да пиете обилно количество вода потоа, за да замени изгубените течности.

    4. Тен:
    Посетата во солариум нема негативни ефекти за мајчиното млеко и доенчето. Важно е внимателно да ги чувате од изгореници кожата на градите и особено ареолите. Здравиот разум кажува дека не е добра идеја да нанесувате препаратите за заштита или за засилување ефектот на соларните процедури на ареолите. Доењето поддржува хормоните ви во состојба, како за време на бременоста и вашата кожа може да реагира со полесно раздразване и создавање на темни дамки.

    Тоа е кое најдов во интернет и до колку успеав го преведов. Поздрав на сите :*
     
  12. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Ми ги препорачаа БИОКАБ ги има во КОсмо и се 500 денари,ми рекоа дека е на природна база и без АМОНИЈАК.
    КЕ ја пробам деновиве ;)
    И Ревлонот по цена од 400 денари се без АМОНИЈАК.
     
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Сакам да ставам кна али бидејки дојам ме загрижува да не и смета на малата :^) нели косата малце ке мириса од кната па затоа :^) има ли некој ставено кна во тек на доење?малата е 2месеца или една недела од вистинскиот термин на рагање.
     
  14. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    137.279
    Пол:
    Женски
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас пак првпат слушам за ова...искрено ете се исфарбав пред некоја недела.
     
  16. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    си се фарбам најнормално и во бременоста и сега кога доам ...
     
  17. biljana.c

    biljana.c Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    12
    Мајки дали се фарбавте додека доевте?
     
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа као може ама шубе ми беше така да не.
     
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.288
    Допаѓања:
    34.220
    Пол:
    Женски
    Смее да се фарба мајка доилка? 9+
     
  20. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.040
    Пол:
    Женски
    Јас и во бременост и сега се фарбам со маслена фарба,без амонијак.
     
    На gjoker4e и sofi2107 им се допаѓа ова.