Е ајде де ама млади мајки, мешање од страна и тоа е. Јас бев решена дека ќе дојам, не ни размислував за друга опција. Ми викаа земи си АД за секој случај, шише за случајно да не не цица ама ништо не земав. Имаше денови кога по цеел ден беше на града ама не ни помислив дека немам млеко, знаев дека други беа причините. Проценив бидејќи млеко и течеше од градите и лом се правеше целата маица а она ад. Не дека кај сите е така, јас си кажав за тие околу мене.
Не ги знам точните бројки, но не ме изненадува разлика во проценти. Потребно е да се советува идната мајка уште во болница за и околу доењето, наместо да паѓа под влијание на стрина/тетка редовно да доаѓа искусна но и компетентна патронажна која ќе ја следи ситуацијата на бебчето а и на мајката, докторите да одделат време за совети наместо дај ад, бесплатни пумпи каде што е потребно, а за соби за доење во секој трговски и слично ич да не правиме муабет. Не дали на корпорациите им дојде до толку за прометот на ад од Македонија, туку колку им дошло на докторите во Македонија до пациентите.
@sunshine2015 И мене млеко ми течеше и нон стоп се преслакав, но бебе беше мрзливо т.е во болница со жолтицата се научи на шише. Цицаше додека течеше лесно, а после не. Се молзев, но ме ваѓав повеќе од 60мл. Ич не ми беше ќеф на толку млеко ад да давам, но се помирив дека морам. За моја упорност да изгладнувам бебе веќе немаше смисла, иако и тоа го правев на почеток. Сега р поголема и повеќе цица. Искрено веќе и не се јадам како тогаш. Само ќе си знам за нареден пат, ако го има.
Е од вакви размислувања се иритирам најмногу. Твое е, мајка, да мислиш дека само ќе ставиш прашок и ќе се промучка. Многу едноставно, а? Да видиш како е да ти пишти ноќеска додека го правиш млекото, па пиши тука, важи? А кога ќе треба да се отиде некаде и да носиш шишиња вриени, па да пазиш да не се расипе. Колку лесна работа, нели?
Не викам дека е лесно и не ги ставам во исти кош сите. Коментарот беше за тие што имаат млеко а не дојат туку посегнуваат по АД. А патем гледам и со купечка вода ставаат но ајде да не навлегуваме во темата немам искуство со АД.
И да е купечка водата треба да е превриена, шишето да е измиено и стерилизирано, температурата на водата треба да е одредена. Значи носиш" прашак", носиш термос, носиш стерилизирано шише, трчаш негде да измиеш убаво раце пред да го спремиш. Многу е лесно навистина.
Многу ми е жал што немањето на соодветна поддршка и едукација во врска со доењето како процес, не доведе до тоа да се препираме тука со крајно несоодветен зборови. Муабетот ќе го почнам со моја глупава изјава некаде околу 6-7 месец од бременоста. Другарка ме додаде во "Соба за доење" на д-р Јулија. Една женичка имаше пишано еден пост, како не успеала да си го дои детето, и колку тоа претставувало голем неуспех за неа како мајка. Пишуваше отворено колку ја боли сето тоа, колку сакала да ја има таа блискост... ќе бидам искрена, и ќе ви кажам дека моето мислење во тој момент буквално беше од типот "дали е оваа жена будала.. што се малтретира душевно со глупости.. па не е само дењето она што не прави успешни родители.. па што да кажат мајките на посвоени деца...". Да.. немав разбирање за нејзината болка, затоа што си реков - нит прво нит последно бебе на АД. Но, како што бива животот нели, откако се породив, како да ми се отворија многу врати - наеднаш имав разбирање за многу работи кои претходно поинаку ги восприемав... а верувајте, по природа сум многу емпатична. Дури претерано. Зошто го пишав тоа погоре - сакам да ги поздравам сите жени кои не се нашле во некоја ситуација, да не рипаат како мене во претпоставки за некои работи за кои немаат лично искуство. Човечки е да имаме мислење, и ок е да го кажеме.. но мора да оставиме малку простор - резерва, дека сепак може да не е онака како што нам ни изгледа. Таква изјава на пример беше онаа за кога некоја мајка ќе речела дека има стаж од ХХ месеци или дека и било криво што го одбила детето а веќе било големо. Јас тука се пронајдов многу, иако знам дека не е лично - баш скоро поминав во таа фаза, мене ми беше тешко, на ќерката (среќа) не... и споделувам тука како сум се чувствувала - да, можеби на некој тоа да му е чудно, како што и мене ми беше во примерот погоре - но како што