И јас и брат ми сме доени до година и пол, две. Прва братучетка постара од мене е повеќе од 2 години доена, уште кажува тетка ми смешни ситуации кога барала по гости. Свекрва ми мажот ми го доела до година, а помалиот син не сакал да фати и ад давала. Значи и за тогаш не може да се генерализира, зависи од многу фактори.
Ова се твои зборови. Кажуваш порано не се доело, сега се дои. Јас ич не сум контрадикторна, само се надоврзав на членката дека и порано имале стресови и дека проблем со доење не е измислено од денес. А никаде не тврдам дека денес повеќе или помалку се дои, од причина што немам такви податоци.
Баба ми е партизанка (на мајка ми мајка- 91г еве ја жива е ). Поголем стрес од тој кога биле доилки непостои ( за време на војна ) 3 деца роди и сите доени до 3г. Свекрва ми исто 3 деца ( девер ми најстариот е 1975 ) сите доени. Мајка ми 2 деца ( 1980 сум јас ) доени со сестра ми до 2г. Баба ми ( на татко ми мајка, исто партизанка почина пред некоја година ) доени и двете до 3-4г. 80% од блискиве пријатели родени 1975 па до 1982 доени. Едит дур имам време. Од каде тоа дека порано не доеле од 2-3 примера или дека врашно запржено давале. Во мои 38г тука на форумов прв пат за тоа прочитав и се шокирав. Па како сме опстоиле ние човештвото ај малку подразмисли. Во оние уринирани средини, во Африка нели ги глеаш. Ад знаеш ли кога се произведе ? Па пред АД ни брашно немале на претек Тесла среќа струја измисли. Како бе така да се збори дека порано не се доело. Па немаше да постоиме како раса луѓе ( зборам за од камено доба ) . Ако некоја не доела не значи дека никој не доел и обратно.
Многу буквално ги сфаќате работите. Мислев дека порано помалку се доело за разлика од сега. На тоа мислев а не дека буквално никој не доел. Бог да чува, читате си само тоа што на вас ви одговара. И да, со запржено брашно ги хранеле доенчињата, со гриз, со ориз, уште од раѓање.
Цело време темиве се тераат во друга насока. А што уствари мене (и сите остали) ме заболе другата дали доела или не? Ама ич.
Се избега многу од темата. Не знам зошто на вакви теми секогаш мајките кои дојат ги “напагаат“(не ме свакајте буквално) мајките кои ги хранат децата со адаптирано.Паметуваат како другите не биле доволно упорни,едуцирани,информирани за доење итн.Требало да бидат поупорни како тие впрочем. И следствено на тоа другите цели страни се правадаат зошто морале да прибегнат кон адаптирано,објаснувајки си ги маките ред редум.Зошто? Родив на позрели години,едуцирана дури и пре.Илјадници страни од забременување,породување,нега на бебе,исхрана ама се морав да знам,да се консултирав.Не бев лаик.Бев спремна навистина.Се консултирав упорно.И на крај преизморена разочарана го добив најдобриот совет од една докторка:Ти знаеш дека овие ти се наубавите моменти нели?Тие не се враќаат.Како ги поминуваш? И денес ми е криво затоа што сите тие моменти не ги ни паметам од тоа пумпање со часови,врискање на града и плачење.Немав ни време да си го гушнам на раат. Не генерализирајте во проценти.И пак ке кажам,не им е полесно на тие со адаптирано.Поизморени се верувајте.За финансискиот момент да не зборувам. Тие вторите не напаѓаат само се бранат страници наназад.А мајки и тие.Важно ете не биле упорни. А имав познанички кои доеа до 6,7 месеци со истите муабети за на 8 наеднаш да преминат на тетрапак ама важно доеа повеке од мене.Бидејки прашокот е штетен нели.И до ден денес на маса се потенцира секокаш тоа.Ама тоа е друга тема да не замарам.
