две деца и две сосем различни искуства --првото дете кога се роди имав 21 години.Толку мн исплашена,неискусна.Во заедница.На секое нејзино кмее свекрва ми ке ми речеше дај ад гладна е.Тогаш поима немав што се грчеви замислите.Бебето и од тоа плачело,ама психата ми се убеди дека е гладна.И така шише по шише преминав целосно на ад.Финаниски тој период ни беше мн лош.Едвај крај со крај сврзувавме а морав млеко да купам.Па ноќе станував,дур сум го направила таа се расонила.Ама ете помина и тој период ,си порасна здрава права . --второ дете..јас веќе искусна.Си реков ова бебе ке биде доено па мајка јана била.И би..цели 27 месеци.И повеќе од што требаше.Ад дадов само 2 пати.Стани легни првите три месеци беше нонстоп на цицка.После си фати ред.Мака со заби невидов јас..дали дека нонстоп и нудев утеха со цицање незнам.На секоја болест настинка,доењето ми помагаше ептен мн.Навачер не станував.Лежејки се доевме ,убавини.Па кога ке ме погледнеше во очи дур цица е сега...ако еден ден имам трето,ке дојам ама кратко.Повеќе од година не.Сметат дека е доволно.Јас претерав со втората.27 месеци доење е повеќе навика отколку потреба.
Секако дека секој несомнено предност би дал на мајчиното млеко! И родителот, и педијатарот, па и лаик да е.Хранливоста дефинитивно е неспоредлива,тука нема дилема, составот и антителата кои ниедна формула не може да ги содржи. Па и начинот на хранење, секогаш свежо и тазе, ден и ноќ, дома или во парк или на неопходни излегувања од типот преглед/вакцина..па и самиот чин на доење, во прегратка со мама... Да не ме сватите погрешно, разбирам има мајки кои не може да дојат но хранат со одмолзено мајчино па има и мајки кои од иск поричини хранат со АД. И првите и вторите и третите се ПОДЕДНАКВО МАЈКИ!!! Моето искуство е - првото бебе го дохранував со АД, процедурата за превривање вода, разладување, нагодување до одредена температура, стерилизација на цуцли и шишиња...па и неможноста да хранам надвор... е каде каде неспоредлива со искуството со другите две деца кои ги доев до скоро две години (третото уште го дојам). Не знам дали да го препишам тоа на АД, но првата ќерка, за разлика од другиве две деца е многу поболежлива, понежна, до кај 5 години имаше пречесто нагони на повраќање ( многу често после хранење уште од најмало доенче повраќаше ) а другиве две никогаш не се случило да повратат ( исклучок буквално по еднаш поради стомачен вирус)... Се на се, фала Богу што постои АД, а јас лично, од свое искуство, повеќе сум поборник за доење
Се сложувам со се. Но, незнаете колку многу лоши примери имам во околинава. Многу мајки уште пред да родат се одлучуваат за ад. Не се ни трудат. Блиски примери имам. Што дури и мене со чудење ме гледаат дека само дојам. Доаѓа до ситуации каде ме прашуваат само на цицање сте, не даваш по малку ад? Испаѓа дека јас треба да се правдам што не давам ад. Секоја чест на сите мајки што до крај и со сета сила се трудат да дојат. Секоја чест и на тие мајки што не по своја воља дале ад, зошто по постовиве гледам дека многу посакувале да дојат. Но уште не породена, да се откажеш од доење, без никакви здраствени причини, тоа не го оправдувам. Не ги осудувам, секој со своето, не ги гледам на криво, не ги убедувам дека е поубаво да се дои, сами си знаат. Јас само си кажувам дека ги дојам и толку. Еден случај не толку поврзан со доење, но да го кажам. Седиме на роденден, една мајка кажува како на 4 месеци му дала на бебто да смука ќебапче. Останав запрепастена од тоа, но не искометирав. Полошто беше што си доби тапшање по рамо као демек браво, така е подобро, а не оние што се хранат здраво(нормално) и се филмаат (тоа беше точниот збор што го кажаа). Сакам да кажам дека треба и мора во прв план да се промовира доењето, а потоа доколку тоа не е возможно да се бараат други алтернативи. Да не се посегнува толку лесно по ад.
