Болно и мачно е доењето,ама верувај помачно е да влечиш со пумпицата по 4,5 часа дневно само затоа што тој едноставно не сака да фати од града. Не сака и не сака.И упорна бев цели 2 месеци. И болно и напорно беше и пак пробував а лактацијата намалуваше.Пробував до последно.Градите ми се изобличија целосно за 2 месеци од тоа болно влечење со сила за само малку млекце .И плачев.И свесна бев за придобивките од мајчиното па упорно влечев.А града да видеше врискше ко улав. Не солете ум,свесни сме сите за придобивките и тешко ни било верувај.Доењето е мачно но овој начин дупло помачен.Немаш 2мин одмор,пумпаш даваш стерилизираш правиш ад пак стерилизираш пак пумпаш ... во круг.И не се правам попаметна или жртва.Мајка како и секоја друга.
Една иста мајка, две деца.. прекрасно искуство со доење од првото, си цицаше без да претне, млеко тон затоа што убаво стимулираше! Но да ти е мерак да е на цице, како фатеше.. така додека не исцицаше и омекнеше града не претнуваше. Супер напредуваше. Второ искуство, катастрофа. Абе назад да се вратам во старт и пак да е така уште порано ке се откажам од доењето. Пеколни подои, не сакаше и не сакаше... Преташе, вриштеше и заоѓаше, јас глава не знаев каде ми е, не напредуваше како што треба. Фати, пушти, вришти, хаос. Заспиваше од умор, не дека цицала и се нацицала. А и да напоменам дека и синко околу мене дополнителен стрес, сама бев со двајцата дома. Инаку имам вовлечени брадавици, вака немам ич испакнато ни 1цм... но синко си ја влечеше ареолата и си формираше сам брадавичка, јако влечеше. А дада му мрзливка Од шише пиеше и он до 3м (левата града ми беше со опасна дупка и крв, па таа ја молзев), после продолживме со цицање од двете гради. Значи сепак ни шишето не било проблемот.
Знам дека не можам да те убедам, ама доев 5 месеци кога сака-колку сака, со намалување на ад, со пиење на сѐ и сешто што прочитав дека ќе придонесе за лактација, со компресии, со одмолзување за стимулација за уште млеко. И иако бебе напредуваше, насмевка на нејзиното лице се појави кога ми се споија жички и дадов цел оброк ад, на скоро полни 5 месеци. 5 месеци непроспиени ноќи, првиот месец разранети брадавици, бебе паѓа со тежина, па се намести убаво, цицаше, но никогаш не ѝ беше доволно. Јас бев најупорната и најтврдоглавата мајка која ќе дои ексклузивно. Ама знаеш што? Бебето никогаш не беше намирено, цело време нервозно и ретко насмеано. Кога почнав да давам ад и да цица АКО сака, имав спокојно и среќно бебе. И сега, со овој памет никогаш не би доела по секоја цена. Ова го пишувам чисто да се знае дека има и обратни случаи. Трудна сум со второ и не планирам да ја правам истата грешка како првиот пат. Не дека нема да пробам, ама нема да удирам со глава во ѕид по цена бебето да е изгладнето, па нека има и злато во мајчиното млеко.
Да те негирам. Давав ад и бебе немаше проблем со доење. Не е убаво така да се плашат членките. Болно исто не ми било. Мачкав ланолин везден и немав ни крвави брадавици ни ништо. Макар и еден месец да дава мајка молзено млеко е тоа за мене е жртва. На прсти можам да избројам колку пати сум се молзела и ми било мачно и болно. И мора државните клиники да поработат на едукација за доење. Што е тоа, еве ти го бебето, мајка си и ајт чао.
Јас со првото какви болки имав, крвави брадавици, дупки, мастит фатив и пиев антибиотик, плачев, гризев нешто и го ставав да цица. Со женскава немав болки такви...
Па фала богу дека секоја си е добра мајка. Не е некоја помајка дека го дои. Мојата не цицаше, па само јас можам да ја заспијам, кај друг нема шанси. Млеко само кога и давам јас пие, вака се врти и пишти и нема ништо да испие. Па уште кога ќе ми се прави некоја као еј супер не ја доиш, нема да биде толку приврзана за тебе, ќе можеш да си шеташ слободно. Абе која од која помајка. Глупости живи.
Да да, кажи им дека дома не се прибравме од шетање, а и децава ни се обраќаат со "тета" место со "мама"
Мене синчето никогаш не ми се пикаше и не се галел со мене, женскава е мамина маза... се пика, ме фаќа и стиска, се гали и си лежи на мене Дури и се допира со устето и како да ме бацува Синчето ми е дифтарче, моја сорта Пс никако не смее да ме изгуби од видик малава, одма се дере
Ako ne mi dojdese doma patronaznata sestra drugiot den odkako se porodiv vednas ke dadev ad...cel zivot ke i bidam blagodarna. Soveti od tipot-kolku si glupava sto se macis, od doma nemozes da izlezis, zemi sise ad nahranigo, dobiv od vozrasni zeni kolku sakas. Kraj kraeva sekoj si znae najdobro za svoeto bebe, a koga se mora ad se mora.Toa ne e za komentiranje.
