Dojde do zaklucok deka e nedoeno radi netrprlivost i deka prvo ili onaka radi toa aj so ja rekov pa generaliziras?
Јас не знам зошто се возбудувате? Темава колку што сфаќам треба да биде едукација на идните мајки. Барем јас така ја сфаќам. И затоа пишувам тука, а верувам и повеќето. Мене ми е совршено небитно дали една или друга мајка го дои или дохранува бебето, ама битно ми е (во рамките на своите можности) да придонесам со информации за другите мајки кои се во недоумица околу доењето. Греота е навистина да ги ставате во заблуда мајкиве со тврдењата дека е исто АД или мајчино. Пак по стоти пат ќе кажам, не е исто. Агресивната кампања на произведувачите доведе до овие тврдења. Жална и страшна е состојбата кај нас. Ако не се лажам кај нас нема ни 20% ексклузивно доени бебиња. Поразително е. И после се правело хајка против АД. Да, да... се гледа од процентите кој начин наисхрана е позастапен. Жално @m.i.g и останатите кои споделувате информации од типот "јас не сум доена и не сум болна, овие доениве секој втор ден болни" објаснете ми ја, ве молам, целта на овие постови? Да го омаловажите мајчиното млеко? Што добивате со тоа, се прашувам?
Kako i da e ova veke kazav deka treba da e tema sto ke ja citaat idnite majki,zatoa sto od iskustvoto vo raborata gledam primeri kade sto mnogu brgu se posegnuva po formula.zatoa sum protiv ad mleko t.e. protiv neinformiranosra i nestrplivosra na majkite i profitit na pedijatrite Neka se zivi i zdravi bebusite toa e najbitno.nasite eve porasnaa idnite majki treba da se educiraat.
Океј, мислам дека се отиде малку предалеку. Јас лично не ги осудувам, ниту мислам дека треба да им се збори на мајките што не успеале, што требало да направат. Прво, веќе поминало и бесмислено е пак да се навраќа на нешто такво. Второ, оние што успеале секако не можат со сигурност да тврдат дека ако првите направеле нешто поинаку, биле поупорни ќе успееле. Ситуациите не се исти, околностите и никогаш никој не може да знае што таа мајка чувствувала, зашто сите сме различни. Неблагодарно е сега да им се соли памет. Трето, за второ доколку сакаат да дојат самите најдобро знаат што им било предизвик првиот пат, веќе се посигурни во себе и своите инстинкти и пак нема потреба од страна да им се зборува. Инаку, мислам дека е нефер од ваша страна, на тие што се залагаат дека прехраната е избор на мајката и не треба да се коментира, да се чудите и потсмевате на жената која доела до пет години. Нели, нејзин избор и нема што тука да се коментира.
Пари за дете не верувам дека брои некој. Прочитав јас убаво што имаше пишано нежни вакви такви. Пак ке кажам гледајте си во својот двор што се вели , што побогу ве тангира кој како го ранел своето дете. другарка ми дава чоколино,медолино скеој ден па не ме интересира, ворзасна жена е нејзино дете нејзин избор.
И мене искрено најмногу ме интересира ова, од се' што прочитав на темата. Мора да се покрене свеста околу доењето, многу пати имам пишано во труднички муабети наместо што се опсесираат до најмала ситница во бременоста, нека остават тоа на лекарите, а да читаат повеќе за доењето зашто кога ќе дојде ред за доење ќе нема кој да се погрижи освен самите тие. Жално е што немаме стручни лица во секоја болница која ќе им олесни на доилките. Незнам дали сте слушнале за Астарта, центар за поддршка и едукација на жените околу доењето: https://m.facebook.com/astartacenter/ Сега на 31.07 ќе имаат работилница за идни доилки и уште еден куп други евенти кои следат: https://m.facebook.com/events/345411685894195?acontext={"action_history":"[{\"surface\":\"page\",\"mechanism\":\"main_list\",\"extra_data\":[]}]"}&aref=0&ref=page_internal
Не можам со денови да дочитам не па да стигнам да напишам нешто. Ќе пишам и од професионална гледна точка како акушерка со стаж од скоро 19 години и од лична како мајка на 3 деца. Кај мене на работа од кога сум почнала има сестри за лактација, секоја родилка без обзир дали и прво, второ или десетто бебе ја посетува сестрата и покажува, помага, мести како да се дои бебето, девизата е if it hurts your doing it wrong, ако е наместено како што треба не би требало да боли, за секоја доилка се изнаоѓа решение како да и биде и нејзе и на бебето пријатно доењето. Формула имаме, без дозвола од мајката никако не даваме, се дава секако предност на доењето пред формулата, ако