Промовирањето на доењето не е последен тренд. Последен тренд е фед ис бест, да не се осудуваме, битно е бебето да е нахрането, не е битно како. А всушност тоа е минимумот што треба да го направиме како родители. Чекор понатаму е како ќе го нахраниме бебето, а неоспорно е што е најдобро. Дојдовме до степен да се промовира доење, нешто што е најприродно и без кое порано не се можело да се преживее. Ад бил измислен за итни ситуации, за реална потреба, за преживување. Денес даваат и ако решат дека не сакаат да дојат. Не по потреба. Текстов беше постиран во групите на фб и поттикна доста коментари. Навистина интересен текст за историјата на ад и неговата (зло)употреба, порастот, маркетингот и профитот. https://zhzd.blogspot.mk/2017/06/blog-post_19.html?spref=fb&m=1 Спојлер Текстот е превод на една една мајка, Gingi, која го напишала на својот блог. Бидејќи е доста интерсен и многу корисен решивме да го споделиме со вас. Ќе биде преведен како што е напишан, односно во прво лице. Се надеваме дека идните мајки ќе размислат пред да одлучат на кој начин ќе го хранат своето бебе особено заради фактите наведени во текстот. *** Често сум прашувана од различни луѓе - од оние кои се навистина заинтересирани до провокатори - зошто вложуваш толку многу во наоѓање на млеко за своите деца, бидејќи не можеш сама да го создадеш! "Зошто едноставно не му дадеш на бебето формула?" "Дали мајките кои дојат те осудуваат дека си лоша мајка затоа што на своето дете нема да му дадеш мајчино млеко! Веќе долго време сакам да го напишам своето мислење за адаптираното млеко но никако да најдам време. Делумно затоа што оваа тема е толку опширна. Толку многу што додека пишував сфатив дека морам да го поделам текстот во два дела. Првиот дел ќе биде посветен на историјата на адаптираното млеко, а вториот дел ќе биде за составот на адаптираното и мачиното млеко и ризиците и благодетите на хранењето исклучиво со формула. Ангажирањето на доилка било вообичаена пракса пред да се измислат шишенцата и адаптираното млеко. Користењето на доилка е пракса уште 2000 години пред Исус и продолжило да постои се до 20 век. Доколку не можело да се обезбеди доилка, тоа дете било осудено на исхрана со млеко од друг цицач, т.н. „dry nursing” Се до почетокот на 1800-те години недостатокот на мајчиното млеко значело буквално живот или смрт. 1845 до 1846 – Пронаоѓање на цуцлите и шишенцата за бебиња Доказите укажуваат дека шишињата и цуцлите се користеле уште во старите времиња, направени од груби материјали како имитација на мајчините брадавици. Илјада година пред Исус се пронајдени остаоци на прибор во сите облици и големини. Во гробовите на новороденчињата се пронајдени остатоци од глинен прибор за хранење со додатоци во облик на брадавица, а датираат од времето 2000 години п.н.е. па наваму. За овие цврсти шишенца за хранење како и за проблемите околу нивната хигиена пишувано е уште во Римско време, Средниот век како и во времето на Ренесансата. Но дури во 1845 година Elijah Pratt ја измислил и патентирал индиската гумена цуцла како успешна и употреблива замена. Дури со употребата на гумената цуцла која симулирала подој решен бил проблемот со исхрана кај новородените сирачиња. Сопронаоѓање на цуцлата вниманието се насочува кон изнаоѓање на соодветна храна која нема да резултира со толку многу смртни случаи На почетокот на 1846 год научниците и нутриционистите ги поврзале медицинските проблеми и смртноста, со исхраната со млеко од други цицачи и како приоритет си задале себеси цел да го направат првото адаптирано млеко. 