1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење наспроти формула

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 25 јули 2017.

  1. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    5.518
    Пол:
    Женски

    Еве, ме сега мајка на двегодишно дете, последен пат собрав другарки за роденденот на ќерка ми. На кафе не сум била кој знае од кога. Ни со ќерка ми, ни без. Доенечкиот период е важен сегмент без оглед како се прехранува детето, дали со млеко, или ад, секој си искусува предизвици, ама па, ќртви на сметка на мајчинство се прават цел живот. Штета, на форумов се се врти околу бебиња, доење, кашички, а баш би сакала да читам еве за проблемите и радостите на мајки на тинејцери, или барем школски деца, чисто како приказ дека посветеноста кон детето не се состои само во доењето.

    Така стоеше на упатсвото и така ме советуваше педијатарот. е сега исклучок беше водана Хумана и сличните кои се загреваат како што велиш. Инаку и јас кога и давав ад. а тоа веќе беше два пати до три пати во денот (не се сеќавам) си имав со време стерилно шише од стерилизатор. Инаку за саатница не се држев во однос на ад, но за мозлењето некако спонтано ми се наетна, бидејќи се полнев со млеко на одреден број часови и измолзував бааги милилитража.
     
    Последна измена од модератор: 17 октомври 2017
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    За тоа ќе си читаш во други теми, има и тема -предизвици во мајчинството и таму може да се пишува кој е наспан а кој не. Ја носите темата во друга насока, тотално небитна, а тоа е кој колку уморен е од доење или од мешање ад или кој колку грбот го боли. Збориме тука за бебињата, не за нас.
    Тоа да се факти не мислиш дека компаниите кои произведуваат ад со сета своја агресивност нема да го срушат "митот" дека мајчиното е најдобро, па за почеток и на кутиите не би напишале?
     
    На Mariangel и Kaetana им се допаѓа ова.
  3. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Не сме немајки, лигли сме. :worried:(facepalm):rofl:
     
    На BlackNight и Bridget им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.933
    Допаѓања:
    36.050
    Пол:
    Женски
    Јас најпрво не знаев дека ќе треба да дојам. Ете не знаев ни на крај памет сега чудно ми е ама така беше.
    Во болница кога прв пат ми го ставија бебето на града се чудев што се случува, болката беше неподнослива, језиво ми беше.
    Решив! Нема да дојам!
    Прво што направив пишав на гугл ..не сакам да дојам... Прочитав мислења од кои донесов заклучок дека доење и формула те едно исто.
    Но мм инсистираше да дојам.
    Не сакав но доев заради него. Со силиконски брадавици бидејќи ми беше језиво, не сакав.
    По 3-4 месеци одлучив да пробам без нив. Језиво, но се навикнав.
    Сега си велам. Фала му на Господ што дојам. Не знаев дека мајчиното млеко е толку добро. Дека најлесно е да се дои. Дека има антитела. Дека помага при настинка, грип. Дека го смирува бебето. Да дознаев сето тоа, да се најдев во исто време и место и да не доев ќе се убиев мислам.
    Без подршката од мм јас немаше да дојам.
    Дојам скоро 10 месеци.
    Сакав да им порачам на сите кои што се во можност да изберат доење.
    И немам ништо против мајките чии бебиња се на формула. И јас ќе бев една од нив.
    Секоја мајка одлучува за себе и своето бебе.
    Да додадам на муабетите погоре дека дојам и секаде прошетав. Не разбирам зошто мајка што дои не мрднува од дома? Ние на кафиња родендени свадби... Дојам на јавни места. Нема ништо срамно во тоа. Тоа е во природата на човекот.
     
    На Rebecca_R, SophiaBella, Marmarin и 24 други им се допаѓа ова.
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    :bow: Za iskrenosta.
     
    На Annath, *Лорена*, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    И мене ми се допадна искреноста, посебно што сподели искуство за секоја новопечена мајка зашто знам дека 90% вака сме се осеќале.

    Јас бев убедена дека треба и сакам да дојам, но незнаев што да очекувам. Болката од пораѓајот полесно психички ја дочекав отколку тоа што ме чекаше со доењето. Ниту знаев како треба, ниту знаев што се случува, ниту колку време ќе трае таа нервоза и болка...На секое факање дојка на бебето, додека да повлече (нели, првите 2-3 месеци), не смееше никој да ми зборне во тој момент, мислев дека сите ќе ги убијам :D

    Се на се, за секоја нова мајка за успешно доење најважна е поддршката од околината, од најблиските.
     
    На Rebecca_R, Smiley11, BirMelek и 10 други им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.933
    Допаѓања:
    36.050
    Пол:
    Женски
    Сакав да додадам дека силиконските ги тргнав кога прочитав дека според плунката на бебето се менувало млекото, дека плунката праќала информација какво млеко му е потребно на бебето.
     
    На Rebecca_R, *Лорена*, Kitten и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.668
    Пол:
    Женски
    Дојам, од прв ден, сама, никој не ми покажа. Не ми беше болно, не ми беше чудно нит језиво. Едноставно сакав да дојам. Прво, без пари е. :) Второ, нај здраво е. Тоа дали мајката ќе е наспана зависи од бебе не од цицка или ад. Еве јас реално сум наспана. Ретко се буди 2-3 пати, обично 1 станува ноќе. На почеток да, на 2 саати, па цица пола саат, па дур измиеш гради. Дур се средиш време за спиење нема, ама не се жалев. Сама си сакав дете. Изгледот на градите не ми е битен. Нема да се сончам топлес.
    Ај за ад сега. Пробав, кога мислев дека бебе не цица доволно и дека е гладна. Не прифати, па се случи уште еднаш пак не прифати. Искрено нит е вкусно, а и смрди бре. Мене бар. Различни пробав.

