1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење наспроти формула

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 25 јули 2017.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Велите дека не ви е гајле дали ви виселе градите или не, ама не е така. Разгледајте ги темиве на форумов и доволно ќе ви биде како преглед во тоа како се гледате себе си. Мнозинството користите препарати за разубавување, разни шминки, креми, козметички услуги, не постирате фотографии од вас ако немате убава фигура, не зборувате за вашата тежина ако е прекумерна.
    Жените се опседнати со својот изглед. И затоа, не сум изненадена, ама ич, некоја да не дои затоа што и' е страв да не и свиснат градите. И не ги наоѓам нив виновни, туку притисокот од околината.
    Сами на себе си поставувате нереални стандарди.

    Се извинувам за оф топик
     
  2. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    109.021
    Пол:
    Женски
    ^^вистина е офффф топик коментаров |(

    Форумов е анонимен, што по ѓаволите да се реди слики од себе (право на избор е, кој слака нека повели). Па ако се купило крема за целулит, брчки не биле жените задоволни од себеси, а да и ако се носи ххл нема слика :drunk:
     
    На ZAHRA, DAngel, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Можеме да замижиме пред фактите, ама нема да престанат да постојат.
    Глобален проблем е ова.
     
  4. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    109.021
    Пол:
    Женски
    И нека е, ама што бараат вакви коментари во ваква тема :?:
     
    На DAngel, Annath и forumce им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Во контекст со муабетот предходно за жени кои не сакаат да дојат, за да не им свиснат градите.
     
    На didisi и emkaemka им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    На мене ми виснаа кога доев. Првиот пат немаше што да висне.
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Мене ми се свиснати откако ми пораснаа гради :)
     
  8. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    109.021
    Пол:
    Женски
    @Black girl погоре сподели дека не дои ама од бременоста и виснале и сега што жените и да не раѓаат за лепота и предрасуди од околината :?:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не ми е чудно некоја да не сака да дои, па и да не сака да забремени не би ми било чудно, земајќи ги во предвид сите притисоци кои ни се наметнати.
    Многу пати сум слушала од девојки муабет за загриженост за нивното тело во бременоста, уште пред воопшто да забременат.
     
    На SummerGirl и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    109.021
    Пол:
    Женски
    И јас кога бев девојка викав бебе нема да раѓам, телото ќе ми се изобличи, ама не го реков истово кога станав жена :D

    Секако дека има жени кои не сакаат да раѓаат поради најразлични нивни причини, право на избор е :)
     
    На SummerGirl, duffi, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Истото го зборувам и јас. Ама овде се напаѓаат жени зошто не доеле.
     
    На wannaBeMomma и eli25 им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.843
    Пол:
    Женски
    И милијарда пати полошо да изгледам од ова, бебе би раѓала. Јер имање бебе нема цена :inlove:
     
    На najjacha, mssuniquee, stevemila и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.286
    Пол:
    Женски
    Двојни аршини. Од една страна, мајките биле несредени вакви такви, од друга страна сите се разубавувале, купувале шминки и антицелулитни креми и не знам што. Е ај ич да не се грижиме за себе ако сме родиле деца. Нормално дека ќе се средуваме и разубавуваме, и нормално дека не ни се свиѓа како изгледа телото после бременоста и доењето. Па и ако искоментираме дека градите ни виснале после доење, чудно ми чудо. Никој не ги напаѓа жените што не дојат и не можат да дојат, само си кажуваме дека кај нас доењето знае да биде табу тема бидејќи мајките немаат доволно помош и правилна нега, грижа и едукација за доењето. И покрај упорноста, некои жени не успеале да дојат оти се сами во таа битка, нема компететнтни лица за помош за надминување на пречките, тоа е целиот муабет. Факт е дека 99% од жените може да дојат, а реализацијата на тој процент (ај така да се изразам) е многу помала од различни причини. И мислам дека би се зголемила доколку има соодветна едукација и помош.
     