1867 дo 1888 – Создадено е адаптираното млеко Првото комерцијално адаптирано млеко создадено е во 1867 година од Justus von Liebig; Liebig-ова раствролива храна за бебе која се произведувала и продавала во Лондон од страна на компанијата Liebig’s Registered Concentrated Milk Company. Liebig не го оспорувал очигледниот факт дека мајчиното млеко е совршена детска храна но тврдел дека успеал хемиски да ја создаде супстанцата чиј хемиски состав бил „скоро идентичен како мајчиното млеко“ Успехот на овој производ набрзо ја поттикнал и конкуренцијата како што биле Mellin’s Infant Food, Ridge’s Food for Infants i Nestlé’s Milk па до 1883 година на пазарот биле патентирани 27 брендови на храна за деца. Ова млеко и понатаму го имало статусот на млеко за итни ситуации, млеко без кое бебињата би умирале од глад. Иако ги хранело, сепак имало недостаток на нутритивни состојки како протенини, минерали и витамини. Како што е изјавено во бостонскиот Daily Globe 11.04.1880.:„Должност на секоја мајка, а посебно оние чија обврска е да го прехранат детето, е да ги истражат добробитите на најдобрата вештачка храна, со цел одржување на детето во живот.“ 1890 до 1907 –Претставена е формулата за адаптирано млеко кое може да се подготвува во домашни услови Додека адаптираното млеко покажувало драстично намалување на смртноста кај децата, медицинските стручњаци и натаму го делеле мислењето дека тоа не е гаранција за успешно совладување на сите проблеми односно лек за се. И покрај тврдењата дека „ скоро е идентично со мајчиното млеко“ многу деца се уште умирале поради неухранетост, скорбут, рахитис и бактериски инфекции. Докторите и натаму биле загрижени за квалитетот на адаптираното млеко за комерцијална употреба и сфатиле дека тоа не е доволно да ги подмири потребите на дигестивниот систем на детето, додека медицинските препораки како што била онаа на Thomasa Morgana Rotcha за „процентуалниот метод“ (објавена 1890 година) биле широко прифатени до 1907 година. Оваа комплексна метода препорачувала мешање на кравјо млеко со вода, павлака и шеќер или мед во одредени проценти како би се постигнало, според верувањата, нутритивен баланс кој ќе се приближи до составот на мајчиното млеко. Ова „домашно адаптирано млеко„ било поевтино и се верувало дека е поздраво. Но сепак децата кои се хранети со адаптирано млеко покажувале здравствени проблеми кои се поврзани со исхраната како скорбут, рахитис и бактериски инфекции кои не се појавувале кај доените деца. 1908 до 1950 – Млекото во прав ја зафаќа Америка како ураган Во текот на 1910 година млекото во прав е пуштено во комерцијална продажба по многу ниска цена. Баш во тој момент корпорациите кои се занимаваат со производство на млеко, изработиле клинички истражувања за адаптираното млеко во прав кои сугерирале дека децата хранети со него напредуваат „како доените деца“. Овие тврдења ги побиваат модерните истражувања и едноставно со текот на времето се покажало дека се работи за големи финасии поткрепени со лаги. Со текот на времето овие гласини за адаптираното млеко кое било со доста поволна цена и можност секој да го има во својот фрижидер страшно влијаеле на зголемувањето на употребата на формулата во американските домови. Со се поголемиот број на вработувањата на мајките толку повеќе се потпирале на храната во шише како би го прехраниле своето дете, а оваа „инстант храна за бебе“ им звучела како чудотворна храна. До крајот на 1930-тите употребата на адаптираното млеко во прав во САД ги надминала сите комерцијални формули и до 1950 година половина од бебињата во САД биле хранети со адаптирано млеко во прав. 1951 до 1970 – Корпорациите за адаптираните млека за комерцијална употреба започнуваат агресивна кампања Кон крајот на 1950-те Alfred Bosworth објавил нова формула Similac (за „similar to lactation“ или во превод слично на мајчиното млеко) и Mead Johnson ја пуштил во продаба Enfamil (за „infant meal“ или во превод детски оброк).