има родилка која сака директно на формула да го стави бебето и се укажува на бенефитите од доењето али не и се настојува по секоја цена. Тука во текот на 70- 80 тите доста агресивна кампања имало за употребата на формулата па бројката на доилки била доста намалена, се гледало на нив како граѓанки од трет ред за да во 90 тите почне кампањата за доење, бенефитите од доењето па сега е сосема обратна бројката во однос на доењето наспроти формулата. Мислам во Мк е проблем немање на соодветен персонал за помош на родилките, недоволна едукација и поправите ме ако грешам не давањето на мајката бебето веднаш по породувањето. Кај мене веднаш по потодувањето се дава бебето на мајката, веднаш на града го става бебето и почнува да цица, после се прави се друго, мерење, апгар скор, боцкање, миење, сечење папочна врвва, затоа што бебето се раѓа со и стинкт да цица, секое кога ќе се роди цица со устето, што побрзо се става на града подобро и за мајката и за бебето, мене чудно ми е кога ве читам дека бебето после неколку часа, некаде и после цел ден, значи во тој период и без знаење или пак дозвола од мајката му се дава ад млеко на новороденчето. Секој педијатер кој советува мајка да дава ад зошто и е "слабо" млекото треба да си го изнрише га*от со дипломата, не постои такво нешто како слабо млеко или има или нема ама митот на слабото млеко е баш тоа, мит. Педијатер треба да е и похуман, почовечен од другите доктори затоа што е одговорен не само за тоа мало човече туку и за родителите, тој е советодавачот, треба да ги упатува родителите во тоа што е најдобро за нивните деца а не да вади мајки од памет со глупости како слабо млеко, идиоти. Сум присуствувала и сум била дел од многу предавање слични на темата, предноста на мајчино или формулата ама на ниедна од тие предавање не сум слушнала педијатер да каже дека има слабо мајчино млеко или да ја негираат добробитот од мајчиното млеко дури и тие што го промовираат ад млекото почнуваат со мајчиното млеко е незаменливо но во случај на потреба еве ги бенефитите од нашиот производ. Исто ми се глупави споредбите еве моето е на ад а не било болно а знам доени деца што се нонстоп болни, што уствари сака да кажете со тоа.дека сите мајки што ги дојат децата се глупави и треба ад млеко да им дадат да не бидат болни? Исто сметам дека се крајно безобразни сите оние кои доилката без потреба ја вадат од памет со фамозното слабо ти е млекото дај му ад, мислам која дрскост и безобразие посебно од свекрвите ( тука тоа не знам колку пати го прочитав) толку ли не им е гајле за внучето, толку ли сакаат да ја понижат снаата стварно не ми е јасен тој притисок од свекрвите кон снаите сето тоа на штета на внучето. Како мајка ги доев трите деца, имав млеко и не размислував за друг начин на исхрана, да немав ќе размислував за ад млеко. Немав некоја мака при доење, вториот син го доев додека бев бремена со третото, .го одбив месец дена пред да се породам, мака си видов.по здравјето мое ради таа одлука ама не се каам, се за доброто на детето. Од таму си добивав коментари дека не чинело да дојам додека сум бремена, ќе сум го отруела бебето по тие муабети и слични на нив, ми снемуваше интернет. Друга мајка никогаш не сум прашала дали дои или не, не ме интересира тоа, оние што знаат што работам ако прашале за совет сум го давала, да наметнувам мислење не ми е стил, која како си решила така нека си прави, не е моја работа ниту да убедувам, ниту да судам. За мене лично нема ништо подобро од мајчиното млеко, и среќна сум што сум немала потреба од друга дохрана покрај моето млеко за децата.
Na straana od site muabeti, mi se povrakjase i seuste mi se povrakja koga ke me prasaa i bitni i nebitni "dois"?! I ke kazev ne pa odma sudenje. Da mu e.am majkata, sto vas ve zabole dali dojam i koja e pricinata. Kako luge sme gnasi, ne si go gledame dvorot tuku tugjiot. Pa posle sme bile nesrekjni, epa sme!
@wannaBeMomma и вака и така ќе коментираат луѓето. На 40 дена на гости кај што сме кумови, жената мајка на 2 мали деца, ми вели што те гледам будала што доиш, јас по излегување од болница АД си купив со двајцата, ни да се мачам, ни тие да се мачат. Никаков коментар не дадов, ни одговорив за нејзиниот или мојот избор. Сега па не знам што се немам слушнато, од блиски и тоа, коментари до кога, ајде одбивај го, уште ќе те молзи и слично.
