Оваа тема која треба да биде сосема нормална за нас жените ја направивте да биде до толку осетлива што наскоро ќе стане табу. Во денешно време кога отворено се говори за се, за сите настраности и девијации, велите дека доењето многу се пропагира, па дури и некои го нарековте хајка. Жена не смее да каже дека дои, одма се фали, сачуј Боже да спомене подолг доенечки стаж, бесчувствителна особа која само се удира во гради и нема осет за мајките кои давват АД. Ма дајте ви се молам! Јас откако се породив се запрепастив колку всушност се потпртнува доењето, а се форсира АДто. Болници со илјадници родилки годишно да немаат советници за доење, да немаат силиконски брадавици да понудат на мајките со рамни брадавици, прворотки демотивирани уште на старт, пуштени дома по само 1 ден хоспитализација, изнемоштени уште од повеќечасовниот пораѓај, со уште ненадојдено млеко, а бебе гладно вришти..... Дома исто немаше кој да ме посоветува во врска со доењето, секое слободно време го користев да прочитам нешто на интернет, да најдам одговор на нештата кои не ми беа јасни, неколку девојки од овде многу ми помогнаа, а исто и имав среќа што се поврзав со советничка за доење од Србија и благодарение на неа ги поминав сите препреки и сега успешно се доиме со синко веќе 7 месеци. А не беше лесно, вовлечени брадавици, измолзување дење/ноќе, воспалени гради, маститис, антибиотска терапија по која млекото речиси целосно ми секна, скокови во развој..... И горда сум на тоа! И колку можам со совети ќе им помогнам на оние што ќе побараат, неколку мајки што отпосле се породија и со кои комунициравме а имаа проблеми на почетокот сега успешно се дојат поради што ми е многу мило.
Што е толку чудно некој да каже колку месеци доел дете? Што е толку трагично сето ова што си го навела како пример? Нешто како за потсмев ми делува твојов коментар. Сакаш да кажеш дека ако некоја мајка каже колку доела одма се фали и филма оти е многу голема мајка, видете ме- чудите се. Моето дете цица веќе 28 месеци , а дали е тешко само така да го одбиеш? Тешко е. Колку и да ти е смешно или чудно, така е. Не е филмање и преувеличување. Секој на различен начин го доживуваa тоа, а зависи само од личноста. Познавам мајки кои доеле деца и до 5 години, не е ништо СРАМНО. Исто и мајка која по препорака на педијатар давала Ад млеко до 3 години зошто било здраво многу. @Kaetana сакам да пише на темава.
Не е чудно, бесмислено е, извини, ништо лично. @makedonkamak Од моја гледна точка. Вас ве погоди овој коментар, другите што читаат се и сешто од чичко Google, па и Америка за пример оти сите знаеме колку нормална нација се, за нас ок е. Се едни исти мајки читам дојат, дојат, дете на цицка, дрн дрн, ок, знаеме, невозможно е да не знаеме дека доите. Тоа да, за мене е чукање во гради. Дете закачено на цицка, јас еве куцкам на телефонот, на форум, да пишам оти е закачено на цицка да не не знаат. Извини, глупост. Дојте си и до пет, ама без претерување. Кажав, темава е навистина глупава, глупав наслов има прво. Доење наспроти формула... Како овие две нешта се поврзани? Никако. Едното го произведува мајка, другото компанија. Едно е природно, друго е вештачко. Едно е замена. Ако е за едукација на доењето, нека се вика така и ставајте совети, жалби, поплаки дека нема.