Се поголемата популарност на вештачкото млеко започнала да ја менува социјалната клима и погледот кон доењето како на нешто „валкано“ и „нечисто“. О 1971 до 1996 – Смртност поради употребата на формула како и зголемувањето на заболувања алармираат Во раните 1970-ти повеќе од 75% на бебиња во Америка била прехранувани со адаптирано млеко, најчесто наменето за комерцијална употреба. Кога во индустриските земки во текот на 1970-те дошло до пад на наталитетот, компаниите, произведувачи на адаптирано млеко се прошириле и во неиндрустриските земји. На жалост, санитарните услови довеле до пораст на смртност меѓу децата хранети со адаптирано млеко бидејќи било подготвувано со загадена вода. Исто така, жените од земјите од третиот свет, со користењето на адаптираното млеко и недоволниот број на подои довеле до намалување на природната лактација, па тие за да млекото им трае подолго го растворувале со три пати повеќе вода отколку пропишаното. Како резултат на тоа дошло до масовна смртност кај децата заради неухранетост. UNICEF проценува дека детето кое се храни со адаптирано млеко во нехигиенски услови има 25 пати повеќе шанси да умре до дијареа и четири пати повеќе шанси да умре од воспаление на плуќа од доено дете. После проценети околу 1,2 милиони смртни случаи во светот, предизвикани од употреба на адаптирано млеко, во земјите од третиот свет, организирани се протести од кои најпознат е бојкотот на Nestlea од 1977 година кој барал крај на неетичкиот маркетинг. Неетичкото ширење на адаптираното млеко- замената на итните случаи преставени како „здрав“ избор во исхраната, резултирале со донесување на Меѓународниот кодекс за рекламирање на замената за мајчиното млеко.Тоа е меѓународна рамка на здравствената политика за промоција на доењето усвоена во 1981 година од страна на СЗО. Кодексот е развиен како глобална здравствена политичка стратегија и препорачува ограничување во рекламирањето на адаптирани млеко за да се осигураат дека мајките нема да се откажат од доењето и како замена на мајчиното млеко, формулата ќе се користи само ако навистина е неопходно. 1997 до денес – Културата на дојка или шише И покрај напорите со кампањи за подигање на свеста на културата за „брза храна“ во Америка се уште се прифаќа широката употреба на адаптираното млеко. Покрај комерцијалните брендови на пазарот во САД во 1997 година претставени се и генерички производи на адаптирано млеко, PMB производи. Овие приватни марки на адаптирани млека се продаваат низ големите трговски ланци како WalMart, Target, i Walgreens. Иако здравствените штети од користењето на АД млеко, на кратки и долги стази, се се поочигледни, водечките здравствени организации ( СЗО, U.S. Центар за контрола на болести и Министерството за здравје, заедно со непрофитните организации како што е Le Leche League) и понатаму се обидуваат преку јавни кампањи да ја намалат негвата употреда и да ја зголемат застапеноста на доењето од раѓање па се до првата или втората година на детето. Во овој момент ( текстот е напишан 18 March, 2014) изборот помеѓу доењето и хранењето со шише се наоѓа во хаосот помеѓу науката и основните потреби за храна и алчниот маркетинг на културата на брза храна. Во денешно време на светската сцена маркетингот на АД млекото- призвод кој од својот почеток и понатаму претставува храна само за итни случаи, се вреднува на 11,5 милијарди долари. Податоците во Америка јасно покажуваат дека бебињата во високите друштва и понатаму се разболуваат како последица на раното воведување на АД млеко кое е наменето само за итни случаи. Истражувањата покажуваат пораст во развојот на атопија, шеќерна болест и детска гојазност едноставно само поради достапноста на оваа брза храна за бебиња Јас се сложувам дека е одлично што постои формула. Да се даде кога едноставно нема друг избор. Ама не кога се дава туку така и не кога доењето не е прв избор. Сите велиме дека го сакаме најдоброто за нашите деца, а од сам старт им го кратиме тоа што природата решила дека е најдобро. И кај нас треба да има повеќе советници и поголема поддршка за доењето. Не да одиш на педијатар и првиот одговор да биде дохрана. Ми се допаѓа новата група на фб поддршка на доењето, има добри советнички кои навистина сакаат да помогнат. Ни треба и повеќе поддршка од блиската околина, а не само слабо ти е млекото, плаче гладно е и уште толку несигурност да се набива во новите мајки. Ни треба едукација.