реков - не смееме да судиме и да сме зајадливи за нешто што не сме го искусиле. За лекови - мајка ми е доктор, и често идат претставници на одреден лек - кои и нудат профит од препишан лек на пациент. Демек ќе стави печат на рецептот и од секој рецепт ќе добие процент. Така што не би ме чудело да се случуваат и такви работи. Назад на темата. Мислам дека на сите тука ни е јасно дека адаптираното млеко е неспоредливо со мајчиното. И тука завршува приказната. Во претходни постови имаше објаснето за составот, за бенефитот и сл. - и покрај исцрпните анализи на некои од вас колку често кој се разболувал. Споредбите се неблагодарни и несоодветни, ниту основани за да се исцрпи некаков заклучок од нив. Колкави се децата, дали одат во градинка или не, со колку луѓе се во контакт, плус и примарен генетски имунитет... ме разбирате се надевам... Посакувам никогаш никој да не се разболи па сите да победиме во тој дел од натпреварот! Мислам дека сите заклучивме дека тука мајка која не дои за да има убави гради нема. Има мајки што дојат и мајки кои пробале но не успеале са дојат. И не знам зошто треба толку да гледаме како на табу на темава - па кој ќе се осетел повреден или не.. ако јас имам некаква одлука и цврсто стојам зад неа - би прокоментирала дека некој неважен лик ми дал мислење и на тоа останувам. Не се вреѓам, не се нервирам. Би сакала лично да се обратам... * За мајките кои доеле/дојат: Не значи дека децата на АД не се будат навечер. Нормално се будат како и секое дете што се буди за млеко. И нормално не се будат како што има и доени деца што си ја преспиваат цела вечер. Не дека мајките кои даваат АД се одморени и уживаат. Точно дека можат да најдат замена и да поспијат, но дали тоа можат нон стоп да го прават? Не. Затоа што и нивните бебиња сакаат да ја почувствуваат мајката, да ја мириснат. Да се смират во нејзините прегратки. Бидете горди што сте успеале да доите, затоа што не е лесно. Но не дозволувајте таа гордост да биде зајадлива. Гледајте да помогнете на некоја мајка, сетете се колку ви значела помошта вам во тие тешки и хаосни моменти. Имајте разбирање дека не секој ја добил. *За мајките кои не дојат: Бидете си искрени пред себе дека давањето АД ви ја дава можноста да здивнете, макар еден оброк во денот. Доилките се соочуваат со плус проблеми во текот на доењето - рагади, блистери, ограничени медикаменти, мастити, гризење, врзаност со бебето кога е малечко, особено ако не прифаќа шишиња и сл..... плус и неспиење. Доење во јавност - не ретко е проследено со осуда - мислам прочитајте ја темата па ќе видите до каде сме со свесноста и ограниченоста на видиците.. Не бидете со предрасуди и завидливи према оние што успеале да дојат. Знаете каква борба сте воделе, па порадувајте се што некој успеал да ја помине, или барем дозволете му него да се порадува. Ако не доите тоа по ваша желба - го почитувам. Не значи дека го оправдувам (да не сме лажно скромни - башка јас не верувам во изреката "секоја мајка знае што е најдобро за своето дете"), но го почитувам. И немам право да наметнувам мислење. Ниту да сум дрска, ниту да ве навредувам / убедувам. Дел од вас навистина немале млеко, и ми е жал што така ви се случило. Верувам дека сте дале се од себе, и знам дека тоа не е лесно. Можеби сте добиле точно објаснување зошто е тоа така... Моја таргет група се оној дел од вас кои мислите дека сте немале млеко, или некој така ве убедил. И тука ќе пишувате милион постови дека не сакате да си го оставите бебето да гладува, и верувам дека верувате во тоа. Затоа што не седнал некој да работи со вас. Затоа што не ви објаснил што да правите. Не се лутете што го пишувам ова - не ве напаѓам вас! Не сте вие криви - напротив. Вие сте жртви на лош систем и крајна незаинтересираност и негрижа од страна на докторите. Во моментов каде што живеам, има лактациски консултанти на располагање према општината во која живееш. Во секое време. Има Ла Лече група. Има пумпи кои одат на рецепт од аптека. Овде речиси сите поддржуваат доење и attachment parenting. Уште немам искуство со раѓање, ама од групите на фб во кои членувам, во кои има 20тина админи од кои скоро сите се лактациски консултанти, лесно стигам до потребни податоци. Идејата ако ја сфатив добро понајмалку не е која мајка е помајка (се знае нели, онаа што родила природно и што дои..?!)