Бидејќи веќе не станува збор за личен избор, туку за јавно здравје. Во 2012 американската асоцијација на педијатри го ажурирало водичот за доење со тоа што го изедначиле доењето со јавното здравје. Ова го погодува и општеството бидејќи треба да се обезбеди помош и поддршка за мајките, а и треба да се прилагоди работата, нели има еден саат пауза за доење, или да се има простор каде може да се пумпа. Според податоците со кои располагаат децата се во помал ризик од повеќе болести и здравствените трошоци се многу помали. Затоа и сите институции ги охрабруваат мајките да дојат. http://healthland.time.com/2012/02/...ng-is-about-public-health-not-just-lifestyle/
Пред една година сум пишала на темава, го најдов мислењево. Скоро година покасно, дете плус, да направам апдејт. Не дојам. Причини може 101 за мене за друг ниту една... не е ни важно. Посакувам да ги имав здравјето, времето, проблемите и условите како за првите две. Ги немам. Свесно ја донесов таа одлука.
Абе никој не ја спори користа од доењето. Не знам зошто воопшто се дебатира за тоа, кога сите се согласуваме дека е поздраво мајчиното од адаптираното млеко.
Нормално дека мајчиното млеко е поздраво од адаптираното. Јас лично се уверив во тоа. Со помалиот хранењето ми беше песна. Го доев. Ама со големиот го јадев стапот. Немав доволно млеко па морав да му давам адаптирано. Се нервирав, ама немав друг избор. Имаше проблеми со стомачето заради млекото. А финансиски беше поскапо. А да им давам такво млеко само за да не ми виснат градите, не фала.
И кај мене Еве еден глуп пример во фамилија не глуп туку нон сенс. Братучетка моја се породи во ноември си цицаше бебето напредок топ. Во февруари или март правеше свадба и крштевка (во австралија живее инаку па таму лето) и го одби бебе јер нели невеста ќе е не можела да го дои од ноември да мрзнеше по 10 мл молзено секој ден ќе зачуваше за на свадба за после да си продолжи со доење. Нашла ми се маана па ќе тупнам ад
најважно е дете да не е гладно ...секако дека мајчиното млеко е број еден ама ете што да се прави кога едниставно немаш млеко ... мора со формула ... јас си имав зацртано уште кога бев бремена дека ќе дојам колку што можам подолго ама ете едвај 3-4 месеци траеше ... секој ден млекото се намалуваше што од умор што од стрес ... прво дете сама го чувам се е на мој терет прашања еден куп дали правам испрвано дали вака треба ... сепак не треба да се осудува ниедна мајка ... тоа што некоја не дои не ја прави помалку мајка од таа што дои ... и на крај да сепак полесно е доење вака се мачи мајката повеќе ...
Лично немам против АД ништо. Битно бебето да е намирено, среќно и задоволно. Страшно е кравјо млеко да се даде по мене. Јас давав ад на бебе по потреба. Јас одредував којзнае како колку му е потребата на бебе. Од 4м некако повеќе се опуштив и ич не и давав. После давав заради континуитет и сега ич не давам. Мислам неискуството и тоа што бев оптеретена како напредува ми влијаеа да давам ад. Што викаше докторката, на толкаво бебе 2х60мл е ништо. Можеш без тоа. И можело. И полесно ми е. Нема греење вода, нема планирање оброци, нема товарење на секое излегување. Кој мисли полесно е со ад се лаже. Не можам да замислам сред ноќ да станувам и греам вода. А башка што секогаш кога пиеше од шише се покакуваше. Сред ноќ пелени да менувам Тоа што боде очи тука е муабетот за мајка/немајка. Едните се величат, другите се правдаат. Немојте! Правдајте се само ако давате кравјо да немав поддршка по раѓањето од сестрите од неонатологија којзнае дал ќе доев прв пат кога ми ја донесоа одма се закачи на цице и влечеше ко лудо цицалка на мама нон стоп ми помагаа сестрите. Ја местеа, вртеа, буткаа глава. Имав среќа да ми се погодат супер сестри или па јас напорна бев