@RainBow не е осудување ама е упорно убедување да не се дава АД. А овие кои го имат пишувани текстот кој искрено не го ни прочитав цел, се имаат ли запрашено дека има мајки кои НЕ смејат да дојат па морат да дават ад и како им е на нив со вакви извадоци. Супер е подршката за доење ама мора да се има граница кој и каде се меша. Исто како и за здравта храна и како ги хранат децата. Во последно време се претерува во се.
Токму за тие мајки е измислено млекото, веќе кажав во неколку наврати. Сите сме свесни дека и на тие мајки не им е лесно, ама барем имале замена. Нели? Едноставно немале друг избор и тоа е тоа. А што со оние што намерно даваат? Треба ли да се лажеме дека формулата е иста како мајчиното само за и на првите да им е полесно, ама па и другиве ќе поминат со истото? Неверојатен е порастот на бебињата на ад млекото, затоа и сега вака се реагира, се апелира од сите организации. Треба ли здравствените организации да молчат за да не им биде тешко на мајките кои морале да дадат ад? Се претерува со се, да, се претерало со давање ад кај што не треба, па сега треба да се претера и со форсирање на доењето.
Тие мајки што не смеат да дојат и што немаат млеко воопшто нема да се најдат погодени затоа што друга опција и не им останува и тие се свесни за тоа, нормално.
Се разбира дека не е исто мајчиното со формулата. Ама последните години е толку усовршена што се повеќе наликува на неа. И нормално нема никаква врска со првичната формула која била само за итни случаеви. Стојам на моето секој има право на избор што ќе прави со своето дете и своето тело. Осуди и убедувања не сакам.
Дискутираме за факти. Факт е факт, не е нечие субјективно мислење. Формулата никогаш нема да биде како мајчиното млеко. Погледни тука и ќе ти стане јасно. https://www.babble.com/parenting/jansen-howard-breast-milk-microscope/ Мајчиното млеко се прилагодува на потребите на детето и затоа формулата нема да биде никогаш до тој степен усовршена. Еве и по толку години не е. Не станува тука збор за лични избори, станува збор за нешто што се наметнува врз целото општество. Ако го прифатиме ад како еквивалент за мајчиното губат само нашите деца, губиме ние како човечки род и елиминираме нешто што ни го дала мајката природа како најдобро. Се бориме против вештачка храна, се враќаме на корените на земјата, а од друга страна на најранливата категорија и даваме токму вештачка храна, па и ја форсираме. Небулозно малку нели?