Темава не е благодети, предности и искуства со доењето и мајчиното млеко. Темава е за односот на истото кон ад млеко. И да, таа поставеност подразбира и дискусија и дискутирање од еден друг агол кој ги опфаќа и двата начини и споредби меѓу нив. Има тема каде активно се говори за доењето и каде се советува и поттикнува истото. Сите тука (уствари се надевам за ова сите) знаеме што значи мајчиното млеко и не прочитав некој да го негира истото. Доколку се говори за тоа дали има негативни ефекти од ад млеко, дали е нездраво, и дали предизвикува негативни последици не значи дека се намалува или потценува значењето на доењето. Или па сака да се демотивира некоја идна мајка и да се привлече кон темната страна и да почне да дава флаши ад. На мајката која не дои и е малку важно дали некој ќе рече дека за нејзе ад било нужно зло, за другата, за онаа што нејќела да и висат градите, важело она немајка. Па ќе се тапкаме по рамо и ќе стоиме на страна додека други мајки се етикетираат камо немајки или неедуцирани. Работава демек ќути си трај си чим не те тагуваат, за другата е. И не, не мора да се најдам ниту прозвана ниту тагирана за да споделам дека за мене тоа не е правилно. Оној техничкиот дел и е пресуден на таа мајка и очекувано и нормално е да се фокусира на друг аспект од дискусијата. Дали ад е штетно и дали нејзиното дете ќе има било какви последици. Не и треба никој да и каже дека едното е природно другото е вештачко. Ако се каже не е штетно не е нездраво не викате навалете народе кон ад, баталете доење. А со самото тоа што ад се става во иста реченица со отров, односно утеха дека не е најздрав ама па не е ни отров, се наметнува тој правец на дискусија. Доколку целта е да се делува на некаков мотивационен начин морам да кажам дека тоа не беше успешно, барем не кај мене. Освен споделување на сопствено искуство потребно е и малку повеќе емпатија и избор на посоодветни зборови за да се допре до некого. Ретко кој ја поседува таа карактеристика и квалитет и често се постигнува обратен ефект. @Kaetana да, е една од ретките и можам само и по не знам кој пат јавно да се заблагодарам за поддршката и советите за успешно доење. Две деца доев со нејзина помош и нејзините совети. А некогаш делува камо величење на сам себе и сопственото мајчинство со расфрлање на епитети упатени кон другите мајки. Се почна со тоа како тие кои донеле поинаков избор се немајки, наспроти останативе, целосно занемарувајќи го сите аспекти од мајчинството. И никој не вика дека доењето е неважно, само дека за формирање на мајчинството истото е еден дел, не и пресуден и единствен фактор. Важно се фатија дека некоја не сакала да и висат градите па не дои, па ваква е таква е. Е после не се јави никоја што рече дека стварно не доела од оваа причина па полека се сврте дискусијата како оние за кои на почеток не се однесуваше она мајка немајка толку ги бивало и толку разборале. Трајанка Петранка биле упорни и едуцирани а Стојна и Рајна не. Не се они криви, ама ете, толку им сече. Извинете ама така делува од страна. И да. Сум за доење, сум доела и здравје боже ако можам пак ќе дојам. И треба едукација од квалифицирани и компетентни бидејќи не секој може да допре со другиот на вистински начин и не секој ја поседува способноста да го пренесе своето знаење. А темава е повеќе од само таа изјава.
Gledaj denesni vesti na CNN, bas zborat za namaluvanje na doza na antibiotici od 7 dena na 3-4 dena poradi stetnost + prepisuvanje na lekot i koga nema posebna pricina za nego. Da , vestacka e hranata no seuste decava fukcioniraat i ne e samo moeto nego mal miljon drugi koj i pokraj toa sto se vestacko odgledani pokazale golema otpornost. Mislam deka jasna bev. Netreba poveke da me otpovikuvate. Sum izrasnala dete na vestacko mleko i evego 18 god. zivo i zdravo rasneto bez antibiotici.
Нормално дека ќе ти реплицирам. Форум е ова, ако не сакаш да ти реплицираат отвори си блог. Не го пишувам ова за тебе да те убедам, ниту имам волја, ниту желба за истото. Тука читаат еден куп млади мајки, за нив е реплицирањево. Кога ќе прочитаат вакво мислење како твоето многу полесно се решаваат за формула, без притоа да знаат дека истата личност која на долго и широко пропагира формула е против антибиотици и хемии. А вештачкото млеко не е хемија? Лицемерие.
@An-na да си ги хранела твоите деца со вештачко млеко, дали вака ќе размислуваше? Или тогаш вештачкото ќе ти беше најдобро.
