Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење наспроти формула

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 25 јули 2017.

  1. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    Мене сеуште не ми е јасна поентава на темава. Има тема за доење има и тема за ад, зашто и оваа тема :?:
    Јас само ке кажам моето кратко доено дете, никогаш до сега се нема разболено, бев болна зимото јас, и брат ми кој тогаш седеше со нас, па не го префати. Доено бебе, врсниче на синко, ми е жал кога ќе помислам колку пати лежеше во болница и колку антибиотици испи. Така да не ме убедува ништо дека доените деца се со појак имунитет и не настинувале, само по форумот колку доени бебиња зимово настинаа.
     
    На MamacitaBuena, augustd, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.825
    Допаѓања:
    13.397
    Ти посакувам да си доиш долго,ама кога дете ти заоѓа од плачење, врти глава и никако не сака да фати града, ќе правиме муабет. И јас се измолзувам, не е лесно воопшто, ама и плус ад давам зашто некогаш немам време да се измолзам зашто дете пишти и сака да го земам, а маж ми на работа и морам ад тогаш. Така што без осуди ве молам.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.403
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    @alisijad Упорно со разболувањето.
    Јас не прочитав дека децата што се на мајчино воопшто не се разболуваат, а од друга страна прочитав многу што потенцираат дека на АД воопшто не им се разболиле. Кој тука осудува и споредува?
     
    На bittersweet, Cka, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  4. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    Прочитај понапред убаво и ќе видиш. Самата тема е направена за осуда, бидејки нема никаква поента освен постирање на линкови од интернет. А јас ја гледам праксата, не теоријата, да одев по теоријата сега немаше да бидам мајка.
     
    На m.i.g, augustd, wannaBeMomma и 3 други им се допаѓа ова.
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.403
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    @alisijad јас имам спротивно искуство од твоето. А и твоето искуство не значи дека доените повеќе се разболуваат, само си имала такви примери во околина.
    И има разлика во тоа што е пишано дека антителата во млекото помагаат во побрзо оздравување, помагаат во намалување на болка или не дозволуваат дехидрирање, до тоа доено дете да не се разболи. Па деца се, тоа е дел од растењето.

    Темата очигледно сите различно ја доживуваме.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Па да се навратиме назад во темава да видиме кој ја започнал таа дискусија. И да, кога едната страна тврди нешто, односно форсира една идеја, во случајов дека мајчиното штитело, нормално и мајка која не доела ќе сподели свое искуство.
    А цела тема е со осуди и споредување, не само овој аспект.

    Инаку и јас сум една од среќните мајки чие дете никогаш не било вистински болно. Без бактерии, јаки настинки или темп над 38.5.
    Фала му на господ без ниту час болнички стаж.
    Да, на ексклузивно доење беше ќњрката, но живееме во село, на неколку стотини метри од ливади и шуми, готвам со органски производи, користам органска козметика и најважното освен краток пробен период не одеше ви градинка, а немала ни многу контакт со други дечиња.
    Така да би рекла фала му на моето млекце и благодарна и среќна сум што сме успеале со доењето, но влијаат толку многу други фактори.
     
    На green.eyes, bittersweet, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.576
    Допаѓања:
    34.949
    Пол:
    Женски
    Значи претеравте! Ај ако не да одиме против природата. Што ќе се мачиме да доиме кога има АД? И така тие деца се поздрави, овие доениве болни. Која корист од мајчино тогаш! Сите на АД и готово. Една предност од доењето е создавање имунитет, останатите ги знаете ли? Значи ако вие сте решиле да давате АД, давајте, ама не не убедувајте тука дека тоа е исто што и мајчино млеко. Не е. Може вас така ви изгледа, ама фактите зборуваат поинаку.

    @danichap А кој форсира? И што? Доење ли? Па тоа е природна работа, не форсирање. Плус, знам дека ги знаеш благодетите на истото, кои патем се докажани со факти, не со рекла кажала муабети.
     
    Последна измена: 28 јули 2017
    На Glasna, Cka, НаталиЛили и 5 други им се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.403
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    @danichap тоа со контакт со многу деца, во градинка и слично, мислам дека е клучно. Мојот до сега два пати бил болен, еднаш вирус коксаки, еднаш стомачен. Коксаки веднаш по роденденот од игротеката, а стомачен сите фативме од ресторан кај што бевме на крштевка. Да одеше во градинка верувам многу повеќе ќе се разболуваше.
    Ама сепак двата вируси многу полесно од нас ги помина, исклучиво на доење со одбивање на друга храна и верувам дека млекото имаше удел во брзото оздравување.
     
    На victoria, Annath, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Се сложувам.
    И мојата еднаш имаше стомачен вирус, баш Македонија го фати. Ја држеше неколку неколку дена но помина со диета и од хипп тоа електролитите.
    Многу деца тогаш до инфузии и болница стасуваа, среќа бевме поштедени. Многу влијаат надворешните фактори, премногу, затоа е тешко да се генерализира.
    Џабе едно бебенце доено ако триста бактерии закачило и со месеци е на антибиотиска терапија а другово недоено а било поштедено од контакт со лица со бактерии и вируси.
    Невозможно е да се прават паралелу, само да се споделат сопствени искуства.
     