... туку е да се осврнеме кон светските трендови "breast is best" наспроти "fed is best". Во превод - мала промоција на доењето со осврт кон тоа зошто денес АД е толку присутно и покрај напредната медицина, и се подостапните информации за доењето. Кај нас е проблемот што педијатрите повеќе сакаат задоволни родители и дете што лесно напредува, отколку да се помачат со стратегии околу поддршка на доењето. Затоа што така треба да прочитаат малку. Да се заангажираат со мајката и бебето. Но АД е секогаш лесно решение - мирни родители оти знаат колку испило бебето, бебето одлично на вага, педијатарот не се замарал многу многу. Сите среќни. Уште ако е вистина она за процентот, педијатарот е уште посреќен. Што е штета и за мајката и за бебето. Како знам дека имале млеко? Не еднаш сум прочитала приказна - немав млеко, морав да го дохранувам, и после и мастит фатив.. а маститот од што се направил...? Од неиспразнета града и запушен канал. Напоменавте на времето како било - кога немало АД. Ајде да ја отвориме темата на wet nurse или жена што го дои детето а не е мајката. Дали би прифатиле? Дали би прифатиле туѓо мајчино млеко или би дале АД? Во светов во педијатриските оддели, особено во неонатологија, одлично функционираат лактариуми кои ги користат за предвремено родени деца кои се во инкубатор. И докторите преферираат донирано мајчино млеко наспроти АД. Каков е нашиот став за тоа? Лактација кај мајки кои немаат родено - како подготовка за посвојување.. овој тип на стручна поддршка постоо во светот и е широко распространета. Ако педијатри и лактациски консултанти можат да помогнат и да "исфорсираат" лактација кај жена која не родила, т.е. која не е под дејство на хормоналните промени кои доаѓаат со бременоста и породувањето, зошто не би можела да се поттикне лактацијата и кај дел од оние кај кои има потешкотија на воспоставување на истата? Сакам да кажам - наместо да одиме напред, да гледаме што е најдобро за децата, ние сеуште тапкаме со имала млеко - доела.. или немала доволно / слабо и било млекото - дала АД. За моментите дека бебето и после доење плачело, било гладно а се позмавало оти ставало раце во уста - нема ни да коментирам. Ме нервира грижата на совест што многу од вас ја чувствуваат а пробуваат да ја затскријат со правдање па и со напади и навреди (одбрамбен механизам), затоа што некој друг е виновен за истата. Затоа не сум за "fed is best".. мислам секако дека сум за буквалниот превод на реченицата, но не смее да се стави во исти кош со "breast is best". Идеологијата е дека да, мајчиното млеко е најдобро, но ако нема мајката млеко, поубаво е бебето да се најаде АД отколку да гладува. Се согласувам. Но, доколку кревкоста на мајката на почетокот не е злоупотребена од страна на стручните лица. Се изнапишав - ама имав да одговорам на 16 страници полни со преписки. Мислам дека ова е најдолгиот пост што сум го напишала досега.
Ova e toa toa srocheno vo eden post shto bi trebalo sekoja idna majka da go znae..drugoto e lichen izbor
После толку коментари позитивни и негативни околу АД. Сакам и јас да кажам мое мислење. Дете од сестра ми израсна со АД бидејќи таа апсолутно немаше ни капка млеко и покрај сите упорности и идење дома кај неа патронажна сестра секој ден не успеа еве го здраво и право си расте. Моето дете прв пат фати града од кога се роди после 5 часа кога ми го донесоа сигурно тоа време таму е пиел АД не знам. Јас неиискусна и недоволна информирана околу тоа инсистирав да го дојам си велев колку и да боли мораш немаш доволно финансии да си дозволиш и таа капка млеко што ја имаш да ја изгубиш. Бев упорна и успеав еве сега сме година и две недели планирам уште да го дојам. А од страна коментари имам од секој тип, најчесто и последен најсмешен ми беше ДОДЕКА ГО ДОИШ НЕМА ДА ДОЈДЕ ДРУГО НА ПАТ. А одговорот ми беше па ја ако не работам на случајот секако дека нема да дојде. Друго познавам и личност и покрај своето млеко и детето на само 5м кое што е родено 3 850 гр сега има колажа од 7 000 гр е премногу бар според мене му дава АД тоа милото целото е исполнето со мевце буцко е мн. Таа упорно го храни бил слаб, но сепак тоа е одлука на мајката не ги осудувам ни тие ниту тие .
