1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење наспроти формула

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 25 јули 2017.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.593
    Пол:
    Женски
    Советничка за доење ја даде информацијата во 0+м на телма. Јас и ти сигурно не знаеме повеќе од неа
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Сакам да видам истражувањето каде е.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.593
    Пол:
    Женски
    Најди ја на фб Tereza Kis Miljkovic така некако беше и прашај ја слободно.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.062
    Допаѓања:
    66.789
    Пол:
    Женски
    Се случува и тоа. Ама одиш кај лактациски советник, гледа сѐ, слуша, ќе те советува, бебе како го ставаш, влече ли, дреме ли, што е причината, која е, ако нема, нема, тоа е.
    Ама убаво е да се побара стручна помош, не за џабе се стручни и друго е на лице место да видат. Сега ете имаме и женски центар, имаат и работилници, па нека биде уште едно нешто што се прави пред откажување.

    Инаку, каде и да отвориш пишува дека околу два посто од женската популација не може да произведе млеко, воопшто млеко, а за другото е сплет на околности, недоволно помош и тоа е тоа. Затоа треба да се оди до крај, одиме на лекар за секакви работи, зошто и за овој проблем да не побараме помош.
     
    На fana, ZAHRA, sofi2107 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.108
    Пол:
    Женски
    Јас ја имав таа среќа уште од првиот ден да имам млеко и бебето супер си цицаше и напредуваше уште од почеток. Спаваќите цели мокри ми беа но бебе како бебе дома ми плачеше ваљда од грчеви, јас се си мислев да не е гладен 2 пати пробав Аптамил да му дадам тој ми го повраќаше. Во последно време не ми напредува како порано дали е скок или незнам, но планирам да почнам со кашички па ќе видиме како ќе напредува понатака.
     
    На queen007 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Се консултирав со доктори, кои беа на располагање. Не живеев Ск тогаш.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Да ама ако сака бебето да цица. Знаеш која психичка тортура е со бебе што не сака да цица? Доволно е тоа за да секне млекото, не чаеви, не апчиња, чуда, ако бебе не сака да цица е многу тешко. Дај боже и второ бебе, па и трето ако имате да ви биде погодено како првото. Јас имав млеко, да сакаше да цица ке надојдеше уште повеќе, но не сакаше. Тортура бе баш, мачење е тоа.. незнам како не сфаќате. Да секоја мајка може да дои, но мора и бебето да сака да цица. Кај мене може проблемот беше што тек 4ти ден прв пат дојде на града, но за тоа ни јас бев крива, ни она беше крива, мораше да е во апарат од кој не смееа да ја извадат, па после веќе стана мрзливко бебе кое не сакаше да цица и точка.
    На другарка бебето дехидрираше дома, кома беше бебето, едвај го боцнаа да го пркнат со инфузија на детска клиника, немаше сила да цица, јака жолтица и ја сончаа и толку, бебето се одвикна од града и после нагони за повраќање имаше кога ја доближуваше на градата. Да има случаеви каде и од недоволна поддршка мајките не дојат, но и поради вакви случаеви има што не дојат. Живци искинав бебе да ми ја сака градата, но тебе бебе да ти фаќа, пушта, вришти, прета, заоѓа, поцрвенува помодрува од плачење, да се препотувате, главата да ти експлодира незнам дали ке доиш.. а и секоја друга мајка.
     
    На VDT2906, nadja.d, Sexybaby86 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.062
    Допаѓања:
    66.789
    Пол:
    Женски
    И тоа е проблем со доење. И за тоа исто може да се побара стручна помош. Бебе не се става присилно на града и да се форсира доење, и за тоа има техники кои со помош на стручно лице може да се пробаат. Потребно е многу, премногу трпение, ставање кожа на кожа, да му биде достапна градата, да... Си има и за тоа начини. Има навистина многу проблеми кои може да се појават, затоа и толку мајки не дојат, затоа е и потребна толкава помош.
    https://www.facebook.com/astartacenter/ Еве линк, имаат советнички за доење, ако веќе сите опции треба да се исцрпат нека биде и оваа на листата.
    Каде што има банки за мајчино млеко се советуваат прва опција да е мајчино млеко, втора млеко од банка и трета формула. Кај нас за жал немаме таква опција.
     
