Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење наспроти формула

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 25 јули 2017.

  1. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Зошто да не е точно?
    Некој така си одлучил сметајќи дека така е најдобро.
    Моја блиска роднина го доеше детето до 5 години и сите и кажуваа секави работи и добиваше различни совети и осуди за истото. Таа, на сите со насмевка им одговараше- така јас сакам, не е ваша работа.
    Беше и во право.
    А, мислиш дека е штетно сетоа тоа? Можеби и мислиш дека детето е нон -стоп на града и нема друга работа и само цица. Мајакта е роб на детето итн....
    Сите вие што не сте сеуште мајки некои работи ви изгледаат чудни и не знам какви. Кога ќе поминеш низ ова искуство можеби ќе сфатиш некои работа. Друго е искуството на своја кожа, друго стојат работите вака кога стоиш од страна и се трудиш да сфатиш.
    Позз ...
     
  2. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Еееее веќе ја преувеличивте темава до упм. Да му се стемни на човек да чита.
     
    На CameliaMiller и augustd им се допаѓа ова.
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Проблемот е во ушите на слушателот.
    За било што да се разговара секогаш можеби отстрана ќе има некој кој ќе се почувствува како не добар родител поради тоа што не може да му приушти на своето дете одредени работи.
    Па тогаш ајде да нема теми како -Каде на одмор со бебе зошто не секој може да си приушти одмор или -Што последно купивте на бебушот и слични такви.
    Тоа ми е поентата на муабетот, отворено и објективно да се дискутира. Јас не замерувам што Даничап ја пропагира органската исхрана и козметика, исто и јас колку можам се трудам за истото, само сакав да потенцирам дека доколку некој се почувствувал лошо од мислењата на доилките исто така ќе се најде некоја мајка што ќе се почувствува лошо и од нејзиниот пост.
     
    На Mariangel, MacenceEna, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Напишав дека органската козметика е прашање на избор, а не секогаш цена, не храната.
    Јас лично во овие две години имам потрошено две креми само бидејќи не третирам неиритирана кожа. И при бањање не ставам секогаш шампонче. Мајка чие детенце има дерматит друг муабет ќе направи бидејќи она си знае што се не пробала само да му помине на детенцето.
    Во однос на храната.
    Да, некои живеа во село и имаат ниви, други во град и имаат бавчи, трети набавуваат непрскани од роднини и пријатели, други немаат ништо од ова.
    Едни одат на работа, други не, едни фанале место во градинка други не, едни заработуваат помалку, други повеќе, кај едни останува повеќе кај други помалку, на едни ова им е важно, на други не...
    Се збунив веќе, не знам во однос на која се категорија делувам извеличено а кои од останатите спрема мене.

    И пак ќе речам, јас никого не навредив.
     
    На green.eyes, Someonespecial, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Одлично, тогаш темата нека биде тоа, а не споредба меѓу ад и мајчино како што сега е поставена.
    Некогаш и едукација не е доволна, а ни па упорност. Во животот не оди се под конец. Глупави се оние коментари "мислев само дека мора да имам млеко и имав, да не мислев така, можеби немаше да дојам".
    Ме нервира ставањето на ад на ниво скоро на отров.
    Ме нервираат мајки кои се многу уморни, дојат цела вечер, другите од камен се.
    Се едни та исти го пишуваат тоа. Значи, претерано е.
    Или она фамозното мајка си, предодредена си да доиш, така телото се програмира, ова компјутер е.
    Човечкиот организам е комплексен , не е ист кај сите.
     
    На green.eyes, MamacitaBuena, SexiLy и 6 други им се допаѓа ова.
  6. lejla5

    lejla5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски
    Ne e empatija ili osuda majka,treba podrska treba heabrenje a i pomalku strogost i kritika kon novite majki.zatoa sto ne e nisto lesno vo zivatot pa ni doenjeto.ne e samo stavi go na grada i tolku si zavril rabota.za tie majki sto veke davat ad mleko ne komentiram,ne gi osuduvam nitu se pomalku majki,no za idnite majki treba i malku postrogo treba i malku kritika da ne se otkazuvaat lesno i pri prvata maka,bolka ili pri prvoto placenje na bebeto
     
  7. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    А ако бебето плаче постојано после секој подој? На што ќе помислиш прво?
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.764
    Допаѓања:
    266.732
    Аман, прашав за објаснување. Која е корисноста, зошто се прави тоа?
    Не зошто некоја мајка така си одлучила побогу.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  9. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Морав значи, морав...
    И кој.... дои до пет години? Има ли таа мајка памет... Значи се згрозив па ако сакате до утре напаѓајте ме. Пет години, страшно е, вистина... Претерано... Нз што да пишам.. Доенче до пет години... Немам зборови.. Не...
     
    На MamacitaBuena, sofi2107, SexiLy и 4 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Мислам дека е подобри за идните мајки да не не' читаат:tmi:.
    Темава стварно комплексна и осетлива, жалосно што поради неколку коментари доби сосема друг правец.

    Мислам дека сите сме сложни околу истото. Мајчиното млеко дека е најдобро и дека ад е само замена на истото. За сите битки кои ги водела секоја од нас она си знае најдобро.
     
    На green.eyes, НаталиЛили, referentka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.703
    Пол:
    Женски
    бебето првите месеци најчесто плаче од колики.Моето бебе имаше страшниии грчеви со заогање по 3 часа .Ама напредуваше супер значи гладно не било.Гладно бебе се гледа и по напредок на тежина,полнење пелени и тн.
     