@Kaetana И јас сум дел од жените на кои твоите несебично споделени совети биле од огромна помош на почетокот од доењето, голема благодарност за тоа.
http://www.iqtestexperts.com/iq-breastfeed.php eве за IQ и доењето, има мнооооогу студии на темава и не е за исмејување. Секоја идна мајка кога ќе ја види темава треба само да добие храброст, знаење и поттик да дои. Не ги сфаќам мајките кои укажуваат на тоа дека доените се болни, а децата со ад ништо не им било. Не верувам дека постои било кој на светов што ќе рече дека ад е подобро од мајчино. Ако се сложуваме дека мајчиното е подобро, тогаш зошто на идните мајки да им пишуваме работи од типот дека доените се поболни? Видете ја разликата на млекото од мајката кога детето и е здраво и кога детето е болно. Млекото се менува према потребите. http://www.parents.com/baby/all-about-babies/amazing-moms-breastmilk-adjusted-for-her-sick-baby/ Еве сега перидов има многу обуки за доење (сега е неделата на доењето) и идните мајки треба да ги посетат. А би препорачала и ова да се прочита, иако е долго https://zhzd.blogspot.mk/2017/06/blog-post_19.html?spref=fb
Убаво напишано Каетана ама пак во дел од твојот текст се чувствува осуда спррма оние кои не дојат. Мене не ми е јасно што сакате да постигнете со сето ова, млекото на некоја нема да и се врати, правите само да чувствува грижа на совест и да се окарактеризира ко немајка, доста злобно. Делувате ко доењето да ви е најголемиот успех во животот. Во однос на споредбите болни неболни, нормално кога трубите 100 страни уназад децата на мајчино заштитени со ова, со она, вака , така, а истото тоа дете у една година десет пати болно.
ПОЛЕСНО ОЗДРАВУВААТ, не дека не се разболуваат. ова: Оти темава не е само за мајки кои веќе нема да раѓаат.
@Kaetana никаде не ги осуди оние мајки кои не дојат, туку педијатрите и сите други кои притискаат мајката да даде адаптирано при свое млеко. Ако не се лажам, таа се обучува моментално како консултант за лактација (@Kaetana ако грешам, те молам исправи ме), и многу убаво објаснила кој е најголемиот проблем кај новопечените мајки. Јас сум давала адаптиано млеко, и не почувствував грижа на совест кога го читав нејзиниот пост. Фала му на Бога за адаптираното млеко, како опција кога мајките не можат да дојат од било која причина. Фактот што немав доволно млеко со првото дете и давањето ад млеко го прифатив како нешто неизбежно, ама од доењето не се откажав, туку со тек на време ја исфрлив прихраната оти немаше повеќе потреба од неа, башка што детето не го сакаше ад млекото. Значи работава е да се среди лактацијата како процес, што не е невозможно, а не бебето целосно да се префрли на ад млеко, како што прават многу мајки под притисок на педијатрите, патронажните сестри, а богами и најблиските. Не знам зошто тоа го сфаќате како напад и осуда, или можеби имате грижа на совест? Зошто би имале, кога вие како мајки го правите најдоброто за вашето дете според условите и можностите? Самите треба да сте свесни за придобивките од доењето, а не да ги омаловажувате, и лесно да се откажувате при првата пречка. Барем денес во ерата на голема достапност на информации е лесно да добиеш насоки и совети како да постапиш. Никој нема да те осуди ако ништо не успеало, не успева кај сите, факт, не сме сите исти. Ама тоа што може да се постигне лактација кај мајки кои не родиле, дава надеж дека скоро сите жени може да дојат успешно. Малово мое откако почнав на работа, многу често се разболува, а е на доење, покрај цврстата храна. Поради доењето многу полесно ја издржува покачената температура, особено на овие жештини, кога е лесно и возрасен човек да дехидрира, камоли бебенце. Освен тоа, антителата од моето млеко му помагаат полесно да се избори со инфектот, отколку ако е активен само неговиот имун систем, кој секако е во фаза на развој. Не можеш да споредуваш кое повеќе или помалку се разболува, оти, како што беше наведено погоре, примарниот генетски имунитет игра улога, а башка тоа на што се е изложено во околината исто има влијание.
де ве молам дајте цитат од членка(било која) да ве нарекла НЕМАЈКА? доста со тие фантазии дека некој за нешто ве прави помалце вредни.