јас па често ги прашувам мамите дали дојат ,ама не сум ни помислила дека некого може тоа да го заболи искрено .Тоа ми исто како да прашам работиш?Одговорот е или да или не ,бе филозофии.И без навредувачки тон или со намера да се мешам.Некогаш некои прашања се чисто да се најдеш во муабет од типот почнавте ли со дохрана,има ли запчиња и така до недоглед.Нема апсолутно потреба на срце да си ставате секоја ситница
Не се изразив убаво, за грчеви знам, мојата ден денес ги има иако ќе полни 8 месеци уште малце. @lejla5 Мислев на тие мајки што немаат доволно млеко, доста сум ги читала овде, и многу такви познавам. И јас сум советувала да се биде упорна ама кад не иде не иде. И мене ме учеа, и на глава ќе застанев само за да ја дојам , а тоа ми успеваше само во полу сон. А не знам која мајка би го оставила своето дете по цел ден да плаче, само за да успее да дои. Го правев и тоа ама мојата буквално вриштеше од цицка, пишував и овде, скок во развој кој никогаш не помина. Ете баш ми е мило што до 5 месеци цицаше, кога како.Наздравје нека и е. Од тогаш сме на Ад. Јес да мајчиното е поздраво, тоа е факт кој сите го знаеме. Не се чувствувам навредена под никој случај, темава е за дискусија, затоа е отворена, ама отиде предалеку, се изгуби поентата.
потполно се слагам дека тука нема доволна едукација нажалост, во однос на она болни неболни деца, поентата колку што јас сфатив е алудирањето дека децата на ад се болежливи, дека овие на мајчино имаат антитела и сл па само се дадени примери на доени болежливи деца дека не зависи тоа стриктно од млекото. И пак некако сакате да створите грижа на совест на мајка која немала избор и морала да даде ад, а тоа ти го направи со последната реченица, значи сите што сме давале ад сме несреќни и сме ги труеле децата. Не ми е јасно искрено што се сака да се постигне со тоа.
Значи не осудуван дали некои дои или дава ад.Се знае што е поздраво мајчиното е поздраво доколку мајката пази што јаде и што пие.Еве мојата ќерка е 1 година и се уште ја дојам и УЖИВАМ.Никогаш не ми било проблем дека треба сега да легнам и да ја дојам. Прекрасно чуство и треба веќе да ја одбивам ама ми е жал и не почнувам со процесот.На почетокот првите денови имав болки во брадавиците и немав млеко 4 дена иако бев природно. Ја доев па во болница и давав ад ми даваа сестрите по 10мл.И дома кога си дојдовме и давав ад ама си продолжив со мислата да ја доам.Толку беше од ад 5 дена.Доењето е најефтино ,најдостапно и нешто најприродно. Во ад има еден куп работи што самата ЕУ ги прогласи за канцерогени, а има во млекото на пример палмино масло. Сега мојата се буди секоја вечер по неколку пати за разлика децата на ад не се будат спијат цела вечер.Мајките се одморени и мислам за тоа го бираат, да можат да бидат и слободни кај сакаат да шетаат. Еве помина 1 год и моето јаде се ама јас пак си ја доам и пак ќе пишам уживам. Мајки па таа година толку брзу мине што ќе речете што кога зар е крај веќе.А за шетање имате цел живот пред вас.Одберете доење доколу можете за да уживате.
Ти жено се наспа или посабајлечки секогаш глупости трескаш? Кое шетање жено божја? Зарем за тоа даваме ад? Браво, нема што да додадам за такво размислување. Срамота е и греота да се пишуваат глупости. Некои од нас, еве јас, што примав дијализа, од бес ли не ја доев ќерка ми? Да, во тие моменти мене до шетање ми беше дојдено. Ептен.
Канцерогено? А да внимавате што пишувате? Или само да се пише нешто и да се тресне ? А оние што им даваат паштети и саламчиња на 9месечни бебиња, зашто знам и такви, не е канцерогено, а? Ај тоа објасни ми го жити се. И тие деца што се и на ад не спијат по цела ноќ. Моето трипати станува. Ете така.
Значи кажав за жените што не можат да доат нормално дека мора да даваат храна на детето и не ги осудувам , ама знам жени што ги ставија намерно децата на ад едната да шета кога сака, а другата да не и се уништат градите. Значи пак не ги осудивам. И тие се мајки исто како и тие што доат. Јас сакав само новите мајки да ги охрабрам да доат. А не да ве навредам Вас што давате ад. Ако така сте разбрале ви се извинувам. Поздрав
Сега сум во гужва кога ќе ги најдам статиите ќе ти ги постирам. Лани сите германски весници беа излезени со веста за штетноста на Нутела и палминото масло. Јас само кажав дека тоа го прочитав а за паштетите и сувомеснатите докажано е дека се потикнувачи на леукемија во 40% од случаите. Што да кажам кој што сака нека дава на децата. Во Германија во градинките даваат паштета секоја недела , колбаси и салами . И што оти е штетно во стаклено ѕвоно ли да го чувам детето. Од 3 мора законски во градинка . Можеш на фб да го следиш Др. Александар Митров он постира убави статии за здравјето. Исто и него го имам слушано за штетноста.Еве ти убава емисија Поздрав и убав ден
Само не знам како дојде до тоа дека ад е канцерогено? А за шетањето, верувај дека тие мајки што им даваат ад на бебињата баш не можат многу да шетаат зашто треба да се носат шишиња, па да се прави млекото, па да не се расипе да се пази и така. Една другарка што има 3-месечно бебе и што дава ад ми кажуваше. Така што дека баш тие шетаат не ти држи вода.