Многу убава тема и браво за упорните мајки и јас здравје боже кога ќе се породам планирам да си го дојам ако имам млеко. Сестра ми за првото се трудеше до последно но за жал немаше па со вештачко а другата сестра внука ми ја доеше до година и малата сама си се одби. Со природното ке си се најади и ке си спие и знаеш после ако плачи дека не му е за јадење. Имам пријателка што вопшто не се помачи да го дои одма на вештачко и секогаш му додаваше плус од што пишува и му повраќаше и на секое само му менува од храната
И јас сум од оние кои велат дека секоја индивидуа може и треба сама да донесува одлуки, но кога е во прашање бремена жена и мајка, веќе не правиме муабет за една личност, туку плод и бебе. Не можам а да не ги осудам они мајки кои одлучиле да даваат АД за да не им виснат градите, а не поради тоа што не смеат да дојат или немаат млеко. Верувај, познавам жени кои буквално за да го зачуваат своето тело, избрале на своето дете да му дадат вештачко млеко, а немаат апсолутно никаков проблем и би можеле да дојат. Исто како и муабетот со бременоста и пушењето. Твое тело - твоја одлука - слободно пуши, но кога во себе носиш живот НЕ би смеела СВЕСНО да му наштетуваш. Зошто го ставаш на ризик животот на сеуште нероденото дете? Ради смрдливо задоволство.
Кога зборуваме за правото и здравјето на детето, правото на избор на мајката до негде се ограничува. Да, нејзино тело, може да избере да даде АД иако нема проблем со нејзино млеко. Ама ако тоа право на избор штети на детето, изборот не е во ред и да, треба да се зборува јавно за негативните страни.
Ама е нејзин избор и за неа е правилен! Без разлика што ние мислиме. И да реков не е исто што и мајчиното, ама не е ни формулата иста од пред 100 години кога е измислено. Не знам кој дел не го разбирате дека наметнувања не сакам. А дали е правилно или не, секој си ги носи со себе последиците.
Кога ја прочитав темата се двоумев дали да пишам или не но денес се случи нешто и затоа решив да искоментирам. Дојде патронажна сестра по втор пат и ми вели успеа да ти дојде млеко и велам не. Таа со една скиселена фаца ми одговара " Мислев ќе успееш, ама ајде не се секирај и ти си мајка" Да МАЈКА сум. Тоа што не ми дојде млеко не ме прави помалку мајка или не мајка. Затоа што само јас знам што преживеав две недели. На болница освен веќе породени другарки никоја сестра не ми кажа како убаво да ја ставам на града. По три дена мачење успеав ја фаќаше градата од прво но млеко нема. Потоа дома ставај ја на града по пола саат на една града. Течи по некоја капка одвај, таа се нервира ме греби ама ако битно нека трга да надојди млеко. Коментари од страна биди упорна, јади ова пиј она. Се исклучував тие збораја јас не ни слушав за тој дополнителен стрес да не ми влијае плус. Кога ќе се премореше бебе од тргање и плачење и ќе заспиеше јас земав пумпица. Пумпај да се разработат канали. Млеко нема одвај по некоја капка. Измеѓу прави масажи со топла вода ставај шишиња па бебе станало па пак наново вришти пишти нема млеко. Две недели со ред и реков доста е. Бебето ми заслабна во грамажа. Му ја зголемив дозата на ад која предходно ја давав во мали количини колку да ја засити. Многу ме осудија и ми рекоја дека прерано се откажав но психички не бев повеќе силна да гледам како плачи и се мачи. Слушнав и многу коментари од типот ајде ти е гајле полесно ќе ти е. Не, не ми е. Затоа што местам аларм да стснсм пред неа, па топли вода растворај па потоа лади. Среќна сум ако во меѓувреме спие затоа што се откорнува од плачење кога е гладна, а јас брзам да спремам. Потоа вриј шишиња, вода да бидат спремни за следното јадење. За финансискиот дел не ни зборам затоа што мидлсм дека немс родител кој не би си скратил од своето за нив. Благодарност и до мм кој во најтешкиот период не дозволи да се осетам помалку мајка затоа што немам млеко. Затоа што само јас си знам колку ме болат рацете од нишкање по цела ноќ кога има грчеви, пеење по цел ден да се смири, измаоѓање на нови начини на држење само помалку да ја боли стомачето. Масирање кога неможи да се покака, спиење в раце кај мене затоа што само така се смирува за барем малку да поспие додека јас седам на штрек да не ме совлада сонот и да заспијам со неа в раце. Бдеење над неа да не поврати затоа што е лакома, а не ждрига. И уште многу други работи кој ме прават мајка. Можеби не сум совршена но се трудам за неа да бидам најдобра.