    На Glasna, Kaetana, Mariangel и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.825
    Допаѓања:
    13.397
    Важно го дои дека мајчиното е здраво, ама покрај тоа ќе му дава и манџории, чоколади и слични работи.
     
  13. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Користа од доењето се знае.
    Секој за себе може да каже, тоа ми беше зборот. Може е чудно и за мене и за тебе кога ќе дознаеш дека и вакви примери постојат, но тоа е вистината и не е ништо срамно.
    @augustd
    Срамота!
    Ајде и до паметот дојдовме да расправаме.
    Која огорченост, жено...
     
    Последна измена: 28 јули 2017
    На Mariangel и bittersweet им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    @An-na сега видов дека си ме тагнала. Кога е редактирано не стасува известување.
    Форсирањето не беше во однос на доење, туку форсирање на идејата дека доените бебиња се поздрави. Таков впечаток добив од последните постови...а очигледно и некои мајки чии детенца се на ад.
    И да, ги знам благодетите од истото, затоа и сум доела, но кажав дека и многу други фактори се пресудни, пред се градинката.

    Затоа не ме изненади кога мајки на дечиња кои не ги доеле одма споделија спротивни искуства.
    Сигурна сум дека низ другите теми за доење, исхрана или сл. целосно ќе ни се поклопуваат мислењата, но како што кажав, оваа тема ја разгледувам од поинаков аспект.
     
    На An-na, augustd и referentka им се допаѓа ова.
  15. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Темава е баш убава, но јас не разбирам зошто постојано мајките се напаѓаат, значи жени сме бре луѓе, треба да си помагаме, да си се поддржуваме. Секако дека доењето е најдобар избор и баш затоа треба постојано да се збори,да се делат совети баш особено за идни мајки кои читаат. Камо да знаев дека ( а можеби и немаше тогаш) има групи за доење, никој не ме поучи никој не ми кажа како за првото дете кое го родив прилично млада и не знаев многу нешта.
    Баш треба да се зборува дека се може, дека треба упорност. Значи бебето на почетокот има мало желудниче не му треба многу, а после тоа мерило се пелените и секако вагата која кажува дали треба дохрана со АД.
    Токму идните мајки треба да прочитаат дека не е полесно да стануваш ноќе а друг да го чува бебето додека вриска, туку да му дадеш да цица и да си продолжи да спие.Се согласувам за се, за заби за скокови во развој и слично дека помага. Тоа до 5 години не оправдувам, но мислам дека на сите мајки кризата им е на почеток првите 3 месеци и тогаш им треба најголема поддршка. Значи, не осудувам никого, имам пораснато дете на АД и уште едно растам со доење и дефинитивно сум за доење ( освен во некои исклучителни случаи).
     
    На Mariangel и augustd им се допаѓа ова.
  16. lejla5

    lejla5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски
    I moeto placese.i jas prviot mesec ja hranev pola adaptirano pola izmolzeno.i kolkava maka vidov dodeka da ja odvikam od sise.i gorda sum sto uspejav.jas nevelam da se izgladnuva bebeto,no navistina ima neuporni i "nezni"majki

    Majki samo idete vo apteka i ako imate farmacevt koj vi e poblizok prasajte go kolku adaptirano mleko se prodava denes a kolku pred 5 godini.razlikata e ogromna.prodazbata na ad mleko e mnogu porasnata vo posledno vreme.a zosto e toa taka,sigurno ne za da hranime mace ili kuce doma.a i ovde da se prebroime na forumot poveke imame deca na ad mleko odkolku doeni deca.i potoa da ne osuduvame.nekogas e i za osuduvanje.kako bre porano bilo retkost deteto da ne e doeno,pa zarem tie majki ne gi bolele gradite nivnite deca neplacele.a sega majkite nervozni pedijatrite nezasitni za pari i toa e toa
     
    Последна измена од модератор: 28 јули 2017
    На НаталиЛили и An-na им се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.825
    Допаѓања:
    13.397
    Како мислиш реткост порано? Не е реткост, тоа ти го тврдам. Свекрва ми, мајка ми, баба ми, две пријателки на мајка ми што ги знам и многу други постари генерации не доеле зашто или немале доволно млеко или бебињата не им фаќале града. А ти што мислиш дека да се измолзуваш не е болно? Еве јас се измолзувам, па колку само ме болат брадавиците. Ете и ти си се измолзувала. Ајде ви се молам, претерувате. Као од болка не доеле. Сешто.
     
    На augustd му/ѝ се допаѓа ова.
  18. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    @makedonkamak апсолутно не сум огорчена, туку вие мајки правите нешто што е нормално до преку сила две години, да се пролонгира ете до пет и да изгледа ненормално. Како нема ништо срамно? Кои трауми ги има тоа дете бе до 5 години цицка да бара? На 6 веќе идат предшколска, а не бараат цицка.
     
    На wannaBeMomma и Black girl им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.764
    Допаѓања:
    266.732
    Ама ја знаеме користа кај новороденчиња и ајде бебиња.
    Не случајно ни растат заби.

    Не зборувам за срамно/несрамно, туку која е оправданоста, користа дете од 5 години да се дои?
    Па ако има млеко мајката, може да продолжи и до 10?
     
    На Someonespecial, Sesil, wannaBeMomma и 2 други им се допаѓа ова.
  20. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    До матура.
     
    На Glasna, Lella, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.