    На ZAHRA, sofi2107, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.290
    Пол:
    Женски
    Не доктори, консултанти за лактација. Секаде по светов ги има, само кај нас како да е табу тема доењето. И сите се прават паметни пред тазе породените мајки, а никој ни рака, ни совет не нуди за помош. Тоа е најлошото во целата ситуација. Поминав низ многу перипетии со првото, најголема поддршка ми беше мајка ми, а сите други само даваа совети неприменливи во пракса.
    Факт е дека доењето не е лесно, без разлика дали мајката е прворотка или петоротка. Затоа требаат повеќе советници.
     
    На joy1, Sexybaby86, emkaemka и 10 други им се допаѓа ова.
  10. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.108
    Допаѓања:
    40.311
    Vo mnogu negativna nasoka ti e komentarov.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.062
    Допаѓања:
    66.789
    Пол:
    Женски
    Според тебе? Гледам дека многу работи со доењето се сфаќаат во негативна смисла, затоа и доењето станува табу теба, како што кажа Annath погоре.
     
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Не беше ни присилно. Се затварав и на тивко темно, прво ке ја смирев ке си ја гушнев и пак не сакаше да цица. Пишував и по групи, барав и совети, добивав и применував... џабе, бебе не сакаше да цица. Да, може ке цицаше.. но да не се случеше тоа што се случи, да си ја допрев уште 1ви, 2ри ден, да ја ставев на мене, да цицнеше. Може не викам не, дека ова бил проблемот кај нас... Бидејки првото дете, уште 1ви ден влечеше цицаше иако немав млеко надојдено, хрането беше со шприц тие први денови во болница.. А она таму 4 дена беше хранета со шише (Медела калма, бебињата не се одвикнувале од града со ова шише бла бла бла), па уште таму кога ми ја дадоа 4ти ден инсистирав повеќе да не ја дохрануваат бидејки имав ТОН млеко (тука на фемина совет барав со температура, да не фатам мастит), а они ми ја носеа многу малку, па и тие пати кога ја носеа, изгледаше најадена и не сакаше да цица и на листа една закачена на креветчето нејзино видов дека цел ден ад и даваат. Со пумпа (која ретко ја добивав), одмолзував многу малку. Па 6ти ден од гради огромни кои течат, кои беа полни млеко... јас си отидов дома со виснати кожинки.
    И ке пукнам што не се молзев повеќе, па и макар под туш да се пикав и да вадев млеко со раце. Месец дена без Ад теравме, но тоа беше пекол за да надојде повеќе млеко и не надојде, а бидејки знам како е да имам млеко... со сигурност можам да кажам дека имав, но не доволно.. бидејки она не стимулираше како што треба. Ако раѓам уште се надевам нема да се случи пак ова, абе ке се дерам во болница ако треба, ад може да даваат додека не ми надојде млекото (со шприц), а кога ке надојде има само да цица и точка. Сепак јас си мислам дека ете ова е причината поради која моето бебе не цица..
     
    На emkaemka, ZAHRA, wannaBeMomma и 4 други им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.593
    Пол:
    Женски
    Зошто бе одма напаѓаш како јас да сум ти крива што бебето не сакало да фати. Од аспект на мајката зборувам. Бебињата се раѓаат со рефлекс на цицање, а зошто некое бебе не сакало да фати за тоа треба да се прашат стручни лица. Сигурно постои некоја причина. Има бебиња кои сакаат да цицат ама поради недоволно информирани мајки не цицаат. Бебињата се најмалку криви во сето ова.
     