    На kukla21, referentka, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Даничап цело време потенцираш како се нема емпатија, како постовите се полни со осуди кон мајките кои не дојат, како оние кои дојат се величат самите себеси...
    Тогаш и твоите постови околку исклучиво органската исхрана и органската козметика може да доведат до тоа некоја мајка да се почувствува помалку мајка бидејќи нема финансии да си дозволи своите деца да ги храни со органска храна и да користити за нив органска козметика. Зошто знаеме колку пати е поскапо органското и дека ретко кој може да си го дозволи.
    Нели се величиш ти во тој случај?
     
    Последна измена: 28 јули 2017
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Органската козметика не е секогаш прашање на цена, туку на избор.
    Тие што имаат бавчи и само одгледуваат производи ги добиваат бесплатно.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.764
    Допаѓања:
    266.732
    Јас не видов Даничап некаде да објаснува колку е погрешно да си го бањате бебето со некоја драгстор козметика. Едно е избор, друго е - ама се знае дека е органско најдобро, не можам да ве разберам вие со Бекутан што бањате...
     
    На Baby-bubu, wannaBeMomma и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Не реков никаде дека мајка која купува готова каша или се труди да го зеде најдоброто од понуденото на пазар е немајка, недоволно едуцирана и недоволно упорна.
    Едно е да споделиш свое искуство и да се задржиш на истото а друго сите кои имаат поинакво искуство да ги етикетираш.
     
    На LiliBoz, Someonespecial, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Ај да си признаеме дека не го доиме детето оти сакаме да имаме убави гради, да шетаме, а друг да ни го храни, да не не болат брадавици и да доиме по цели вечери и нека е мир на темава, па да продолжат да дискутираат МАЈКИТЕ.
    Кој ни е крив што литература не читаме... Едукација луѓе, едуцирајте се и оп одма млеко иде.
     
    На green.eyes, MamacitaBuena, m.i.g и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    И те како е прашање на цена.
    Еве ние имаме бавча и повеќето намирници ни се свежи и непрскани, но не можеш се да одгледаш, а и не секој има услови за тоа. Впрочем и повеќето немаат.
    Еве пример, килограм органски ориз чини 500-600 денари, обичниот 70-80 денари. Разликата е огромна нели?
    @CameliaMiller во темава не, ама во темите за козметика нпр секогаш се потенцира дека органското е најдобро, зошто тогаш кога се збори за доењето дека е најдобро некој се наоѓа навреден?
     
    На Glasna, Mariangel, MacenceEna и 6 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.764
    Допаѓања:
    266.732
    Никој не се наоѓа навреден затоа што сите знаеме дека е најдобро доењето. Не е проблемот во тоа.

    Проблемот е во:
    - Не можам да разберам зошто некоја не е доволно упорна со доењето.

    Звучи исто како:

    - Не можам да разберам зошто некоја си бања бебе со Бекутан, зошто не е доволно упорна да го купи “тој и тој“ производ.
     
    На green.eyes и m.i.g им се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.703
    Пол:
    Женски
    споредбата не ти држи место

    каква црна упорностза купка најде ?
    доењето е процес
    купката е потрошувачки материјал
     
    На Glasna, Kaetana, Mariangel и 6 други им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.576
    Допаѓања:
    34.949
    Пол:
    Женски
    Навистина е исто. Скоро идентично. Бекутан и АД со органска козметика и мајчино. Исто, потполно :D
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.764
    Допаѓања:
    266.732
    Поентата е во осудувачкиот момент (не си упорна, себична си... итн.) а не во самата тема што е.
    На сите страни борби мајки против немајки, без оглед за што станува збор.
     
    Последна измена од модератор: 28 јули 2017
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.478
    Допаѓања:
    201.312
    Пол:
    Женски
    @augustd едукацијата е клучна, и тоа да се едуцираат мајките уште пред породување, а не отпосле. Особено прворотките. Да им се помогне на секој можен начин со доењето, ако не успее, секогаш има опција. Тоа е поентата на темава. Не дека млеко ќе надојде ако мајката е информирана, ама помага да се справи со стресот при почнувањето со процесот на доење кој не е нималку лесен и едноставен. Немаме поддршка од педијатри, гинеколози, околината, некогаш и најблиските. Тоа е најголемиот проблем. Да има кај нас консултанти/советници за лактација, ситуацијата би била поинаква. Не треба доењето или формулата да биде право на избор. Првото треба да биде задолжително за секоја мајка што родила, ако не може да дои, тогаш има втора опција, формула. Значи, да не се дава предност на формулата во однос на мајчиното млеко, тоа е целава работа. Ама многу се осетивте нападнати вие мајките што давате ад млеко. И јас давав, не велам дека не, формулата е од помош затоа што не можам да измолзам млеко да оставам да пие малото кога сум на работа, оти не фати ни цуцла. Што дека дојам, кога не можам да измолзам, а што не пробав. Па кога не оди, не оди. Поентава е да се пробаат сите опции да се тера со доење, ако не може, здравје Боже, тоа е тоа. Детето ќе си порасне и вака и така.
     
    На Kaetana, Mariangel, MacenceEna и 8 други им се допаѓа ова.