Ја имам дохранувано малата кратко време. Никогаш, ама баш никогаш, вештачкото нема да го замени мајчиното и да биде најдобро. Невозможно е. Измислено е за исхрана на бебиња кога нема друг избор, а не да биде прв избор на храна. Како и се друго и ова се злоупотребило низ годините. Пак ќе кажам, ваш избор е, јас не ве осудувам, ниту имам право и желба за истото, ама кога изнесувате факти, нека бидат издржани и точни.
Кој што сака нека каже, ама нема ништо подобро од мајчиното млеко. Поздраво е за детето. Штета што не можат сите мајки да ги дојат децата. Поголемиот син не го доев. Поголемиот син го доев првите две недели, а му давав и дохрана. После тоа беше само на адаптирано млеко. Снемав млеко. Имаше проблеми со грчеви и со запек. Како и да е, порасна. Помалиот го доев. Многу подобро си поминав со него. Немаше грчеви, ниту било каков проблем со стомакот.
Бидејќи бев субјективна во претходните мислења, како и повеќето од вас што споделија сопствено искуство, сега малку општо за мајчиното млеко наспроти формула. Кога почнав да дојам не бев воопшто информирана за млекото и што претставува. Мислев млеко како млеко. По многу прочитани статии и прегледани видеа, јас останав вчудоневидена. Мајчиното млеко е толку усовршено и можам да речам според мене е чудо. Сите што споредувате каков имунитет и колку пати се разболеле децата на 15, 18, 20 години, да ви кажам дека не функсионира тоа така. Генетиката и сопствениот организам има голема улога. НО, во моментот на доење млекото има огромно дејство врз имунитетот и разболувањето на децата. А, не дали ќе се разболат. Прво научно е докажано дека намалува болка. Затоа децата при вадење заби, единствено со доење се смируваат. Второ постои таа повратна информација меѓу мајката и детето, каде плунката на детето се враќа во каналите на градата и испраќа информации за потребата на детето. Така при одреден вирус или бактерија, мајката создава антитела за полесно да се бори организмот на детето. Има пример со мајка која дои тандем две деца, новороденче и три годишно. Три годишното е со вирус и при молзењето мајката заприметува дека млекото од градата што дои тоа е жолто, појако и помрсно. Трето, кога син ми летово имаше стомачен вирус, не прифаќаше ништо освен доење. И пребарав дали мајчиното млеко содржи електролити од страв дека ќе дехидрира. И да, замислете ги содржело сите потребни електролити. Го помина вирусот најлесно од сите нас, а јас иако самата дехидрирана, не престанав да го дојам кога исфрлаше се друго од телото. Четврто- млекото се приспособува на возраста на детето. Новороденче и повозрасно дете не дојат исто млеко. Во лето млекото содржи поголем процент на вода, а во зима е помрсно. .... Ќе продолжам со постот и со повеќе причини зошто е мајчиното млеко подобро и треба да е прв избор, кога е тоа возможно секако, кога ќе имам време.
Пред неколку месеци малата фати стомачен вирус со температура. Она беше само на доење оти ништо друго не сакаше и качи 38.5 и траеше 2 дена. Јас и мм фативме од неа и јас имав цел ден 39 со 4 а мм качи 40 темп. Не држеше подолго. Ми беше страв дека малата оздравена јас ќе и го држам уште вирусот ама докторот ми кажа дека повеќе треба да дојам бидејќи моето тело се бори и така и давам повеќе антитела. Затоа има и нејзини а и антитела од млекото и полесно и побрзо оздраве од нас двајца. Еве јас ова не го знаев пред да дојам. Што може АД од ова?
А бе сега не ја претерувајте. Кај дете болно, кај на мајката да и се каже ако го доеше побрзо ќе оздравеше. Јас на 4 месеци се откажав од ексклузивно доење, дотогаш се борев, гради испукани, мастит и што ли не...Не ни помислив да се откажам заради тоа, не знам зошто мислите дека мајки се откажуваат оти боли. И 2 години да болеше ќе издржев, се откажав оти не му беше доволно. Уште дојам, но давам и ад. Бев упорна 4 месеци, но не биваше. Не е се во тоа " биди упорна и издржи". Некогаш не бива.
@BirMelek значи си доела и доиш. Доењето ти бил првиот избор. Не знам зошто ги мешате работите. И да не доиш овие информации се факти и не се лажни. И да не доев ќе бев фасцинирана од дејствата на мајчиното млеко, не за џабе течно злато се нарекува.
