За мене тоа е уште еден аспект со кој треба да се бориме. Психолошкиот аспект кој зависи целосно од нас. Јас кога дојдов дома, не знам дали од стрес, ама капка млеко немав. Капка. Дадов ноќта ад зашто бебе вриштеше. Потоа добив совет, да се стабилизирам, да пијам течности, ќе дојде млеко штом сум имала, и така си мантрав, ќе се врати млекото, ќе се врати млекото... И се врати млекото. Ама на стресот исто мора да се работи. Е сега, за со две деца ич не ни зборам. И тоа е исто една од причините веројатно што опаѓа процентот на доење. Сите се зафатени, помош нема, нема кој да причува едно дете, или ако е прво мајката најчесто и сама со себе се бори... Лоша, лоша ситуација. Ама не помага и тоа што мајките од толку самообвинување не сакаат ни да се зуцне за мајчиното млеко и неговите бенефити, а вештачкото млеко се повеќе и повеќе се рекламира. Не можам да разберам зошто не може да се пишува за мајчиното млеко, зошто на пост во Доење, која е тема за доење и мајчино млеко, веднаш се коментира, ама зошто вака постирате, а што е со нас што сме дале форумула... Зошто не се прифати тоа, сум пробала, сум дала се од себе, не биднало, има формула супер и завршена рабта. Зошто да се напаѓа мајчиното млеко на сметка на вештачкото?
Ете ни го стресот, за да се испукаме малку.. како зашто Јас како што гледам, мајки кои дојат го напаѓаат адаптирано, мајки кои не дојат мајчиното... а не треба така. Треба да се поддржуваме, но не и да се напаѓаме...
Не не, обратно е. Оние кои доеле ги напаѓаат оние кои дале формула пошто као не се труделе ги мрзело ги болело па не сакале да дојат. Ние кои сме дале ад верувајте дека ни е многу криво што така морало да биде бидејќи секоја мајка е свесна и знае што е подобро и поздраво за бебе, а тоа секако е и секогаш ќе биде мајчиното млеко.
@mariz ист случај сум и јас. Еве веќе еден месец се молиме, се мачиме....ќе фати 2-3 пати, ќе цицне и ќе пушти. Се нервира, се тресе, поцрвенува, мрда со раце и нозе. Не сака и не сака. И ние сме со Медела шишиња, демек да не се одвикне од цицање. Нема врска, се каам што купив такви шишиња. За шприц не ни знаев, прв пат прочитав овде на форумот. Сите сестри кои се обидуваа да ми покажат доење веднаш се откажуваа, викаа: такво е бебето, тешко му е, навикнато е на цуцла. Да, навикнато е, само цуцла добиваше во болница. Јас добив млеко четвртиот ден после царскиот, а доттогаш само на кратко ми го ставаа на града, колку да вежба цицање, но и тогаш одма се тргаше. Еве, одмолзувам и јас, ама вчера/денес гледам како да се намалува млекото. А сили имам нула, немам памет веќе што да правам. Добив совети и овде на форумот, и од друг педијатар, дали ќе вродат во плод, не знам. Се трудам, правам се што можам. Државната патронажна не се ни обиде да помогне.....човек не знае веќе кој пат да го фати.
@mariz кога веќе запна за тие 98% да ти кажам дека толкав процент од жените немаат никаков анатомски или физиолошки проблем за да не доат. На тоа се однесуваат тие проценти. И тоа некоја си таму со 20 годишно работно искуство ги "измислила". И ти спаѓаш во тие. Се создало млеко, се лачело и се што требало од твоја страна да се направи е направено. А тоа што твоето бебе не фатило е друга проблематика. За тоа цело време зборувам не знам што не е јасно, та одма негативни и неубави коментари пишуваш
Теоријата колку добро звучи, посебно па на форум. Да зедеме да ги разгледуваме и набројуваме индивидуелните фактори кои кај секоја од мајките влијаеле на крајниот исход, директно или индиректно, се прашувам на колку % ќе падне. Ама не, не била упорна, не била трпелива, не сакала...
Нема ништо потешко од дете кое не сака да јаде/цица, уста да не отвара. Никој да не искуси. А вака од страна лесно е да се зборува.
Во Ремедика да не си породена? @forumce хаотичен период тежок имам. Па се ми изгледа црно, извини ако сум те сфатила погрешно и сум те навредила. А истражувањето не ми чини, па неможе само туку така да се заклучи. Да пред незнам колку години доеле повеќе жените, но немале милион обврски, стресови како во денешно време. Треба сите фактори да се земат, па тек тогаш процент. Нормално само ако се гледа така 99% може да дојат, во 1% спаѓаат ептен екстремни случаеви, што верувам дека ни една од форумов не спаѓа во тој 1%.
Е? И кај да ги најдев јас? Прв пат слушам дека имало експерти за лактација. Пред 12 години, ниту знаев, ниту ми кажал некој. А и да знаев, и да одев кај таков, пак нема гаранција дека ќе доев.
Ми рекоа може да, ако ептен ниско паднало тсх-то и ми била прејака дозата. Проверив одма и беше многу паднато и намалија доза, пак по некое време проверив и регулирано беше но со градите иста песна...
Баба ми четири деца имала, првите три доени и тоа по 3-4 години, за четвртото ни капка млеко немала, а мајка ми уште се сеќава на лименките од ад млеко што го пиела тетка ми. Сигурно не е дека не сакала или не се трудела баба ми. Во тоа време бебињата ги носеле и кај други доилки, или им давале кравјо млеко, а баба ми има кажувано дека во нејзино време дури давале и запржено брашно со вода, оние мајки кои не можеле да дојат. Јас мислам дека тогаш живееле дури и под поголем стрес, војни, сиромаштии, повеќечлени семејства и многу поголеми обврски отколку сега, и сето тоа им влијаело, само што ние не ги знаеме тие информации.
Порано не се доило, сега се дои. Ни мајка ми, ни свекрва ми ни нејзината мајка и свекрва не доиле. Запржено брашно им давале и оризова вода на новороденчиња, кравјо млеко исто така.
Од кај ова? Мајка ми за мене немала млеко, брат ми го доела 18 месеци. Свекрва ми ги доела двете деца по 2 години и кусур.
Не можеш така да генерализираш, дека порано не се доело само затоа што твоите блиски примери се такви.
Цицачи сме, ако не Од каде е името? Некој ја учи кравата да си го дои новороденчето? Од секогаш имало мајки кои дојат и кои не дојат (од икс причини). Не го измислвме ние доењето пред 10тина години.
Ич не се ни трудам да ти сменам мислење. Зошто би го правела тоа? Јас лично се осврнувам на податоци, статистики, истражувања. Моите примери од моите блиски не ги генерализирам, само кажувам искуства. Едно е да кажеш за некој дека имал конкретно искуство, а друго е да тврдиш дека сите правеле така, односно доеле или не доеле.