    Верувам дека секоја мајка знае колку благодети носи мајчиното млеко.
    Шетам, и дојам. И во парк, пред мажи. Сега зимава е потешка дека наоблечени двете, ама пак излагаме. И горда сум искрено на себе. Зошто се успеав сама, со помош на сопругот за некои работи се разбира.
     
    На stevemila, Kitten, kukla21 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Ме потсети колку ми се повраќаше кога доев. Еве признавам на почеток едвај издржував да не повратам дур цица а потоа црева истурав. Потоа отиде надолу. Дијареа.. а дојам трк во вц. Страшно. 3 месеци траеше ова. Ми беше срам да кажам ќе рече некој оваа и се лоши од дете што дои а нема везе не беше мој избор. И кажав на мајка ми зашто ме слушна како урлам во вц после доење. Почна да се смее. Вели јас кога те доев исто ми се случуваше а веќе едно доено дете имаше пред мене и немала таков проблем. Потоа преку ноќ сево ова го снема. Не знам што се случи. Битно помина.

    Велат ретко било ова да се случува. Се надоврзав зашто верувам некоја мајка ќе гугла доење и повраќање па нека и излезе муабетов, нека види дека не е единствената и дека не е до неа. Ќе помине и тоа.
     
    На Rebecca_R, stevemila, irena.1 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.056
    Пол:
    Женски
    Не може да се спореди доењето со формулата. Нема ништо подобро од мајчиното млеко. Поголемиот син го хранев со адаптирано млеко. Немав многу млеко и криво ми е што не можев да го дојам. Ама затоа вториот син го доев. Се плашев дека нема и за него да имам доволно млеко. И пари за млеко заштедив.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    А што има врска изгледот на градите со доењето? Мене две мајки ми рекоа,барем градите ќе ти се убави штом не доиш. :wasntme: Јас не дојам, а имам виснати гради и имав крварење од брадавиците некогаш зашто се измолзував на почетокот.
     
    На stevemila, gjoker4e, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    За жал има врска. :doh: Јас имав убави цврсти гради, со средна големина, подигнати... Меѓутоа еве по повеќе од 1 година доење скроз им се промени обликот. Кога се полни пак се убави, ама после подој се спласнати и виснати, ја немаат онаа цврстина како пред тоа. :shake: А тек прво дете. :wasntme:
     
    На stevemila, sofi2107, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.589
    Допаѓања:
    39.596
    Пол:
    Женски
    Едната града на мене ми е поголема од другата.
     
    На stevemila, gjoker4e и emkaemka им се допаѓа ова.
  14. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.826
    Допаѓања:
    109.044
    Пол:
    Женски
    (highfive)
    :rofl:

    ^^рекоа дека ќе се изедначат нели подоцна (fingers)
     
    На Igle, stevemila, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.589
    Допаѓања:
    39.596
    Пол:
    Женски
    Ама зашо и другата да не ми порасне ;(

    Во врска со темата само ќе кажам дека на другарка породена со царски рез уште во болница и кажале да пие бромергон оти немала млеко. Е ај ова некој да ми го објасни
     
    На stevemila, gjoker4e и emkaemka им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.685
    Пол:
    Женски
    мене не ми се изедначиа :x
    десната е поголема и од левата :D
    приметливо на голо
     
    На Igle, stevemila и emkaemka им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.298
    Пол:
    Женски
    Па ако нема млеко, оти да се труе за џабе? Башка треба да се почека после царски, не секогаш надоаѓа одма...

    Подоцна ќе се изедначат... ако не сум грешка, нема ни година кога прекинавте со доење. Треба време, уште имаш млеко сигурно.
     
  18. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.826
    Допаѓања:
    109.044
    Пол:
    Женски
    И јас не верувам да ми се изедначат, ама пуста надеж дека барем нема да се толку воочливи, сега сум смешки :(

    Кај мене лево е дојка, десно цице :$
     
    На forumce, irena.1, sofi2107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    И тек како од доење градите веќе не се исти :D
    Воопшто не ми е криво што се изобличија зашто тоа ми е потсетник дека дојам.
    Стануваат меки и свиснати како памук, се оправаат и личат на нешто само во пуш ап прслуче и недај Боже да го извадиш како погачици пљаскаат :lol:
    Ама баш ми е гајле, мои си се си ги сакам иако едната е поголема од другата и се издипани и смешни. Како шо пишаа погоре....топлес не се сончаме :D
    Само се убави кога сабајле ке станам.
    Нема да се оправат и изедначат да не се лажеме. Еве и на сестра ми и се смешнибпамучиња свиснати, една од друга за бројче разлика. Ај може после вторите па ќе се изедначат или скроз ќе се двојат за 2-3 броја 8-|.
     
    На Melinda85, emkaemka, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  20. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Сaкав да дојам уште пред да родам. Убедена бев дека ќе дојам зашто сакав да го осетам тоа чувство. И бидна, и покрај болките јас уживав. Благодарна сум што имав и имам млеко, уште го дојам - 1 година и 3 месеци, и уште уживам зашто знам дека му е „дијазепамче“ за секоја фалинка....Е сега градите од убави и цврсти се надвиснати и никакви...Ама се надевам ќе се средат некогаш,,,,а ако не само ќе останат сеќавања на тоа колку „јака риба“ бев со убави гради :) :) :)
     
    На emkaemka, Lolipop23, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.