Може никој не го употребил терминот немајка, ама тоа себефалење како успеале да родат природно, па доеле до три, и им го дале на своите најмили најдоброто што треба и може, само на тој начин може да го протолкува мајката која не родила природно и не доела. И не е само форумов во прашање. Знаете ли колку осуди и покажувања со прст има од големите мајки/доилки кои самите себеси се поставуваат на пиедесталот на мајчинството само заради тоа. Ах, земете читајте по странски форуми кое само мавање во гради го манисфестираат о , тие жени големи. Токму ваквите коментари ме излудуваа сите седум месеци додека доев. И да, јас не уживав во доењето, не го воспевав како невидено чувство, туку грбот ме болеше, пукаше, бев жива ненаспана, а веќе сум кажала доев по цели денови и ноќи зошто детево си заспиваше на града и си тегнеше со саати. Бев нервозна, раздразлива, анксиозна, плачлива, се чувствував изгубено, безпомошно, депресивно. Да, сум доела и по три четири саати по ред. Е, ама напредуваше супер и при секоја контрола педијатарката ја фалеше. На крај ме спаси молзалката.Ама си добив осуда дека сум и нанела зло од ќерка ми оти сум и дала шише, иако одредено време ги комбинирав и двата начина. Па сум ја отфрлила, па сум ја прекинала ,,светата врска,,. Ете, Си создадов ред на молзење на одреден број часови, кои се проретчуваа со текот на времето, особено кога почнав со дохрана од кашички. Неретко си имав полни шишиња млеко плус. Да не ја подречам мојава на две години е повисока и од тригодишни деца, сите мислат дека е повозрасна, ама не можам да кажам дали тоа се должи на мајчиното млеко или можеби и на фактот што од седми месец до година и давав и Аптамил кој самата го батали, а ина добрата исхрана која секојдневно ја практикувам. Има настинато првпат на година и девет месеци, лесна настинка која ја пројдовме само со далерон и капки. И ретко потоа да и прокапел носот ден два. Роднина моја тегавеше со доењето до три години, детево постојано болно и бавно задравува, а не оди во градинка, ни некоја посебна комуникација со деца има. Секако, ова не значи ништо, ама го побива апсолутот на здрави доени деца. Сметам дека мајчиното млеко е важно и вредно за напор, но не по секоја цена. Не може да се обезвреднува во старт едно дете кое се храни со ад и да се третира како помалку здраво или интелигентно наспорти доеното. Ајде, а кажам дека има куп истражувања кои кажуваат дека исхраната на мајката во текот на бременоста и стилот на живот, па и пред бременоста се важни и клучни за понатамошниот развој. И ајде ве молам, во земјине афрички ги дојат до пет, па саде интелектуалци се, а да не зборувам за болестите кои ги демнат од сите страни. Што се однесува до ад не е гола вода како што си мислат некои. Кој давал знае. Стерилизација на шише, вода превривана десет минути, па оладена на 45/50 степени целзиусови, во зависност од типот, па добро растворено, па оладено на 37 степени за пиење. Оние кои се на ад исклучиво мора да го пијат на три часа минимум, а може да почне да плаче од глад час порано. Јас сум била на ад, мајка ми немала млеко, таа ова ми го кажа. И за крај и на самата формула пишува дека доењето е најдобра опција, и дека треба добро да се размисли пред да се откажете од истото, па не е спорно што е подбро, барем по сегашниве науки и истражувања. Подобро наместо овој наслов да стоеше нешто како,, искуствата поврзани со доење или ад,, бидејќи и онака е неспорно што е подобро. И аман со тие претпоставки дека некоја не доела зошто градите би и виснале. Има милијарда причини за недоење и никој нема обврска некому за својата одлука да се оправдува.
^ Како што и нема пост ко твојот каде си навредена од тоа како доилките го искажуваат својот став, ама мора да се спомни дете доено што нон стоп разболено е, и друго на ад што само еднаш настинало и толку. Тоа што е?
Тоа се факти. Зошто оние другине постојано вадат линкови кои го идеализираат доењето, уште фали да пишат дека доениве имале супериорни моќи. И не се ограничив само на формумов, општо.И јас доев, па го немам чувството на супериорна мајка, и не чуствував потреба да изнесувам факти и докази колку само доењево е најдобро.
@BlackNight јас на ад ја пораснав првата,ама вака никогаш не сум се потресувала ко тебе да морало точно под саат да се дава или да се олади до тој и тој степен. вода купена не превривав.Само ја топлев до тој степен да може да се пие.Дали била 37 степени никогаш не сум имала поима.За навечер во термос си чував топла вода и 3 шишиња празни,стерилизирани.Она некогаш еднаш стануваше некогаш ич зависи колку јадела пред тоа. Се до мене чував спремно,мешав и пие.Две минути работа искрено.