Majki ja iscitav cela tema i najprvo nesakav da komentiram zatoa sto mnogu mi e odbivna taa sporedba "majka i nemajka" Samo edno da vi e jasno,se dodeka vesite pedijatri zemaat pari i imaat profit od distributerite na ad mleko,se poveke i poveke ke raste brojot na majki koi nedojat.jas sum licen primer za toa deka maticnata me ubeduvase deka jas so moite "meki" gradi nikogas nema da dojam i mi predlagase formula so zborovite "od ordinacitata odi vednas kupuvaj adaptirano ne go maci deteto".znaete sto znaci toa za edna prvorotka so poremeteni hormoni i celata vo panika i so iljada prasalnici vo glava? E jas ne ja poslusav,otidov vo apteka no ne da kupam mleko,tuku da kupam pumpa za odmolzuvanje.den i nok bev so pumpata vo race.pumpaj,pumpaj race bolat gradi bolat dete place.no za dve nedeli se se sredi.od edna kapka mleko,sega imam poveke od sto beba moze da iscica.eve veke 7meseci kako uspesno ja dojam. Ne mi bese lesno voopsto.no nemoze nikoj da me ubedi deka "ete probav se i nemam dovolno mleko" edinstveno ako rodilkata nemoze da doi od zdrastveni pricini.ako uspeete da izmolzite 5ml za eden cas ke se sozdadat 10ml i se taka ke se zgolemuva.pa toa e priroda bre zeni,toa ni e vo genetikata. I nastrana muabetite zdravo i bolezlivo dete,zosto da davame pari za ad mleko i da go polneme budzetot na farmacevtskite kompanii koga moze da doime i so toa da gradime neraskinliva vrska megu majka i dete. Znaci pak ke potenciram deka se dodeka imame pedijatri koi zemaat pari od proizvoditelite na mleko za sekoja prepisana kutija,namesto pedijatri koi go podrzuvaat doenjeto i ja hrabrat majlata da doi,iako na pocetokot toa e dosta stresno i bolno,se poveke ke iname deca hraneni so formula i majki koi neposvoja vina se otkazale od doenjeto. Ogromna steta za majkata a ogromen profit za pedijatarot i farmacevtskata kompanija.
Точно, јас не го оспорив дејството на мајчиното млеко. Но, пак ќе кажам без везе е и самата споредба со ад. За мајчино млеко нема замена, има само друг начин на исхрана. Тоа е ад. А да набројуваме предности на мајчино во однос на ад, во денешно време кога ни се достапни сите информации е губење време.
Дали се приметувате дека нема никаква поддршка или емпатија во вашите постови, само осуда? И после се пропагирало едукација, советување и поддршка... Не се прави тоа на овој начин.
@lejla5 ,твојот педијатар како мојот гинеколог отидов за апчиња за да ми прекине млекото.Легнувам,и ми вика е какво млеко ма ти гради ич немаш lol: и стиска тоа шприца на сите страни и вика ејјј ама тече ич нема врска тоа мали,големи ,меки гради.
Мое дете нема пиено АД, ама затоа сега пие кока кола количински многу (гледајќи на општиот квалитет на исхрана и здравје), што не се ни рачуна дека воопшто е доено. Да се нашалиме малку. Штета би било кога мајката има можност да дои, а бира вештачко млеко. Се друго е оправдано.
@BirMelek ете јас на пример ако не побарав сама информации и помош на интернет, тука, и на групите за доење, немаше да знам што освен исхрана е мајчиното млеко. Немаше да знам како да пребродам скок во развој, грчеви, немаше да знам дека стимулација поттикнува зголемување на млеко. За мене не е отров АД, пишав и сама огромни проблеми имавме првиот месец и моето беше дохранувано. Ама никој не ми ги кажа овие факти и особено в болница никој не ми помогна освен нервозните сестри што му ја ставаа главата со сила на града и ме обесхрабруваа, и педијатарот што ни препиша аптамил. Затоа не се сложувам дека е губење време.
Најсериозно, зошто некоја би доела до 5 години? Која е поентата? И што е природно тука? Кој цицач дои до недоглед?