Мислам да нема врска доењето и приврзаноста Жив пример е мојот, седи со кој и да го оставиш, го успиваат и мајка ми, сестра ми, жената.... Не се лепи нонстоп на цице, му даваш и готово @mariz и мојот е дифтарче ист како мене
21 месец доев па вика татко и ја родил и него го сакала. Иако психијатрите викаат дека од аспект на психички развој треба до 1 и пол год да се запре со доење поради приврзаноста. Доењето е инвестиција. Боли ама се исплати. Среќа мајка ми ми даде самодоверба дека е невозможно да немам млеко. Затоа и имав.
Кога ќе имам второ бебе обид за доење ќе имам максимум 5 дена. Никогаш нема да си простам што ќерка ми гладуваше поради мојата тврдоглавост дека ќе дојам по секоја цена. 20 дена се лажев, денес ќе надојде,утре ќе надојде, задутре ќе надојде... НЕ! Не надојде и бебето беше гладно и си паѓаше на килажа. Молзење со пумпа, со рака, жешки облоги чаеви, сокови, супи, јогурт последно па и Лактил таблети млеко нема па нема. Ама нудам цицка! И упорно и пак и пак .. тргни два пати пишти пак два пати пак пишти... Не не друштво нека сум немајка ама тоа јас (дај боже кога ќе имам второ) повеќе нема да го направам. Ако дојде за 5 дена ќе се доиме, ако не се знае што следи.
Сѐ што се чита во постовите е вашата желба за доење, вашите крајни обиди (што е секако за поздрав), но без стручна помош. Место да се самообвинуваме треба некако да се работи на тоа да се има повеќе советници, да се има повеќе помош, а не оставени мајки сами на себе, па потоа ќе го окривуваме доењето за да си ја смириме некако совеста... Следете го dr. Jack Newman, врвен специјалист и поборник за доење, штета голема што немаме таков човек тука. Има решение за речиси сите проблеми, но залудно е кога нема кој да покаже, нема кој да охрабри и нема кој да го даде решението. Наместо тоа формула компаниите профитираат од стравот на мајките дека бебето не јаде доволно, дека е гладно... Сум за барање стручна помош, како и за сѐ друго, има еден центар Астарта, јас да имам проблем со наредно би се обратила и таму.
Кога се породив немав млеко одма, тек после скоро недела дена.Тешко се опоравував имав многу тежок пороѓај,го ставав бебето на града да влече дур бевме во болница но ништо.Сестрите пред да излеземе ми кажаа АД и шишенце да купам,да знаев ќе му давав со шприц.Почна да дои ама млеко нема и дома со АД раната многу ме болеше,паметни дома сите демек покажување како се дои неможев од раната мислев готово конците ќе ми пукнат од што ме тераа да се исправам како чапја,доеше по малце ама никако најаден да е,бебе немаше трпение да влече од града научил на шише полесно му тече и проблем нејќе града устата ја затвара,или демек сака да поврати и ќе почне да плаче.Имам и вовлечени брадавици се мачев да ги извлечам.Добив и Мастит ,со пумпа не можам да измолзам толку како на почеток кога доеше и му давав и од измолзеното,сега и неколку голтки кога ги пие од м млеко сум пресреќна.Душата ме боли зошто не дои,а имам млеко,немам некој саглам да ме посоветува околу доењето.Сите сме еднакви и добри мајки без разлика дали доеле или на АД
Исто. 2 недели ми паѓаше на килажа од што немав млеко. Од раѓање до крајот на тие 2 недели ми изгуби скоро половина килограм. Дење-ноќе беше на града, а млеко немаше. Искрено, ја мразам и педијатарката што ме навредуваше дека јас не сум сакала да ја дојам, затоа не цицала. Се убив од самообвинување и плачење, со месеци после тоа. Се правам пишман што веднаш не почнав да и' давам АД. Сите го знаеме бенефитот од мајчиното млеко, не сме глупави. Ама да ме навредува некој сега, дека јас сум била виновна, може единствено да му летне вилицата (жал ми е што не се чувствував вака од првиот ден кога ја родив). Бидејќи јас знам што поминав, не некој ИКС со 'добронамерни совети'.
И мене да не ми покажеше патронажната немаше да доам. Ќе фатев мастит. Мали гради, а тврди, вовлечени брадавици, бебе сака да цица а не фаќа убаво, како ќе фати кога брадавицата е камен, оно сака мека да е. И таа сестрата во болницата многу ми помогна. Умирав од болки кога почна да ги стиска градите, пораѓајот толку не ме болеше. Млеко ми надојде одма наредниот ден од пораѓај, ама не се позамараа да ми покажат, совети добивав од блиски личности. Низ што се поминав,ама фала богу се се среди и еве малата си цица, благодарение на тие 2 личности. Можеби и јас ќе давам ад да не беа тие. Колку од вас што имавте желба за доење ама поради х причини не доите, побаравте стручна помош? Ич или многу малку. И јас не би побарала да имав проблем туку би се помирила со тоа. Зашто и не знаев дека постојат стручни лица за доење. Не сме ние виновни. Секоја болница треба да има советник за доење кој ќе и покаже на мајката како да дои успешно. Инаку не е вистина дека доените се поприврзани за мајката. Тоа си е до самото дете.
Мене ко пифтија ми беа градите. Пробав да се одмолзувам и со пумпа и со рака, повеќе од 5мл не измолзував. Немаше млеко. Ме 'советуваа', читав на интернет, гледав туторијали бла-бла, ама ако нема млеко-нема млеко. Колку сака нека те советуваат.