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Аман. Јас детето не го ставав присилно на града па не сакаше да фати, еден месец се трудев, но џабе. Се работи за мрзливо дете. Абе лесно е да се збори од страна ако не искусил некој. И ти толку си сигурна дека второто дете ќе го доиш? Никогаш не се знае, еве и Мариз е пример. И пак ги осудувате оние мајки што не дојат и ги правите помалку мајки, нели? Демек вие доилките сте се изнамачиле, а ние сме уживале
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Нема врска рефлексот со мрзата. Знам мајки кои душа дадоа да дојат и млеко изгубија од што бебе го мрзи да цица.. некогаш не е ни до мајка ни до дете ни до совет. Посебно една другарка кај не тропна за помош. ..се утепа молзење жената зашто чаре не се најде..
     
    На DAngel и nadja.d им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.062
    Допаѓања:
    66.789
    Пол:
    Женски
    Ете ти, сплет на околоности, сè се собрало и тоа е тоа. Затоа викам дека немаме поддршка, тоа почнува од болницата, уште од таму се прават грешките. Мојата се сончаше долго, не ми даваа да ја дојам, ама ја хранеа со шприц среќа, па продолжи да си цица. Да беше со шише...
    Медела имаат агресивни кампањи и реклами, прекршуваат кодови... Целата таа индустрија има земено преголем замав.
    Можеш и два месеци да се трудиш, ама ако не го правиш тоа што треба џабе е. Кај нас ете, таа ни е помошта толку е, немаме толку стручни лица, најчесто сами се снаоѓаме и тоа е тоа.
    И да имам второ дете некогаш не велам дека сигурно ќе го дојам, да, ќе дадам се од себе, ќе барам и стручна помош. Знам колку проблеми може да има и колку е тешко. Ако не успејам да сме живи и здрави. Ама нема да одам да го напаѓам секој кој збори добро за мајчиното млеко. Пак ќе бидам за тоа дека треба да е првиот избор и да дадеме се од себе.
     
    На bittersweet, sofi2107, An-na и 4 други им се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Па не, ти си 200% сигурна дека секое бебе може да биде доено, е неможе бе. Иди нарани бебе со каша која не ја сака да те видам. Што да кажат тие мајки кои бебињата не сакаат да јадат каша? Коси корнат, куп пријателки имам со такви искуства. Ке буташ со сила? Окози се, со бебе кое не сака да цица, нема да успееш да го цицаш. Многу знаете и вие и ние низ што сме поминале, туку така раце сме дигнале нели! Се испомачив до 5 месеци ја нудев да цица и на два дена ја носев да ја мерат. И знаеш што? И со шише се мачевме, не сака бебето мое млеко!
    Море што ви посакувам и јас мирни бебиња што сакаат да цицаат, е по едно вакво ко моево ви посакувам... чим толку се мавате во гради дека ке преживувате таква тортура и ке се окозите, убаво ке биде и да ја доживеете :) а да знаете дека второто па кога ке дојде, па и плус проблематично вакво да биде и со уште едно дете + со вас, ич не е лесно. Но ете ви посакувам чим сте толку самоуверени дека ке успеете.
     
    На nadja.d, Sexybaby86, ZAHRA и 5 други им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.593
    Пол:
    Женски
    @mariz ај опуштено малку. Ниту те навредив, ниту те нападнав, а баш се мислам дали и пишав дека секое дете може да биде доено. Не знам зошто така остро реагираш.
     
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Па ако 98% од мајките може да дојат, автоматски и бебињата може да цицаат. А за тоа не треба само совети и поддршка за доење и како бебето да фати, тоа е најлесниот совет. Не е лесен животот денес и се по малку придонесува. Нервозата и стресот се највеќе криви. А многу мајку се сами по дома и без помош. Не е само туку така, советничките да.. ке помогнат за совети за доење, но стресот нема да го намалат.
     
    На Sexybaby86, emkaemka, ZAHRA и 5 други им се допаѓа ова.
  20. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.346
    Пол:
    Женски
    Јас затоа не ни коментирам веќе. Ова е класична ситуација кога ситиот не верува на гладниот.
     
    На emkaemka, ZAHRA, Chantal и 3 други им се допаѓа ова.