Доењето не е никаков тренд, како што многумина го доживуваат, туку сосема природна работа за која сме предодредени. Напротив, посегнувањето по формула е тренд кој се почесто се застапува благодарение на агресивната кампања на производителите. Мислам... размислете каква корист имам јас да ве убедувам да доите, а каква корист ќе имам како производител да ве убедам да користите формула? Просто е, нели? Инаку и јас малата ја дохранував кратко време наседнав на уверувањата дека немам млеко и дека ми е неквалитетно итн... среќа бебе не сакаше АД, а и јас бев упорна, па се доевме 18 месеци. Ја одбив заради мојата здравствена состојба која мораше да се санира.
Оф леле срцки сте се изнамачиле знам како е пошо сестра ми го имаше истиот проблем со внуците и јас спиев кај нејзе за да и помагам станувај прави млеко па после пеглај пелени ставај му на стомачето зошто го болеше бебето плачи ние плачиме. Да не се замараш кој што рекол сите знат памет да солат а не поминале низ твоето па да видат како е
Јас кога се породив само што ми ја ставија на гради одма почна да цица, млеко одма ми дојде. Има секакви случаи и сум за АД доколку навистина мајката има здравствени проблеми, нема млеко и сл. Битно е бебето да не биде гладно, а сите знаеме дека мајчино е најдобро. Дури бев во болница после пораѓај, жената што беше во иста соба со мене на бебето му даваше АД. Ме гледа мене како ја дојам, буквално плачев од болка на почетокот дури ја доев, и ме прашува дали ме боли. Велам да, ама ке издржам. И таа ми вели, пробав јас со првото дете да дојам ама болеше многу и прекинав, второто и третото сега со АД. Вели покрај сета болка од пораѓајот, уште ова да го трпам, не фала. ( Со царски беше. ) Ете, секој различно размислува и си одлучува за детето.
Добро бе жени, претерувате значи во се... На оние кои дојат, тешко, мачно, по цели вечери на цицка, а легнати се дојат... Оние кои даваат ад, одморени... Читај, во меѓувреме стерилизација, вриење, разладување на ад, но и нишкање на бебе по цела вечер, оти па оно нема цицка само се смири... Се труби блискост, доење, бла бла, аман веќе, досадно е да се чита ко демек другиве да немаат блискост... Друго, информирајте се малку и за штетните последици од губењето на дете од грамажа, колку тоа негативно влијае на мозок прво, а после чукајте се во гради да, го прегладнев ама битно фати цицка, браво. Моево за два дена изгуби 300гр, дали е малку или многу секој различно гледа, ама јас дадов ад и тоа по свој избор и свое убедување, а ако некој се меша во туѓ живот и дали ме гледа како немајка, негов проблем. Доени деца познавам до прва година стопати разболени, ние прва настинка добивме сега. Така да, ниту мајчино млеко ствара којзнае каков имунитет, ниту пак оние кои дојат се поголеми мајки од оние кои дале ад. Толку е просто, мајчинството не е само хранење на бебето на овој или оној начин. Едит :имам виснати гради иако не дојам, тоа е нешто кое оди во чекор со бременост, а не со доење.
Ама кој рече дека не треба да се дава АД по секоја цена? Јасно е дека мора бебето да се храни па во тој случај вештачко млеко е единствениот избор. Никој не рече "ти не си мајка бидејќи немаш млеко". Ама да даваш АД јер не сакаш да доиш, е тогаш муабетот е друг. Не можам да разберам зошто толку се возбудувате од дискусијата. На крајот на краиштат, доколку сметате дека е правилен вашиот избор, тогаш не гледам причина да се дообјаснувате на рандом ликови од форум.