    На stevemila, emkaemka, BoaVista и 7 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Тие 99% од каде ги имате како инфо? На телма во утринска, не рачунам за факт. Дајте да видиме линк од студијата.
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.368
    Золва ми не сакаше да дои ради градите:) Има убави гради и не сакаше да и виснат.
    Така да има и тоа:|

    Доењето не е лесно. Спрема мене полесно е АД. Дури фатиш ред,цицало/нецицало, опседнатоста со тоа напредува-не напредува, на 2 дена мерење првиот месец :sweat: , значи не е само вадиш града и се е ок :)
    Цела наука е, јас така викам :)
     
    На Igle, stevemila, emkaemka и 7 други им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Глупости, јас имам убава линија и не ставам слики, не сакам. Градите и кога ми беа поубави не ги разголував, така ми беше мене убаво и удобно. Инаку ми свиснаа сега после втората бременост, а по прва бременост и доење ми беа убави, зашто така незнам.. но приметувам дека и хормончињата ми лудуваат, влакна многу ојачани и брзо ми растат и не добивам на време, па мислам и поради тоа и до волку ми се издишани, се надевам бар колку толку ке се опорават кога ке се средат хормоните. Се е до самодовербата и вкусот, ех колку ги има нит гради сјајни имаат, па дури и виснати и сум видела опасни деколтиња носат без гајле :) Кој како си сака. А мажите ако си си сакаат жените, ке си ги сакаат и со повиснати гради. Нема ни зашто толку да се акаат од земја дека градите виснале, за кој да ги чуваат? За 10 дена на плажа да изгледаат убаво? Жени, мајки сме... мислам не е вкусно па ни со две деца да се опнам во маиче со секси деколте :)
     
    На stevemila, ZAHRA, emkaemka и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Моја другарка исто заради градите не сакаше да дои и не доеше, уште во болница им кажала на сестрите да не ја замараат :| Милијарда жени, милијарда одлуки, секоја за себе. Јас лично исто не го сметам доењето за лесно, баш напротив. Дојам од сам старт и страшно е исцрпувачки и физички, а и психички богами (моментот што вика @eli25 кога на почеток не знаеш дали и колку ти напредува), па скок го фатило и нејќе да цица и милион други моменти.
    Ад давав само првата недела додека ми надојде млеко и ќе кажам и дека греењето вода на секое, па чекање да се олади, и тоа не е лесно.
    Мене ме нервира кога се форсира доење како да е последно, кога се оди со глава во ѕид како само тоа е добро и ништо друго. Сите знаеме дека мајчиното млеко е најдобро, но не треба да направиме мајките кои од икс причини не дојат да се чувствуваат невредно. Јас дојам, но на другарките чии деца се на ад не им држам лекции како не се потрудиле доволно, не биле упорни и сл. Е сега, да не дојам за да не ми виснат градите, а имам млеко и бебе фаќа без проблем, не оправдувам, ама мора малку полека со “само доење и ништо друго” ставот.
     
    На Veki4kaa, wannaBeMomma, emkaemka и 9 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Како не ставаш слики? Има слики од тебе на темите.
     
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Колку 3? :)
    Трудничките се друго. Зборам за сега дека не ставам, на пример ете во таа категорија за критики како се облакаме :)
     
  20. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/DrJackNewman/
    http://ibconline.ca
    Повели читни.
    Најпознатиот во свет со искуство над 35г лактациски советник за доење, има книги напишано, секој може да му пише, помогнал на илјадници жени, поборник на доењето и докажува дека секоја жена може да дои ( исклучок на оние со здраствени проблеми ), убаво има и видеа па и статии за бебиња кој неможат да цицаат и зашто не цицаат и дека и тоа се средува. Оние бебиња со кратка ресичка под јазиче, кратка ресичка кај горната усна дека имаат проблем со цицање и како се средува, дека најправилна дохрана со измолзено млеко е со чашка да се хранат итн. Повелете подобар и покомпетентен од DrJack Newman нема.
     
    На forumce, Mimmi39, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.