Има и млека без палмино масло. И ние по нешто знаеме да читаме. Друго, од кај ви се овие чисти глупости, дека бебиња на ад не се будат ноќе? Демек бебињата се делат на бебе на ад и доено бебе???? Јас 4 месеци доев бебе не стана ноќе, после продолжив со доење и дохрана со ад, таа се буди 2 пати за цицање. Од цела дискусија само едно ми е јасно, постојат жени кои во секој случај сакаат да се прикажат за жртви на мајчинството, а тоа го прават и преку доењето. Демек доев, жива ненаспана, нигде не прошетав. И сега ајде сите здружено еден поклон до земја А вие немајки, изнаспани и изнашетани, што ги труете децата со канцерогени ствари И се за да шетате ееееј Сега навредените од постот ќе речат не мислев на тоа, мислев на мајките кои за убави цицки не дојат. Ама за секое ад пишувате лошо и за она кое се дава оти мора и за она кое е дадено во поддршка на убави цврсти цицки. Не мислите на првите изгледа. Ич ама...Канцерогено бе! Од такт ме изваде муабетов.
кај мене беше обратно големата на ад беше и скоро никаде не одев.Затоа што каде и да ја земев морав со мене да мкнам термоси,шишиња,вода,млекото ..и каде ке топлам,ке мешам? со малата се изнашетав .Ја доев на плажа,во кола,на гости.Мн лесно беше од таа страна.Вадиш града и нудиш.Не држи вода тоа дека мајки на доени бебиња се затворени дома. мене напротив ради доењето ми беше прелесно да појдам било каде со неа
е немам де некои фамозни за на око онака просечни хаха абе си доев на плажа покриена,ке се нацица и ке заспие на лежалка.Милина
Мoетo искуство сo дoењетo е мaлку трaумaтичнo... Мaлaтa пoчнa убaвo дa цицa,a млекo зa извoз штo се вели,пoлни грaди! Кoгa нaпoлни 1 месец тргa дете глaвa не сaкa дa цицa и гoтoвo,плaче oд штo е глaднa ,a не сaкa дa цицa. Плaче тaa,a јaс уште пoвеќе! Кaчив темперaтурa,грaдите кaмен тврди ,мaлoвo oдбивa и гoтoвo. Се кoнсултирaв сo педијaтaрoт рече дa симулирaме нoќ,ни тaкa не јa бивaше. Ги изгубив сите нерви,преплaкaв aкo верувaте... Дa имaм млекo,a мaлoвo дa ме oдбивa ќе си пукнев oд мaкa! Прoбaв и АД кoгa пискaше oд глaд, нo не гo сaкaше. Тaкa ,си рекoв, првин ќе дaдaм се oд себе дa јa зaдржaм нa грaдa,aкo не прифaти,вo крaен случaј ќе се трудaм сo АД. Еднaш кoгa беше цврстo зaспaнa прoбaв дa и пoдметнaм цице,знaчи и јa пoвлекoв цуцлaтa и и пoдметнaв дa цицa. Алелујa,прифaти. Тaкa терaвме дo 13 м. Цицaше сaмo кoгa е цврстo зaспaнa,aкo приметеше декa е нa грaдa oдмa се тргaше. Знaм јaс штo истргaв тaa гoдинa..... Зaрoa не oсудувaм! Кoј му мисли лoшo нa свoетo дете ? Кoј не сaкa се дa биде пo нaјдoбaр ред? Нo немa,oд некoјa стрaнa мoрa дa "чкрипи". И мене ми викaa,лелее штo не и дaдеш АД,штo се нервирaш,дa и дaдев ќе речеa не сум се труделa дoвoлнo. Нoвиве мaјки кaкo дa прaвaт нaтпревaр сo децaтa. Уште дa вaдaт метрa и телесни вaги и дa ги мерaт децaтa кoе пoвеќе нaпреднaлo! Лелеее мoетo дете е џин и птиците нa дрвјaтa знaaт кoлку е тешкo и кoлку нaпреднaлo,мoетo дете имa 10 килa нa 3 месеци,твoјaвa бoгaми тoлку нa 18...... Нaтпревaр кoе пoбрзo прooделo,прoзбoрелo,штo е oвa? Знaчи сo некoи мaјки ни муaбет не ми се прaви веќе,зaрем рoбoти ли се децaвa и зa се мoрa дa бидaт прoгрaмирaни?
Јас сум голем поборник за доењето ама никогаш не сум и не би осудила мајка која дава ад, сите ги знаеме предизвиците кои ги носи мајчинството и сите со нив се носиме различно. Не се сметам себеси за повеќе мајка ако дојам, ниту некоја е помалку мајка ако дава вештачко. Факт е дека сум се изнаслушала секакви глупости од типот не сме 19ти век па ќе му вадиш цицка кога ќе му текне, боже уште го доиш??? ааа вие со цицка ќе тргенете во школо (сега наполна година), ќе ти свиснат градите до колена што си се унаказуваш со тоа што цица земи си млеко и дај му на дете - е овие жени со вакво размислување ги осудувам. Моето искуство со доењето беше песна имав млеко бебе веднаш фати и се поклопија коцките, во друга ситуација ќе посегнев по ад многу нормално немаше да го оставам гладно. Имам една стрина која многу нормално праша дали дојам и ми кажа ајде доста му е јас до 6месеци им давав потоа се јадат, а на истата маса по некои 15минути на братучетками која му вади шише на бебе и вика што се занесуваш ма ти го труеш бебето се знае кое е млеко за бебе, така да мајки жени не се замарајте што ќе ви кажат кој сака да збори ќе си најде што да каже и да осуди, да соли памет и да се прави паметен.
Незнам зошто некој се наоѓа прозван и одма се правда. И незнам зошто некои упорно напаѓаат, канцерогено незнам што, а други одма контра и директно леле зашто доела до 5 години, а ваму се наоѓа увредена, а никој неа не ја посочил. Па нема смисла. Секоја мајка си го жали детето. Значи овде општо се зборува и сто пати се нагласува, дека доколку не се успее со доење дека е нормално да се дава ад. Значи да се потенцира дека прв избор да биде доењето, а потоа доколку тоа не е возможно да се продолжи со ад. Не мора одма со напади. Не е фер ни кон едните, ни кон другите. Сите знаеме колку е тешко да се израсне дете, без разлика дали е на ад или на мајчино. Сите сме МАЈКИ.
Реков палмина масло, а не млеко и моето пиеше ад па не драматизирам .А слободно вреѓајте немам намера да се карам со вас ни да ви се правдам.Ви кажав што прочитав а што е точно денес само Господ знае. Поздрав
А што денес не е канцерогено? Па, прво воздухов е канцероген, па после се останато. Во однос на тоа кој е послободен/понаспан, мајките со доени или недоени деца, индивидуално е. Мојава е доена, па од некаде три месеци ја преспиваше ноќта, со едно цицање помеѓу. Доењето (барем мене) носи болки во грбот, искривен рбет. Од друга страна пак, недоените деца генерално мајките почесто ги думкаат, па нив рацете ги болат И така... До недоглед има вакви споредби. И ниту едните, ниту другите се 100% во право. @joy1 и доењето во јавност е меч со две острици. Кој дои во јавност е слободен, кој не, е врзан дома. Плус, да не зборуваме за јавната осуда на тие мајки кои дојат во јавност. Ехехееее. Генерално мислам дека доењето се деградира. А штета е.
@An-na генерално во јавност како клупа,парк,кафич не сум доела и јас.Ама во кола да,на гости во друга соба да,на плажа принудена бев пошто неможев нонстоп во соба да бегам.Во секој случај мн полесно ми било отколку со другата која беше на ад па морав на секое со мене све и свашта да носам само за припрема на еден оброк
Wow higher iq? Епа ок, за инфо на годинка и два месеци броев до десет на два јазици, а не сум доена... Чисто да си се пофалам. Децата на ад веројатно ќе се глупави и едвај ќе завршат средно со овие претпоставки. Ма дааајјј... А, ако мајката не знае да изброи до десет, детето ќе и биде поинтелигентно од на некоја што ептен работи со него, оти доено де....
во Мак дојат само 45 % од мајките во Норвешка и Шведска дојат 99 % од мајките во Данска 95% во Швајцарија 92% ке да е до и нашите лекари кои форсираат да се купува ад место да ги храбрат мајките и да ги советуваат соодветно.
И уште да раѓам, ќе дојам Големата ја доев до некои година и 5 месеци, тргнав и на работа, се измолзував Малата, за жал морав да ја одбијам на некои 9,5 месеци од здравствени причини, срце ми се корнеше кога требаше да ја одбијам, ама морав, инаку маф ќе ми беше работата, среќа па таа повеќе си беше за јадењето, така да цице и не и фалеше многу, а и колку толку ја доев, па продолживме на ад до 13 месеци
Неколку мои блиски даваат АД а притоа имаат млеко. Наводно плачело малото па педијатар рекол дај АД. Ама и поедноставно изгледа им е, стај прашокот промучкај и то е то....нема доење во јавност и замарање да се прикриеш.
А како проценувате дека мајката имала млеко и од узур давала ад? Давале ад, стај прашокот и толку а? Ако претходно ја прочиташе дискусијава ќе сфатеше дека не е баш толку едноставно. Значи тие што даваат ад се " стај прашокот и толку " , за полесно. Блазе си им. Лесно е секаде прашок да мкнеш, вода да носиш итн.... @joy1 Голема улога игра недоволната едукација за доењето и пуста ненаситност на докториве и фармацевтите во дуо. Се гледа колку заостаната држава сме